1Андоновски: Со шеснаесеттиот центар за е-услуги во Крушево ги доближуваме услугите до секој граѓанин
3Манасиевски: Проблемот на СДС, Левица и ДУИ е што не можат да поднесат уште еден реформски успех на Македонија, затоа блокираат кога имаат можност
МакедонијаЦветановски: Преживување со европски цени и криза - заедно до СТОП за банкарските провизии!Македонските граѓани во моментов го носат товарот на најниските примања во Европа, додека истовремено се соочуваат со европски цени во маркетите.Пред новиот инфлаторен бран поттикнат од глобалните кризи и конфликтот на Блискиот Исток, кој се заканува дополнително да го стопи скромниот домашен буџет, Либерално-демократската партија (ЛДП) повторно го поднесува Законот за платежни услуги и платни системи со кој се укинуваат банкарските провизии за основни услуги. Од партијата порачуваат дека прашањето за банкарските трошоци повеќе не смее да биде оставено на добрата волја на поединци или на дискреционите одлуки на Народната банка. Овој закон е неопходен за да се обезбеди минимум социјална правда и заштита на потрошувачите од неразумни и скриени трошоци, исто онака како што е регулирано во земјите од Европската Унија. Дејан Цветановски, член на ИО на ЛДП, упати директен повик до сите пратеници во Собранието да ги надминат тесноградите партиски погледи кога станува збор за егзистенцијата на сограѓаните: „Доста е со игнорирање на реалноста и арогантно одбивање на решенија кои значат помош за секое семејство. Во услови кога целиот банкарски сектор бележи рекордни профити, недозволиво е најсиромашните граѓани да ги плаќаат трошоците за нивниот луксуз. Бараме европски мерки за европски шокови – укинување на провизиите за водење сметка, подигнување готови пари и трансакции, затоа што солидарноста мора да стане законска обврска“, вели Цветановски во својата изјава за медиумите. ЛДП упатува апел и до граѓаните да извршат притисок врз своите пратеници, без разлика на партиската припадност и да побараат одговорност за овој предлог. Само со заеднички притисок врз владејачкото мнозинство може да се спречи понатамошното топење на примањата и да се зачуваат илјадници денари во семејните буџети. Должност на Собранието е да покаже дека работи за народот, а не за профитите на моќниците. Либерално-демократската партија во континуитет ја застапува оваа економска мерка. Конкретна законска регулатива за укинување и намалување на банкарските провизии за првпат беше поднесена во 2024 година, а истата иницијатива беше повеќепати повторувана во текот на изминатите две години, но секојпат беше одбивана од актуелните владејачки мнозинства без суштинска дебата. Со почит, Либерално-демократска партијаТагови: Цветановски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаАндоновски: Со шеснаесеттиот центар за е-услуги во Крушево ги доближуваме услугите до секој граѓанинМинистерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, заедно со градоначалникот на Општина Крушево, Нико Чонески, денеска го промовираше новиот Центар за услуги во Крушево.Станува збор за шеснаесеттиот Центар за услуги на Министерството за дигитална трансформација, преку кој на граѓаните им се овозможува полесен пристап до електронските услуги и непосредна поддршка при нивното користење. Со отворањето на Центарот, дигиталната трансформација станува подостапна за жителите на Крушево и околните населени места. На овој начин директно се отстрануваат бариерите поврзани со возраста, степенот на дигитална писменост и местото на живеење. „Ова е шеснаесеттиот ваков центар на Министерството за дигитална трансформација, преку кој граѓаните ќе добиваат непосредна поддршка и директен пристап до електронските услуги. Со отворањето на Центарот во Крушево директно ги отстрануваме бариерите поврзани со возраста, дигиталната писменост и местото на живеење, со што ги доближуваме услугите до секој граѓанин“, истакна министерот Андоновски Градоначалникот Нико Чонески ја нагласи важноста на Центарот за жителите на Крушево, кои отсега ќе имаат непосредна поддршка и поедноставен пристап до јавните услуги достапни по електронски пат. Министерството за дигитална трансформација продолжува со проширување на мрежата на центри за услуги, со цел придобивките од дигитализацијата да бидат рамномерно и практично достапни за сите граѓани, независно од нивната возраст, дигитални вештини или местоположба.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканЛетен „хаос“ на хрватските патишта: Кај Бајаково има колона долга 10 километриНа граничниот премин Бајаково меѓу Хрватска и Србија, колоната од патнички и товарни возила е долга околу 10 километри, соопшти Хрватскиот авто-клуб.Сообраќајот е зголемен на сите важни патишта во Хрватска кон морето, долж крајбрежјето и на повеќето гранични премини, а можни се застои и колони на наплатните станици на автопатите, кај туристичките центри и пред тунелите. Поради зголемениот сообраќај на наплатната станица „Тракошчан“ во правец кон Загреб, колоната е долга околу пет километри и се протега до територијата на Словенија. На приодот кон наплатната станица „Лучко“, во правец кон Карловац, колоната од возила беше долга околу два километри.Тагови: Хрватска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМанасиевски: Проблемот на СДС, Левица и ДУИ е што не можат да поднесат уште еден реформски успех на Македонија, затоа блокираат кога имаат можностНедонесувањето на новиот Изборен законик ја разобличи вистинската политика на СДС, Левица и ДУИ.Проблемот на ова трио е што не можат да поднесат уште еден реформски успех на Македонија, затоа блокираат кога имаат можност. Иако беа прифатени сите нивни барања кои беа се, само не суштински, тие договорот не го прифатија затоа што не можеа да прифатат дека Македонија ќе запише уште еден реформски успех. Со тоа испратија јасна порака дека за нив не е важно дали државата ќе ги исполни реформските обврски, туку дали ќе можат политички да профитираат од секој застој. Почитувани граѓани, Македонија ќе продолжи да победува. Реформите ќе продолжат, без разлика на нивните блокади. А вие граѓаните веќе ја препознавате разликата меѓу оние што работат за државата и оние што работат против секој нејзин успех. Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook