Целосен прекин на авионскиот сообраќајот во Брисел - откажани сите летови поради националниот протест
2Целосен прекин на авионскиот сообраќајот во Брисел - откажани сите летови поради националниот протест
ЗдравјеД-р Сун-Шионг ја објави победата над канцерот: Јас не го изумив ова, Господ го измисли, тоа ни е негов подарок!Д-р Патрик Суон Шионг, е врв во светската наука за лекови против канцерот. Тој е истражувач и милијардер кој се збогатил од иновација на лекови против ракот. Неговите компании ги продал за над 10 милијарди евра, а три милијарди вложил во вакцина против КОВИД и вакцина против ракот – проект што бил спречен од познатиот Антони Фаучи и од Колинс – екс директор на американската Национална агенција за здравје и одбиен од ФДА. Сопственик е на ЛА Тајмс, иако никому не му е јасно зошто на научник од ваков калибар му е потребен весник. За потрошените три милијарди долари за вакцина против ракот – не жали, вели „сакав да ги вложам, ми беше предизвик“. Има и му се може, но тоа ја оддава неговата посветеност на науката. Пред три месеци, во час и половина интервјуто со Такер Карлсон, раскажуваше дека целото лечење против ракот во изминатите 50 години е погрешно и всушност ги убива Т-клетките, односно природните клетки-убијци кои ги има самото тело и кои треба да го убијат канцерот. Тој тогаш истакна дека со хемотерапијата се добива битката, но се губи војната. Затоа предлага ниски дози на хемотерапија кои ќе ја натераат клетката на ракот да се изложи, а потоа активирање на природните клетки-убијци кои треба да ја убијат и тврди дека има успех со тој начин на лечење. Поттикнувањето на природните клетки-убијци го врши со т.н. „Биошилд“, а пред неколку дена, во разговор со познатата Меган Кели, за прв пат откри што е тоа „Биошилд“, што содржи и како дејствува, односно што се постигнува со него. Еве секвенци од двете интервјуа на овој неверојатен човек и научник во кои тој, се чини, ја објавува конечната победа над ракот, но не како негов изум, туку како дело на, внимавајте, ова се негови зборови – самиот Господ. Научник од ваков вид и Господ? Тоа е последно што би го очекувале, но да, тоа е така. Меган КЕЛИ: Ве слушав на интервјуто со Такер Карлсон и мислев дека дискусијата е фасцинантна и сè што можев да помислам беше: ова неверојатно, магично нешто што го откривте, што решивте да го проучите и всушност да го смислите, а сите го сакаат. Сите ќе го сакаат штом ќе слушнат за него. И моето најголемо прашање е: како може да се произведува масовно, така што сите да можеме да ги зајакнеме нашите Т-клетки и да се бориме против ракот, од последиците од Ковид и спајк протеинот? Да почнеме со прашањето: што точно е ова нешто? Затоа што измисливте други лекови за рак и вашите компании кои ги произведуваа ги продадовте за 10 милијарди долари. Вие сте вистинскиот избор. Ве почитуваат сите, легитимен и светски познат доктор сте. Значи, заработивте многу пари, но продолживте да го проучувате ракот и го смисливте ова многу посебно нешто. Д-р Патрик СУН-ШИОНГ: Прво, ви благодарам за тоа. Но треба да се знае дека јас не го измислив ова. Господ го измисли! Значи, ова е она што сакам да го објаснам. Знаете, кога ги продадов моите компании во 2008 - 2010 година, сфатив, а ова сега е животно дело, дека во нашето тело имаме клетка што ја создал Бог, стара 450 милиони години, наречена „природна клетка убиец“. Таа клетка е откриена дури во 1970-тите, а мојот прв труд го напишав во 1990-тите. И ова е просветлување, но прашањето, дилемата, се следните: како да ја активираме клетката што Бог ја создал во нас? И зошто постои оваа клетка? Оваа клетка постои затоа што е тука за да спречи да добиеме рак. Оваа клетка постои за да нè спречи да умреме од инфекција, од сепса, од Ковид, од бактерии. И она што се случи сега е просветлување, по 30 години работа, за тоа како да се активира таа клетка. И тоа е она што го откривме. Значи, она што е возбудливо е: во нашето тело имаме имунолошки систем кој постои. Сите ги разбираат Т-клетките. Сите ги разбираат, но никој никогаш не помислил на зборот „природни клетки-убијци“. И тоа е името на клетката: тоа е природна клетка убиец. Таа клетка е првиот одговор на вашето тело кое препознава сè што е опасно и го убива. Значи, кога рековте дека јас го измислив, ова е всушност просветлување при преминот од токсична хемотерапија, зрачење, до користење на вашето тело како заштитник од рак. Меган КЕЛИ: Што е тоа? Мислам, знам дека се вика „Биошилд“, но што точно е тоа и како функционира? Д-р Патрик СУН-ШИОНГ: Значи, сега разбираме дека имаме клетка во нашето тело, но она што никој не го открил е: што е рецептор на таа клетка? Е, сега, вашето тело произведува протеин наречен IL-15, интерлеукин 15, тоа е она што вашето тело го генерира. Но, го генерира, и тоа трае можеби една минута за да ја активира клетката кога ви е потребнa. Целта на „Биошилд“ е да го создадам тој протеин и да го инјектирам и тој да трае од 7 до 14 дена и со тоа да ги засилам сите овие природни клетки убијци со една доза,. Ете тоа е „Биошилд“. Значи, „Биошилд“ е клучот за отклучување на пролиферацијата на овие клетки. И она што е возбудливо е што ова сега е одобрено за рак на мочен меур. И исто така возбудливо е што покажавме дека пациентите со рак на мочниот меур на кои им ја дадовме оваа терапија во 2015 година, не само што се сè уште живи, туку никогаш не го изгубиле мочниот меур и се ослободени од болести. Што значи дека овој клуч, овој IL-15, кој е во малото шишенце и се дава поткожно, е „Биошилд“. Меган КЕЛИ: Значи, дали е тоа нешто што би го земале превентивно, за секој случај, само затоа што не сакате да добиете рак или затоа што сте загрижени бидејќи сте примиле вакцина против КОВИД или е нешто што би го земале само кога ви е дијагностициран рак и не знаете што да правите? Д-р Патрик СУН-ШИОНГ: Штотуку завршивме со целосно испитување на „Биошилд“ на пациенти кои немаат рак - пациенти со Линчов синдром (наследен синдром кој е показател дека сте потенцијален кандидат за заболивање од рак на дебелто црево или некои други видови рак, н.з.), кој погодува 1 од 280 Американци во САД. Значи, бевме избрани од Националниот институт за рак и само минатата недела, сите пациенти со Линчов синдром ја примија оваа вакцина за да се осигура дека нема да добијат рак или за да се испита дали нема да добијат рак. Ако навистина навлезете длабоко во тоа што претставува овој „Биошилд“, ќе разберете дека како што стареете, вашите природни клетки убијци и Т-клетки почнуваат да се намалуваат. Значи, проблемот е во тоа што вашите природни клетки убијци и Т-клетки се намалуваат, а тогаш всушност го губите имунолошкиот систем што ве штити. И така добивате и рак. Значи, ракот е, всушност, колапс на овој имунолошки систем. И ако е тоа случај, тогаш ова е можеби клучот, не како извор на младоста, туку извор на долговечноста, во смисла на продолжување на животот што би ви било овозможено од вашиот имунолошкиот систем. Друго е прашањето „дали ни треба ова?“ Зошто? Затоа што кога правиме едноставен тест на крвта наречен CBC, кој се прави на стотици илјади луѓе во еден ден во САД за мерење на хемоглобинот, постои читање на тој тест наречено броење на „апсолутен број на лимфоцити“, ALC, на што за жал денес, 99% од лекарите во САД не обрнуваат внимание. Не затоа што не се паметни, туку затоа што до денес во историјата на медицината немало третман за тоа што да се прави кога имате низок ALC, за да се подобри тој низок резултат на ALC. Тоа е она што се случуваше до денес. И за време на оваа администрација, се надевам дека ФДА ќе препознае дека она што го имаме е промена на парадигмата во начинот на кој треба да се гледа на пациентите, без разлика дали имаат рак, инфекција, сепса, дали се на интензивна нега или дури се стари. Меган КЕЛИ: Значи, кога ќе видите дека ALC се брои кај некого, без разлика дали станува збор за навидум здрава личност или некој што го познавате и има рак, можете да видите бројка, и сигурна сум дека постои само опсег. И ако паднете под прифатливиот опсег, тогаш сте во опасност, и тоа би бил потенцијален кандидат за овој биолошки удар? Д-р Патрик СУН-ШИОНГ: Значи, нормалниот опсег е помеѓу 1.000 и 4.000 единици. Ако одите под 1.000, статистичката анализа што е прикажана сега, забележително во околу 200 до 300 публикации, покажува дека имате можност за скратен животен век. Значи, овој понизок ALC, ако падне под илјада, медицинскиот термин за тоа е лимфопенија. Значи, ако пребарувате на Google за лимфопенија, забележливо е дека ќе видите трудови од 1990-тите години, каде што ако имате лимфопенија за рак на дојка, лимфопенија за рак на панкреас, лимфопенија за рак на белите дробови, било кој вид на рак што сакате да го изберете, вашата стапка на преживување е значително и статистички намалена. И тоа има толку многу смисла бидејќи она што ALC е, всушност, се вашите лимфоцити и вашите Т-клетки. А лимфоцитите и Т-клетките се единствените клетки кои се навистина важни за спречување на инфекција, за спречување на рак, за лекување на ракот, за спречување на метастази. Значи, од моја перспектива гледано, се е толку очигледно, едноставно е, а сепак длабоко, што отклучивме промена на парадигмата каде што го третираме домаќинот (т.е. имунолошкиот систем), а не болеста. Всушност, болеста рак е симптом. Коренот на болеста е колапсот на имунолошкиот систем. Ова беше овој неверојатен разговор на Патрик Сун-Шионг со Меган Кели. Еве, пак, секвенца од неговиот разговор со Такер Карлсон за истата тема во кое вели дека 50 години погрешно ги лечиме луѓето и дека рецептот е во давање мала доза хемотерапија која ќе ги изложи клетките на ракот, а потоа употреба на „Биошилд“: Д-р СУН–ШИОНГ: Мора да се борите против догмата. Затоа, ќе ве прашам – сакав да замолам да направиме експеримент каде што ќе се јавиме на телефон, ќе се јавиме на било кој онколог лекар, ќе се јавиме на телефон и ќе кажеме: „Вие правите клеточна крвна слика, нели?“ Такер КАРЛСОН: Можете ли да дефинирате што е клеточна крвна слика? Д-р СУН–ШИОНГ: Комплетна крвна слика. Крвна слика за да се утврди дали сте анемични или не. Луѓето го разбираат тоа, нели? Црвени крвни зрнца. И ги гледате овие црвени крвни зрнца и давате хемотерапија и зрачење. И прашувате: „Што проверувате?“ Па, проверуваме дали сте анемични за да можеме да ви го дадеме овој лек што го произведува Амген, наречен Епоген. Гледаме дали вашите тромбоцити се намалени за да можеме да ви дадеме трансфузија на тромбоцити. Гледаме дали вашите неутрофили се намалени за да не добиете инфекција наречена неутропенична треска, па ви го даваме овој лек, Неупоген. Па, проблемот е: Дали црвените крвни зрнца лекуваат рак? Не! Дали тромбоцитите лекуваат рак? Не! Дали неутрофилите го убиваат ракот? Не! Што го убива ракот? Природните клетки убијци и Т-клетките. Значи, во таа крвна слика, има нешто што се нарекува лимфоцити, нели? Дали го гледате тоа? Не! Единствената клетка што е важна, што го убива ракот, 99,9% од онколозите ќе речат: „Ние не обрнуваме никакво внимание на неа“. Такер КАРЛСОН: Зошто? Ако се борите против ракот, зошто ја игнорирате единствената клетка што може да го победи ракот? Д-р СУН–ШИОНГ: Сакав да го проучам тоа. Тоа е токму тоа што недостасува. Последното. E=MC². Божјата равенка. Тоа е клучниот елемент во вашето тело што ни недостасуваше 50 години. Педесет години. Но, уште полошо е од тоа. Тоа што недостасува, всушност го уништивме со хемотерапија, го уништивме со радиотерапија и го уништуваме со инхибитори на контролни точки. Го уништуваме со стероиди. Погодете што им даваме на пациентите? Хемотерапија, радиотерапија, стероиди и контролни точки. Дали ми недостасува нешто? Такер КАРЛСОН: Не знам ништо за ова. Студирав руски студии. Но, имам 55 години и познавам многу пациенти со рак. Отсекогаш сум бил скептичен дека протоколот е ефикасен врз основа на она што го забележав. Се чини дека тие терапии го победуваат ракот краткорочно, но потоа толку често го гледате како се враќа со силен интензитет. Знаете, „во ремисија сум“, а потоа – бум – едноставно ве погодува нов бран на рак. Д-р СУН–ШИОНГ: Значи, ако ги видите моите дела, сум напишал многу пати: Ја добивате битката, а ја губите војната. Причината зошто ја добивате битката е затоа што го гледате само овој мал момент на одговор со хемотерапијата. И потоа, во моментот кога ќе престанете – или дури и не – всушност ги убивате клетките што се таму за да ве заштитат. Ги активирате овие супресорни клетки и добивате метастази. И тие велат: „Извинете, сега мора да одите во болница“. Помислете на тоа. Тоа е она што го правиме 50 години. Тоа е догмата против која се борам. Такер КАРЛСОН: Во ред, да речеме само дека си заминувам од тука и ми е дијагностицирана сериозна, животно загрозувачка форма на рак. Што би ми препорачале да направам следно? Д-р СУН–ШИОНГ: Значи, тука играте шах, а не дама. Тука велите: „Добро, што прави ракот прво?“ Па, погодете што – ракот не е глупав. Смислил начин да се скрие од овие клетки убијци. Значи, првото нешто што треба да го направите е да ги изложите рецепторите на ракот за да можат клетките убијци да го препознаат. Значи, дури и во присуство на хемотерапија – не користите хемотерапија за да го убиете туморот. Користите мала доза хемотерапија само за да го стресирате ракот. И ракот вели: „О, Боже, нешто доаѓа кон мене“, и почнува да се изложува. Значи, одите од скривалиште до скривалиште. Користите хемотерапија во мала доза – наречена ниска метрономска доза – за да ја користите како она што јас го нарекувам имуномодулатор. Такер КАРЛСОН: Го опишувате ракот речиси како автономен ентитет кој има цел, волја да го уништи човечкото тело...? Д–р СУН–ШИОНГ: Да. Тоа е машина. Такер КАРЛСОН: Со намера и со еден вид паметно однесување. Се крие. Како да опишувате некое туѓо суштество во телото кое се обидува да го убие телото во кое се наоѓа. Д-р СУН–ШИОНГ: Така е. Како вирус е. Такер КАРЛСОН: Но, како? Како може туморот да знае дека треба да се скрие? Д-р СУН–ШИОНГ: Бидејќи има геномско секвенционирање таму кое всушност го блокира изразувањето. Затоа поминав 50 години обидувајќи се да го разберам. Тоа не е човечки мозок – тоа е биологија. И како биологијата може да мутира. И всушност, вашето тело е прекрасна работа, извонредна работа. Значи, мора да има нешто наречено епигенетика. Значи, има геномско секвенционирање кое вели: „Нема да го изразам ова“. Значи, сега можеме да го нагласиме тоа и да го блокираме блокаторот, и сега исфрла нешто на својата површина што нашите Т-клетки можат да го препознаат. Значи, тоа е првиот чекор. Но, тоа е само првиот чекор. Ракот е изложен. Тоа е една молекула. Затоа мислам дека ФДА треба да разбере: Водиме војна каде што ви е потребна свесност за бојното поле истовремено. Каде што мора да ги организирате вашите маринци, вашата армија, вашата морнарица, вашите воздухопловни сили – сè на вистинското место – за да можете да го користите туморот во вашето тело за да дејствува како оружје, како вакцина. Бидејќи туморот има молекули кои се туѓи за остатокот од вашето тело. И ако ги едуцирате вашите Т-клетки да ги препознаваат тие молекули – кои се туѓи за остатокот од вашето тело – Т-клетките можат да ги запомнат и кога треба да ги уништат. И ние имаме молекула наречена Биошилд која може да ги активира природните клетка убијци, да ги активира Т-клетките убијци и да ги активира мемориските Т-клетки. Сега имаме пациенти со рак на мочен меур – кои би го изгубиле мочниот меур – а кои се во целосна ремисија девет години и сè уште се живи. Такер КАРЛСОН: Значи, протоколот е: Аплицирате ниска доза на хемотерапија за да идентификувате каде е туморот...? Д-р СУН–ШИОНГ: Но, во исто време, треба да ги имате подготвени природните клетки убијци и Т-клетките. Затоа им го давате Био-штитот кој ги зголемува и стимулира вашите природни клетки убијци и Т-клетки. Значи, алгоритмот е: -Разоткривање – од скриена туморозна клетка до разоткриена туморозна клетка. Следниот алгоритам е: Активирање и размножување на вашите NK клетки, и тоа со поткожна инјекција. Следниот алгоритам е да ги едуцирате вашите Т-клетки со вакцина. Значи, сега имате подготвени едуцирани Т-клетки. Значи, имате едуцирани Т-клетки, имате NK клетки, а следното нешто е да ги активирате вашите макрофаги за да станат макрофаги убијци. А следниот чекор е да ги потиснете супресорите. Сето тоа го правите истовремено. Такер КАРЛСОН: Колку човечко страдање е вклучено во ова? Има многу во конвенционалниот тек на терапија за рак... Д-р СУН-ШИОНГ: Досега сме прегледале стотици пациенти. Такер КАРЛСОН: Значи, некој што ќе го применува овој метод на лечење нема да ја изгуби косата или да повраќа? Д-р СУН-ШИОНГ: Не. И не само тоа. Сега видовме пациенти во целосна ремисија. И што е поважно, сакам да ги лекувам пациентите пред да им треба операција – за да можам да го користам самиот тумор во телото како вакцина за да го едуцирам телото во Т-клетките за тој тумор. И што е уште повозбудливо: Сега можеме да земеме крв од вас и да ги извлечеме природните клетки убијци и Т-клетката и да одгледаме милијарди и да ги складираме во криопрезервација. Сега имаме можност да ги одгледуваме овие природни клетки убијци и да ги дадеме на секого. Затоа секогаш велев: За прв пат, можеме да станеме Американски Црвен крст на ракот и да ги користиме овие иновации како надворешна политика./МИА.Тагови: канцер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотПрамен коса од Џорџ Вашингтон продаден на аукција за 4.000 долариПрамен коса од првиот американски претседател Џорџ Вашингтон, кој бил врамен, е продаден на аукција за 4.000 долари, објави Би-Би-Си. Праменот бил во сопственост на Џон Гедсби, кај кого Вашингтон престојувал во 1799 година, непосредно пред неговата смрт истата година. Подоцна, според „Ричмонд аукшнс“ (Richmond Auctions) – аукциската куќа што го продала предметот – тој завршил кај колекционерот Џон К. Латимер, кој го набавил од еден од потомците на Гедсби. Името на новиот сопственик не е објавено. Продажбата што се случи вќера не претставува рекорд кога станува збор за аукции на коса од Вашингтон. Три влакна, за кои се верува дека биле земени од него непосредно пред или по неговата смрт и чувани во приврзок, биле продадени во 2021 година за речиси 40.000 долари. Гадсби, жител на тогаш малиот град Александрија, Вирџинија, го угостил Вашингтон на вечера, кратко пред смртта . Ова го потврдува изјавата од 1928 година на внуката на Гадсби, Џулија Тен Ајк Мекблер, која е објавена на веб-страницата на аукциската куќа „Ричмонд Оукшнс“ (Richmond Auctions). Мекблер навела дека нејзиниот дедо дошол до прамен од косата на Вашингтон „преку пријателство и дружење за време на неговите последни денови“. Тој го ставил праменот во рамка и го закачил на ѕид „под портретот на генералот Вашингтон во нашиот дом во градот Вашингтон, каде што го гледав целиот свој живот“. Според „Ричмонд Оукшнс“, Гадсби организирал прослави за роденденот на Вашингтон во 1798 и 1799 година. Политичката кариера на Вашингтон Вашингтон ги предводел американските сили до победа над Британците во Американската војна за независност и учествувал во изготвувањето на Уставот на САД, пред да стане првиот претседател на Соединетите Држави во 1788 година. Тој се повлекол од функцијата во 1797 година, откако отслужил два претседателски мандата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНа пат кон болница починало тригодишно дете од ГевгелијаТригодишно дете од Гевгелија починало на пат кон болница, а случајот бил пријавен во полицијата откако детето било донесено во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 21 ноември околу 13:40 часот во СВР Скопје пристигнала пријава од клиниките дека кај нив било донесено починато дете. Претходно, детето имало здравствени проблеми, но починало за време на транспортот кон болницата. По пријавата, полициски службеници излегле на местото на настанот и презеле соодветни мерки. По насоки на јавен обвинител, телото на починатото тригодишно дете било предадено на семејството. Засега во полициското соопштение не се наведени дополнителни детали за здравствените проблеми со кои се соочувало детето.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар 15:00Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28Протестен марш во Охрид против насилството врз жените по случајот со 26-годишната Сара 15:00Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33МВР предупредува на опасна он-лајн група „764“- која таргетира деца и малолетници15:00
Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33
ФудбалМобинг во Баерн Минхен? Се појавија сериозни обвинувањаГерманскиот репрезентативец Џамал Мусиала се враќа на теренот по речиси двомесечна пауза поради повреда, сепак, неговото враќање на натпревар од Бундеслигата против „1. ФК Келн“ е засенето од јавна дебата за неговата иднина и физичка состојба. Иако спортското раководство на клубот – вклучително и тренерот и спортскиот директор – продолжува да му дава поддршка, во самиот врв на „Баерн Минхен“ се појавуваат сомнежи дали 23-годишниот фудбалер некогаш ќе се врати на нивото на светска класа. Според „Focus.de“, во раководството на клубот постои поделеност во однос на неговата иднина. Дискусијата ја иницираше многу влијателниот почесен претседател, Ули Хенес. Пред десетина дена, за време на гостување на телевизијата БР (BR), Хенес јавно постави прашање: „дали тој некогаш повторно ќе го достигне нивото на игра што го прикажуваше во минатото“. Загрижен поради можниот пад на квалитетот, Хенес пред камерите дури и ја доведе во прашање важноста на сегашниот договор на Мусиала: „Замислете ако ’Баерн‘ сега го доведе во прашање неговиот договор, велејќи: ’Она што тој моментално го прикажува, веќе не одговара на она што е предвидено во договорот‘“. Не е изненадувачки што овие изјави не беа добро прифатени од тимот на Мусиала. Сепак, наместо да ја смири ситуацијата, извршниот директор Јан-Кристијан Дрезен во средата повторно се осврна на темата. Надоврзувајќи се на ставовите на Хенес, Дрезен потврди дека клубот ќе ја „процени ситуацијата и ќе седне на разговор со неговото семејство и менаџерскиот тим“, додавајќи дека, доколку Мусиала не успее да се врати во својата стара форма, клубот „ќе мора да одржи разговор“. Во петокот вечерта, членот на надзорниот одбор, Карл-Хајнц Румениге, за „Скај“ (Sky) изрази загриженост. „Ако тој не се врати во изданието на 'стариот' Џамал, ќе мораме да разговараме – со неговото семејство, со самиот играч, а пред сè со неговата агенција – бидејќи, со должна почит, тие бројки веќе не се одржливи“, изјави тој. Јасно е дека во клубот – особено во надзорниот одбор – преовладува мислењето дека учинокот на играчот, кој често се соочува со повреди, не соодветствува со неговиот статус како втор најплатен фудбалер во Баерн, веднаш зад Хари Кејн. Според „Кикер“ (Kicker), коментарите на Хенес наишле на значителна поддршка во рамките на клубот. Раководството на клубот бара од Мусиала да ги намали своите финансиски барања во рамките на договорот, кој наводно му носи заработка од најмалку 25 милиони евра годишно и важи до 2030 година. Тој го потпиша овој договор во февруари 2025 година, но оттогаш бил стартер на само 24 од вкупно 94 натпревари на Баерн. Критичарите, кои во тоа време се спротивставуваа на толку вреден договор, сега сметаат дека нивните загрижености се покажале како оправдани. Во последните месеци, Мусиала беше надвор од терените подолги периоди поради низа проблеми. Во пролетта 2025 година, тој отсуствуваше речиси два месеца поради кинење на мускул, по што следеше шестмесечна пауза поради скршеница на фибулата, здобиена на Светското клупско првенство на ФИФА. Сега, тој повторно се соочува со двомесечна пауза поради повторно кинење на мускулот – ситуација што предизвика изненадување во клубот, со оглед на невообичаено долгиот период на рехабилитација за толку млад играч. Покрај тоа, Мусиала има невролошко нарушување што предизвикува кратки губења на свеста (апсанс напади), поради што тој колабираше на теренот за време на два натпревари во подготвителниот период во август. Од друга страна, тимот на Мусиала не гледа причина за промена на договорот што важи до 2025 година. Понатаму, според порталот „ran“, тие имаат целосна поддршка од спортското раководство на клубот, предводено од тренерот Винсент Компани и спортскиот директор Макс Еберл. Претставниците на играчот се револтирани од гласините за нови епилептични напади и наводни здравствени проблеми кои наводно постоеле во времето кога бил потпишан договорот – тврдења што се отфрлени од други лица кои учествувале во тие преговори. „Момчето беше целосно здраво“, тврдат извори. Како резултат на тоа, спортското раководство на клубот се обиде да ги смири тензиите. Компани го пофали „неверојатниот менталитет“ на својот играч, изјавувајќи: „Кога играчи како него минуваат низ тежок период, тие можат од тоа да црпат и ментална и физичка сила. Гледајќи како сега се справува со целата ситуација, можам да кажам дека тој е посебен“. И Еберл е уверен дека „Џамал ќе црпи сила од оваа ситуација“, толкувајќи ги критиките од челниците на клубот како „грижа“ за нивното „златно момче“ – иако не ги спомна очигледните финансиски мотиви што стојат зад таа грижа. На крајот, Компани прецизно ја сумираше ситуацијата: „Тој во моментов не може многу да зборува; треба да зборува на теренот. Штом повторно почне да зборува на теренот, Баерн и германскиот фудбал ќе освојуваат трофеи“. Во случајот се вклучи и синдикатот на фудбалери FIFPRO, кој остро го критикуваше раководството на Баерн поради односот кон Џамал Мусиала, пренесува Eurosport.de. Тие ја оценија јавната реторика на Хенес, Дрезен и Румениге како „координирана стратегија за вршење притисок врз Мусиала и неговите агенти“. „Клуб од рангот на Баерн би требало да биде свесен за ова. ФК Баерн има обврска да се грижи за добросостојбата на Џамал Мусиала“, наведуваат од синдикатот, изразувајќи „длабока загриженост“. „Претворањето на здравствената состојба на Мусиала и неговата иднина во предмет на јавна дебата само го зголемува притисокот. Сите прашања поврзани со неговиот договор треба да се решаваат исклучиво доверливо, во разговор со него и неговите претставници.“ Од FIFPRO нагласуваат дека повредите не се основа за преиспитување на договорот. „Договорите постојат за да се почитуваат. Повредата или падот на формата не му даваат право на клубот повторно да преговара за веќе договорените услови – исто како што периодот на исклучителни игри не му дава автоматско право на играчот да бара зголемување на платата. FIFPRO застанува зад Џамал Мусиала и сите други фудбалери кои ги исполнуваат своите договорни обврски. Очекуваме и нивните работодавачи да постапат исто“, се заклучува во соопштението.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар 15:00Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28Протестен марш во Охрид против насилството врз жените по случајот со 26-годишната Сара 15:00Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33МВР предупредува на опасна он-лајн група „764“- која таргетира деца и малолетници15:00
Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33