ЖивотЦветиновата декларацијата за мир потпишана од над 2 000 граѓаниДекларација ја подготвија членовите на Цветиновиот комитет за мир, како иницијатива на македонскиот уметник и мироносец Живко Поповски – Цветин, претставена на 6 август годинава.Повеќе од 2.000 граѓани – академици, просветни работници, здравствени работници, средношколци, студенти, универзитетски професори, поети, министри, дипломати, музичари, актери, бизнисмени, новинари ја потпишаа Декларацијата за мир во светот и против сите војни и употреба на нуклеарно оружје. Декларација ја подготвија членовите на Цветиновиот комитет за мир, како иницијатива на македонскиот уметник и мироносец Живко Поповски – Цветин, претставена на 6 август годинава. -Со оваа Декларација настојуваме да му дадеме глас на мирот, на просперитетот, на иднината. Затоа, на документот се потпишуваат многу граѓани од разни професии, а меѓу нив се и Жан Пјер Симеоне, годинешен добитник на Златен венец на Струшките вечери на поезијата и поетесата Хилда Миклебуст од Норвешка. Навистина сум среќен што Декларацијата добива широка поддршка од граѓаните и се надевам и посакувам да биде прифатена од носителите на одлуки во светот, вели Живко Поповски – Цветин, стои во соопштението од Цветиновиот комитет за мир. Декларацијата против сите војни и против нуклеарното оружје е подготвена по повод одбележувањена 79-годишнината од употребата на нуклеарното оружје во јапонските градови Хирошима и Нагасаки во Втората светска војна и во неа се бара завојуваните држави да прекинат со војните, да постигнат мир преку преговори, државите да не употребуваат нуклеарно оружје, да ги уништат сите боеви нуклеарни глави и да нефинансираат развој на нуклеарна програма за воени цели, а научниците да не учествуваат во програмите со разорна моќ. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ на сите верници им го честита христијанскиот празник Успение на Пресвета БогородицаВМРО-ДПМНЕ им го честита големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица на сите православни верници.Успението на Пресвета Богородица е празник на верата, надежта, љубовта и семејството. Мајката Божја е вечен пример за скромност, трпеливост, пожртвуваност и човечност - вредности кои не потсетуваат дека силата на едно општество се темели на почитта, солидарноста и грижата за ближниот. Семејството, традицијата, верата и солидарноста се темелите врз кои градиме силна, достоинствена и просперитетна Македонија. Токму овие вредности не обединуваат и ни даваат сила со заедништво и одговорност да чекориме кон подобра иднина. Нека овој голем празник донесе мир во домовите, спокој во срцата, здравје и благосостојба, и нека нe обедини во заедништво, почит и љубов кон семејството и татковината. Нека ни е честит и вековит празникот Успение на Пресвета Богородица! ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТрагедија со три жртви во Словенија – две деца меѓу загинатите македонски државјани15:00Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица09:40Мицкоски во посета на манастирот „Успение на Пресвета Богородица" во Општина Берово09:0072-годишен маж е шестата жртва од западнонилска треска 15:00Почина уште еден заболен од западно-нилска треска12:43
Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица09:40
МакедонијаМитовски: Рударството е дел од идентитетот и силата на Крива ПаланкаГрадоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, присуствуваше на свеченоста по повод Денот на рударите, на која годинава беше одбележан и значајниот јубилеј – 10 години успешно работење на „Булмак 2016“ и рудникот „Тораница“.Во присуство на бројни гости, претставници на компанијата и рудари, Митовски упати честитки по повод празникот и оддаде признание на генерациите рудари кои со својот труд, знаење и истрајност оставиле силен белег во економскиот и општествениот развој на Крива Паланка. „Крива Паланка не е само град во кој има рудник, Крива Паланка е рударски град. Со рударството растеле генерации, се создавале семејства, се граделе домови и иднина. Рударската традиција е длабоко вградена во идентитетот на нашиот град, а зад неа стојат луѓе чиј чесен труд заслужува највисока почит. Се гордееме со нашите рудари и со она што тие го претставуваат за Крива Паланка“, истакна Митовски. Осврнувајќи се на десетгодишниот јубилеј, градоначалникот нагласи дека „Тораница“ има посебно место во стопанската историја на Крива Паланка, а „Булмак 2016“ значајна улога во локалната економија и заедницата. Тој ја потенцираше и заложбата за натамошно унапредување на соработката, отворениот дијалог и партнерството, со јасна определба развојот на рудникот и развојот на градот да создаваат нови можности за Крива Паланка и нејзините граѓани. „На сите рудари и на сите вработени во ‘Тораница’ им го честитам Денот на рударите. Нека е среќен десетгодишниот јубилеј на ‘Булмак 2016’. Со длабока почит кон рударската професија и традиција – СРЕЌНО!“, порача градоначалникот Митовски.Тагови: Крива Паланка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаГрадоначалникот лукровски со порака за мир, љубов и заедништво по повод Голема БогородицаПрвиот човек на Општина Карпош, Сотир Лукровски, денеска го одбележа големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица – Голема Богородица, со посета на црквата „Рождество на Пресвета Богородица“ во Скопје. Во духот на празникот, градоначалникот упати честитки до сите православни верници, со желби за добро здравје, духовен мир, благосостојба и семејна среќа. „Овој голем празник нè потсетува на најважните човечки вредности - верата, љубовта, надежта, милосрдието и грижата за ближниот“ - порача Лукровски. Успението на Пресвета Богородица, познато меѓу народот како Голема Богородица, е еден од најголемите празници посветени на Божјата Мајка и има особено значајно место во православната духовна традиција. ОПШТИНА КАРПОШТагови: Општина Карпош Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook