Коперникус: Овој октомври бил најтопол во историјата- последиците за целиот свет би биле катастрофални
2Коперникус: Овој октомври бил најтопол во историјата- последиците за целиот свет би биле катастрофални
ЗдравјеД-р Несторовиќ: Јадете лук и излегувајте околу пладнеД-р Несторовиќ итно испрати предупредување, а нема врска со короната- Ефектите од загадувањето на воздухот не се ограничени на респираторниот тракт, туку и на сите други органи. Постои јасна корелација помеѓу бројот на заболени од рак и степенот на загадување на воздухот, а слично е и со сите други болести - вели во интервју за „Блиц“ пулмологот проф. д-р Бранимир Несторовиќ. Во последните денови и недели, воздухот во Србија има и боја и мирис. Бројот на деца со респираторни проблеми расте од година во година, а тешките метали што ги вдишуваме трајно остануваат во нашето тело и предизвикуваат бројни болести. Сведоци сме дека аерозагадувањето е сè поголем проблем во нашата земја. Дали расте бројот на деца со респираторни проблеми? - Загадувањето на воздухот е една од најважните причини за болести и смрт, според Светската здравствена организација. Друга причина е бучавата. Кога започнав да се занимавам со ова, бројот на деца со заболувања на респираторниот тракт беше мал (под еден процент од сите деца). Тековните проценки се дека скоро секое шесто дете има астма, над 20 проценти од децата имаат алергиска кивавица, а во пораст се и други болести на респираторниот тракт (вклучувајќи ги и респираторни инфекции). Јас секоја среда работев во амбулантата на Клиниката, бројот на пациенти од 5 до 10 на почетокот на мојата кариера, се зголеми на 30-40 пациенти. Кои се најагресивните честички за нашите бели дробови? - Иако многу се зборува за честичките (POM2,5 и PM10), гасовите се многу поважни, бидејќи тие продираат подлабоко во органите за дишење. Честичките предизвикуваат болести на горниот респираторен тракт и на големите дишни патишта (синузитис, бронхитис и лачење секрет). Гасовите се причина за астма, хронични опструктивни заболувања и веројатно рак (овде посебно се издвојуваат гасовите кои настануваат при согорување на филтерот на цигарата – во чијшто состав влегува целулозен ацетат). Најагресивен е сулфур диоксидот, кој се формира со согорување на јагленот во електраните, но не треба да заборавиме и на озонот (што се создава во моторите со внатрешно согорување, особено од дизел моторите). Може ли да зборуваме за најчувствителната возраст, кога станува збор за аерозагадувањето и неговото влијание врз белите дробови? - Најчувствителни се децата до тригодишна возраст, бидејќи нивните бели дробови се во фаза на развој. Оштетувањето во овој период може да има трајни последици. Оваа група е исто така многу подложна на вирусни инфекции и тие дополнително го влошуваат оштетувањето на белите дробови предизвикано од аерозагадувањето. Кои се подоцнежните болести што можат да се развијат кај луѓе кои биле изложени на загаден воздух како деца? - Најчести се астма и хронично опструктивно белодробно заболување и кај горниот респираторен тракст, хроничен синузитис. Оштетувањето на белите дробови од аерозагадувањето доведува до намалување на отпорноста кон разни инфективни агенси, така што е познато дека жителите на градовите каде аерозагадувањето е високо често имаат напади на отежнато дишење или повторена пневмонија. Дали аерозагадувањето предизвикува одредени алергиски реакции? - Оштетувањето на слузокожата доведува до полесно продирање на алергените преку слузокожата на дишните патишта, а тоа го олеснува развојот на алергиска сензибилизација. Испитувањата во Јапонија покажуваат дека процентот на луѓе со астма е директно пропорционален со оддалеченоста на куќата од автопатот. Исто така, честичките на алергенот (особено поленот) се врзуваат за честичките од аерозагадувањето. Ова го олеснува вдишувањето, вдишувањето доведува до воспаление на слузокожата и таквата воспалена слузокожа често станува алергиска. Може ли загадениот воздух систематски да го оштети целиот организам? - Како последица на внесување на честичките од загадениот воздух, се зголемуваат слободните радикали на кислород (и тие се основниот фактор за оштетување на нашите ткива и ДНК). Ефектите од загадувањето на воздухот не се ограничени на респираторниот тракт, туку и на сите други органи. Постои јасна корелација помеѓу бројот на заболени од карцином и степенот на загадување на воздухот, и слично е со сите други болести. Тешките метали од фосилните горива се депонираат трајно во организмот и имаат бројни негативни последици. Која е најдобрата заштита? - Специјализираните маски (N95 и N99) ја намалуваат количината на вдишани честички за 40 до 70 проценти, тие не влијаат на гасовите (освен ако имаат филтер од активен јаглен, кој мора да се менува). Малку помагаат хируршките и платнените маски. Квалитетните прочистувачи на воздухот можат да бидат корисни, бидејќи го намалуваат бројот на честичките и гасови до ниски вредности. Особено добри се оние со високи вредности на циркулација на воздухот, бидејќи овозможуваат филтрирање на воздухот за околу шест до 10 минути по проветрување на просторијата. Ова е особено важи за станови покрај пат или во центарот на градот. Што треба да се користи во исхраната треба за да се неутрализираат токсините што ги дишеме? - Природните антиоксиданти се најдобро решение (од витамин Ц, кверцетинот од лукот, ресвератролот од црвеното вино). Тие ги спречуваат оксидативните процеси кои се забрзуваат под влијание на аерозагадувањето. Еднаш зборувавте за коријандерот и неговата способност да ги собира тешките метали од нашето тело. Која друга превенција постои за да избегнеме децата да ни завршат на кортикостероидна инхалациона терапија? - Коријандерот е силен антиоксиданс, го подобрува функционирањето на имунолошкиот систем, го намалува шеќерот во крвта. Сокот од цвекло ги отстранува тешките метали од нашето тело, а водата богата со силициум единствено може да го отстрани алуминиумот, што го има во изобилство во амбалажите и храната (се додава за да се продолжи рокот на траење, бидејќи го намалува процентот на киселина во производите). Кое време е безбедно да се биде надвор во период кога воздухот е загаден? - Најдобро е да излезете околу пладне, особено кога има струење на воздухот (ветерот ги носи честичките и гасовите). Треба да шетате покрај река, бидејќи водата ги раствора гасовите од аерозагадувањето, така што нивната концентрација на тие места е помала.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28
Судбина„Беше прекрасен татко, но падна во депресија по отказот“- мајка за сопругот кој ги уби нивните две деца Мајката на две деца чиј татко ги убил фрлајќи ги од покривот на гаража, а потоа извршил самоубиство, проговори за околностите околу нивната трагична смрт!Шестгодишната Каролин Линч и нејзиниот брат Џејмс Линч, на осум години, беа пронајдени во вторник, 3 ноември, пред општинска зграда во Маунт Либан, Пенсилванија, со повреди за кои се сомнева дека се предизвикани од падот, објави Пипл. Нивниот татко, Патрик Линч, исто така е пронајден со слични повреди. Сите тројца починаа во инцидент што полицијата го истражува како убиство-самоубиство, соопшти шерифската служба на округот Алегени. Според PennLive, Патрик ги фрлил децата од петкатна паркинг гаража. По убиствата, мајката на децата објави на Фејсбук дека Патрик бил депресивен откако неодамна ја изгубил работата. Mom of Kids Pushed to Death in Murder-Suicide Says Killer Was ‘Wonderful Dad’ Who Was ‘Depressed’ After Layoff https://t.co/DVaNxyQPEx — People (@people) November 5, 2026 На снимка од екранот од објавата, која ја споделија Daily Voice, WPXI TV и PennLive, Ана ДеМеј Линч напиша дека Патрик „донел неповратна одлука да ги убие нашите две деца и себеси“, додавајќи дека тој бил „прекрасен татко“. „Тој беше отпуштен во август и набргу потоа, стана депресивен“, додаде таа во објавата. На профилот на Патрик на LinkedIn е наведен како научник за податоци, кој работел на машинско учење и вештачка интелигенција, а неговата последна работа завршува во август. Ана во својата објава на Фејсбук напиша дека успеала да го убеди Патрик да оди на терапија и дека тој имал закажан преглед за следниот ден. „Еден ден предоцна“, напиша таа. „Никогаш не помислив дека нашата приказна ќе заврши вака“. За Ана е отворена страница GoFundMe додека се бори со загубата на Каролин и Џејмс и се подготвува за нивните погреби. Заедницата на Маунт Либан, исто така, се собира за да им оддаде почит на децата, за кои канцеларијата на медицинскиот испитувач соопшти дека починале од „повеќе повреди од тап предмет“. „Таа беше само мало снопче радост. Ги сакаше луѓето“, изјави Вики Хефелфингер, која го познаваше семејството Линч преку нивното учество во училиштето за пливање. „Секој пат кога ја гледавме, таа им мавташе на сите. Ги гледаше другите деца и беше едноставно толку храбро мало девојче“.Тагови: деца татко Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваПознато е колку заработува Ламар Одом за една недела на OnlyFans (ВИДЕО)Поранешната НБА ѕвезда Ламар Одом би можела да заработи повеќе од 180.000 евра благодарение на својот нов профил на платформата OnlyFans. Поранешниот кошаркар на Лос Анџелес Лејкерс заработил повеќе од 45.000 евра за само осум дена, изјавил извор за TMZ. Месечната претплата за пристап до неговите ексклузивни фотографии и видеа е околу 13,45 евра. Одом отвори профил на OnlyFans минатиот месец, што го прави првата поранешна НБА ѕвезда што се приклучила на платформата, според медиумските извештаи. Тој ја објасни својата одлука велејќи дека смета дека времето е вистинско за тоа. Призна дека во текот на својот живот поминал низ многу бурни периоди, но исто така рече дека подготвува уште неколку изненадувања за своите фанови. „Сите опции се отворени“ Поранешниот кошаркар на Лос Анџелес Клиперс објави дека на неговиот профил ќе има разновидна содржина, вклучувајќи изненадувања што неговите фанови можеби не ги очекуваат. „Сè уште нема да откривам премногу. Ќе мора да се претплатите за да дознаете. Само знајте дека сум искрен и сите опции се отворени“, рече тој. Одом рече дека во текот на целиот свој живот често донесувал непредвидливи одлуки и дека сè уште може да ја изненади јавноста. „Отсекогаш сум бил отворена книга, но има поглавја што луѓето сè уште не ги виделе“, изјави тој. View this post on Instagram A post shared by Lamar Odom (@lamarodom) Неговата девојка Рејчел Бредли исто така отвори профил на OnlyFans. Извор близок до двојката откри за TMZ дека постои можност тие да објавуваат содржина заедно во иднина. Беше во брак со Клое Кардашијан Одом јавно ја потврди својата врска со Рејчел Бредли во април, кога објави видео на Инстаграм од нив како заедно влегуваат во Crypto.com Arena во Лос Анџелес. Неколку дена претходно, тие споделија и заедничка фотографија со актерот Тери Крус и неговата сопруга Ребека Кинг Крус. View this post on Instagram A post shared by Lamar Odom (@lamarodom) Пред врската со Бредли, Одом беше во долгогодишна врска со Лиза Моралес, со која има две деца, ќерката Дестини (28) и синот ЛЈ (24). Тој е особено познат на јавноста по бракот со ријалити ѕвездата Клое Кардашијан, со која се ожени во 2009 година. Нивниот брак западна во криза, а во 2013 година решија да се разделат. Разводот официјално беше финализиран во 2016 година.Тагови: OnlyFans Ламар Одом Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаФицо тврди: Резултатите од референдумот за пристапување во ЕУ беа фалсификат Словачкиот премиер Роберт Фицо денес тврдеше дека референдумот за пристапување на земјата во Европската Унија бил наместен и дека немало да има пристапување доколку не било така.„Одржавме референдум кој, доколку не беше наместен, немаше да биде успешен. Тоа мора да се каже. Разликата беше толку мала што, според мене, беа направени одредени корекции за да се обезбеди дека исходот е онаков каков што беше потребен за Словачка да го одобри пристапувањето кон оваа организација“, изјави Фицо за телевизијата TA3. Зборувајќи за атмосферата во Словачка во 2004 година, кога земјата се приклучи кон ЕУ, Фицо оцени дека пристапувањето било проследено со голем ентузијазам од една страна, но дека од друга страна, резултатот од референдумот бил многу тесен. Референдумот за пристапување кон Европската Унија во Словачка се одржа во мај 2003 година, со излезност од 52 проценти, а мнозинството гласаше позитивно за пристапувањето. Словачка се приклучи кон Европската Унија во 2024 година.Тагови: Роберт Фицо Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28