Лукровски: Инвестираме во иднината на Карпош со изградба на детската градинка „Пролет 2“, спортски сали и мега-парк
1Лукровски: Инвестираме во иднината на Карпош со изградба на детската градинка „Пролет 2“, спортски сали и мега-парк
3Петрушевски: Филипче прозборе за криминал тежок 37 милиони евра за пратеничка од СДС, го охрабруваме да објави и други вакви случаи
ЗдравјеД-р Патрик Суон Шионг: ФДА на Бајден „ја замрзна“ мојата вакцина што ги убива КОВИД и ракот!Д-р Патрик Суон Шионг, е врв во светската наука за лекови против канцерот. Тој е истражувач и милијардер кој се збогатил од иновација на лекови против ракот. Неговите компании ги продал за над 10 милијарди долари, а три милијарди вложил во вакцина против КОВИД и вакцина против ракот – проект што во времето на претседателот Џо Бајден, бил спречен од познатиот Антони Фаучи и од Френсис Колинс – екс директор на американската Национална агенција за здравје и дополнително одбиен од ФДА. Сопственик е на ЛА Тајмс, иако никому не му е јасно зошто на научник од ваков калибар му е потребен весник. За потрошените три милијарди долари за вакцина против КОВИД и ракот – не жали, вели „сакав да ги вложам, ми беше предизвик“. Има и му се може, но тоа ја оддава неговата посветеност на науката. Пред три месеци, во час и половина интервјуто со Такер Карлсон, раскажуваше дека целото лечење против ракот во изминатите 50 години е погрешно и всушност ги убива Т-клетките, односно природните клетки-убијци кои ги има самото тело и кои треба да го убијат канцерот. Тој тогаш истакна дека со хемотерапијата се добива битката, но се губи војната. Затоа предлага ниски дози на хемотерапија кои ќе ја натераат клетката на ракот да се изложи, а потоа активирање на природните клетки-убијци кои треба да ја убијат и тврди дека има успех со тој начин на лечење. Поттикнувањето на природните клетки-убијци го врши со т.н. „Биошилд“, а пред неколку дена, во разговор со познатата Меган Кели, за прв пат откри што е тоа „Биошилд“, што содржи и како дејствува, односно што се постигнува со него. Транскриптите од двете секвенци кои содржеа по 10 минути од интервјуата на Сун-Шионг со Карлсон и Кели ги објавивме пред неколку денови. Овој пат ви нудиме уште десетминутен разговор на Кели со д-р Сун-Шионг во кој тој детално објаснува за тоа како си го инјектирал сопствениот изум IL 15, протеин кој ги активира природните клетки убијци и заштитните Т клетки, поради што никогаш не добил КОВИД. Тој тврди дека тоа е начинот да се спречи САРС КОВ 2 вирусот да се размножува и пренесува (што не е случај со постојните вакцини на Фајзер и Модерна), дека тоа е начинот што ќе спречи да добиете рак, а ако го имате добиено - што ќе ве излечи, но дека ФДА на Бајден едноставно го замрзнала целиот проект. И, во овој дел од разговорот тој го повторува тоа што веќе во претходниот дел од интервјуто и го кажа на Кели: „Ова не е мој изум, туку дело на самиот Господ“. Научник од ваков вид и Господ? Тоа е последно што би го очекувале од него, но да, тоа е така. Меган КЕЛИ: Ве слушав во интервјуто со Такер Карлсон каде рековте дека никогаш не сте имале КОВИД. Такер ви рече дека сте имале среќа, а вие рековте дека тоа не е среќа. Ве цитирам: „Тоа не е среќа, тоа се моите Т-клетки“. И тоа ме натера да се запрашам дали секој може да го добие тоа што ги активира Т клетките? Д-р Патрик СУН ШИОНГ: Значи, постојат две работи во врска со Т-клетките, а биозаштитата е платформата. Од една страна, она за што зборувам сега е дека ова е IL-15 (протеин кој ја активира природната клетка убиец, н.з.) кој всушност се размножува и се засилува и е одобрен... Меган КЕЛИ: IL-15? Така се нарекува лекот? Д-р Патрик СУН ШИОНГ: Лекот се вика „Анктива“, но избегнувам да го кажам комерцијалното име за да не ве обвинат дека вршам реклама на лекот. Тоа е активирана NK клетка, односно т.н. клетка – убиец и активирани Т-клетки за цел живот. Тоа е тоа, и ова е IL-15 во мало шишенце, буквално половина кубик се инјектира поткожно, и делува неверојатно затоа што тоа ни го дал Бог. Значи го внесувате IL 15, тој ги активира природните клетки-убијци и Т-клетките и вие сте безбедни. Значи, повторно, дали јас го измислив ова? Не, Бог го измисли ова! Она што го направивме беше да се просветлиме за да откриеме кој клуч ни е потребен за да го активираме она што е во нашето тело. Но, замислете, не само што можеме да ги активираме тие Т-клетки откако ќе се разболите, туку и да ги едуцираме Т-клетките да бидат будни пред да се разболите и да не дозволат тоа да се случи. Да ги едуцираме да препознаваат специфичен антиген. И тоа е она што го правиме кај Линч синдромот (синдром кој покажува дека имате голема веројатност да заболите од рак на дебелото црево, н.з.). Пациентите со Линч синдром имаат околу 80% зголемен ризик од рак на дебелото црево. Значи, со ова, претходно ги активираме нивните Т-клетки за да можат да спречат да се појават болните клетки на ракот на дебелото црево. Значи, едно од нештата кога се појави КОВИД, и можеме малку да разговараме за тоа, и долго разговарав со Питер Маркс (Питер Маркс е американски хематолог и онколог кој беше директор на Центарот за евалуација и истражување на биологија во рамките на ФДА, н.з.) со Антони Фаучи и со Колинс (Френсис Колинс, екс директор на Националниот институт за здравје, н.з), со целиот Национален институт за здравје и со Националниот институт за алергии и инфективни болести за време на администрацијата на Бајден, и ги убедував дека ни е потребна „Т-клетки вакцина“. И мислам дека ви го испратив YouTube линкот каде што Џон Коен од Science, јас и Питер Маркс во 2022 година го направивме ова интервју во кое ја молевме државата да ја добие „Т-клетки вакцината“. Значи, она што го направив е да ја создадам оваа „Т-клетки вакцина“. И патем, како што се сеќавате, беа достапни милијарди долари. И со гордост можам да кажам дека беше тешко, но никогаш не сме искористиле ниту еден долар од владините пари. Мојата загриженост беше дека сегашните вакцини, вакцините базирани на антитела, нема да го спречат преносот на вирусот. Со тоа сакам да кажам дека знаев дека ако ја примите сегашната вакцина, можеби вирусот малку ќе биде блокиран, но тој ќе влезе во телото, ќе расте, ќе го користи вашето тело за да расте и потоа вирусот ќе го пренесете на друго лице. И тој ќе продолжи да се размножува. И ако продолжи, сега имате автоимуна болест, воспалителна болест, па дури и потенцијално турбо рак. Значи, решението за тоа беше да се развие вакцина што би ги стимулирала Т-клетките и клетките убијци, но Т-клетките би биле едуцирани против нуклеокапсидот на КОВИД . Да објаснам - КОВИД има два протеина во себе. Едниот е спајк протеинот, а другиот е во внатрешното јадро на КОВИД наречен нуклеокапсид. И ако можете да создадете Т-клеточна вакцина за нуклеокапсидот, можеби ќе имате универзална Т-клеточна вакцина за секој КОВИД што ќе се појави, бидејќи тој нуклеокапсид не се менува, за разлика од спајк протеинот кој мутира постојано. Ние ја развивме таа вакцина (за што д-р Сун Шионг потрошил три милијарди долари свои пари, н.з.) и ја завршивме првата фаза, а јас се инјектирав за да тестирам дали ќе имам Т-клетки против тој антиген на КОВИД, и ги имам. Впечатливо е што ФДА нè стави на чекање кога побарав да ја користиме како засилувач. И останавме на чекање и до ден-денес никој не може да ја објасни причината зошто не ја прифатија вакцината во тој временски период, па затоа никогаш не беше развиена. Меган КЕЛИ: Дали постои можност таа вакцина да се развие и да се користи сега? Бидејќи луѓето сè уште ги добиваат вакцините против КОВИД кои се користат како засилувачи на првите две дози. Денес видовме во вестите дека Модерна штотуку доби целосно одобрение од американската ФДА, па нивната вакцина не е вакцина што е одобрена за итна употреба, туку има целосно одобрение. Тие сè уште го туркаат ова кај луѓето. Но, имаме нова администрација, имаме нов одличен шеф на ФДА. Значи, дали постои можност сè уште да заживее вашата вакцина? Д-р Патрик СУН-ШИОНГ: Одговорот е да. Всушност, бев толку очаен што буквално ќе ја дадев вакцината само за да ја употребуваат. Всушност, за време на КОВИД, имав уште еден молекул наречен „ACE2 мамка” и се обратив кон, нема да го именувам, голем извршен директор, и му реков, ве молам земете го ова, ве молам развијте го ова. Знаете, не станува збор за пари. Не станува збор за зголемување на приходите за компанијата, иако Модерна, Бионтек и Фајзер навистина имаа голема корист од тоа. Затоа што ова е борба на вирусот против човекот, а ова е за човештвото, каде што навистина треба да најдеме начин. Она што ме исплаши, а можеме да навлеземе во ова, Меган, е овој ACE2 рецептор (рецептор кој не дозволува развој на одредени болести на белите дробови, не дозволува развој на воспаление, срцеви пореметувања итн, н.з.). Зашто САРС Ков 2 вирусот кој предизвикува КОВИД 19 не е респираторен вирус. Овој вирус е како рак. Овој вирус влегува во секој дел од вашето тело, и кога ќе стигне таму, го користи вашето тело како фабрика, без разлика дали тоа ќе биде вирусот или спајк шилестиот протеин на оваа мНРА вакцина. И тоа е она што ме исплаши. И за жал, сега ги гледам плодовите од она што го прави овој вирус, а овој вирус навистина нè победи. Сè уште имаме можност да го поправиме тоа, и оваа администрација сè уште има можност да го поправи. Но, знаете каде е проблемот? Науката е комплексна, а прашањето е: дали ФДА воопшто ќе ја разбере науката? Дали сегашната и старата ФДА се доволно опремени и модернизирани? И го гледам Марти Макари (сегашен директор на ФДА, н.з.) како се обидува да ја подобри модернизацијата со вештачка интелигенција итн. Мислам дека тоа е прекрасно. Но, вистинската модернизација што ѝ е потребна на ФДА е да ја разбере науката. И не мислам дека оваа ФДА всушност пораснала доволно брзо, со недоволен, не сакам да го кажам зборот интелект, но со доволна експертиза за да ја разбере еволуцијата на науката на молекуларно ниво, на имунолошко ниво. Меган КЕЛИ: Мислам на д-р Џеј Батачарја, кој, сега го води Националниот институт за здравство, и кој беше измамен од Френсис Колинс, поранешниот директор - неговиот претходник, како што знам дека и вие бевте измамени. Колинс се плашеше од вас. Ве гледаше како некаков вид закана, а вие откривте докази дека намерно имал намера да ве поткопа и да ве тргне на страна. И токму тоа му се случи на д-р Џеј Батачарја, кој за време на КОВИД мудро велеше дека не треба да ги ставаме сите здрави луѓе во карантин. Треба да вршиме фокусирана заштита, заштитувајќи ги само најранливите, а Френсис Колинс и Фаучи јасно ставија до знаење дека сакаат да го оцрнат како некаков екстремист, маргинален лекар. Дали би можел тој да биде од помош? Не дека Марти Макари не би ви бил од помош, но сугерирате дека можеби нема доволно луѓе во ФДА за да го решат ова до крај. Што мислите за д-р Џеј Батачарја и за тоа дека треба да се посвети поголемо внимание во Националниот институт за здравство? Д-р Патрик СУН-ШИОНГ: Целосно, целосно се надевам на тоа, и затоа, знаете, многу, многу го поддржував Боби Кенеди да го презеде Министерството за здравство и да ги донесе вистинските луѓе. Никогаш досега не сум го запознал Џеј и очекувам да го запознаам. И целосно сте во право. И тоа е еден од ретките твитови што ги направив многу политички коректно, дека толку малку луѓе можеа да повредат толку многумина. И го сторија тоа. Знаете, временската рамка за која се поврзувате е првиот мандат на претседателот Трамп кога беше избран за претседател. Јас бев номиниран за директор на Националниот институт за здравство. Френсис Колинс слушнал за тоа и имаше многу активна кампања обидувајќи се да ме оцрни. Му реков тогаш на претседателот, навистина треба да работам на она што сега е био-штит, мислејќи дека ќе има два мандата, а во вториот мандат ќе биде на патот кон лекување на ракот. И тој не го доби вториот мандат, но интересно е што ми даде повеќе време и сега сме подготвени. Значи, додека во време на претходната администрација, буквално за време на годините на Бајден, бевме целосно тргнати на страна и маргинализирани, сега постои можноста да ја преземеме целата работа и оваа администрација да не врати на правиот пат. Мислам дека само оваа администрација може да го направи сето ова да функционира. Можеме да го најдеме третманот за да го спречиме овој КОВИД, со наоѓање универзална вакцина против КОВИД. Всушност, можеме да ги лекуваме пациентите кои имаат долготраен КОВИД. И всушност, можеме да бидеме буквално на патот кон лекување на ракот, па дури и превенција од рак. Тоа би барало навистина длабоко разбирање на науката, но што е поважно, бара длабоко разбирање на ниво на ФДА. Меган, мојот страв е следниов. Се сретнав со претседателот во Ријад и се сретнав со претседателот во Катар, и гледам како Кина навистина експлодира во однос на својата наука. И мојот страв е следниов: дека Америка има научно и интелектуално водство, но Кина ќе нè победи. А причината зошто ќе нè победи е затоа што нивниот регулаторен процес е целосно поврзан со вистинскиот напредок на технологијата. Нашиот регулаторен процес е заглавен во оваа стара догма и заглавен и заглавен без да ја препознае науката. Затоа, се плашам дека не само што ќе изгубиме работни места, туку ќе ја изгубиме и биотехнолошката индустрија и ќе ја изгубиме трката. Не затоа што немаме генијалност. Не затоа што немаме најдобри мозоци и најдобри научници. И не затоа што немаме волја или ресурси, како што сега го претстави претседателот Трамп, туку затоа што ќе имаме регулаторна опструкција./МИА.Тагови: вакцина Ковид-19 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛукровски: Инвестираме во иднината на Карпош со изградба на детската градинка „Пролет 2“, спортски сали и мега-паркДовербата има смисла само ако се претвора во работа. А работата има вредност само ако резултатите можеме отворено да ги ставиме пред јавноста.На 13 ноември минатата година, јас и советниците на Општина Карпош ги добивме уверенијата за нашите мандати. За мене, тој ден не беше само ден кога започна функцијата градоначалник, тоа беше ден кога првпат ја презедов одговорноста да ја водам Општина Карпош. Одговорност кон секој човек што ни ја даде својата доверба. Кон оние што гласаа за нас, но и кон сите граѓани на Карпош, затоа што од моментот кога ќе ја преземете функцијата, должни сте да работите за сите. Како кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, довербата што ја добив ја прифатив со огромна чест. Но од првиот ден знаев дека довербата сама по себе не е резултат. Таа е обврска. Обврска да работиш чесно и посветено, да одлучуваш одговорно и да бидеш меѓу луѓето. Да слушаш и кога ти се допаѓа она што го слушаш, но уште повеќе кога не ти се допаѓа. Да признаеш што е завршено, да кажеш што е започнато и да не се криеш зад изговори за она што сè уште не е направено. Затоа денес сум овде. Не за да кажам дека се е завршено. Не за да претставам идеална слика во која нема проблеми, туку за да дадам отчет. Затоа што отчетноста и транспарентноста за мене и мојата политичка партија не се политички слогани што важат само за време на изборите, тие се обврска кон граѓаните. Довербата има смисла само ако се претвора во работа. А работата има вредност само ако резултатите можеме отворено да ги ставиме пред јавноста. Кога ја презедов функцијата, имав една јасна визија за Карпош, не општина која ќе живее од ден за ден и ќе реагира само кога проблемот ќе стане преголем, туку општина што планира, општина што е присутна во маалата, општина што ги слуша граѓаните пред да носи одлуки, општина што ќе биде поуредна, пофункционална и пред се позелена. И најважно – општина во која секој проект има одговор на едно едноставно прашање: Што ќе промени ова во животот на граѓанинот? Од тоа тргнавме. И затоа еден од првите чекори беше да ја вратиме комуникацијата со граѓаните таму каде што припаѓа – во самото креирање на приоритетите. При подготовката на буџетот не сакавме граѓаните само да слушнат што сме одлучиле. Отидовме меѓу нив. Организиравме средби низ урбаните и месните заедници и разговаравме за она што вистински го живеат секој ден – за улиците, за водоводот, за паркирањето, зеленилото, безбедноста, за урбанизмот, училиштата и условите во нивните маала. Така го креиравме граѓанскиот буџет. Не како формалност, туку како порака дека општината мора да слуша пред да троши и мора да знае каде граѓаните очекуваат да биде вложен нивниот денар. Уште во првите денови покажавме и каков треба да биде редоследот на приоритетите. Средства предвидени за патувања и репрезентација ги пренаменивме за комуналните трошоци на основните училишта. Тоа можеби нема да го видите на билборди, но токму од ваквите одлуки започнува одговорното управување. Затоа што парите на граѓаните мора прво да одат таму каде што се најпотребни. А кога разговарате со луѓето, многу брзо сфаќате дека нивните барања често не се спектакуларни. Тие бараат нормално секојдневие, чиста околина, слободен паркинг, безбедна улица, функционален водовод, осветлено маало, уреден јавен простор итн. Токму затоа една од првите теренски задачи беше враќањето на редот и чистотата, што е до денес приоритет во нашето работење. На Скупи 5, Злокуќани, Спортски центар „Борис Трајковски“, кај археолошкото наоѓалиште Скупи, на патот кон Бардовци расчистивме некаде над 3.500 кубни метри наталожен материјал. Почнавме континуирано да ги отстрануваме хаварисаните возила од јавните површини и уште во првите сто дена ослободивме повеќе од 150 паркинг места. Во одржувањето на комуналниот ред клучна улога има Секторот Инспекторат, чии екипи секојдневно ја следат состојбата на терен, вршат контрола и постапуваат по пријави од граѓаните. Во постојана координација со надлежните општински служби се следат критичните локации и навремено се реагира таму каде што ќе се појави проблем. На тој начин, одржувањето на редот не се сведува на повремени акции, туку се спроведува како континуиран и организиран процес. Акциите продолжија и потоа. Зошто го издвојувам ова? Затоа што квалитетот на една локална власт не се гледа само во капиталните објекти, се гледа и кога граѓанинот ќе излезе од дома и ќе види дека нешто што со години му пречело конечно е решено. Од редот во маалата преминавме кон еден од најголемите предизвици, а тоа е инфраструктурата. Општина Карпош почна да се развива. Започнавме реконструкција на дел од улицата „Јуриј Гагарин“ во Козле. Тоа беше почеток на една поширока инфраструктурна динамика. Во изминатите месеци целосно ја завршивме реконструкцијата на улицата „Џумајска“. Реконструиран беше и дел од улицата „Бранислав Нушиќ“ во Карпош 2. Ја завршивме реконструкцијата на ул. „Трифун Бузев“, заедно со двата соседни паркинг простори, следи моментално и реализација на уличното осветлување. Целосно беше реконструирана и улицата „Атинска“, со обновување на коловозот и тротоарските површини, воедно обезбедивме и улично осветлување. Но инфраструктурата за нас не е само нов асфалт. Во Бардовци започнавме изградба на нови улици 5,6 и 7, како и улицата 1687 со тротоарско решение и улично осветлување. Во Долно Нерези, во соработка со градоначалникот на Град Скопје, господинот Орце Ѓорѓиевски и ЈП Водовод и канализација, започнавме реконструкција на водоводната мрежа, со цел решавање на долгогодишниот проблем со притисокот на водата. На улицата „Волгоградска“ започнавме изградба на нова атмосферска мрежа. Исто така, во Бардовци поставивме нови енергетско ефикасни светилки. Во Козле започна реконструкцијата на улица „Загребска“, со нов потпорен ѕид и подобар пристап кон детската клиника. А на почетокот на месец септември започна и реконструкцијата на улицата „Софиска“ во Тафталиџе 2. Кога ги кажуваме овие работи, лесно е да се изгубиме во метри, квадратни метри и бројки. Но суштината е друга. Инфраструктурата има вредност само кога го олеснува животот. И токму затоа од улиците и комуналните проблеми природно доаѓаме до она што за мене е еден од најважните тестови за секоја општина – какви услови создава за своите деца. Во Козле започнавме со изградба на целосно нова градинка – „Пролет 2“. Објект со капацитет за 130 деца, со современи услови, простор за игра и зеленило. Ова е една од најзначајните капитални инвестиции во овој период. Но за мене, нејзиното значење не е само во големината на инвестицијата. Нејзиното вистинско значење ќе се гледа секое утро кога родители ќе ги оставаат своите деца во безбедна, современа и достоинствена средина. Тоа е мерката за вредноста на проектот. Во градинката „Мајски Цвет“ продолживме со потребните интервенции до целосна реконструкција, со посебен фокус на исполнувањето на стандардите и безбедноста на нашите децата. Да напоменам дека грижата за децата продолжува и кога ќе го поминат прагот на училиштето, па така во почетокот на учебната година 2026/27, Општина Карпош обезбеди бесплатни ранчиња и основен училиштен прибор за секое прваче. Верувам дека успехот треба да биде препознаен, па така ги наградивме учениците и нивните ментори кои постигнаа значајни резултати на државно ниво. Ги наградивме десетте првенци на генерација. Награди за најдобрите ученици и најуспешните млади, награди и за спортистите, организиравме и меѓународна екскурзија за истите. Истовремено работевме и на професионална психо-едукативна поддршка за наставниот кадар и на активности за кариерен развој на основците. Благодарение на донација од Здружението „ПОЗИТИВО“, добивме нова сензорна соба во ООУ „Петар Поп Арсов“, а наскоро очекуваме и донација за сензорната соба која следи во ООУ „Лазо Трповски“, во соработка со фондацијата „Верица Механџиска“. Континуирано ги подобрувавме условите во училиштата, целосно опремивме 5 училници во ООУ „Лазо Трповски“ со нов инвентар и нагледни средства. За проширување на капацитетите на ООУ „Димо Хаџи Димов“, во соработка со Министерството за образование и наука, во тек е доградба на училници. Очекуваме овој модел да се аплицира и во останатите основни училишта пред се во „Петар Поп Арсов“ каде условите го дозволуваат тоа. Исто така училиштата се опремени со нови хидрофори. Секое дете нема исти потреби, но секое дете заслужува иста грижа. И тоа е принципот според кој мора да функционира образованието. Истата логика ја следиме и во спортот, кога е во прашање. Континуирано ги поддржуваме училишните спортски игри, а во функција се и двете спортски сали во „Наум Наумовски – Борче“, во нашиот „Партизан“. Сакаме училиштата и населбите да имаат услови каде децата и младите ќе тренираат, ќе се дружат и ќе развиваат здрави навики. Па така, во населбата Влае започнавме изградба на нова повеќенаменска спортска сала во ООУ „Димо Хаџи Димов“ – објект од 1.400 квадратни метри, проектиран според европски и меѓународни спортски стандарди. Во ООУ „Братство“ го поставивме камен-темелникот и официјално ја започнавме изградбата на исто така нова повеќенаменска спортска сала. Во изминатиот период, во соработка со Министерството за спорт и млади, целосно беше довршен и новиот покриен училиштен базен во салата „Партизан“, со активно учество на Општина Карпош. Базенот е одлична можност за работа на клубовите како и локација за учениците од нашите основни училишта. Го реконструиравме и пуштивме во употреба повеќенаменското спортско игралиште кај студентскиот дом „Гоце Делчев“ и во населбата Бардовци. Го реконструиравме спортското игралиште во ООУ „Владо Тасевски“, а во соработка со Министерството за спорт и млади ќе обезбедиме одбојкарско игралиште и трибина за незаборавни спортски доживувања во училишниот двор на „Владо Тасевски“. Целосно го саниравме и покривот на училишната зграда кој беше оштетен во невремето кое го зафати Карпош во месецот јули и беше во форма на донација од некаде 500.000 денари. Исто така, спортските игралишта во надлежност на Општината ги направивме достапни за користење и во вечерните часови. Паралелно, преку јавните програми обезбедувавме поддршка и за спортски активности, спортски клубови, рекреација и работа со младински категории. Тоа е пошироката слика. Не само објект, туку систем што треба да создава повеќе можности за спорт. Дел од овие капитални проекти ги реализираме во партнерство со Владата на Република Македонија. И затоа сакам јавно да упатам благодарност до Владата и до премиерот Христијан Мицкоски за поддршката и партнерскиот однос кон Општина Карпош. Кога централната и локалната власт соработуваат околу конкретни потреби на граѓаните, тогаш граѓаните ја гледаат смислата на институционалната соработка. Но ако зборуваме за иднината на Карпош, тогаш мора да зборуваме и за младите. Затоа воведовме мерки што се директни, практични и мерливи. Посебно внимание посветуваме на младите и на создавањето конкретни можности за нив, па токму затоа Општина Карпош обезбедува субвенции за полагање на возачки испит, како практична поддршка во еден важен чекор кон нивната поголема самостојност. Отворивме програми за стипендирање на талентирани ученици и млади спортисти. Ги подготвуваме официјалното отворање на младинскиот и ресурсниот центар во салата „Наум Наумовски – Борче“ во Карпош 4. Грижата за почиста животна средина ја преточивме и во конкретни мерки, па затоа спроведовме и субвенции за велосипеди. Интересот на граѓаните покажа дека кога ќе понудиме практична и достапна алтернатива, постои вистинска одговорност за поздрав и поеколошки начин на движење. Преку различни јавни повици и програми поддржувавме и спорт, култура, активности на млади уметници, еднакви можности и граѓански иницијативи. Кога зборуваме за социјалната политика, не сакам да зборуваме само за ставки во буџет. Сакам да зборуваме за луѓе. Обезбедивме еднократна финансиска поддршка за нашите сограѓани со попреченост. Исто така, во соработка со Црвениот крст ја воведовме и услугата „Итно копче“, услуга наменета за повозрасните жители на кои им е потребна дополнителна сигурност и можност за брза реакција во момент кога се сами или во некаков ризик. Продолживме и со поддршка за новороденчињата, посвоените деца, обезбедивме еднократна помош и ваучери за истите. Обезбедувавме еднократна помош за лекување, за граѓани во социјален ризик и во случаи на пожар или поплава. Започнавме бесплатна, стручна и континуирана психолошка поддршка за онколошките пациенти. Финансиски поддржавме бесплатни превентивни ехо-прегледи за жените од Карпош. Општина Карпош обезбеди и финансиска поддршка за подобрување на условите во колективното домување – за санација на кровови, замена на азбестни кровни покривачи и подобрување на лифтовите, со што директно им помагаме на станарите полесно да реализираат зафати што се важни за безбедноста, функционалноста и квалитетот на нивното секојдневно живеење. Во областа на еднаквите можности поддржавме конкретни активности, вклучително и програми насочени кон жените, нивното здравје и економското вклучување. Работевме и на бесплатни обуки за дигитална писменост и економска вклученост на карпошани. Зошто го кажувам сето ова во еден контекст? Затоа што локалната власт е најблиската институција до човекот односно граѓанинот. Во изминатиот период посебно внимание посветивме на нашето одделение за заштита и спасување и на зајакнување на системот за заштита и спасување. Не со декларации, туку со конкретни чекори. Го усвоивме комплексниот план за заштита и спасување, составен од 12 посебни планови кои опфаќаат евакуација, пожари, поплави, прва помош и други ризици. За граѓаните подготвивме практичен водич за заштита и самозаштита. А членовите на нашата просторна единица поминаа специјализирана теоретска и практична обука за безбедност на отворени води, противпожарна заштита, брза теренска проценка и камп-менаџмент. Одговорна институција не чека опасноста да дојде за да почне да се подготвува. Подготвеноста се гради однапред. А безбедна заедница не ја создава само институцијата. Ја создаваат и луѓето кои знаат да си помогнат едни на други. Повторно покажавме дека Општина Карпош е таква заедница. Спроведовме крводарителска акција на којашто беа собрани 110 крвни единици. А пак на 46 – тиот општински натпревар по прва помош учество зедоа ученици од 34 основни и средни училишта. Во тие бројки не гледам само статистика, напротив, гледам огромна солидарност. Гледам млади луѓе кои учат како да помогнат кога нечиј живот можеби зависи од нивната реакција. Гледам еден Карпош којзнае да се грижи. Но за да биде добро место за живеење, една општина мора да биде и чиста. Со таа цел, во текот на пролетта Карпош го збогативме со уште 1.000 нови садници. А истовремено реконструиравме детски игралишта и ја подобрувавме урбаната опрема. Целосно беа обновени игралишта на повеќе локации: кај фонтаната во Карпош 3, кај плоштадот спроти студентскиот дом „Гоце Делчев“, на ул. Никола Парапунов спроти фурната „Специјал“, во дворот на ООУ „Ј. А. Коменски“, на ул. Љубљанска до Адреналинскиот парк, на ул. Јуриј Гагарин 23, исто така на ул. Јуриј Гагарин помеѓу зградите 25 и 35, плоштадот на Млечен, во населба Жданец, на ул. Козле, во Нерези. Поставени се шах табли на неколку локации низ Карпош, дефинирани фитнес зони во училишните дворови за рекреација. Монтирани нови чешмички за питка вода на неколку локации, меѓукои би ги издвоил: плоштадот Делфина, крстосница на ул. Соле Стојчев и Разловечко востание во Карпош 4, плоштадот во Бардовци, плоштадот на Млечен, платото со фонтана во Карпош 3, во ТЦ „Лептокарија“, во дворот на ООУ „Лазо Трповски“, на ул. Московска во Тафталиџе 2, Бул. Партизански одреди во делот на Карпош 4. На наше барање, во соработка со Град Скопје, дополнително беше уреден и кејот со нови клупи и корпи за отпадоци. А соработката со Град Скопје продолжува и со еден од следните поголеми зафати во јавниот простор. Со големо задоволство можам да најавам и реконструкцијата на мега паркот во Карпош 4, инвестиција со која сакаме дополнително да го унапредиме зеленилото и просторот што секојдневно го користат нашите граѓаните. Но зелената политика не смее да завршува со садење дрво за фотографија. Затоа Советот усвои и едногодишен краткорочен еколошки акционен план, како рамка за спроведување на мерките од ЛЕАП 3. Организиравме две масовни викенд акции за чистење на Карпош под мотото – „Заедно за чист Карпош!“. Подготвивме и нови еколошки иницијативи, меѓу кои проекти за фотоволтаични системи во градинките, како и учество во постапка за обезбедување на вендинг машини за рециклирање. И тука сме прецизни, дел од овие иницијативи се следни чекори, а не нешто што денес ќе го претставам како веќе завршено. Затоа што тоа е суштината на отчетноста. Да не ја претставувам намерата како резултат, да не го претставуваме почетокот како завршен проект и да не ја користиме иднината за да го разубавуваме она што е направено денес. Карпош, сепак, не е само улица, градинка, сала или јавен повик. Карпош е заедница. Заедница на различни генерации, маала, семејства, култури, традиции и интереси. И токму тоа најсилно го почувствувавме ова лето од 20 до 30 август, го реализиравме 17. издание на „Карпошово културно лето“. Десет програмски дена, на повеќе локации низ целата општина. Музика, уметност, програма за различни генерации. Ги изнесовме настаните таму каде што се луѓето. Младите имаа свои вечери. Семејствата беа заедно. А музиката ги полнеше јавните простори со живот. Околу 20.000 посети за десет програмски дена се силна бројка. Но за мене, успехот на „Карпошово културно лето“ не се мери само со бројот на посетители. Се мери со атмосферата, со полните плоштади, насмевките. Кога ја започнавме оваа приказна, рековме: „Овој август летото има адреса- Карпош“. Тоа беше нашиот слоган. Но по десет програмски дена и околу 20.000 посети, тој престана да биде само манифестациска порака, стана слика на еден Карпош што живее. И токму тука се враќам на почетокот. На 13 ноември ја добив довербата првпат да ја водам оваа Општина. Денес, мојата обврска е дел од таа доверба да ја вратам пред вас како отчет. Не тврдам дека сме завршиле се. Не сме. И не би било чесно да кажам поинаку. Има улици што допрва треба да ги реконструираме. Има јавни простори што треба дополнително да ги уредиме. Има проекти што се започнати и мора да бидат довршени. Има мерки што треба да ги прошириме. Има проблеми за кои граѓаните со право очекуваат подобро и побрзо решение. Но денес можам да кажам дека во изминатиот период Карпош не стоеше во место. Се работеше, се расчистуваше, се реконструираше, се градеше, се отвораа нови можности. Се поддржуваа деца, ученици, млади, семејства, лица со попреченост и повозрасните граѓани. Се инвестираше во спортот, образованието, животната средина, безбедноста и културата. И сето тоа ќе продолжи. Почитувани граѓани, карпошани, Ви благодарам за довербата што ми ја дадовте. Ви благодарам и за трпението. За секој предлог, за секоја идеја, секоја забелешка. И особено – за секоја оправдана критика и конструктивна дискусија. Одговорноста е во слушната критика, проверка, исправка и повторна информација – транспарентно за стореното. Токму таква општина сакам да градиме. Општина која нема да бега од отчет. Општина која ќе биде отворена. Општина во која граѓанинот ќе знае што се работи, зошто се работи и што следува. Од првиот ден мојата визија е Карпош да биде подобар од вчера. Не преку една голема реченица. Туку преку стотици конкретни чекори. Така се гради подобар Карпош. Чекор по чекор, одлука по одлука, и со одговорност што не завршува со денешниот отчет. На 13 ноември започна мојата прва обврска кон граѓаните на Карпош, денес таа обврска е уште поголема. Затоа продолжуваме, за поуреден, пофункционален Карпош. За Карпош што се грижи за своите луѓе. За Карпош во кој вреди да се расте, да се создава, да се живее и да се остане. Продолжуваме силно, посветено и со љубов за Карпош! Сотир Лукровски, градоначалник на Општина КарпошТагови: Сотир Лукровски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСерафимовски: Го заокружуваме системот за одговорно управување со ловиштатаСерафимовски ја нагласи улогата на Ловечката федерација како економско-социјален партнер на Министерството во креирањето политики за унапредување на ловството.Од вкупно 268 востановени ловишта во Македонија, во постапка за доделување на користење остануваат уште 21, со што се заокружува системот и се утврдува одговорноста за управувањето и одржувањето на секое ловиште, порача министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски на свечената академија во Велес по повод 80 години од основањето на Ловечката федерација на Македонија. Тој нагласи дека корисниците преземаат конкретни обврски за заштита на дивечот, унапредување на живеалиштата, воспоставување на функционални ловочуварски служби и примена на високи ловностопански и еколошки стандарди. „Јавно и недвосмислено порачувам дека нема да има компромис со ловокрадството, нелегалната трговија со дивеч и криумчарењето трофеи. Не прифаќаме поединци да остваруваат незаконски профит, а цената да ја плаќаат природата и совесните ловци. Институциите и ловечката заедница ќе дејствуваат заеднички за секоја незаконитост да биде откриена, документирана и санкционирана“, истакна министерот Серафимовски. Осврнувајќи се на осумдеценискиот јубилеј, министерот Серафимовски ја нагласи улогата на Ловечката федерација како економско-социјален партнер на Министерството во креирањето политики за унапредување на ловството, која, обединувајќи заедница од повеќе од 20.000 ловци, овозможува искуствата од ловиштата да стигнат до институциите, а институционалните решенија да одговараат на реалните состојби во природата. „Ќе воспоставиме нови партнерства за обновување на живеалиштата, современо следење на дивечот, стручна обука на ловците и ловочуварите, спречување на болестите и развој на одржлив ловен туризам. Искуствата и финансиските инструменти од европските и регионалните програми ќе ги ставаме во функција на подобро уредени ловишта и посилни локални заедници“, порача министерот Серафимовски. Свечената академија по повод 80 години од основањето на Ловечката федерација на Македонија се одржа во Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ во Велес, во присуство на министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, градоначалникот на Општина Велес, Марко Колев, претседателот на Федерацијата, Влатко Алексовски, како и претставници на ловечките друштва и здруженија, ловци и ловочувари од целата држава.Тагови: Борче Серафимовски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани12:41Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16Фон дер Лајен за следната недела најави чекор за деблокада на евроинтеграциите13:20
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
МакедонијаПетрушевски: Филипче прозборе за криминал тежок 37 милиони евра за пратеничка од СДС, го охрабруваме да објави и други вакви случаи Филипче прозборе за криминал тежок 37 милиони евра за пратеничка од СДС, го охрабруваме да објави и други вакви случаи затоа што веруваме дека ги има уште во неговите редови.Венко Филипче деновиве почна да зборува за криминал во редовите на СДС, конкретно пратеничката група. Зошто почна да зборува или од што е охрабрен може само да се сомневаме. Филипче во јавноста излезе со сомнеж за криминал поврзан со пратеничката Славјанка Петровска, поранешен министер за одбрана, а сега дел од платформата 12.05 која иницира промени во СДС. Според Филипче, Петровска потпишала за 37 милиони евра поскап договор за набавка на хеликоптери, откако комисијата донела друга одлука. Внимавајте, ни помалку, ни повеќе Филипче сега открива дека постои сомнеж за криминал тежок 37 милиони евра. Филипче треба да одговори од кога знае за ова, зошто молчел ако сомнежот и информацијата датираат од претходно. Јавното обвинителството пак, без исклучок мора да постапи, односно да отвори предмет за овој сомнеж, а Филипче до истото да достави информации и да биде повикан од обвинител да ги презентира информациите врз кои го основа сомнежот за овој криминал. Го повикуваме Филипче доколку има информации и сомнежи за други вакви случаи да ги пријави, затоа што веруваме дека има уште такви случаи во неговите редови. Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕТагови: Бране Петрушевски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter