Постои принципиелен договор за ресорите меѓу коалициските партнери, имињата ќе се знаат вечерва–најави Мицкоски
2Постои принципиелен договор за ресорите меѓу коалициските партнери, имињата ќе се знаат вечерва–најави Мицкоски
Видео: Аргентинците донесоа 500 кг. месо на Светското првенство, Лаутаро и Мартинез главни „скараџии“
2Видео: Аргентинците донесоа 500 кг. месо на Светското првенство, Лаутаро и Мартинез главни „скараџии“
МакедонијаЦвета Ристовска поднесе неотповиклива оставка од ДКСКНе го поднесе притисокот на јавноста – антикорупционерката Цвета Ристовска си поднесе неотповиклива оставка од ДКСК откако комисијата во која работеше против нејзе отвори два предмети.Не го поднесе притисокот на јавноста – антикорупционерката Цвета Ристовска си поднесе неотповиклива оставка од ДКСК откако комисијата во која работеше против нејзе отвори два предмети откако се појавија информации дека маркетинг фирма на нејзиниот син била ангажаирана во текот на претседателските избори во 2024 година, добивајќи исплати за кампањите на тогашните кандидати Пендаровски и Силјановска – Дакова, но Ристовска тоа не го пријавила во анкетниот лист. Таа во писмената оставка, до претседателот на Собранието – Африм Гаши, вели дека работата ја извршувала законито, совесно и со најдобра намера, како и дека жали доколку одредени околности довеле до неосновани сомнежи во нејзината професионалност... -Жалам доколку одредени околности, вклучително и можни административни пропусти, доведоа до неосновани сомнежи во јавноста. Во сите ситуации во моето работење во Комисијата во кои постоеше можност за потенцијален судир на интереси барав изземање, согласно законот. Никогаш немав намера да прикријам информација, напротив ги почитував законските обврски. Убедена сум дека секој што извршува јавна функција, мора да покаже највисок степен на личен и професионален интегритет, – Цвета Ристовска – член на ДКСК. Оставката на Ристовска е втора во овој состав на ДКСК... претходно си поднесе и екс-претседателката Татјана Димитровска откако обвиненилството ја обвини дека оддавала податоци за отворени предмети на екс-директорот на ТЕЦ Неготино, обвинет во случајот „Адитив“. Нејзе во моментов и се суди за делата „Оддавање на службена тајна и Компјутерски фалсификат“. Овој случај влијаеше за прв пат по многу години, Антикорупциска да наиде на критики во Извештајот на ЕК, која им забележува и за слаба активност особено во борбата со високата корупција. И покрај критиките и барањето за оствака на целата Комисија, сепак таа продолжи да работи.. За нов претседател беше избран Адем Чучуљ, а сега повторно на потег е Собранието, кое треба да распише оглас за избор и на нов член кој ќе дојде на местото на Ристовска.. Тагови: ДКСК Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаЕксплозија во Монако: Украински олигарх повреден; Напаѓачот во бегство!Украинскиот олигарх Вадим Јермолаев е повреден во експлозија што потресе станбена зграда во Монако. Властите велат дека осомничениот активирал експлозивна направа и избегал, а истрагата е во тек. Украинскиот олигарх Вадим Јермолаев е едно од тројцата повредени лица во експлозијата што се случи синоќа во станбена зграда во Монако, додека осомничениот е во бегство, објавија властите денес. Според извор близок до истрагата, Ермолаев е меѓу повредените во инцидентот во кој две лица се тешко повредени, додека едно 13-годишно момче се здобило со полесни повреди, објави порталот „Франс 24“. Според обвинителството на Монако, осомничениот поставил торба или пакет во лобито на станбената зграда пред да ја активира експлозивната направа и да избега од местото на настанот. Принцот Алберт Втори го осуди нападот, нарекувајќи го „грозоморно злосторство“ и рече дека безбедноста во Кнежевството ќе остане приоритет. Властите објавија дека ова е прв ваков инцидент во историјата на Монако и дека е во тек интензивна истрага во соработка со француските безбедносни служби. Осомничениот е идентификуван на снимки од безбедносните камери и е виден како ја напушта областа и се движи кон соседниот француски град Босолеј. 🇲🇨 A bomb packed with bolts and metal shot tore through the lobby of a luxury building in Monaco tonight, injuring sanctioned Ukrainian oligarch Vadym Yermolaiev and his family. A man was caught on CCTV dropping a backpack at the entrance around 9 PM before fleeing toward the… pic.twitter.com/pYgD8AHVOZ — DD Geopolitics (@DD_Geopolitics) June 29, 2026 Повредените се префрлени во болниците во Ница. Истрагата за мотивите на нападот е во тек, а безбедносните мерки во Монако се зголемени.Тагови: украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотДенес се слават тројца големи светители: Еве што не треба да правите на овој празникПравославните верници денеска, на 30 јуни, го празнуваат денот на Светите маченици Мануил, Савел и Исмаил – тројца родени браќа кои со својата непоколеблива вера оставиле траен белег во христијанската традиција.Светите маченици Мануил, Савел и Исмаил биле браќа од Персија, воспитани во христијанската вера и високи чиновници на персискиот цар. Како негови пратеници биле испратени кај царот Јулијан Отстапник за да преговараат за мир. Кога одбиле да им принесат жртва на паганските идоли, јавно сведочејќи дека се христијани, биле затворени и сурово мачени. И покрај страдањата, останале цврсти во својата вера. На крајот биле погубени со меч. По нивната смрт, според преданието, настанал силен земјотрес, а нивните мошти подоцна биле пронајдени и чесно погребани од христијаните. Над нивните мошти се случиле бројни чуда, кои довеле многумина да ја прифатат христијанската вера. Според народното верување, на овој празник треба особено да се внимава на зборовите и делата. Се смета дека денот е посветен на вистината, па затоа верниците се трудат да не изговараат лаги, да не шират кавги и да не влегуваат во конфликти. Се верува дека искреноста и добрите дела носат внатрешен мир и Божји благослов. Многу верници одат во црква, палат свеќи за здравје и мир во семејството, а денот го поминуваат во молитва и со добри мисли.Тагови: православен календар светите маченици Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПостои принципиелен договор за ресорите меѓу коалициските партнери, имињата ќе се знаат вечерва–најави МицкоскиДоговор со коалициските партнери ВРЕДИ и ЗНАМ околу ресорите за најавената реконструкција на владата принципиелно е постигнат, но кадровските решенија ќе бидат соопштени вечерва по седницата на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.Договор со коалициските партнери ВРЕДИ и ЗНАМ околу ресорите за најавената реконструкција на владата принципиелно е постигнат, но кадровските решенија ќе бидат соопштени вечерва по седницата на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, порача премиерот Христијан Мицкоски... По објавувањето на дефинитивниот состав на владата, предложените министри веќе в среда или четврток се очекува да бидат испратени до Собранието, но дали ќе се менува една третина од владиниот состав за што Собранието би гласало за секој министер поединечно или ќе бидат назначени поголем број нови кадри, со што ќе се избира целосно нова влада засега е неизвесно.Тагови: Владата Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter