Длабоко под швајцарските Алпи се градат луксузни бункери за елитата- таму ќе се скријат во случај на опасност (ВИДЕО)
2Длабоко под швајцарските Алпи се градат луксузни бункери за елитата- таму ќе се скријат во случај на опасност (ВИДЕО)
3Харвард ќе плати 53 милиони долари- директорот на капелата продавал делови на тела, донирани на факултетот (ВИДЕО)
ЗдравјеД-р Симеонов ја спаси малата Анастасија, на 15-месечна возраст ѝ бил изваден тумор од 2 килограмиРодителите се подготвени да направат сè за своите деца. Прво се обидуваат самите да им помогнат, но кога не можат да најдат решение, бараат помош од докторите.Понекогаш не сите доктори можат да помогнат, па тогаш родителите ги бараат најдобрите. Оние кои се стручни и искусни и кои ќе им понудат решение. Таков бил и случајот со шеснаесетмесечната Анастасија, на која на 7-месечна возраст ѝ бил дијагностициран тумор во стомакот. Стомакот почнал да се зголемува, а дишењето станувало сè потешко и потешко. Малото бебе често повраќало и барало постојано да биде во рацете на мама и тато. Само така успевала да се смири за момент, сè дури не започнела следната епизода на болка. Малото и кревко бебе било оперирано веднаш по дијагнозата и ѝ бил отстранет туморот. Но проблемите не завршиле тука. Дел од туморот останал во стомакот и продолжил да прави дополнителни проблеми. По 4 хемотерапии, туморот почнал повторно да расте, а докторите кренале раце од Анастасија. Избезумените родители биле подготвени да направат сè за своето чедо. Барале спас секаде. За нивна среќа, велат, судбината ги довела кај д-р Ристо Симеонов во Клиничката болница „Аџибадем Систина“. „Д-р Симеонов ги виде резултатите и прифати заедно да ја водиме битката. По првите моменти на страв и агонија, решивме да почнеме тешка битка. Поминавме низ многу тежок пат досега, но пресреќни сме што Анастасија повторно се смее. Од мирно и повлечено бебе, кое постојано плачеше, сега ја имаме најнасмеаната и најтемпераментна ќерка. Порадосно дете од неа нема! Досега ја немаме видено таква. Сите сме пресреќни. Д-р Симеонов ни даде надеж и утеха, а тоа што го кажа се исполни. Ваков доктор би посакал секој родител, искусен, професионален и достапен за загрижените родители 24/7“ – изјавија Катица и Ристе Ризови од Валандово. Д-р Ристо Симеонов, детски хирург, објаснува дека станува збор за редок и сериозен тип на тумор и неопходно е да се изведе операција со која целосно ќе се отстрани туморот. „Во претходната операција не беше отстранет целиот тумор и тој продолжил да расте многу интензивно. Од малото кревко тело на пациентчето извадив два килограми туморска маса. Туморот притискаше на дијафрагмата и вена кава, а Анастасија имаше отежнато дишење, и ако не се направеше интервенцијата веднаш, исходот ќе беше летален. Кај овој тип малигнен тумор нема потреба од хемотерапија ако се направи целосно отстранување. Туморот правеше голем притисок во левиот бубрег и слезинката, и бидејќи беа зафатени и овие делови, мораше да се отстранат и тие. Препораките се редовни контроли со ехо. По еден месец од интервенцијата ехонаодот е уреден, а девојчето продолжи со нормален живот. Овие тумори се ретки и многу ризични бидејќи ако има потреба од хемотерапија, колку што е сериозна операцијата, толку е сериозна и хемотерапијата. Туморот треба добро да реагира на хемотерапијата, а и детето добро да ја поднесе истата“ – објасни д-р Симеонов.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалВидео: Меси посвети гол на неговиот татко Лионел Меси го постигна првиот гол по светското првенство и му го посвети на својот неодамна починат татко.Интер Мајами како гостин освои бод против Филаделфија, играјќи без победник 2-2. В о единаесеттата минута домаќините поведоа со голот на Василев, Интер Мајами во 21-та минута преку Пинтер стигна до израмнување. Потоа, сргентинскиот волшебник Лионел Меси му донесе предност на тимот од Флорида во 26-та минута. Аргентинецот одлично се снајде во шеснаесетникот и го постигна својот прв гол во МЛС по светското првенство. Тоа воедно беше и првиот гол на Меси откако кратко отсуствуваше поради смртта на својот татко, кому и му го посвети погодокот. По 20 одиграни натпревари, Интер Мајами е втор на табелата во источната конференција со 39 бодови, додека Филаделфија е 13-та со 20 бодови.Тагови: Лионел Меси Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАктивни пожари во мариовско, Студеничани, Македонски Брод, Кичево и Могила08:54Западнонилска треска: 36 потврдени и два веројатни случаи, во тек е СМС-кампања за информирање на населението15:00Ангелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото08:31Западно-нилската треска одзема уште еден човечки живот15:00Муцунски: Амбасадорскиот совет во Скопје – стратешка координација за силна и активна македонска дипломатија12:19
Западнонилска треска: 36 потврдени и два веројатни случаи, во тек е СМС-кампања за информирање на населението15:00
Ангелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото08:31
Муцунски: Амбасадорскиот совет во Скопје – стратешка координација за силна и активна македонска дипломатија12:19
МакедонијаАктивни пожари во мариовско, Студеничани, Македонски Брод, Кичево и МогилаИзутринава во земјава има пет активни пожари во Мариово кај село Чаниште, крак кон Црна Река и крак кон село Орле, во општините Студеничани, Македонски Брод, Кичево и Могила.Пожарот во депонијата во општина делчево е ставен под контрола. А изгаснати се 31 пожар. Центарот за управување со кризи информира дека регистрирани се вкупно 37 пожари на отворен простор, од кои пет се активни, еден е под контрола, а 31 пожар се изгаснати. Од УХМР најауваат топло време и температури до 39 степени. Апел од дирекцијата за заштита и спасување граѓаните да се посебно внимателни со фрлање отпуошци од цигари и работа со апарти кои предизвикуваат пожар и строго забрана за горење на стрништа..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДенеска одлука за „училишна кошничка“ Пред стартот на учебната година, Владата денеска повторно ќе ја донесе т.н. училишна кошничка.Од МОН брифираат дека планиран е состанок со трговците на големо и мало за училишен прибор, со цел да ги координираат активностите и да разговараат за цените пред почетокот на учебната година. Лани, мерката за училишна кошничка наречена „Помалку трошоци, повеќе за вас“ важеше од 15 август до 15 септември и со неа беше договорено намалување на цените на основниот прибор и тетратките на учениците за 10-15 проценти, со што, според пресметките на владта, семејствата заштедија по околу 1.500 денари по ученик.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАктивни пожари во мариовско, Студеничани, Македонски Брод, Кичево и Могила08:54Западнонилска треска: 36 потврдени и два веројатни случаи, во тек е СМС-кампања за информирање на населението15:00Ангелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото08:31Западно-нилската треска одзема уште еден човечки живот15:00Муцунски: Амбасадорскиот совет во Скопје – стратешка координација за силна и активна македонска дипломатија12:19
Западнонилска треска: 36 потврдени и два веројатни случаи, во тек е СМС-кампања за информирање на населението15:00
Ангелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото08:31
Муцунски: Амбасадорскиот совет во Скопје – стратешка координација за силна и активна македонска дипломатија12:19