Приштина го симна украинското знаме, Тирана му одговори на Зеленски дека нема паралела меѓу Косово и Украина
44-годишен мотоциклист загинал кај Брајчино, мотоциклист од Албанија тешко повреден на патот Гостивар-Кичево
1Приштина го симна украинското знаме, Тирана му одговори на Зеленски дека нема паралела меѓу Косово и Украина
244-годишен мотоциклист загинал кај Брајчино, мотоциклист од Албанија тешко повреден на патот Гостивар-Кичево
3ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче против независноста: Не можат да го избришат сопствениот срам и да се надминат
ЗдравјеД-р Цмиљановиќ: Постои можност за шест до 12 месеци вакцините да немаат дејствоВакцините против коронавирусот ќе ни обезбедат имунитет на болеста во период од шест до 12 месеци, уверува српскиот научникот Владимир Цмиљановиќ во разговор за Канал 5.Цмиљановиќ кој живее и работи во Швајцарија во сопствената научна лабараторија истражува вакцина која може да обезбеди долг рок на имунитет против ковид 19. Проблемот е во тоа што вирусот почна да мутира, смета Цмиљановиќ и додава дека постои можност за шест до 12 месеци вакцини да немаат дејство , иако се одобрени од здравствените регулатори на повеќе земји, како што е случајот со вакцината на Фајзер или на Модерна. Според него , решението е да се изработи дизјан на вирусна вакцина. Во врска со вакцинациите во Швајцарија , што се во тек , Цмиљановиќ вели дека земјата ја купила вакцината на „Модерна“, меѓутоа нема доволно вакцини за поголемиот дел од населението. Досега во лабораторијата на Владимир Цмиљановиќ се истражени и добиени вакцини и против канцер. Со научникот разговара Мирјана Мирчевска Јовановиќ. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Технологија„OpenAI“ го запира новиот модел на вештачка интелигенција: Дали е премногу моќен и опасен?„OpenAI“ вели дека неговиот нов модел „Astra“, кој е во развој, би можел да има „критични“ способности за сајбер безбедност.„OpenAI“ соопшти дека привремено ги суспендира „внатрешните активности“ поврзани со моделот „Astra“, кој моментално е во развој, бидејќи сè уште не ги исполнува новите безбедносни стандарди што ги воведува компанијата. Соопштението доаѓа по неодамнешното откритие дека моделите на „OpenAI“ случајно ја хакирале платформата „Hugging Face“. Во меѓувреме, „Anthropic“ и „Meta“ исто така признаа дека имаат модели на вештачка интелигенција кои излегле од контрола и провалиле во системите на други организации. Неодамнешните внатрешни проценки на моделот „Astra“ покажуваат дека тој носи „значаен напредок во кодирањето на агенти и сајбер безбедноста“, соопшти компанијата. „Овие резултати, заедно со експертските проценки, нè доведоа до заклучок дека не можеме да го исклучиме постоењето на критични способности за сајбер безбедност во рамките на нашата Рамка за подготвеност“. Еве како „OpenAI“ го дефинира „критичниот“ праг на сајбер безбедност: „Според нашата рамка за подготвеност, моделот го достигнува критичниот праг на сајбер безбедност ако може да идентификува и распореди функционални ранливости од нулти ден (непознати безбедносни недостатоци) од сите нивоа на сериозност низ повеќе заштитени, критични системи во реалниот свет без човечка интервенција или ако може да дизајнира и изврши комплетни (од крај до крај) нови стратегии за сајбер напад против заштитени цели, врз основа на една единствена, општа цел.“ „Astra“ „не беше вклучена“ во нападот „Hugging Face“, тврди „OpenAI“. „OpenAI“ ќе имплементира построги безбедносни контроли за модели со повисоки капацитети и поврзани активности, се вели во соопштението. На „Astra“, исто така, ѝ е даден „универзален надзор“ за ризични дејства и отстапувања од предвиденото однесување низ сите распоредувања на агенти. Извор: Б92 Фото: ВИТагови: OpenAI Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканПриштина го симна украинското знаме, Тирана му одговори на Зеленски дека нема паралела меѓу Косово и УкраинаУкраинското знаме беше отстрането од центарот на Приштина по посетата на Володимир Зеленски на Белград. Потегот доаѓа откако украинскиот претседател потврди дека Киев не го менува ставот за непризнавање на Косово. Знамето стоело на фасада во центарот на градот околу 4 години. Било поставено како знак на солидарност со украина по почетокот на руската инвазија. Реагираше и Тирана. Албанското МНР во соопштението вели дека секој обид да се повлече паралела или да се создаде равенка помеѓу Косово и која било друга меѓународна ситуација е погрешен, опортунистички и длабоко погрешен. Министерството се повикува на советодавното мислење на меѓународниот суд на правдата, според кое декларацијата за независност на Косово не го прекршила меѓународното право.Тагови: Володимир Зеленски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Црна хроника44-годишен мотоциклист загинал кај Брајчино, мотоциклист од Албанија тешко повреден на патот Гостивар-КичевоУтрово се случиле две тешки сообраќајни несреќи во кои насрадале мотоциклисти.Според информациите од МВР, на влезот во село Брајчино, ресенско, 44 годишен жител на Љубојно, управувајќи мотоцикл изгубил контрола над возилото и излетал од патот. Во несреќата тој се здобил со тешки повреди, од кои починал на самото место. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција. Со мотоцикл излетал и 29-годишник од Албанија, кој изгубил контрола и паднал во близина на каменолом на магистралниот пат Гостивар-Кичево. Тој бил донесен во ургентниот центар во Гостивар каде што лекарите констатирале тешки телесни повреди. Тагови: мотоциклист Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook