3МВР и Фондот за здравствено осигурување: Надминат проблемот со здравственото осигурување на вработените
Во пресрет на Светскиот ден на органодарителство - едно семејство со хумана одлука спаси два човечки живота
1Во пресрет на Светскиот ден на органодарителство - едно семејство со хумана одлука спаси два човечки живота
ЗдравјеД-р Стевановиќ: Ние здравствените работници мораме да издржиме - граѓаните мора да ни помогнатДиректорката на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби д-р Милена Стевановиќ вчера информираше дека е започната хоспитализација на пациенти во модуларната болница во непосредна близина на клиниката.Во однос на кадарот кој работи во модуларната болница, д-р Стевановиќ изјави: „Постои систем на мобилизирање на медицински персонал, како среден медицински персонал, така и лекарски и специјалистички. Во моментот на испомош се дојдени колеги од интернистичките гранки и тоа е практично една екипа, еден тим кој работи и во клиничката зграда и во модуларната болница. Тоа е всушност една институција сега". Модуларната болница има капацитет од 70 кревети и истата е целсоно опремена за третман на пациентите со ковид-19. „Модуларната болница е целосно опремена. Централен довод на кислород до секое легло и се она што ни е потребно од опрема и функционира на клиниката, го има и во модуларната болница" – потенцираше д-р. Стевановиќ. Таа изјави дека заради динамиката на приеми и исписи не може да се даде предвидување како ќе се полнат болничките капацитети, но она што можевме да го предвидиме и на што апелиравме и сѐ уште апелираме е придржувањето кон мерките како единствен начин за лична заштита и превенција од ширење на вирусот. „Истите мерки важат насекаде во светот, многу едноставни и лесни за придржување. Само треба дисциплина, а таа сега ни е исклучително потребна. Држете дистанца, избегнувајте групирања, носете маска, " – потенцираше д-р Стевановиќ. Д-р Стевановиќ изјави дека тие, здравствените работници, мора да ја издржат оваа битка. „Едноставно мораме да издржиме, заради нас, заради вас, заради нашите и вашите семејства. Граѓаните мора да ни помогнат„ – потенцираше директорката на Инфективната клиника и апелираше до медиумите да испрата порака до јавноста за почитување на мерките. Дополнително, таа апелираше и до инфицираните со ковид-19 во целост да ги следат препораките на стручните лица, матичните лекари. „Сите оние кои имаат лесни симптоми да бидат дома, изолирани со симптоматска и витаминска терапија. Да им помогнеме на оние кои навистина имаат потреба од хоспитализација" - потенцираше д-р. Стевановиќ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветРекордни температури во Велика Британија, најжешкото лето досегаЛетото 2026 година ќе биде најжешкото во Велика Британија откако се водат евиденции, соопшти денес британската Метеоролошка служба.Метеоролозите велат дека за да се сруши температурниот рекорд од минатата година во Велика Британија, сè што е потребно е температурите да останат на просечно ниво до крајот на август, објави Би-Би-Си. Според Метеоролошката служба, просечната температура во Велика Британија за метеоролошкото лето (од 1 јуни до 10 август) досега била 16,48 степени Целзиусови, што е за 1,88 степени над просекот за периодот од 1991 до 2020 година. Во текот на летото 2025 година, просечната температура во Велика Британија, која ги вклучува ноќниот минимум и дневниот максимум, била 16,10 степени. Ова е во согласност со доказите дека летата стануваат потопли и посуви поради климатските промени, соопшти британската јавна служба. Во Велика Британија, највисоката температура досега ова лето била 38 степени Целзиусови во Лингвуд, Норфолк, на 26 јуни. Извор: Б92Тагови: Велика Британија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоУтре сончево и многу топло со мала до умерена облачностВремето утре ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од северен правец. Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Во четврток и во петок попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има услови за невреме со пообилен пороен дожд за кратко време, силен ветер и наместа појава на град. Температурата ќе опадне за неколку степени. Во деновите од викендот и почетокот на новата седмица времето ќе биде стабилно, а дневната температурата ќе биде во постепен пораст. УХМРТагови: УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМВР и Фондот за здравствено осигурување: Надминат проблемот со здравственото осигурување на вработенитеМинистерството за внатрешни работи и Фондот за здравствено осигурување информираат дека проблемот со здравственото осигурување на вработените во МВР е надминат и дека тие повторно можат непречено да ги користат здравствените услуги.Во текот на денот, двете институции беа во континуирана координација и, во соработка со Управата за јавни приходи, ги презедоа потребните активности за утврдување и отстранување на причините што доведоа до привремен прекин во остварувањето на правата од здравственото осигурување. По преземените активности, состојбата е нормализирана и овозможено е непречено користење на правата од здравственото осигурување за вработените во Министерството за внатрешни работи. МВР и Фондот за здравствено осигурување ќе продолжат со координирани активности за изнаоѓање системско решение кое ќе овозможи во иднина непречено функционирање на здравственото осигурување и навремено остварување на правата од здравственото осигурување за сите вработени.Тагови: мвр Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook