Цветановски: Скандал со повлекувањето на Кедев, дали Жан излезе со клевети за Филипче за да се спаси? - Канал 5

Цветановски: Скандал со повлекувањето на Кедев, дали Жан излезе со клевети за Филипче за да се спаси?

Повлекувањето на Сашко Кедев од здравствениот совет на Министерството за здравство е голем скандал.

Цветановски: Скандал со повлекувањето на Кедев, дали Жан излезе со клевети за Филипче за да се спаси?

Се разоткрива и целото сценарио против претседателот Филипче.

Ништо не е случајно.

Повлекувањето на Кедев е примено во Министерството за здравство на 23 јануари.

Како причини тој наведува незадоволство од „започнатите контролни процеси“. Медиумите пак пренесуваат дека меѓу забелешките е работата на комисијата која треба да ги продолжи проверките на случаите на непотребните операции на срце.

Зошто датумот на повлекувањето на Кедев, 23 јануари е важно?

Прво затоа што се случува само два дена откако Обвинителството отворило предмет, наводно „по допрен глас“ за клеветите на Жан Митрев против Филипче. Тоа е 21 јануари.

Министерот ја крие оставката на Кедев и за медиумите вели дека не е пристигната.

Најстрашниот скандали во македонското здравство беше објавен во ноември 2025 година токму од Кедев.

Два и пол месеци ништо не се случува. Одговорност нема за никого, нема кривични пријави.

Не се објавени инволвираните, лекарите, кои се приватните клиники каде се вршеле непотребните операции.

Како два месеци да се поминати во заташкување на скандалот. Ништо друго.

И сега, поминуваат два и пол месеци, излегува Жан Митрев на Алфа ТВ со клевети кон претседателот Филипче.

Проаѓаат неколку дена и Обвинителство отвора предмет наводно „по допрен глас“.

Само неколку неколку дена од овие клеветнички изјави и по два дена од одлуката на Обвинителството се повлекува Кедев на 23 јануари.

Случајно? Ништо не е случуајно.

Ова ли е „ чувството на премиерот Мицкоски кој во македонското Собрание држи говори каде дели задачи на обвинителството и судството?

Ова е огромен скандал.

Клучното прашање е дали Жан Митрев излезе со клевета против претседателот Филипче заради ова? За владата да го повлече Кедев и целиот случај за скандалот со операциите да се заташка?

Ова ли е цената што треба сите да ја платат за да се заштити Жан Митрев од одговорност?

Зошто др Жан толку долго чекаше? Зошто сам не отишол во Обивнителство?

Дали се чекаше ова? Да добие време да се извлече, да се сокријат трагите?

За ваков скандал никој нема право да молчи и да калкулира.

Нашата порака е дека ќе одговарате, сите до еден, рече Симона Цветановски, членка на Извршниот одбор на СДСМ.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

13 возачи лишени од слобода за „безобѕирно управување со возило“ во изминатото деноноќие

Во текот на изминатото деноноќие, на територијата на целата држава, полициски службеници лишија од слобода 13 лица поради „безобѕирно управување со возило“.

13 возачи лишени од слобода за „безобѕирно управување со возило“ во изминатото деноноќие

Од нив, 11 возачи управувале возило без возачка дозвола, и тоа од Велес, Скопје и Прилеп.

Двајца возачи, од Куманово и Скопје, управувале возило под дејство на алкохол.

При преземање на мерки и активности, кај возач од Скопје кој управувал возило без возачка дозвола, било констатирано дека на патничкото моторно возило предната регистарска таблица не припаѓала на возилото.

По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Министерството за внатрешни работи продолжува со засилените контроли во сообраќајот, со цел санкционирање на несовесните возачи и спречување на однесувања со кои се загрозува безбедноста на сите учесници во сообраќајот. Почитувањето на сообраќајните правила и прописи, поседувањето важечка возачка дозвола и управувањето со возило во трезна состојба се основа за безбеден сообраќај.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мелони повлекува црвена линија: „Не сум добрa за сите годишни времиња“

Италијанската премиерка Џорџија Мелони ги отфрли шпекулациите дека би можела да формира сојузи со политички сили кои се противат на воената помош за Украина.

Мелони повлекува црвена линија: „Не сум добрa за сите годишни времиња“

Во интервју за италијанскиот весник „Ил Фодлио“, Мелони рече дека не е подготвена да се откаже од своите верувања за политичка или изборна корист.

„Џорџија Мелони сигурно не е подготвена да го стори спротивното од она што го направила или во што верува, заради политичка или изборна пресметка“, рече таа, одговарајќи на прашањето дали поставила јасни црвени линии за приклучување кон коалиција.

Нејзините зборови се предупредување до Роберто Ваначи, поранешен генерал кој стана екстремно десничарски политичар и отворен критичар на Европската Унија и воената помош за Украина.

„Кој бара премиер кој се предомислува во зависност од тоа која партија го поддржува, секогаш и исклучиво за лична корист, треба да бара некој друг. Јас сум сериозна личност и не сум добра за сите годишни времиња“, рече Мелони.

Мелони ќе се соочи со гласачите на изборите следната година, откако штотуку стана премиер со најдолг мандат во италијанската историја. „За мене, во текот на овие години, од изборна гледна точка, ќе беше покорисно да не ја поддржувам Украина отколку да ја поддржувам неа. Не ја поддржував Украина за Киев, туку за Рим“, нагласи италијанската премиерка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЛДП анализа: Спротивно од премиерот, иселувањето ќе се интензивира во наредните години!

Македонија денес не се соочува со изолирани грешки, туку со невидена серија на скандали што го уништуваат секојдневието на граѓаните.

ЛДП анализа: Спротивно од премиерот, иселувањето ќе се интензивира во наредните години!

Додека премиерот шири розева пропаганда за наводен просперитет, суровата реалност и најновите PISA резултати покажуваат поразителна слика за Македонија: загрижувачка елементарна и функционална неписменост кај младите и целосен слом на образовниот систем. Оваа општествена хаварија директно се пресликува и во судството, каде што одлуките станаа целосно неразбирливи за обичниот човек. Во оваа држава, за ситен криминал се одговара експресно, додека за најголемите коруптивни процеси постапките немаат завршница или завршуваат со ослободителни пресуди за кои дури и не се објавуваат пишани образложенија, како што е случајот со „Талир 2“ и седиштето на ВМРО-ДПМНЕ. За да се види каде завршиле искрадените пари од џебот на граѓаните, не треба замислување или правни филозофии — доволно е само да се отворат очите во центарот на Скопје и да се погледнат онаа огромна камена палата со толку спратови и целиот плоштад пред неа.

Македонија денес не се соочува со изолирани грешки, туку со невидена серија на скандали што го уништуваат секојдневието на граѓаните. Власта новата учебна година ја започна со скандалозно преображение на наставните програми и слушање црковни писма наместо наука, додека прославата на независноста ја претвори во коруптивен спектакл со приватизација на државни функции. Генералната неказнивост гарантирана преку Кривичниот законик, законите заглавени со месеци, и трагичниот, животозагрозувачки недостиг на лекови на Онкологија се само потврда дека системот е целосно заглавен. По истиот овој коруптивен модел денес на сите им е јасно зошто бегаме од европските правила и зошто по истиот принцип паѓаат економијата, здравството и образованието.

Во вакви катастрофални околности, Либерално-демократската партија (ЛДП) констатира дека, спротивно од празниот оптимизам на премиерот, иселувањето од Македонија не само што нема да запре, туку драматично ќе се интензивира во наредните години како директна последица на ова лошо владеење. Кој нормален човек, млад професионалец или родител би останал да живее во земја каде што ги нема основните услови за здравје, правда и заштита на сопствените деца? Единствените кои со задоволство ќе останат во ваква заглавена држава се луѓето од партиската елита на ВМРО-ДПМНЕ, кои се и единствените кои ја градат сопствената иднина врз грбот на оние кои си заминуваат.

Со почит,

Либерално-демократска партија

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер