ЦСКА Москва ќе се враќа во Евролигата - Канал 5

ЦСКА Москва ќе се враќа во Евролигата

 Во интервју за француските медиуми познатиот кошаркарски тренер Димитрис Итудис, најави можност кошаркарската Евролига да биде составена од 30 екипи. Тој ја посакува оваа бројка како споредба со НБА лигата и бројот на тимови кои играат таму.

ЦСКА Москва ќе се враќа во Евролигата

- Мојот сон е да имаме лига со 30 екипи и сите да бидат конкурентни. Руските екипи ќе се вратат во Евролигата, а меѓу првите ќе биде ЦСКА Москва која воедно е и акционер, изјави Итудис актуелен тренер на Хапоел Тел Авив и претседател на здружението на тренери на Евролигата. Оваа екипа како освојувач на Еврокупот ќе игра во новата сезона во Евролигата.

Итудис смета дека потребна е и промена на системот во Евролигата, односно зголемување на бројот на екипи кои би играле во следната фаза.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Перински: 40 општини со директна поддршка од Ресурсниот центар за подготовка на плански документи за локален економски развој

Министерот за локална самоуправа Златко Перински денеска се обрати на работниот состанок посветен на поддршката за подготовка на плански документи за локален економски развој, организиран во рамки на Ресурсниот центар за поддршка на општините.

Перински: 40 општини со директна поддршка од Ресурсниот центар за подготовка на плански документи за локален економски развој

Во своето обраќање, министерот Перински истакна дека Министерството за локална самоуправа преку Ресурсниот центар продолжува да развива конкретни механизми за поддршка на општините, со цел јакнење на нивните капацитети и поефикасно извршување на надлежностите.

„Во изминатиот период преку Ресурсниот центар испорачавме повеќе важни алатки и документи наменети за градоначалниците и општинските администрации. Денеска започнуваме нова фаза на поддршка преку групна испорака на стручна помош за подготовка на плански документи за локален економски развој, согласно потребите што самите општини ги идентификуваа“, истакна Перински.

Тој нагласи дека целта на Министерството не е само декларативно да биде партнер на општините, туку преку конкретни активности да придонесе за олеснување на нивната работа и подобрување на локалните политики.

„Локалната самоуправа е самостојна во извршувањето на своите надлежности, но преку партнерска соработка и взаемна поддршка можеме да постигнеме многу повеќе. Затоа градиме систем во кој знаењето, експертизата и расположливите ресурси ќе бидат ставени во функција на развојот на општините“, порача Перински.

Во рамки на оваа активност, 40 општини ќе добијат стручна поддршка од експертски тим за подготовка на плански документи за локален економски развој, со цел креирање квалитетни и применливи решенија кои ќе придонесат за поттикнување на локалниот економски раст, привлекување инвестиции и подобрување на условите за живот на граѓаните.

Ресурсниот центар, во рамки на Министерството за локална самоуправа, претставува механизам за обезбедување стручна, техничка и советодавна поддршка за општините, согласно нивните потреби и предизвици.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Девет лица се убиени во бранот руски напади врз Украина , оштетена е катедрала од 11 век

Девет лица се убиени, а неколку други се повредени во бранот руски напади врз Украина, во кои голем религиозен споменик во Киев беше зафатен од пожар.

Девет лица се убиени во бранот руски напади врз Украина , оштетена е катедрала од 11 век

Четири лица загинаа во нападите врз Киев, додека пет спасувачи загинаа обидувајќи се да го изгаснат пожарот предизвикан од рускиот напад врз североисточниот град Харков, соопштија украинските власти.

Катедралата Успение на Пресвета Богородица од 11 век беше значително оштетена .

Украинскиот премиер Јулија Свириденко нападот го нарече „брутален ,,врз украинскиот народ и нивното наследство“.„Итно ќе ги покренеме сите релевантни процедури во рамките на унеско и сите други меѓународни механизми, барајќи итни и соодветни одговори на ова државно варварство“, изјави украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха во изјава за x, нападите со беспилотни летала и ракети запалија згради и автомобили, а повеќе од 140.000 луѓе во главниот град на Украина останаа без електрична енергија.

Полска, соопшти дека кренала борбени авиони,а во состојба на готовност биле ставени и копнените системи за воздушна одбрана како „превентивен“ одговор на руските напади во киев.нападите се случуваат пред состанокот на Г7 оваа недела во франција, каде што на дневен ред е војната во Украина.Вчера Узеленси изјави дека разговарал со трамп за напорите за ставање крај на долготрајниот конфликт.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Британскиот премиер најави забрана за социјалните медиуми за лица под 16 години

Британскиот премиер Кир Стармер денес најави дека на лицата под 16 години ќе им биде забранет пристапот до сите главни апликации на социјалните медиуми.

Британскиот премиер најави забрана за социјалните медиуми за лица под 16 години

„Водењето земја е секогаш прашање на избор и ми е јасно дека целосната забрана е вистинската“, рече Стармер на прес-конференција, пренесува Скај њуз.

Стармер нагласи дека социјалните медиуми ги прават децата несреќни, отвораат простор за вознемирување и злоупотреба и го оштетуваат нивното ментално здравје. Тој, исто така, ја нагласи опасноста од штетна содржина на која се изложени децата. „Нема да правам компромис во врска со безбедноста и среќата на нашите деца и затоа оваа забрана мора да се спроведе. И ќе се спроведе“, рече тој.

Ограничувања и за платформите за игри

Тој објасни дека производите што не се опфатени со општата забрана, како што се платформите за игри, ќе мора да ги спречат децата да комуницираат со странци. Тој додаде дека можноста некои деца да најдат начини да ја заобиколат забраната не треба да биде причина за нејзино напуштање.

„Ова ќе ги направи нашите деца посреќни. Ќе им дадеме повеќе време, повеќе безбедност, повеќе слобода да растат и повеќе можности. На крајот на краиштата, тоа е она за што се залага оваа влада“, заклучи британскиот премиер.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер