3Мицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е е да има претставници од Европската унија
Дали на Сити ќе му бидат одземени 20 бода и дали со години ќе остане без учество во Лигата на шампионите?
1Дали на Сити ќе му бидат одземени 20 бода и дали со години ќе остане без учество во Лигата на шампионите?
3Димевски на средба со Рустемовски и Боксерската федерација: Продолжува поддршката за Ален и развојот на боксот како национален спорт
МакедонијаЦветановски: Власта ги излажа сточарите, законскиот рок помина, субвенциите не им ги исплатиВладата на Мицкоски ги излажа и ги изигра сточарите - субвенциите се уште не им ги исплати.Законскиот рок за исплата на субвенциите за сточарите беше до 30 јуни - сточарите се уште немаат пари на сметките. Власта остана глува и на протестот на сточарите во Битола. Ниту ги слушна нивните барања, ниту понуди решение. Прво им ги намалија субвенциите за грло добиток од 12.000 на само 8.000 денари. Сега и тие намалени намалени субвенции, што законски им следуваат, не им ги исплатија навреме. Во исто време, откупната цена на млекото е понижувачка, што не ги покрива ниту основните производствени трошоци. Производните трошоци секојдневно растат. Поскапуваат горивото, сточната храна, репроматеријалите и сите трошоци за производство Сточарите се во безизлезна, тешка состојба, оставени сами, без никаква поддршка од оваа Влада. Голем број размислуваат да ги затворат фармите затоа што повеќе не можат да го издржат финансискиот товар. Две години истата приказна, истите лаги од ВМРО. Ветуваа поголеми субвенции, сигурен откуп, повисоки приходи и грижа за земјоделското производство. Ништо не исполнија. Една голема НУЛА! Субвенциите доцнат, откупните цени се понижувачки, а производството секој ден станува се понеисплатливо. Вкупниот буџет за субвенции е намален за околу 40 милиони евра По две години владеење, ВМРО го уништи земјоделство, ги осиромашни и понижи земјоделците. СДСМ бара Владата веднаш да ги исплати сите заостанати субвенции за сточарите. Нема земјоделска гранка што не е погодена од неспособноста на оваа расипничка влада. Мицкоски секаде донесоа хаос. Со нашите амандмани бараме 250 милиони евра за зголемување на парите во Интервентниот фонд. Бараме повеќе пари за финансиска поддршка на млади земјоделци и на жени земјоделки. Земјоделците заслужуваат сигурност, достоинствен приход, институции што ќе работат во нивен интерес, а не Влада која ги остави сами да се борат за опстанок. Прес конференција на СДСМ, Симона Цветановски – членка на ИОТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизВидео: Баварска принцеза или секс-бомба? Деколтето на Хајди Клум повторно предизвика хаосЛегендарната германска манекенка и модел Хајди Клум е позната по своите уникатни и смели модни изданија, но за неодамнешната средба со нејзиниот сопруг Том Каулиц, таа одлучи да се облече традиционално – во баварска носија.Легендарната германска манекенка и модел Хајди Клум е позната по своите уникатни и смели модни изданија, но за неодамнешната средба со нејзиниот сопруг Том Каулиц, таа одлучи да се облече традиционално – во баварска носија со симпатичен и разигран дизајн. 53 годишната Хајди и Том беа фотографирани на Октоберфест во Минхен, каде што уживаа во празничната атмосфера и носеа традиционална облека. Манекенката носеше сина фустан-носија (дирндл) со црвени детали, соодветни сатенски чевли со потпетици и бели очила за сонце во ретро стил. Сепак, во препознатливиот стил на Хајди, ниту овојпат не можеше да се пропушти еден смел детал. Горниот дел од нејзиниот фустан во стилот „дирндл“ беше тесен и припиен, додека белата чипкана блуза имаше длабоко деколте, кое дополнително ги истакнуваше нејзините облини наместо целосно да ги покрие. Контроверзната Германка сето тоа го искористи за да објави провокативно видео на социјалните мрежи. View this post on Instagram A post shared by Heidi Klum (@heidiklum) Во видеото што го објави на социјалните мрежи, Хајди покажа дел од подготовките и откри со какви тешкотии се соочила додека се обидувала соодветно да го затегне горниот дел од фустанот. Во еден момент изгледаше како фустанот да ѝ е дури и мал, но Хајди сепак успеа да ги „скроти“ своите гради.Тагови: Хајди Клум Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е е да има претставници од Европската унија 11:11Дизелот од полноќ поевтин за 4,5 денари, бензините поскапи за денар08:38Судење за обвинетиот сериски убиец - вештачењето покажува дека Бојковски е целосно пресметлив18:27Сиљановска-Давкова на 22. Европски самит во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на Европската Унија14:09Сиљановска-Давкова ќе учествува на 22. Европски самит во Салцбург08:43
Мицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е е да има претставници од Европската унија 11:11
Сиљановска-Давкова на 22. Европски самит во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на Европската Унија14:09
ЗабаваПоранешната адвокатка на Трамп се мажи за турски милијардер: Свадба вредна околу 10 милиони долариАлина Хаба, поранешната приватна адвокатка на американскиот претседател Доналд Трамп, се омажи за турскиот милијардер Турхан Милдон и сподели детали од раскошната церемонија на социјалните мрежи. Двојката стапи во брак во саботата во хотелот „Волдорф Асторија“ во Њујорк. Според извор цитиран од „Њујорк пост“, свадбата чинела приближно 10 милиони долари. Церемонијата се одржа во големата сала за свечености на хотелот, која беше украсена со околу 900.000 цвеќиња донесени од разни делови на светот. Младенците си ги разменија заветите пред прекрасен аранжман од бели и розови рози, додека целата сала беше исполнета со црвени цвеќиња. Посебно внимание привлече големата цветна декорација поставена на таванот, од која висеа светкави реси. По церемонијата, Хаба и Милдон го одиграа првиот танц на песната „Hier Encore“, во изведба на француски пејач ангажиран специјално за таа пригода. Хаба смени дури три фустани во текот на вечерта. На почетокот, таа носеше прекрасна бела венчаница украсена со тантела и долг шлеп. Подоцна облече долг, светкав фустан со тенки прерамки, додека за забавниот дел од вечерта избра краток бел фустан со корсет со светки и цветни детали на здолништето. Нејзиниот сопруг се одлучи за класичен црн костум, бела кошула и пеперутка-вратоврска. За организација на целата прослава ја ангажирале компанијата „YSD Events“, а гостите ги забавувал оркестар од 30 члена. Децата на Алина, Клои и Лук, го поминаа речиси целото време од вечерта покрај младенците. На прославата присуствуваа бројни истакнати личности од политичкиот круг на Трамп, како и други јавни личности. Меѓу гостите беа поранешниот боксер Мајк Тајсон, директорот на ФБИ Каш Пател, американскиот адвокат Тод Бланш и соработничката од Белата куќа, Марго Мартин. На свадбената прослава настапи и познатиот рапер Нели. Хаба и Милдон се запознаа претходно оваа година на еден настан во Центарот „Кенеди“, по што нивната врска стана јавна. Ова е трет брак на Хаба. Од 2011 до 2019 година таа беше во брак со адвокатот Метју Ајет, со кого има две деца. Потоа, од 2020 до почетокот на 2026 година, таа беше во брак со претприемачот Грег Рубен.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е е да има претставници од Европската унија 11:11Дизелот од полноќ поевтин за 4,5 денари, бензините поскапи за денар08:38Судење за обвинетиот сериски убиец - вештачењето покажува дека Бојковски е целосно пресметлив18:27Сиљановска-Давкова на 22. Европски самит во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на Европската Унија14:09Сиљановска-Давкова ќе учествува на 22. Европски самит во Салцбург08:43
Мицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е е да има претставници од Европската унија 11:11
Сиљановска-Давкова на 22. Европски самит во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на Европската Унија14:09
НБАВидео: „Кралот“ Леброн Џејмс претставен како нов кошаркар на ФиладелфијаЕден од најдобрите свтески кошаркари во историјата, популарниот „крал“ Леброн Џејмс е претставен како нов играч на Филаделфија 76ерс.Најголемата ѕвезда во моментов во НБА јасно стави до знаење дека не дошол во Филаделфија за уште една сезона без борба за титулата. На почетокот на своето обраќање пред медиумите, Џејмс ја фрли својата идентификациска картичка на подот во својот препознатлив стил и праша: „Знаете кој сум, нели?“ Најпознатиот кошаркар во светот и најдобриот стрелец во историјата на НБА ја започнува 24-тата сезона во својата кариера, овојпат во дресот на „Сиксерс“. Во тимот ќе игра заедно со Џоел Ембид, Тајрис Макси, Ви-Џеј Еџкомб и Џејлен Браун, кој пристигна од Бостон ова лето. „Не го напуштив семејството за да загубам во второто коло“, рече Џејмс, очигледно алудирајќи на фактот дека „Сиксерс“ беа елиминирани во полуфиналето на Источната конференција минатата сезона. Филаделфија ја заврши минатата сезона со 45 победи и 37 порази, а потоа доживеа елиминација со „чиста“ серија (без ниту една победа) од идниот шампион, Њујорк Никс. Сега ситуацијата е сосема поинаква. Џејмс потпиша двегодишен договор вреден околу осум милиони долари откако Браун му се приклучи на тимот, па така „Сиксерс“ ја дочекуваат новата сезона со големи шампионски амбиции. Џејмс истакна дека не очекува проблеми при вклопувањето со новите соиграчи. „Предноста на мојата игра е што можам да правам сè. Буквално сè“, изјави 41-годишниот Леброн Џејмс. time to work. 👊 https://t.co/BuZ5I3CPtL — Philadelphia 76ers (@sixers) September 28, 2026 Бројките ги потврдуваат неговите зборови – минатата сезона во дресот на Лејкерс, тој имаше просек од 20,9 поени, 6,1 скок и 7,2 асистенции по натпревар. Во текот на кариерата, тој бележи просек од 26,8 поени, 7,5 скока и 7,4 асистенции, со повеќе од 1.600 одиграни натпревари. „Одлично е што тој е тука“, рече Макси, кој во изминатите две сезони прерасна во лидер на тимот. Токму Макси одигра посебна улога во доаѓањето на Џејмс – тој дури и го вклучи во групниот разговор наменет за играчите на тимот. 😏 https://t.co/cktKE98ZU9 — Philadelphia 76ers (@sixers) September 28, 2026 Џејмс размислуваше да ја заврши кариерата во текот на летото, особено затоа што сакаше да остане блиску до своето семејство во Лос Анџелес. Сепак, по одморот и тренинзите, тој одлучи да продолжи. Кога го прашаа уште колку долго планира да игра, тој не сакаше да даде одговор. „Не сакам да зборувам за иднината во овој момент. Би било нефер кон мене ако сакам да живеам во сегашноста, особено знаејќи во која фаза од кариерата се наоѓам“, рече Џејмс. Сега е тој момент – Филаделфија.Тагови: Леброн Џејмс Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter