ЦУК: Благодарение на храбрите спасители и пилотите на МВР е спасена повредена туристка од Чешка - Канал 5

ЦУК: Благодарение на храбрите спасители и пилотите на МВР е спасена повредена туристка од Чешка

Во драматична комбинирана акција и од воздух и од земја, денеска, е спасена 68-годишна жена - турист од Чешка, со опасна скршеница на ногата на Галичица, на околу 2 000 метри надморска височина.

ЦУК: Благодарение на храбрите спасители и пилотите на МВР е спасена повредена туристка од Чешка

Во драматична комбинирана акција и од воздух и од земја, денеска, е спасена 68-годишна жена - турист од Чешка, со опасна скршеница на ногата на Галичица, на околу 2 000 метри надморска височина, од спасителите од Планинската спасителна служба при Црвен крст Охрид, а со интервентен хеликоптерски превоз на МВР, прво на спасителите, а потоа, по давањето на прва помош, транспорт и на повредената до најблиско место за давање соодветна специјализирана медицински третман,. Спасителната акција се одвивала буквално во временски меѓупростор на транспорт на доброволци и вода при гаснење пожар на планината Галичица, по што храбрите доброволни спасители од Охрид и пилотите на МВР се вратија на гаснење на големиот пожар на планината.

Конкретно, повикот за помош бил примен на 112 во ЦУК, околу 13.50 минути, а потоа веднаш од Секторот за операции и координација од ЦУК било контактирано со доброволните спасителите од Охрид, коишто практично се една недела цело време ангажирани за гаснење на пожарот во Национален парк „Галичица“ и директно со своите членови, а и за логистички за поткрепа на другите противпожарни сили.

Тие овие неколку денови на тешко пристапниот терен се превезувани со хеликоптер на МВР, само со опрема за гаснење и главно дејствувaат на терен како пожарникари на тешко пристапен планински терен. Немале со себе адекватна медицинска опрема, но заради брзината на дејство со хеликоптерот на МВР, веднаш дел од доброволните спасители отишле на местото на несреќата и со импровизирани средства извршиле имобилизација на повредената повозрасна туристка од Чешка, а потоа и нејзино носење до точката каде што можеле да ја стват во хеликоптерот на МВР.

Практично, во 15.30 часот повредената беше безбедно пренесена во специјалната болница за ортопедија и трауматологија, а тимот од доброволците - спасителите од Планинската спасителна служба при Црвен крст Охрид се врати да им помогне на своите останати членови и на пожарникарите и ренџерите од НП „Галичица“ во борбата со огнената стихија.

Секоја чест на храбрите спасители и пилотите на МВР коишто покажуваат на дело како сите и доброволци и припадници на институции и служби обединето и координирано дејствуваат при спасување при животозагрозувачки ситуации во нашата држава, нешто што дава поттик за надоградба на таквата соработка.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јокиќ им се нафрли на дел од навивачите на Денвер: Не се веќе добредојдени

Денвер Нагетс ги победија Њу Орлеанс Пеликанс по продолжението, но натпреварот беше обележан со остра порака од Никола Јокиќ до дел од домашната публика. 

Јокиќ им се нафрли на дел од навивачите на Денвер: Не се веќе добредојдени

За време на натпреварот, тимот загуби со 23 поени разлика од тим кој се смета за меѓу најслабите во лигата, поради што навивачите во салата почнаа да ги исвиркуваат.

Иако Јокиќ ги предводеше Нагетс до пресврт и победа со трипл-дабл во кој имаше 35 поени, 15 скока и 10 асистенции, тој беше многу критичен кон однесувањето на навивачите. Тој верува дека тимот, кој бркаше голем дефицит, требало да добие поддршка од трибините.

Јокиќ: Кој и да нè исвиркуваше не е добредојден

Зборувајќи со новинарите по натпреварот, Јокиќ беше директен. „Мислам дека навивачите кои нè исвиркуваа повеќе не се добредојдени тука, ако мене ме прашувате. Ако нè следите, знаете дека никогаш не се откажуваме и се вративме од многу полоши ситуации. Што се однесува до мене, тие повеќе не се добредојдени“, рече тој.

За „Нагетсите“, ова не е прв ваков камбек на домашен терен. Во февруари 2020 година, тие исто така го надминаа дефицитот од 23 поени против „Сан Антонио Спарс“, но потоа ја обезбедија победата во регуларниот дел.

Сомнежи за силата на тимот на почетокот на сезоната

Победата против „Пеликансите“ е прва за Денвер во сезоната, по поразот од „Оклахома Сити Тандер“ во првиот натпревар, па тимот сега е 1-1.

Дури и пред почетокот на сезоната, се поставуваше прашањето дали раководството на клубот составило висококвалитетен тим околу Јокиќ за борба за титулата во силната Западна конференција. Нестабилниот почеток на сезоната, и покрај победата, сугерира дека ваквите проценки биле основани и дека „Нагетсите“ ги очекува барателно продолжение на натпреварувањето.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„На кавга со Иван“ - Иво Ранѓеловиќ

Утревечер во 23.00 часот на Канал 5 Телевизија, а претходно на Youtube  во 21.30 Иво Ранѓеловиќ ќе му  гостува „На кавга“ на Иван Мирчевски. 

„На кавга со Иван“ - Иво Ранѓеловиќ

Иво Ранѓеловиќ е политиколог и магистер по компаративна политика и демократија од University College London (UCL), еден од најпрестижните универзитети во светот.

Утре вечер на актуелни теми ќе дебатира со Иван Мирчевски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Библија, Куран и „Мајн Кампф“ биле пронајдени во станот на терористот од Париз

Импровизирана експлозивна направа со гасни боци е пронајдена во станот на 39-годишен осомничен во пукотница во францускиот департман Ивлин во близина на Париз, во која загина едно лице, а петмина беа ранети, соопштија извори блиски до истрагата. 

Библија, Куран и „Мајн Кампф“ биле пронајдени во станот на терористот од Париз

Истражителите, исто така, пронајдоа копија од книгата на Адолф Хитлер „Мојата борба“, како и Библија и Куран за време на претресот, објавија BFM TV и дневниот весник Le Monde.

Маж пукал во неколку луѓе од автомобил во Ивлин, во западниот париски регион, во петокот, а подоцна бил уапсен во градот Коањер, соопштија француските власти.

Пет други лица се ранети во нападот, од кои тројца се тешко повредени. Меѓу нив имало и 12-годишно девојче. Идентитетот на жртвата сè уште не е познат, а француските медиуми известуваат само дека станува збор за 26-годишен маж.

Францускиот претседател Емануел Макрон ја опиша пукотницата како „пресвртница“ и го осуди нападот како чин извршен под влијание на расистичка идеологија. Тој ги повика граѓаните да не се повлекуваат од идеите што се сè пораспространети и можат да го оправдаат таквото насилство.

Според француското Национално обвинителство за борба против тероризмот (PNAT), осомничениот Кевин Т. не е регистриран во базата на податоци S, која вклучува лица кои претставуваат потенцијална закана за националната безбедност, но е познат на полицијата по претходни кривични дела.

Осомничениот е уапсен во Коињер од страна на припадници на Бригадата за борба против криминалот (BAC).

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер