Претседателката на Европската централна банка - Кристин Лагар се повлекува од функцијата, веќе не сака да молчи
1Претседателката на Европската централна банка - Кристин Лагар се повлекува од функцијата, веќе не сака да молчи
3Четворица италијански државјани загинаа при уривање на воен хеликптер на ЕУФОР во Босна и Херцеговина
РакометЦрвено жолтите во третиот шешир на ждрепката за ЕП во Данска во 2014Нашата машка ракометна репрезетација во петок на извелкувањето на составите на групите за ЕП во данска во 2014 година ќе биде во третиот квалитетивен шешир заедно со селекциите на Белорусија, Унгарија и Полска. ЕХФ ги објави составите на „шеширите“ за петочното извлекување на групите за ЕП во Данска идната година. 16 репрезетации кој се изборија за учество на континенталниот самит во Данска ќе бидет поделени во четири шешири. Црвено - жолтите условно најтешкиот ривал ќе го добијат од првиот шешир во кој ќе бидат, домаќинот Данска, светскиот шампион Шпанија и селекциите на Србија и Хрватска. Вториот противник во групната фаза нашиот национален тим ќе го бара меѓу репрезентациите на Чешка, Исланд, Франција и Шведска. Најлесниот противник македонските ракометри би требало да го добија од четвртиот шешир во кој ќе се најдат имињата на селекциите на Норвешка, австрија, Црна Гора и Русија. Прв шешир: Данска, Србија, Хрватска и Шпанија. Втор шешир: Чешка, Исланд, Франција и Шведска. Трет шешир: Македонија, Белорусија, Унгарија и Полска . Четврти шешир: Норвешка, Австрија, Црна Гора и Русија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаПретседателката на Европската централна банка - Кристин Лагар се повлекува од функцијата, веќе не сака да молчиПретседателката на Европската централна банка - Кристин Лагард ќе се повлече 9 месеци порано од својата функција, бидејќи како што вели, повеќе не сака да молчи.Лагард се пожали дека неутралноста која се очекува од централните банкари, која ја опиша како „цената за нивната независност„ повеќе не е нешто што може да го прифати. Околу тоа која од европските монетарни политики лагард ја смета за погрешна, засега нема информации, меѓутоа, нејзината оставка доаѓа откако ЕЦБ ги остави своите клучни каматни стапки непроменети, со депозитна стапка од 2,5%. Иако одлуката била едногласна, таа порача на пазарите дека оваа пауза може да трае само до декември. Лагард пред оваа функција беше и директор на Меѓународниот монетарен фонд. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветВо Монтреал Канада, денеска се оддржува самитот ЕУ-КанадаВо Монтреал Канада, денеска се оддржува самитот ЕУ-Канада каде се очекува подетална разработка на партнерството кое иницијално беше наречено придружно членство на Канада во ЕУ,Во Монтреал Канада, денеска се оддржува самитот ЕУ-Канада каде се очекува подетална разработка на партнерството кое иницијално беше наречено придружно членство на Канада во ЕУ, меѓутоа, Германија, Италија, Франција и Грција се спротивставија на оваа формулација, наведувајќи дека создава правна несигурност и преседан за други земји. Сепак, на овој самит се очекува да се прошири соработката во повеќе клучни и стратешки области, вклучувајќи ја безбедноста и Арктикот, трговијата и инвестициите, со што Канада би ја заменила досега традиционалната улога на Соединетите Американски Држави како најголем партнер на ЕУ надвор од Европа. И Канада и ЕУ се обидуваат да создадат алтернативни партнерства без САД под водство на претседателот Доналд Трамп, со оглед на неговите закани за царини кон ЕУ но и реториката дека ќе ја претвори Канада во 51-та држава на САД, што силно ги потресе добрососедските односи меѓу двете северноамерикански држави.Тагови: ЕУ канада Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканЧетворица италијански државјани загинаа при уривање на воен хеликптер на ЕУФОР во Босна и ХерцеговинаЧетворица италијански државјани загинаа вчера при уривање на воен хеликоптер на ЕУФОР во близина на градот Горице во Босна и Херцеговина.. Мисијата ЕУФОР потврди дека нивниот авион се урнал за време на рутинска операција во областа Брчко.. Повредени се 12 лица. Во несреќата не е оштетен цивилен имот или инфраструктура и нема повредени цивили.. Од ЕУФОР најавија целосна и темелна истрага за инцидентот и ќе објават повеќе информации откако ќе се утврдат сите факти. Во исто време, ги повикаа граѓаните да ги следат само официјалните канали за да избегнат дезинформации..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter