Лишени од слобода 10 возачи, а со двајца е извршен службен разговор за „безобѕирно управување возило“
2Лишени од слобода 10 возачи, а со двајца е извршен службен разговор за „безобѕирно управување возило“
Кристијан Бајовски постави Гинисов рекорд со 1.257 склекови за еден час: „Не е само бројката – тука се сите жртви, тренинзи и сомнежи“
1Кристијан Бајовски постави Гинисов рекорд со 1.257 склекови за еден час: „Не е само бројката – тука се сите жртви, тренинзи и сомнежи“
ЗдравјеД-р Самади за „Њузмакс“: Ракот на простата Бајден го имал најмалку пет годиниСамади објасни дека развојот на рак на простата, како оној на Бајден, може да потрае со години. Околу (не)криењето на здравствената состојба на Бајден и степенот на зафатеност на организмот со канцерот, со неколку прашања за „Newsmax“ се појави и д-р Дејвид Самади, директор на уролошката онкологија во болницата „Сент Францис“ на Лонг Ајленд, Њујорк. -Некој како претседателот Бајден, кој е на функцијата најмалку 20, ако не и повеќе години, имал скрининг и бројни PSA тестови (тестови за откривање евентуално заболување на простата), а исто така и дигитални ректални прегледи и прегледи на простата, рече Самади, додавајќи дека „мора да има повеќе во оваа приказна од објавеното, бидејќи луѓето не се наивни“ Самади објасни дека развојот на рак на простата, како оној на Бајден, може да потрае со години. Конкретно тој посочи дека за овој тип на канцер да дојде во фазата во која е сега кај претседателот Бајден ( Глисонова скала 9) тој морал да постои меѓу пет и седум години. Самади, оценува дека на Глисоновата скала до два до 10, Бајден со наодот Глисон 9 се наоѓал во многу агресивна фаза на канцерот затоа што 8, 9 и 10 биле најагресивните фази од канцерот на простата. -Жално е што канцерот метастазирал на коските и тоа е лоша прогноза, тој е многу агресивен рак на простатата. И во овој момент операција и радијација (зрачење) веројатно не се добра опција. Тој ќе прима хормонална терапија, која не може да го излекува ракот, туку само ја намалува прогресијата на болеста, го намалува тестостеронот. Со оглед дека за растат на ќелиите на ракот е потребен тестостеронот. Така што, со намалување на количеството на тестостерон ќе влија на брзината на развојот на канцерот. Докторот смета дека Бајден најверојатно го има овој рак со години. „Јас не сум негов доктор и немам пристап до неговите лични информации, но приказната нема никаква смисла онака како што е објавена.“ Иако нема лек за ракот на Бајден, тој се лечи, иако третманот доаѓа со несакани ефекти, рече Самади. -Може да се забави напредувањето на болеста, рече Самади додајќи дека „постојат многу несакани ефекти од овој вид третман. Знаеме дека за жал, постојат некои проблеми со менталното здравје, а овие лекови можат дури и да ги влошат тие симптоми, можат да влијаат на срцевите проблеми и менталното здравје. Затоа се надевам дека ќе се опкружи со експерти и многу лекари, како што требало да прави со децении со оглед на важната работа што ја има.“ Самади рече дека е тешко да се замисли дека ракот на Бајден би поминал незабележано. „Можеби знаеле за ова, но времето не било добро, или едноставно не сакале да ги објават овие информации или веста за метастазите штотуку била пронајдена“, рече Самади. „Таа приказна нема смисла за мене.“ Инаку, откако за време на викендот светската јавност беше информирана дека поранешниот американски претседател Џо Бајден има агресивен рак на простата, во напредна фаза, покрај изразите на поддршка што пристигнаа од сите страни на светот, се појавија и прашања за тоа како е дозволено да дојде до толкаво влошување на неговата здравствена состојба и за тоа ништо да не биде преземено или зошто тоа можеби свесно се премолчувало. Меѓу првите уште во понеделникот реагираше американскиот претседател Доналд Трамп, кој по упатената желба за заздравување на 82-годишниот негов претходник во Белата куќа, отворено се запраша како е дозволено, покрај редовните годишни детални систематски прегледи, за болеста на Бајден никој досега да не изреагира. Притоа, тој изјави дека тоа детално ќе се испита. Високо рангиран функционер на Министерството за правда на САД, Лео Тарел, денеска ја обвини поранешната прва дама Џил Бајден за можна кривична одговорност за „злоупотреба и занемарување на стари лица“, директно алудирајќи дека таа е поврзана со наводното прикривање на здравствената состојба на поранешниот претседател Џо Бајден. Терел на социјалните мрежи објави дека Џил Бајден знаела за здравствените проблеми на поранешниот претседател, но сепак му дозволила да учествува на претседателските избори. Според него, злоупотребата на стари лица е форма на семејно насилство и Џил треба да објасни зошто ја довела јавноста во заблуда за здравствената состојба на Џо Бајден. /МИАТагови: Бајден рак Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиРКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 5,50 денари по литар, бензините поевтинуваат16:29Од полноќ нови цени на горивата15:05Мицкоски: Разговарав со државниот секретар на САД, Марко Рубио.08:31Црн викенд на македонските патишта – три жртви во две сообраќајни несреќи, седуммина повредени 15:00Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16
Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16
МакедонијаРКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 5,50 денари по литар, бензините поевтинуваатМалопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 1,50 ден/лит.Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,19% во однос на одлуката од 14.9.2026 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување и тоа во просек: кај бензините за 0,960%, кај дизелот за 6,772%, кај екстра лесното масло зголемувањето е за 5,960% и кај мазутот исто така има зголемување за 4,084%. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,753%. Во Одлуката на РКЕ е применет намален износ на акцизата од 4,00 ден/лит кај бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и е продолжен намалениот износ на акцизата од 4,00 ден/лит кај ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V). Во исто време е применет и намалениот износ на ДДВ за нафтениот дериват ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) во износ од 10% Од 22.9.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 99,00 (денари/литар) Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 101,00 (денари/литар) Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 104,50 (денари/литар) Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 114,50 (денари/литар) Мазут М-1 НС 50,078 (денари/килограм) Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 1,50 ден/лит. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 5,50 ден/лит. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 5,00 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,835 ден/кг и сега ќе изнесува 50,078 ден/кг. Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 22.9.2026 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.Тагови: РКЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЛишени од слобода 10 возачи, а со двајца е извршен службен разговор за „безобѕирно управување возило“Лишени од слобода 10 возачи, а со двајца е извршен службен разговор за „безобѕирно управување возило“, еден возел под дејство на алкохол, двајца со активна забрана, а останатите без возачка дозвола.Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода 10 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Од нив, седуммина управувале возило без положен возачки испит и тоа: В.М.(19), Ѓ.Ј.(22), С.У.(36) и К.П.Т.(45), сите од Велес, 17-годишник од с.Морани, скопско, 16-годишник од Скопје и 15-годишник од с.Присојница, општина Маврово и Ростуше, кој предизивикал и сообраќајна незгода. Исто така, со двајца малолетници од Велес, во присуство на родител е извршен службен разговор, затоа што управувале мопеди без возачка дозвола. Двајца управувале возило со активна забрана за управување моторно возило и тоа: П.Р.(61) од с.Јакимово, виничко и Д.А.(33) од Скопје. Додека пак, под дејство на алкохол возел П.Л.(70) од Кавадарци. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.Тагови: безобѕирно управување Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОфицијална посета на делегација на Амбасадата на САД во општина Крива ПаланкаГрадоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, денеска во својот кабинет оствари средба со Никол Варнс, вршител на работите при Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Скопје.Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, денеска во својот кабинет оствари средба со Никол Варнс, вршител на работите при Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Скопје, која ја предводеше делегацијата на Амбасадата во официјална посета на Општина Крива Паланка. Во составот на делегацијата на Амбасадата на САД беа Едру Ковтун, политички советник, Кристина Каранакова, политички советник, Надица Жакула, специјалист за односи со јавност и Јехона Жута Вренези, координатор за дигитална продукција. Од страна на Општина Крива Паланка, на средбата присуствуваа Миле Трајковски, претседател на Советот на Општина Крива Паланка, Тања Дејановска Митровска, координатор на советничката група на СДСМ, и Александар Рангелов, координатор на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Во духот на заемната почит и традиционалното пријателство беше остварен отворен и конструктивен разговор за развојните приоритети на Крива Паланка, можностите за локален економски напредок и перспективите за продлабочување на институционалната соработка. „Посетата на г-ца Никол Варнс и делегацијата на Амбасадата на САД претставува особена чест за Општина Крива Паланка. Благодарам за покажаниот интерес за нашата општина и за отворениот и конструктивен разговор. Остануваме посветени на градењето партнерства засновани врз доверба, заемно почитување и заеднички развојни цели“, истакна градоначалникот Митовски. Средбата претставува значаен придонес кон унапредувањето на меѓусебната комуникација и отворањето нови перспективи за идна соработка меѓу Општина Крива Паланка и Амбасадата на Соединетите Американски Држави. Официјалниот прием заврши со размена на пригодни протоколарни подароци и заедничко фотографирање, како израз на почит и пријателство.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиРКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 5,50 денари по литар, бензините поевтинуваат16:29Од полноќ нови цени на горивата15:05Мицкоски: Разговарав со државниот секретар на САД, Марко Рубио.08:31Црн викенд на македонските патишта – три жртви во две сообраќајни несреќи, седуммина повредени 15:00Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16
Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16