Лидер на секта е осуден на 200 години затвор поради убиство на 190 деца- одговорен е за смртта на 500 луѓе
НАТО и Германија демонстрираат сила на истокот на Европа- големата воена вежба ќе трае до декември (ВИДЕО)
1Лидер на секта е осуден на 200 години затвор поради убиство на 190 деца- одговорен е за смртта на 500 луѓе
2НАТО и Германија демонстрираат сила на истокот на Европа- големата воена вежба ќе трае до декември (ВИДЕО)
Тркало отпадна од автомобил и со цела сила удри во момче, страшниот момент е снимен од надзорна камера (ВИДЕО)
1Тркало отпадна од автомобил и со цела сила удри во момче, страшниот момент е снимен од надзорна камера (ВИДЕО)
МакедонијаД-р Синиша Стојановски: Големата трагедија за жал беше доказ дека здравствениот систем може да функционира со сите капацитети, да извлечеме поука како да го јакнемеТоа утро и тие неколку дена коишто следеа бев сведок на една безрезервна колегијалност, највисока меѓусебна поддршка, соработка и комуникација и доказ дека здравствениот систем навистина може да функционира. Може да функционира со сите свои капацитети. За жал, доказот беше онаа голема трагедија која што не сплоти, но ни отвори простор да научиме многу како треба да се подготвуваме, како треба да комуницираме и функционираме на дневна основа и како треба здравствениот систем да го јакнеме во насока на поставување една национална здравствена стратегија која што ќе не подготви не само за ситуации како што беше трагедијата во Кочани, туку и за дневно функционирање, за потребите на нашите пациенти. Ова го нагласи д-р Синиша Стојановски, директор на ГОБ „8 Септември“, кој го модерираше панелот „Национален и меѓународен здравствен одговор и акутен третман на изгореници“ што се одржа во рамки на „Меѓународната конференција за институционалните и клиничките аспекти и решенија по пожарот во Кочани“. - Би сакал да го изразам своето сочувство до сите жртви на оваа страшна трагедија која што се случи пред точно година дена. Целта на овој панел е да се фокусираме на националниот здравствен одговор, се што се случуваше тој кобен ден, тоа кобно утро, на кој начин нашите здравствени институции функционираа и на кој начин практично националната здравствена грижа успеа да даде максимум како во меѓусебната комуникација и координација, така и во згрижувањето, тријажата и акутниот третман на повредените, селекцијата на тоа кои од повредените требаше да бидат транспортирани во високо софистицираните центри, коишто се посветени и коишто работат со повредени од ваков тип изгореници и масовни катастрофи, и кои лекции ги научивме од оваа страшна трагедија, рече д-р Стојановски. Истакна дека фокусот на овој панел е на првичниот одговор на здравствените институции, за акутниот третман на пациенти коишто имале најчесто три типа повреди или комбинирани изгореници, трауми и токсични оштетувања, од инхалација на штетни токсични гасови, на прво место јаглероден моноксид, потоа тријажата и селекцијата на пациенти кој во која болница треба да биде згрижен, а потоа и тријажата и селекција на пациенти за транспорт кон високософистицираните установи во странство, и на крајот, што е она што треба да го извлечеме како поука од она што се случи, во насока на подготвување на капацитетите на нашиот здравствен систем за потенцијална следна трагедија или ситуација која што ќе има масовен број повредени од сличен карактер. -Тоа кобно утро најголемиот дел од болниците навистина добија насока да го мобилизираат својот персонал. Иако имавме податок дека се работи за голема трагедија, не бевме свесни колкав е навистина екстензитетот на трагедијата. Како што почнавме да ги добиваме информациите, полека сфативме дека се работи за трагедија која што е од голем размер и која што капацитетите на болниците коишто се инволвирани многу бргу ќе ги стави на тест. Посочи дека Клиничката болница во Штип направила и одлична тријажа и одличен иницијален третман на повредените, што практично овозможило на болниците во Скопје да добијат навремена информација, каков тип на пациенти ќе бидат трансферирани, за каков тип на повреди станува збор, со колкав екстензитет на повредите, и според него тоа само ја докажало функционалноста и на институциите на системот и на здравствените институции, коишто оваа трагедија ги сплоти во едно. - Она што се случуваше со пациентите коишто пристигнаа во болниците во Скопје, практично беше онаа тријажа за која што веќе претходно доктор Срцева даде свое експозе, но потоа тие пациенти од кога беа тријажирани, беа адекватно распределени согласно на типот на повреди на одделенијата коишто се во болниците во Скопје. Најголем дел од пациентите имаа различен степен на изгореници и тука во прв план беа веднаш ангажирани нашите пластични хирурзи, рече д-р Стојановски. Тој нагласи дека тријажата на пациентите тоа утро навистина била комплексна, затоа што покрај степенот на изгорениците, многу често пациентите имале и фрактури. - Многу често пациентите имаа и потреба да бидат ставени на респиратор, односно да бидат интубирани. Во целата таа конфузија, можам да кажам дека институциите меѓу себе навистина имаа одлична комуникација и конкретно во нашата болница на располагање беше ставен целиот хируршки тим на пластични хирурзи, што доктор Јасмина и нејзината екипа од Универзитетската клиника за пластична хирургија безрезервно го понудија. Таа меѓуинституционална соработка овозможи навистина да се направи адекватен иницијален третман и потоа пациентите коишто имаа можност да бидат третирани во нашите болнички капацитети да останат, а оние коишто имаа посериозни повреди да бидат транспортирани во центрите што се специјализирани за ваков тип на повреди, навремено да бидат истријажирани и испратени, рече д-р Стојановски. Стојановски потенцира дека во тие 24, 48, 72 часа целиот персонал од медицински работници, соработници и помошен медицински персонал безрезервно се ставиле во функција на здравствениот систем и на повредените. - Колегите воопшто не ни размислуваа да си одат дома, но сите беа постојано присутни и го даваа својот максимум. Во таа битка ни помогнаа и колегите кои дојдоа од Клиничкиот центар во Србија. Ние првите 24, 48 часа, покрај тријажата, правевме иницијален третман, и тие паралелно со нашите тимови влегуваа во сала, каде што можеа даваа совети, каде не се вклучуваа и директно во интервенциите што следуваа, за на крајот да имаме една ситуација каде што навистина она што се направи во тие први критични часови доведе до тоа најголем дел од повредените да не завршат со траен инвалидитет, односно некои од нив дури и со потешки последици, рече тој. Во целиот оној процес на тријажа на пациентите и прв иницијален здравствен одговор, додаде д-р Стојановски, имавме и пациенти кои беа критични уште во првите часови. - И тие пациенти, нашите колеги од интензивните единици, како од хируршката, така и од интернистичката, дадоа максимални напори да постапат онака како што налагаат правилата на акутна медицинска грижа, во ваков тип на повреди и ваков тип на катастрофи. Голем дел од тие пациенти, како што веќе и претходно напоменав, имаше потреба да бидат поставени на респиратор и да бидат мониторирани во единиците за интензивно лекување, рече д-р Стојановски. Тој оцени дека меѓуинституционалната соработка како со институциите на системот, така и институциите коишто го чинат здравствениот систем, секогаш треба да биде на највисоко ниво. - Потребно е да се инвестира во младите кадри, кои ќе бидат обучени за ваков тип на повреди и за третман на пациенти кои имаат и сериозни изгореници, меѓутоа и комбиниран тип на повреди коишто многу често изискуваат и интензивно лекување. Сме постапиле правилно во тријажата и во селекцијата на пациенти кои биле испратени во овие специјализирани установи надвор од државата, затоа што капацитетите на институциите на нашиот здравствен систем, во тој момент, беа навистина ставени на тест, и помеѓу нас колегите кога комунициравме баравме слободно место за прием на нов пациент. Солидарноста, нагласи д-р Стојановски, беше на највисоко ниво. - Оние лекции коишто се научија треба да влезат во националната стратегија што ќе биде стратегија за справување со ваков тип на катастрофи и трагедии. Она што треба да следи е поддршка за сите повредени, бидејќи нивниот пат допрва треба да биде во насока на нивна физикална рехабилитација и реинтеграција во системот, заклучи д-р Стојановски, на панелот „Национален и меѓународен здравствен одговор и акутен третман на изгореници“ што се одржа во рамки на „Меѓународната конференција за институционалните и клиничките аспекти и решенија по пожарот во Кочани“. Тагови: Д-р Синиша Стојановски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотТркало отпадна од автомобил и со цела сила удри во момче, страшниот момент е снимен од надзорна камера (ВИДЕО)Едноставна прошетка се претвори во драматичен инцидент за 19-годишник од Сантијаго, главниот град на Чиле.Младиот човек безгрижно одел по тротоарот кога, од никаде, пред него се појавило тркало од автомобил и со голема брзина излетало од правец на улицата. Тој поминал со полесни повреди Снимка од надзорна камера го забележала драматичниот момент во кој момчето било соборено на земја од силата на ударот, по што загрижените сограѓани му се приближиле. И покрај сè, 19-годишникот преживеал и бил пренесен во клиниката Санта Марија, каде што добил прва помош за повреди на челото, лицето и градите. Надлежните органи го идентификувале возилото од кое се откинало тркалото, како и возачот, а започната е истрага за да се утврдат околностите на бизарниот инцидент. ⚠️ CCTV footage captures the moment a rogue wheel came flying, seemingly out of nowhere, before striking a 19-year-old pedestrian in Santiago, Chile. https://t.co/SRBU6fODCV — TMZ (@TMZ) November 5, 2026 Тркалото удрило и во два автомобила Според изјавата на возачот, автомобилот бил паркиран во гаражата непосредно пред несреќата. Додека возел, едно од тркалата одеднаш се откинало, објавува Иефимерида. Прво удри во два автомобила, потоа се одби и со голема брзина летна на широкиот тротоар на авенијата Лос Леонес. Во следниот момент, силно го удри 19-годишникот одзади, соборувајќи го на земја.Тагови: момче тркало Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00Започна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола14:05
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00
СудбинаАпокалиптични снимки од Нов Зеланд: Десетици китови умираат на плажа (ВИДЕО)Десетици китови-пилоти се пронајдени насукани на плажа на Северниот остров на Нов Зеланд, а спасувачите се обидуваат да ги вратат малкуте преживеани во морето, соопшти Одделот за заштита на природата.Најмалку 20 китови-пилоти се насукани по должината на брегот на Нгави, во близина на ’ртот Палисер, најјужната точка на Северниот остров, според „The Straits Times“. Одделот соопшти дека соработува со локалното племе Маори и Проектот Џона, организација специјализирана за спасување на насукани китови. Досега, две животни се успешно вратени во морето. Според локалните жители, дури 50 китови се насукале на брегот преку ноќ, објави Радио Нов Зеланд. Повеќето од животните им подлегнале на повредите, додека волонтерите се обидуваат да ги одржат преживеаните китови во живот и да спречат нивно дехидрирање користејќи кофи со вода и крпи. „Ужасно е. Оние што се уште се живи едвај дишат“, изјави жителот на Нгави, Роб Барг, за Радио Нов Зеланд. در پی بهگلنشستن گروهی از نهنگهای پایلوت (Pilot Whales) در سواحل منطقه ویراراپا، در نزدیکی دماغه پالیزر در جزیره شمالی نیوزیلند، گروهی از داوطلبان و نیروهای امداد حیاتوحش برای نجات این پستانداران دریایی وارد عمل شدند. بر اساس تصاویر منتشرشده از سوی خبرگزاری فرانسه (AFP)، داوطلبان برای بازگرداندن دستکم ۱۴ نهنگ به آبهای عمیقتر تلاش کردهاند. با این حال، گزارشهای منتشرشده از ابعاد گستردهتر این حادثه و تلفات سنگین آن حکایت دارند. وزارت حفاظت محیطزیست نیوزیلند اعلام کرده است که دو گروه از نهنگها در محدوده ساحلی نگاوی گرفتار شدهاند. بر اساس گزارش اولیه این وزارتخانه، در گروه نخست تنها چهار نهنگ زنده باقی مانده بودند و امدادگران در حال آمادهسازی برای تلاش مجدد جهت بازگرداندن آنها به دریا، همزمان با بالا آمدن آب بودند. گروه دوم نیز در نقطهای دیگر از ساحل تحت ارزیابی قرار داشت. شبکه «وان نیوز» نیوزیلند در گزارشی بهروزشده اعلام کرد که گمان میرود دستکم ۳۰ نهنگ در جریان این حادثه جان باخته باشند. در همین حال، برخی ساکنان محلی تعداد نهنگهای گرفتار را حدود ۵۰ رأس برآورد کردهاند. نهنگهای پایلوت حیواناتی اجتماعی هستند و اعضای یک گروه پیوندهای محکمی با یکدیگر دارند، به همین دلیل، هنگامی که یک نهنگ به سمت آبهای کمعمق حرکت میکند، سایر اعضای گروه نیز ممکن است از آن پیروی کنند و در نتیجه تعداد زیادی از آنها همزمان گرفتار شوند. — independentpersian (@indypersian) November 5, 2026 Проектот Џона објави на Фејсбук на 5 ноември дека четири од китовите се уште се живи и дека спасувачите ќе се обидат да ги вратат во морето при плима. Насукувањето на китови е релативно честа појава во Нов Зеланд и соседна Австралија, поради големиот број китови-пилоти кои ги населуваат длабоките води околу двете островски земји. Причината за феноменот е сè уште непозната.Тагови: китови Нов Зеланд Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветЛидер на секта е осуден на 200 години затвор поради убиство на 190 деца- одговорен е за смртта на 500 луѓе Кенискиот суд денеска го осуди водачот на сектата Пол Мекензи на 200 години затвор за убиство на 190 деца кои биле изгладнети до смрт и закопани во шумата по негова наредба. Тие се меѓу околу 500 лица осомничени дека се поврзани со едно од најлошите масовни ритуални злосторства во модерната историја. Казната се состои од 100 години затвор за убиствата од глад и уште 100 години за директните убиства, изјави судијката Дијана Кавеџа читајќи ја пресудата, објави Ројтерс. Обвинителството изјави дека Мекензи, кој водел апокалиптична христијанска црква во шума во близина на брегот на Индискиот Океан во источна Кенија, им рекол на своите следбеници да се изгладнат себеси и своите деца до смрт за да стигнат до рајот пред крајот на светот. Неговите соучесници им се заканувале и ги тепале жртвите за да ги принудат да ги следат неговите наредби. Изгладнетите тела биле пронајдени расфрлани во плитки гробови и фрлени во тоалети. Некои жртви биле закопани живи. Макензи, облечен во сива поло маица и црни панталони, се насмевна додека влегуваше во шатор поставен пред судот каде што се одржуваше рочиштето. Тој ги негираше обвиненијата за убиство, велејќи дека не ги принудил жртвите да гладуваат. Судот ја отфрли неговата одбрана. Татко загубил шест деца Случајот ја шокираше Кенија во април 2023 година, кога полицијата почна да открива тела во шумата Шакахола, во близина на крајбрежниот град Малинди. Иако судењето ги опфаќа само случаите на 190 деца и една возрасна жртва, Националната комисија за човекови права на Кенија вели дека вкупно 448 тела се пронајдени во шумата. Макензи е обвинет и за наредба за убиства на 52 лица пронајдени на друга локација, во село оддалечено 30 километри, со што бројот на потенцијални жртви се зголеми на 500. Во тој случај, тој се изјасни за невин. Размерот на убиствата е споредлив со апокалиптичниот култен злостор во кој загинаа повеќе од 700 луѓе во Уганда во 2000 година, како и масакрот во Џонстаун во Гвајана во 1978 година, кога американски водач на секта им наредил на повеќе од 900 луѓе да пијат отров. Стивен Мвити, 48, татко на шесте деца на Мекензи кои биле жртви и сопруг на еден од неговите осудени соучесници, рече дека неговата сопруга ги однела децата во Шакахоле, каде што умреле од глад. Дури и ако возрасните се согласат да постат, „што е со децата?“, праша Мвити за Ројтерс пред пресудата. „Ги изгубив моите деца и нема да можам да ги вратам, без разлика што ќе се случи со Мекензи и неговите соучесници“, рече Мвити. „Очекувам да биде осуден на смрт или доживотен затвор, за да не излезе никогаш и да предизвика повеќе смртни случаи.“ Ден Мекензи, еден од синовите на Пол, рече дека неговиот татко не го поштедил своето семејство. „Не завршив во Шакахола затоа што повеќе не верував дека ќе одиме во рајот. Затоа ја напуштив црквата и почнав да си го правам своето“, изјави тој за Ројтерс. „Исто така, изгубив пријатели, како и помлад брат. Ова е правда за луѓето што ги изгубивме таму во Шакахола.“ Важен чекор, но потребна е поголема одговорност Макензи е на радарот на властите од 2017 година, кога полицијата изврши рација во неговите простории. Властите ја затворија неговата црква во Малинди во 2019 година, по што тој се пресели во блиската шума Шакахола. Откритијата доведоа до повици за построги контроли врз религиозните групи Кенискиот претседател Вилијам Руто назначи работна група во мај 2023 година за да ја разгледа законската и регулаторната рамка. Одделни предлози поддржани од владата и Сенатот беа објавени во 2024 година, но сè уште не се усвоени. Оџиро Одиамбо, раководител на единицата за брза реакција во Комисијата за човекови права на Кенија, рече дека пресудата е важен чекор, но дека одговорноста мора да се прошири, бидејќи локалните администратори, полицијата, разузнавачките службеници и верските водачи се сметаат за одговорни за тоа што не постапиле по повторените предупредувања. „Сите овие луѓе ги изневериле граѓаните“, рече тој. Руто во 2023 година изјави дека како претседател ја преземал одговорноста за неуспехот на владата да спречи умирање на луѓе.Тагови: затвор секта Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter