Д-р Мерџановски: Брза и ефикасна беше реакцијата за згрижување на пациентите од Кочани - Канал 5

Д-р Мерџановски: Брза и ефикасна беше реакцијата за згрижување на пациентите од Кочани

Трансферот на пациенти во соседните земји и активирање на ЕУ механизмот.

Д-р Мерџановски: Брза и ефикасна беше реакцијата за згрижување на пациентите од Кочани

Брзо и ефикасно течеле подготовките на македонскиот медицински персонал за помош и згрижување на пациентите од пожарот од Кочани, помошта од соседните земји и активирањето на механизмот на ЕУ придонеле за згрижување на покомплицираните случаи, информираше на денешната прес-конференција во Владата д-р Игор Мерџановски.

И високи претставници од СЗО и од механизмот од цивилна заштита ги поздравиле одлуките за трансфер на критичните пациенти во други земји, првин во соседните, Србија, Бугарија и Грција, а потоа и во останатите земји. Засега повредените и згрижените во македонските болници се во стабилна состојба. Утрово во 04. 30 часот авионски биле трансферирани уште двајца критични пациенти. Тимовите од другите земји, позитивно ја оцениле одлуката за активирањето на системот на цивилна заштита на ЕУ, како и самиот процес на прием на пациенти траснфер во македонските, соседните и земјите коишто примаа македонски пациенти.

Маџовски детално објаснуваше како течеле подготовките за примен на пациентите од Кочани. По дојавата од раководителот на Ургентниот центар околу 03:00 часот, веднаш почнала мобилизацијата на терцијарното и секундарното здравство на трите болници во Скопје, ГОБ, „Мајка Тереза“ и „8 Септември“, истиот момент била алармирана и Владата и веднаш биле свикани двата кризни штаба. На прес конференцијата д-р Мерџановски појасни дека едниот бил во МВР, состанокот бил одржан околу 04: 00 часот. За најмногу дваесет минути по дојавата од Ургентниот центар од 30-40 проценти од капацитетот на лекарите, сестрите и болничарите биле на работа. Првите пациенти биле носени со приватни возила, почанле да доаѓаат и амбулантните возила. Како што објасни Мерџановски, во кризниот штаб во МВР кој бил во полн состав почнале да ги пренасочуваат повредените во болницата во Кочани, Штип, активирана била итната медицинска помош, била вклучена и хеликоптерска единица во спасувачката мисија.

- Кога заврши пренасочувањето од кризниот штаб МВР се врати во кризниот штаб во клиничката болница Мајка Тереза каде што на околу 15 доктори и медицински сестри го формиравме тој кризен штаб, којшто претходно се сеќавате пред месец и пол дена МВР, противпожарната единица, Министерството за здравство направивме една голема вежба со слично сценарио така што не ни беше верно дека истата ситуација ни се случува еден месец после вежбата, рече Мерџановски.

По приемот на пациентите, по тријажата почнала распределбата по клиники за пластична хирургија, клиниката за интензивно лекување собата за заздравување…

- Во консултација со Владата на Република Македонија со директен контакт на сите координативни тела, коишто се вклучени за контрола на овие два кризни штаба донесовме заклучок дека толку пациенти терцијарното здравство и Република Македонија нема можност да ги згрижи и да пружи соодветна медицинска помош. Конзилиумот на кризниот штаб во клиничката болница Мајка Тереза во којшто сите и од другите болници беа присутни одлучивме, дека во истиот момент, поради целата оваа несреќа и големиот од наплив на пациенти коишто доаѓаа во клиничкиот центар и во другите болници се решивме во координација со Владата на република Македонија да го одлучиме да го активираме системот за цивилна заштита на ЕУ каде што сме партиципиенти, рече Мерџановски.

Почнале да пристигаат понуди за прим на пациенти, но ниту една земја или болница не можела да прими одеднаш голем број пациенти, бидејќи вакви пациенти се лекуваат изолирано од останатите. Првата помош пристигнала од соседите, Србија каде со македонски и нивни возила биле трансферирани повредените, од Бугарија каде се префрлени во тамошните болници и од Грција.

- Веќе околу 11 часот почнавме со трансфер на нашите соседи. По вклучувањето на механизмот на ЕУ за цивилна заштита почнавме да стигаат авиони и така ги трансферираме сите тешки пациенти кои бараа сериозни услови за лекување, рече д-р Мерџановски.

- Би сакал да кажам дека „Мајка Тереза“, „Осми септември“ и ГОБ на првиот наплив покрај тријажата којашто е направија задржаа неколку пациенти за лекување коишто беа во подобра здравствена состојба. Би сакал да ја информира македонската јавност дека последниот авион со двајца потешки случаи беше сабајлево во четири часот и 30 минути трансферирани и во моментов сега пациентите коишто се наоѓаат во Република Македонија се згрижени. Не очекуваме да имаме влошување на нивната состојба, од центрите каде што ги пративме нашите пациенти добиваме информации повратни дека сега засега бројката на пациентите останува иста дека немаме починат пациент, рече Мерџановски.

Одлуката на конзилиумот за трансфер на критичните пациенти била поздравена од СЗО и од координаторот на механизмот на цивилна заштита од ЕУ. Медицинскиот тим од недела сè уште работи на спасување на македонските граѓани.

- Да ве известам дека денес имавме координативен состанок на којшто присуствуваа директорот на Светската здравствена организација за овој регион и исто така дојден беше координаторот од механизмот за цивилна заштита од Брисел којшто на самиот брифинг којшто го правевме со министерот за здравство го донесоа заклучокот дека конзилиумот којшто се решил да ги трансферира пациентите во соработка со сите системи коишто ги имаме и со насока на Владата на Република Македонија е одличен, не поздравија и ни кажаа дека толку брзо трансферирање на толку голем број на пациенти досега немале како мисија затоа што се работеше за многу авиони коишто носеа по двајца пациенти, најмногу седум пациенти. Исто така би сакал да кажам дека медицинскиот тим којшто од недела до денес за нас сè уште еден ден сè уште работи и се надевам дека во оваа мисија на спасување на нашите сограѓани ќе успееме, рече д-р Мерџановски.

Тој се заблагодари на тимовите кои дошле набругу по несреќата од Израел, Белгија, Србија Обединетото Кралство за поддршката, а рече дека добиваат насоки и македонските тимови не добиле негативна оценка, за што јавноста беше информирана преку медиумите.

Макрон: Неопходен е прекин на огнот за да има средба помеѓу претставници на Русија и Украина

Претседателот на Франција, Емануел Макрон синоќа изјави дека е неопходен прелиминарен прекин на огнот за да може на 15 мај да се одржи средба на највисоко ниво помеѓу Украина и Русија во Истанбул.

Макрон: Неопходен е прекин на огнот за да има средба помеѓу претставници на Русија и Украина

Средбата беше предложена од рускиот претседател Владимир Путин, а прифатена од претседателот на Украина, Володимир Зеленски.

Макрон вчера разговарал со своите германски, британски и полски колеги, како и со американскиот и украинскиот претседател Доналд Трамп и Зеленски.

Украинскиот претседател во синоќешното видеообраќање наведе дека предлогот на Киев за прекин на огнот од денеска е на маса и се чека одговор од Москва.

- Украинската армија е подготвена да одговори доколку руските сили го нарушат прекинот на огнот, посочи Зеленски.

Но, Русија не се согласи да се придржува до 30-дневниот прекин на огнот, предложен пред два дена од европските сили. /МИА

Кошта на турнеја низ Западниот Балкан, в четврток ќе престојува во Скопје

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта од денеска до 16 мај ќе престојува во посета на земјите од Западниот Балкан, во чии рамки в четврток ќе допатува во Скопје, а в петок ќе учествува на самит на Европската политичка заедница во Тиран

Кошта на турнеја низ Западниот Балкан, в четврток ќе престојува во Скопје

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, целта на посетата на Кошта е да ја потврди посветеноста на ЕУ кон регионот и перспективата на земјите од Западниот Балкан за членство во Унијата.

- Зајакнувањето на соработката со Западен Балкан е врвен политички приоритет за ЕУ и за мене лично, порача Кошта во пресрет на неговата западнобалканска турнеја.

Тој нагласи дека заминува во посета на регионот за да разговара со лидерите на земјите од Западниот Балкан, кои „се соочуваат со постојани предизвици“ и за да покаже дека ЕУ е подготвена да им помогне.

- Постои јасен моментум за проширување, но моментумот бара посветеност, истакна Кошта.

Како што соопшти Европскиот совет, на средбите со политичките раководства на партнерите од Западниот Балкан, Кошта ќе ја нагласи „важноста на понатамошно градење на обновениот моментум во процесот на проширување и на односите меѓу ЕУ и регионот“.

Работниот дел од посетата на Кошта започнува утре во Белград, каде тој ќе се сретне со српскиот претседател Александар Вучиќ, со премиерот Ѓуро Мацут и со членови на Народното собрание на Србија.

Утре попладне, Кошта од Белград ќе отпатува за Сараево каде ќе се обрати пред припадниците на Силите на ЕУ во Босна и Херцеговина (ЕУФОР Алтеа), по што ќе се сретне со членовите на Претседателството на БиХ, Жељка Цвијановиќ, Денис Беќировиќ и Жељко Комшиќ.

В среда, Кошта ќе допатува во Подгорица на средби со црногорскиот претседателка Јаков Милатовиќ, со премиерот Милојко Спајиќ и со членови на Владата на Црна Гора, а попладнето ќе отпатува за Приштина на средба со косовската претседателка Вјоса Османи-Садриу.

Претседателот на Европскиот совет в четврток ќе престојува во Скопје, каде ќе се сретне претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и со премиерот Христијан Мицкоски.

Од Скопје, Кошта попладнето ќе замине за Тирана на средби со албанскиот претседател Бајрам Бегај и премиерот Еди Рама, а ќе разговара и со студенти на тиранскиот Колеџ на Европа.

В петок во Тирана, Кошта ќе биде кодомаќин на шестиот самит на Европската политичка заедница (ЕПЗ), чија тема е „Нова Европа во новиот свет: Единство - Соработка - Заедничко дејствување“.

Самитот ќе се фокусира на безбедноста, а лидерите учесници на собирот ќе ги споделат своите визии за иднината на Европа. Во рамки на Самитот ќе се одржат и три тематски тркалезни маси.

Целта на собирот е зближување земјите од европскиот континент и обезбедување платформа за подлабока политичка координација меѓу нив. /МИА

РобоМак 2025 - натпревар по роботика, автоматика, електроника и вештачка интелигенција

Меѓународниот натпревар по роботика, автоматика, електроника и вештачка интелигенција „RoboMac 2025” од денеска до 17 мај ќе се одржи во организација на Факултетот за електротехника и информациски технологии.

РобоМак 2025 - натпревар по роботика, автоматика, електроника и вештачка интелигенција

Скопје 13. пат ќе биде домаќин на повеќе од 70 млади иноватори и експерти од земјата и странство.

Студентите, како што најавуваат организаторите, ќе имаат можност да се запознаат со последните технолошки иновации поврзани со роботиката, автоматиката, електрониката и вештачката интелигенција, преку богатата програма и практични работилници. Работејќи во тимови, студентите ќе имаат можност да ги употребат своите теоретски знаења и практични вештини, истите да ги надоградат и усовршат, да соработуваат со студенти од земјата и странство, со цел да го освојат првото место во својата категорија.

На отворањето, како што е најавено, ќе се обратат деканот на ФЕИТ, Владимир Атанасовски, Ректорот на УКИМ, Биљана Ангелова, министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, и претседателот на македонската секција на IEEE Анастас Мишев.

РобоМак 2025 е во организација на Факултетот за електротехника и информациски технологии - ФЕИТ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје, заедно со Македонската секција IEEE и Факултетското студентско собрание на ФЕИТ.

притисни ентер