МакедонијаЦУК: Пет активни пожари и четири под контролаВкупно 27 пожари се евидентирани во земјава од кои пет активни и четири под контрола, а 18 се изгаснати, информира Центарот за управување со кризи.Активни се пожарите во Општина Василево, Радовиш и Берово – с. Нивичино, на планината Голем Готен и Малешевските планини (нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација), Општина Прилеп – с. Бешиште, место викано Бешишки Рид (мешана шума), Општина Желино – помеѓу селата Церово и Групчин (нискостеблеста и деградирана шума), Општина Штип – с. Драгоево и с. Селце (нискостеблеста шума прнар и сува трева) и Општина Македонски Брод 2 – помеѓу с. Локвица и с. Крапа (деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација). Според ЦУК, под контрола се пожарите во Општина Прилеп – помеѓу селата Царевиќ и Смолани, место викано Радобилски Рид (мешана шума и нискостеблеста вегетација), Општина Македонски Брод – с. Латово, м.в. Маркова Стапалка (грмушки и сува трева), Општина Македонски Брод 1 – с. Грешница (мешана шума и сува трева) и Општина Чучер Сандево – кај Делеководите (мешана шума). Изгаснати се пожарите во Општина Прилеп 1 – с. Ново Лагово (ниска вегетација), Општина Прилеп 2 – нас. Тризла (ниска вегетација), Општина Дебар – с. Рајчица (нискостеблеста шума), Општина Боговиње – с. Пирок (ниска вегетација), Општина Теарце – с. Теарце (ниска вегетација и стрниште), Општина Могила – с. Српци и с. Могила (ниска вегетација), Општина Куманово 1 – нас. Средорек (ѓубре), Општина Куманово 2 – нас. Карпош, ул. 154 (ниска вегетација), Општина Куманово 3 – ул. Никола Тесла (ниска вегетација), Општина Охрид 1 – ул. Ариф Мустафа (ниска вегетација), Општина Охрид 2 – ул. Стив Наумов, место викано Тумба (ниска вегетација), Општина Петровец – с. Огњанци (ѓубриште), Општина Шуто Оризари – ул. Брсјачка Буна (ѓубриште), Општина Илинден – с. Бучинци (ниска вегетација), Општина Гази Баба – с. Трубарево (ниска вегетација и стрниште), Општина Босилово – с. Старо Балдовци (ниска вегетација), Општина Велес – с. Клуковец (ниска вегетација) и Општина Кавадарци – с. Дреново (ниска вегетација).Тагови: пожари Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветРусите го погодија клучниот мост во Киев преполн со автомобилиРуските сили го погодија Северниот мост во Киев со дрон, оштетувајќи го патот, изјави градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко. „Коловозот на Северниот мост е погоден. Службите за итни случаи се упатуваат кон местото на настанот“, рече Кличко. Снимки од нападот на мостот, кој е преполн со автомобили, се појавија на социјалните мрежи. Постојат стравувања дека може да има жртви. Several videos now circulating on Ukrainian telegram channels showing the Russian drone strike shortly ago on Kyiv’s North Bridge, confirmed by Mayor Klitschko. pic.twitter.com/E27CNMP5u1 — Christopher Miller (@ChristopherJM) October 4, 2026 Русија отвори сосема нова фаза од својата воздушна војна против Киев оваа недела. Таа започна систематски да ги таргетира стратешките мостови преку реката Днепар што ги поврзуваат источните и западните делови на украинскиот главен град.Тагови: Киев мост Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаOJO: Оружје, експлозив и муниција пронајдени во домот на скопјанец, поведена истрагаПри претрес во домот на осомничениот, полицијата открила и запленила поголемо количество оружје, муниција и експлозивна материја која на граѓаните им е забранета.Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 33-годишен скопјанец за кривични дела – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 5 во врска со став 3 и став 1 и Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од члњн 215 став 1 од Кривичниот законик. При претрес во домот на осомничениот, полицијата открила и запленила поголемо количество оружје, муниција и експлозивна материја која на граѓаните им е забранета – една рачна бомба „М75“ со имплементирани метални кугли со дијаметар од околу 2мм со шрапнелско дејство, вкупно 240 куршуми со различен калибар, пиштол марка Црвена Застава со калибар 7.65 mm, со една рамка со седум куршуми, пиштол марка Берета, со рамка во која имало шест куршуми, како и околу 7 грама марихуана. Во станот бил пронајден и клуч од мотор за кој постојат оперативни сознанија дека бил искористен при извршување на кривично дело убиство. Бидејќи постојат околности што укажуваат дека мерката притвор е неопходна за непречено водење на кривичната постапка, јавниот обвинител до судот поднесе и предлог за определување на најстрогата мерка. Притоа, јавниот обвинител ја истакна опасноста за бегство и можноста осомничениот да продолжи да врши кривични дела, како основ за определување на притворската мерка.Тагови: OJO Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветТрамп ја менува „играта“: „Одлично се сложувам со Ким Џонг Ун“Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека се сложува „многу добро“ со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун.Трамп ја нагласи важноста на одржувањето добри односи со лидерите на земјите што поседуваат нуклеарно оружје. Трамп ги даде овие забелешки на предизборен митинг во Охајо пред изборите за Конгресот, зборувајќи за својот однос со кинескиот претседател Си Џинпинг и бранејќи ги своите врски со лидерите на големите сили. „Не е ли одлично да се сложувам со лидерите на големите земји, големите нуклеарни сили? Одлично се сложувам со Ким Џонг Ун од Северна Кореја“, рече Трамп. Тој додаде дека е добро да се има договор со некој што има „112 нуклеарни ракети“. Тој се сретнал со севернокорејскиот лидер три пати Трамп потврди во август дека се надева дека ќе се сретне со Ким подоцна оваа година, што дополнително ги разгоре шпекулациите дека можеби ќе се обиде да ја обнови нивната лична дипломатија, што досега резултираше со три билатерални средби: првата во Сингапур во јуни 2018 година, втората во Ханој во февруари 2019 година и најновата во селото Панмунџом на меѓукорејската граница во јуни 2019 година. Портпаролот на Стејт департментот, Томи Пигот, во петокот изјави дека Трамп не ги смета разговорите со Северна Кореја за „отстапка“ и е подготвен да разговара со Пјонгјанг ако тоа е во интерес на САД. Најновите изјави на Трамп доаѓаат во време кога Северна Кореја продолжува да ги отфрла повиците за денуклеаризација и инсистира дека нејзиниот статус како нуклеарна држава е „неповратен“.Тагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСкопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54Се одржува „Виз Ер Скопски маратон 2026“, посебен сообраќаен режим во Скопје09:11Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05Мицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани12:41Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30
Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05