Д-р Марија Срцева: Во тие критични моменти Клиниката за анестезија, реанимација, интензивно лекување, заедно медицинскиот и немедицинскиот персонал, дишеше како едно - Канал 5

Д-р Марија Срцева: Во тие критични моменти Клиниката за анестезија, реанимација, интензивно лекување, заедно медицинскиот и немедицинскиот персонал, дишеше како едно

Таа се осврна на неколку аспекти, најпрви, како што посочи, на човечкиот аспект, како и на тоа како се одвивала тријажата.

Д-р Марија Срцева: Во тие критични моменти Клиниката за анестезија, реанимација, интензивно лекување, заедно медицинскиот и немедицинскиот персонал, дишеше како едно

За жал, еве скоро точно една година од немилиот настан тешко е да се говори. А кога говорам, говорам како мајка, говорам како сопруга, како родител, како ќерка, како професионалец, како човек, и сеуште говорам со една горчина и болка болка во душата. Оваа трагедија никогаш не може да биде заборавена. Ова е вкоренета трагедија. Меѓутоа оваа трагедија и одговорот на оваа трагедија ќе биде нешто што ќе не прати цел живот. Ќе го имаме за цел живот. Ќе не прати во сегашноста, ќе не прати во иднината, ќе остане на генерациите понатаму да научат нешто од неа. Ова го истакна д-р Марија Срцева - анестезиолог во ТОАРЛИУЦ која говореше на панелот „Национален и меѓународен здравствен одговор и акутен третман на изгореници“ што се одржа во рамки на „Меѓународната конференција за институционалните и клиничките аспекти и решенија по пожарот во Кочани“.

Таа се осврна на неколку аспекти, најпрви, како што посочи, на човечкиот аспект, како и на тоа како се одвивала тријажата.

-Во оваа прилика би сакала да се осврнам на неколку аспекти. Прво на аспектот едниот е човечкиот аспект, оној којшто сите бевме потресени од трагедијата којашто се случи. Меѓутоа, медицината ни дава за право да имаме знаење, но ни дава и обврска да не бидеме пристрасни, туку да бидеме свесни, ориентирани и целно да си ги извршиме задачите за она што е најважно, да спасиме било кој живот. Би се осврнала на неколку точки. Првенствено и како што и вие кажавте како се одвиваше примарната тријажа којашто се однесуваше во центарот односно во клиниките Мајка Тереза, првенствено во Ургентниот центар понатаму тријажата и згрижувањето на пациентите во интензивното лекување, предизвиците на пациентите коишто ги имаат, коишто се лекуваат од ваков тип на повреди во интензивно лекување, кризниот штаб, комуникацијата, координацијата, и координацијата меѓу другите здравствени установи, и секако на крај транспортот на на пациентите, рече д-р Срцева.

Таа се потсети дека по немилиот повик кој го добиле, брзо се мобилизирале, а оти првенствата мобилизација се изведуваше во Ургентниот центар.

-Во клиниките сите пациенти кои беа третирани на клиниките за хируршки болести, поминаа низ Ургентниот центар. Тука беше тријажата спроведена од екипи, од три анестезиолози, специјалисти, специјализанти, пластичен хирург и трауматолог. Медицината ни налага познавајќи ја физиологијата и патофизиологијата дека тие повреди можат да бидат различни како што вие рековте. Меѓутоа и типот на тријажата, и типот на на третманот на овие пациенти зависи од овие фактори, факторот каде е повредата, каков тип на повреда, дали е комбинирана, изолирана повреда, дали бара интензивно, колку е стабилен, колку е критичен пациентот и дополнителни фактори, кажа д-р Срцева.

Меѓутоа, додаде таа, масивноста на траумата, па од друга страна не ни дозволува да имаме некое дополнително големо време кога можеме ако некој пациент има витална индикација и е тежок, мораме брзо да одговориме на влошување на виталните параметри за да ги стабилизираме и за да може понатаму да се работи со овие пациенти.

-Поради фактите од медицината и она што го знаеме, иницијалната тријажа која што се изведуваше во Ургентниот центар се изведуваше кон најкритично загрооените пациенти одеа во единицата за интензивно лекување при Клиниката за анестезија реанимација, интензивно лекувањето. Другите пациенти одеа кон Клиниката за пластична хирургија, и кон Клиниката за педијатриска хирургија. Повторно физиологијата ни налага дека овие пациенти не знаеме како ќе им ќе одат понатаму, не знаеме дали ќе влошат во првиот час, во вториот час, првиот ден или вториот ден. Дополнително беа мобилизирани екипи коишто беа проследени кон двете клиники коишто веќе веќе ги спомнав, додаде таа.

Д-р Срцева рече дека второ е згрижувањето на пациентите во Клиниката за анестезија, реанимација, интензивно лекување и оти таму се згрижиле најкритично болните пациенти, и оние пациенти коишто имаа во прво време, значи во првата тријажа коишто имаа најголем потенцијал да влошат во најскоро време.

-На Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување беа мобилизирани, осум специјалисти, 12 специјализанти, осум медицински сестри, и четири болничари, и две технички лица. Тие помагаа за третманот на овие пациенти. Долги години јас доаѓам, тоа е моја матична клиника, јас долги години работам на таа клиника. Кога веќе зборуваме за координација, кога веќе зборуваме за интеракција, она што можам да го кажам од емотивен аспект, е дека во тие моменти Клиниката за анестезија, реанимација, интензивно лекување, заедно со медицинските сестри, заедно со помошниот медицински персонал, со техничарите, и немедицински персонал дишеше како едно. Не го даваа само своето знаење, даваа и повеќе од знаење, ја дадоа својата душа.

Морам лично да им се заблагодарам, и да го пренесам чувството дека од овој аспект и денес кога зборувам, зборувам за една фамилија која не бара никаква благодарница, меѓутоа заслужува огромна почит, рече анестезиологот.

Таа кажа дека пациентите кои биле згрижени на Клиниката за интензивно лекување, според протоколите и според правилата на интензивно лекување, сите пациенти биле спроведени на комплетен хемодинамски мониторинг.

-Им беа поставени централни венски линии, уринарни катетеритри, се следеше нив нивната гасна размена преку артериска линија, дали имаат интоксикација со јаглерот моноксид или со други агенси, и се врше интензивна ресутација со течности. Дополнително на сите пациенти во оваа клиника, се правеше и бронхоскопија, заради тоа што да се одреди процентот и типот на повреда односно инхалациона повреда, изгоретина дали се однесува на горнодишните патишта или на долнодишните патишта.

Таа кажа и дека дополнително и паралелно, со сите овие процеси, и со пластична хирургија и детската хирургија, одеше во координација со кризниот штаб.

-Кризниот штаб го сочинуваа претставници од сите болници коишто од Скопје, го сочинуваа претставници од Фондот за здравствено осигурување, го сочинуваа многу доктори на коишто сакам да им се заблагодарам од другите клиники, ги сочинуваа и координатори од кабинетот на Владата на премиерот на Република Македонија. И цело време во координација со овој кризен штаб, оваа координација се одвиваше како со лекарите на клиниките коишто беа вклучени, така имаше координација со сите болници во Македонија за да се знае каков е третманот и како се однесуваат односно каква е состојбата на пациентот и се одлучуваше за транспортот. Одлуката за транспорт на пациенти зависеше од индикацијата, од итноста од една страна, од друга страна беше секако можноста што она претходно го објаснија, дали цивилниот систем и болниците коишто треба да ги прифатат овие болни, имаат можност да ги прифатат, дали одговара на нивната повреда или не. И секогаш за секој пациент се одговараше значи и се реферираше во координација со кризниот штаб, рече лекарката.

Дополнително, додаде д-р Срцева, имало и пациенти кои лежеле на други клиники, кои имале и повреди и фрактури.

-Двајца пациенти лежеа на Клиниката за трауматологија, еден на Клиниката за ортопедија, 12 пациенти на Клиниката за токсикологија. Зборувам во Клиничкиот центар Мајка Тереза. Мислам дека еден пациент лежеше на Клиниката за ота офталмологија. Транспортот беше координиран во согласност со сите и со другите болници и со кризниот штаб. Пациентите се испраќаа со детална епикриза што им се случувало, како биле третирани, што добиле, и каков каква е нивната состојба. И дополнително на пациентите се направија едни протоколи коишто се дадоа кон Министерството за здравство кои беа одговорни за како ќе се враќаат пациентите, односно да се исполнат тие протоколи, односно да се исполнат тие листови во коишто се дава точно како се третирани, каде треба да одат понатаму, и каква е нивната состојба, посочи д-р Срцева.

Тука, посочи д-р Срцева, не заврши улогата на Клиниката за анестезија, реанимација, интензивно лекување.

-Ние игравме и голема улога во враќањето на пациентите, заради тоа што во формирањето на екипи по земји, се формираа повеќе екипи во чив состав влегуваа анестезиолог, пулмолог, токсиколог, психијатар, офталмолог и оториноларинголог, којшто требаше да само што ќе се врати пациентот да види каква е неговата состојба и понатаму да го проследи и каков ќе биде третманот на овие пациенти. Оние пациенти кои отидоа, првиот пациент ни се врати на 27.03 што беше очекувано. Пациентите кои отидоа последни да се враќаат во првиот бран којшто ќе се враќа. Мислам дека некаде последниот пациент којшто излезе од Клиниката за анестезија и реанимација интензивно лекување, се врати некаде во август, не го знам точно датумот. Е сега, како да ставам една завршница на целото ова освен да не го потенцирам тоа дека координацијата, дека меѓучовечките односи, дека хуманоста играат огромна улога. Тоа го видовме на дело. Тоа го видовме сите од нас, го видовме и го осетивме на своја кожа. Меѓутоа осетивме и една болка,и еден внатрешен немир. Медицината не ни дозволува да се бориме со таа болка. Мораме да сме праведни. И повторно како заклучок јас би го дала онаа позната изрека којашто вика „Two cities, two countries, one common pain“ (н.з Два града, две држави, една заедничка болка).

Оваа изрека, дополни д-р Срцева, се користи во главно за земјите коишто имаат масовни несреќи за градови, за општини, за заедници и во тие масовни несреќи ја чувствуваат истата болка, меѓутоа се здружуваат во болката и си ја подаваат раката.

-Го видовме на дело, ја видовме на дело хуманоста на нашите лекари, способноста, брзиот и адекватен одговор и секако се соочивме не само со болката, се соочивме и со последиците на болката. Болката не познава граници. ниту пак познава хуманоста. Како порака јас би го кажала сепак да останеме луѓе меѓу себе. Секогаш да си ја подаваме раката и никогаш да не ја заборавиме раката, која ни била подадена во моментот, кога ни било најтешко, заклучи д-р Срцева во обраќањето на панелот „Национален и меѓународен здравствен одговор и акутен третман на изгореници“ што се одржа во рамки на „Меѓународната конференција за институционалните и клиничките аспекти и решенија по пожарот во Кочани“.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тркало отпадна од автомобил и со цела сила удри во момче, страшниот момент е снимен од надзорна камера (ВИДЕО)

Едноставна прошетка се претвори во драматичен инцидент за 19-годишник од Сантијаго, главниот град на Чиле.

Тркало отпадна од автомобил и со цела сила удри во момче, страшниот момент е снимен од надзорна камера (ВИДЕО)

Младиот човек безгрижно одел по тротоарот кога, од никаде, пред него се појавило тркало од автомобил и со голема брзина излетало од правец на улицата.

Тој поминал со полесни повреди

Снимка од надзорна камера го забележала драматичниот момент во кој момчето било соборено на земја од силата на ударот, по што загрижените сограѓани му се приближиле.

И покрај сè, 19-годишникот преживеал и бил пренесен во клиниката Санта Марија, каде што добил прва помош за повреди на челото, лицето и градите.

Надлежните органи го идентификувале возилото од кое се откинало тркалото, како и возачот, а започната е истрага за да се утврдат околностите на бизарниот инцидент.

Тркалото удрило и во два автомобила

Според изјавата на возачот, автомобилот бил паркиран во гаражата непосредно пред несреќата. Додека возел, едно од тркалата одеднаш се откинало, објавува Иефимерида.

Прво удри во два автомобила, потоа се одби и со голема брзина летна на широкиот тротоар на авенијата Лос Леонес. Во следниот момент, силно го удри 19-годишникот одзади, соборувајќи го на земја.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Апокалиптични снимки од Нов Зеланд: Десетици китови умираат на плажа (ВИДЕО)

Десетици китови-пилоти се пронајдени насукани на плажа на Северниот остров на Нов Зеланд, а спасувачите се обидуваат да ги вратат малкуте преживеани во морето, соопшти Одделот за заштита на природата.

Апокалиптични снимки од Нов Зеланд: Десетици китови умираат на плажа (ВИДЕО)

Најмалку 20 китови-пилоти се насукани по должината на брегот на Нгави, во близина на ’ртот Палисер, најјужната точка на Северниот остров, според „The Straits Times“.

Одделот соопшти дека соработува со локалното племе Маори и Проектот Џона, организација специјализирана за спасување на насукани китови. Досега, две животни се успешно вратени во морето.

Според локалните жители, дури 50 китови се насукале на брегот преку ноќ, објави Радио Нов Зеланд.

Повеќето од животните им подлегнале на повредите, додека волонтерите се обидуваат да ги одржат преживеаните китови во живот и да спречат нивно дехидрирање користејќи кофи со вода и крпи.

„Ужасно е. Оние што се уште се живи едвај дишат“, изјави жителот на Нгави, Роб Барг, за Радио Нов Зеланд.

Проектот Џона објави на Фејсбук на 5 ноември дека четири од китовите се уште се живи и дека спасувачите ќе се обидат да ги вратат во морето при плима. Насукувањето на китови е релативно честа појава во Нов Зеланд и соседна Австралија, поради големиот број китови-пилоти кои ги населуваат длабоките води околу двете островски земји. Причината за феноменот е сè уште непозната.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лидер на секта е осуден на 200 години затвор поради убиство на 190 деца- одговорен е за смртта на 500 луѓе

Кенискиот суд денеска го осуди водачот на сектата Пол Мекензи на 200 години затвор за убиство на 190 деца кои биле изгладнети до смрт и закопани во шумата по негова наредба. 

Лидер на секта е осуден на 200 години затвор поради убиство на 190 деца- одговорен е за смртта на 500 луѓе

Тие се меѓу околу 500 лица осомничени дека се поврзани со едно од најлошите масовни ритуални злосторства во модерната историја.

Казната се состои од 100 години затвор за убиствата од глад и уште 100 години за директните убиства, изјави судијката Дијана Кавеџа читајќи ја пресудата, објави Ројтерс.

Обвинителството изјави дека Мекензи, кој водел апокалиптична христијанска црква во шума во близина на брегот на Индискиот Океан во источна Кенија, им рекол на своите следбеници да се изгладнат себеси и своите деца до смрт за да стигнат до рајот пред крајот на светот.

Неговите соучесници им се заканувале и ги тепале жртвите за да ги принудат да ги следат неговите наредби. Изгладнетите тела биле пронајдени расфрлани во плитки гробови и фрлени во тоалети. Некои жртви биле закопани живи.

Макензи, облечен во сива поло маица и црни панталони, се насмевна додека влегуваше во шатор поставен пред судот каде што се одржуваше рочиштето.

Тој ги негираше обвиненијата за убиство, велејќи дека не ги принудил жртвите да гладуваат. Судот ја отфрли неговата одбрана.

Татко загубил шест деца

Случајот ја шокираше Кенија во април 2023 година, кога полицијата почна да открива тела во шумата Шакахола, во близина на крајбрежниот град Малинди.

Иако судењето ги опфаќа само случаите на 190 деца и една возрасна жртва, Националната комисија за човекови права на Кенија вели дека вкупно 448 тела се пронајдени во шумата.

Макензи е обвинет и за наредба за убиства на 52 лица пронајдени на друга локација, во село оддалечено 30 километри, со што бројот на потенцијални жртви се зголеми на 500. Во тој случај, тој се изјасни за невин.

Размерот на убиствата е споредлив со апокалиптичниот култен злостор во кој загинаа повеќе од 700 луѓе во Уганда во 2000 година, како и масакрот во Џонстаун во Гвајана во 1978 година, кога американски водач на секта им наредил на повеќе од 900 луѓе да пијат отров.

Стивен Мвити, 48, татко на шесте деца на Мекензи кои биле жртви и сопруг на еден од неговите осудени соучесници, рече дека неговата сопруга ги однела децата во Шакахоле, каде што умреле од глад.

Дури и ако возрасните се согласат да постат, „што е со децата?“, праша Мвити за Ројтерс пред пресудата.

„Ги изгубив моите деца и нема да можам да ги вратам, без разлика што ќе се случи со Мекензи и неговите соучесници“, рече Мвити.

„Очекувам да биде осуден на смрт или доживотен затвор, за да не излезе никогаш и да предизвика повеќе смртни случаи.“

Ден Мекензи, еден од синовите на Пол, рече дека неговиот татко не го поштедил своето семејство.

„Не завршив во Шакахола затоа што повеќе не верував дека ќе одиме во рајот. Затоа ја напуштив црквата и почнав да си го правам своето“, изјави тој за Ројтерс.

„Исто така, изгубив пријатели, како и помлад брат. Ова е правда за луѓето што ги изгубивме таму во Шакахола.“

Важен чекор, но потребна е поголема одговорност

Макензи е на радарот на властите од 2017 година, кога полицијата изврши рација во неговите простории. Властите ја затворија неговата црква во Малинди во 2019 година, по што тој се пресели во блиската шума Шакахола.

Откритијата доведоа до повици за построги контроли врз религиозните групи

Кенискиот претседател Вилијам Руто назначи работна група во мај 2023 година за да ја разгледа законската и регулаторната рамка. Одделни предлози поддржани од владата и Сенатот беа објавени во 2024 година, но сè уште не се усвоени.

Оџиро Одиамбо, раководител на единицата за брза реакција во Комисијата за човекови права на Кенија, рече дека пресудата е важен чекор, но дека одговорноста мора да се прошири, бидејќи локалните администратори, полицијата, разузнавачките службеници и верските водачи се сметаат за одговорни за тоа што не постапиле по повторените предупредувања.

„Сите овие луѓе ги изневериле граѓаните“, рече тој.

Руто во 2023 година изјави дека како претседател ја преземал одговорноста за неуспехот на владата да спречи умирање на луѓе.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер