Д-р Филипче: Нови субвенции за тутунопроизводителите по 6.000 денари за секој хектар тутун

СДСМ и во својот нов мандат ќе продолжи да се грижи за тутунопроизводителите преку воведување на дополнителни мерки за нивна поддршка и вреднување на нивното производство. 

Ова го истакна д-р Венко Филипче во изјава за медиумите дадена денеска од Прилеп во рамки на неговите активности како носител на листата на кандидати за пратеници на СДСМ и Коалицијата за европска иднина во Изборна единица 4.

„Нова мерка која ја воведовме е поддршка по пријавена површина тутун, во висина од 6.000 денари по хектар. Преку оваа мерка тутунарите добиваат право и на мерката зелена нафта во висина од 12.000 денари“, изјави Филипче.

Тој појасни дека предвидена е дополнителна субвенција од 20 денари по килограм на откупен тутун доколку родот е помал од 15.000 тони по реколта.

„До 2016 година тутунарите добиваа субвенција од 60 денари по килограм за сите класи. СДСМ субвенцијата уште на почетокот од мандатот ја зголеми 80 денари за прва, 70 за втора и 60 за трета класа по килограм тутун. Со зголемување за 20 денари на субвенциите за сите три класи предаден тутун за реколта 2023, субвенцијата за прва класа тутун за прв пат достигна 100 денари“, вели Филипче.

Филипче потсетува дека сите мерки наменети за тутунарите се направени во соработка со откупувачите и производителите при што направени се историски чекори за зголемување на откупните цени на тутунот.

„Тутунот од ланската реколта има рекордна откупна цена од 365 денари. За минатата година исплатени се 1,5 милијарди денари субвенции за 14.300 производители на тутун. Не ги оставивме тутунарите да чекаат да им се откупи тутунот, реколтата за 2023 година беше откупена до последен лист. Ги слушавме тутунопроизводителите како да им ја олесниме процедурата за откупот, затоа ги укинавме белите картончиња со што сложени процедури повеќе не постојат“, вели Филипче, се наведува во партиското сопоштение.

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер