Црвено жолтите за пласманот во втората фаза на ЕП ја добија ветената премија од 30 000 евра од РФМ

Нашите најдобри ракометари и членовите на стручниот штаб ја добија ветената премија од РФМ од 30 000 евра за пласманот во втората фаза на Европскиот шампионат во Данска.

Бодот освоен против Чешка и големата победа над Австрија на црвено жолтите им донесе премија од 30 000 евра .

Преку соопштение раководството на Ракометната федерација ја информираше јавноста дека на репрезентативците и членовите на стручниот штаб заслужени за успехот на ЕП во данска им е исплатена ветената премија.

„Ракометната федерација на Македонија им ја исплати ветената премија од вкупно 30.000 евра на репрезентативците и стручниот штаб за пласманот во втората фаза од ЕП во Данска. Парите се веќе „легнати“ на сметките на сите што дадоа придонес во пласманот во втората фаза, пишува во соопштението од РФМ.

Пред нашите репрезентативци кои се сигурно задоволни од овој потег на РФМ следен предизвик е бараж двомечот со Грција за пласман на Светскиот шампионатот во катар во 2015 година.

Фото:Девојката на екс фудбалер на Барса воодушеви со секси фотографии

Девојката на шпанскиот фудбалер и поранешна ѕвезда на Барселона, Марко Бартра е голем љубител на социјалните мрежи.

Убавата Џесика сега ги воодушеви следбениците на Инстаграм со атрактивни фотографии на која таа е облечена само во минијатурно бикини.

На фотките убавата Џесика Гојкочеа која е манекенка ја покажа својата совршена фигура и на тој начин собра голем број лајкови на социјалните мрежи.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

притисни ентер