3Ангелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото
Холандски производител на луксузни автомобили за два дена ги распродал сите модели од 1,5 милиони евра (ВИДЕО)
2Холандски производител на луксузни автомобили за два дена ги распродал сите модели од 1,5 милиони евра (ВИДЕО)
МакедонијаД-р Крисаги Гинаки од Солун: Тројца млади пациенти беа превезени до нашата болница 14 часа по несреќата, кога станува збор за здравјето единствениот начин е соработкатаТој ден, на 16 март, добивме повик од Националниот здравствен центар во поглед на расположивоста на кревети за жртви на изгореници, а тоа беа жртвите од пожарот во Кочани. Нашите главни раководители, доктор Атанела Франдиева, која што е главен директор на интензивна нега и нашиот колега од Одделот за пластична хирургија, беа веднаш известени. И јас колку што знам, личната комуникација меѓу клиниката „Мајка Тереза“ веќе беше започната. Импресивно беше сето тоа затоа што 14 часа по несреќата, тројца млади пациенти веќе беа превезени до нашата болница, рече д-р Крисаги Гинаки од Центарот за изгореници во Солун, на панелот „Национален и меѓународен здравствен одговор и акутен третман на изгореници“ што се одржа во рамки на „Меѓународната конференција за институционалните и клиничките аспекти и решенија по пожарот во Кочани“. - Во име на сите мои колеги сакам да изразам најдлабоко сочувство до семејствата на жртвите. Јас сум анестезиолог и работам во центарот за изгоренци во Солун. Нашиот Оддел е сертифициран од 2024, имаме капацитет за да работиме со пациенти, со шест кревети. Ние сме единствената таква болница во Северна Грција. Другите три вакви болници се во Атина, рече Гинаки. Таа посочи дека сите примени пациенти биле подложени на механичка вентилација и под постојан лекарски надзор. - Сите имаа претрпено изгореници на вратот, лицето и горните екстремитети. Нивните изгореници беа од 15 до 20 проценти. Еден имаше изгореници од трет степен, можеби и до 60 проценти од површината на кожата. Исто така имаа последици од изложеноста на оган, пожар во затворен простор. По нивното пристигнување, сите беа однесени во операционите сали, за да се направи една поцелосна проценка. Би сакала да кажам дека веќе имавме клинички податоци по пополнувањето на тие обрасци коишто ги побаравме да ни ги пополнат, да ни ги пратат колегите пред пациентите да стигнат во болницата за да знаеме што дотогаш веќе се имало случено, рече д-р Гинаки. Таа раскажа дека во следните денови сите добиле соодветен третман, биле целосно прегледани и не постоела повреда за којашто не знаеле. - Еден од пациентите, која беше жена, деветнаесетгодишна девојка, поради метаболични аксидози, имаше тешкотии со дишењето, беше нестабилна и моравме во нејзиниот случај да и дадеме пет грама хидроксиков аламин. Секако, нашиот протокол вели кога пациентот ќе дојде во интензивна нега, треба да помине низ целосна проценка, што значи дека користиме ултразвук, ехо, исто така и дихоскопии за да видиме колкав е степенот на повредата од вдишување чад, и да видиме, да направиме план, за тоа што треба следно да се направи. Во првите часови 19-годишната девојка имаше потреба од дисхаротомија на левата рака, а кај другата се работеше за успешен хируршки зафат. Друга 24-годишна девојка беше екстубирана, една недела откако беше примена, и беше отпуштена од болница. Имаше најмногу среќа од сите нив, другите две коишто претрпеа посериозни повреди, коишто имаат трахеостомија, ги отпуштивме по пет недели, всушност по два месеца беа отпуштени од нашата болница и лекувањето го поминаа успешно. Д-р Гинаки рече оти целиот тим бил горд што биле дел од нивното „патување и закрепнување“ и нагласи дека кога станува збор за здравјето, единствениот начин е соработката.Тагови: Д-р Крисаги Гинаки Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветИран ја губи контролата во Ормускиот ТеснецКонтролата врз Ормускиот теснец стана клучно прашање во конфликтот со Иран. Во последните месеци, и Иран и САД изнесуваа тврдења за доминација, создавајќи неизвесност. Сега доказите стануваат појасни: САД, чија морнарица патролира низ теснецот, ја зацврстуваат својата позиција, додека Иран губи значителен дел од контролата врз оваа витална поморска рута, пренесува Си-Ен-Ен (CNN). Според податоците на „Кплер“ (Kpler), компанија што ги следи пловилата преку транспондери и сателити, повеќе од 80 проценти од преминот низ Ормускиот теснец во изминатите две недели се одвивал по рутата кај Оман. Станува збор за бродска рута одобрена од ОН, на која Иран силно се противи. Иран инсистира на контрола врз теснецот и има нападнато десетици пловила што се обиделе да поминат покрај северниот брег на Оман. И покрај овој ризик, повеќето бродови во последно време ги игнорираат барањата на Иран и минуваат низ теснецот под ветената заштита на американската морнарица. „Сè укажува на тоа дека Иран ја изгубил контролата врз теснецот, барем делумно“, изјави Хомајун Фалакшахи, виш аналитичар за сурова нафта во „Кплер“. Ова претставува целосен пресврт во однос на ситуацијата пред еден месец, кога „Kpler“ не забележа речиси никаков сообраќај по оманската рута. Остриот пад на сообраќајот на рутата што ја претпочита Иран го спречи Техеран да наплаќа транзитни такси – нешто што се обидуваше да го направи во текот на пролетта. Иако Меморандумот за разбирање меѓу САД и Иран истече оваа недела – што теоретски би му овозможило на Техеран повторно да започне со наплата на такси – податоците на „Kpler“ покажуваат дека тие не успеваат во тоа. „Повеќето актери од Блискиот Исток ниту се согласуваат, ниту го спроведуваат барањето на Иран за транзитни такси. Токму затоа оманската рута е најлогичното решение“, изјави Ден Пикеринг, основач и главен директор за инвестиции во „Pickering Energy Partners“. Кувајт, Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати ангажираат супертанкери (VLCC) за транспорт на нафта од Персискиот Залив низ Ормускиот Теснец. Потоа, тие ја префрлаат нафтата на танкери на купувачите надвор од опасната зона, во Оманскиот Залив, според зборовите на Енди Липоу, претседател на „Lipow Oil Associates“.Тагови: Иран Ормутскиот теснец САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАнгелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото08:31Западно-нилската треска одзема уште еден човечки живот15:00Муцунски: Амбасадорскиот совет во Скопје – стратешка координација за силна и активна македонска дипломатија12:19Армијата го слави 34. роденден08:35Трет смртен случај од западнонилска треска во Македонија, почина 61 годишен скопјанец кој имал и придружни болести15:00
Ангелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото08:31
Муцунски: Амбасадорскиот совет во Скопје – стратешка координација за силна и активна македонска дипломатија12:19
Трет смртен случај од западнонилска треска во Македонија, почина 61 годишен скопјанец кој имал и придружни болести15:00
МакедонијаЧешкиот министер за надворешни работи Петр Мацинка во официјална посета на земјаваНа покана на министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска и утре во официјална посета на земјава ќе престојува заменик-претседателот на владата и министер за надворешни работи на Чешката Република, Петр Мацинка.Во рамки на посетата, денеска во Охрид ќе се одржат билатерална средба меѓу министрите Муцунски и Мацинка, како и пленарна средба меѓу официјалните делегации на двете министерства. По билатералната и пленарната средба, министрите Муцунски и Мацинка ќе одржат заедничка прес-конференција за медиумите во вила „Охрид“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАнгелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото08:31Западно-нилската треска одзема уште еден човечки живот15:00Муцунски: Амбасадорскиот совет во Скопје – стратешка координација за силна и активна македонска дипломатија12:19Армијата го слави 34. роденден08:35Трет смртен случај од западнонилска треска во Македонија, почина 61 годишен скопјанец кој имал и придружни болести15:00
Ангелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото08:31
Муцунски: Амбасадорскиот совет во Скопје – стратешка координација за силна и активна македонска дипломатија12:19
Трет смртен случај од западнонилска треска во Македонија, почина 61 годишен скопјанец кој имал и придружни болести15:00
МакедонијаАнгелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селотоНема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион , ноќеска го изгаснавме огнот околу селото ова утринава го изјави Стојанче Ангелов Директорот на агенцијата за заштита и спасувањеНема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион , ноќеска го изгаснавме огнот околу селото ова утринава го изјави Стојанче Ангелов Директорот на агенцијата за заштита и спасување, кој посочи дека пожарот во овој регион се уште е е активен и оти линијата на огнот е долга со километри. Според него помогнало и и локалното население, но и доброволниот тим на дирекцијата за заштита и спасување од Виница. Целта е да спасиме колку можеме повеќе вегетација. Тешко дека овој пожар ќе биде изгаснат брзо. Во гаснењето на пожарот учествуваат околу 30 доброволни пожарникари од кочани и од битола, како и пожарникарите од Прилеп. Пожарот кај селото Чаниште избувна вчера попладнето. Синоќа помина низ селото и направи пустош иако од дирекцијата информираа дека изгорените куќи се или напуштени или сопствениците во нив ретко доаѓаат. Неколкумина жители вдишеле чад, но по лекарскиот преглед се во добра состојба.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook