Црвените чевлички од „ Волшебникот од Оз“ се продадени за неверојатни 28 милиони долари

Волшебните чевли на Дороти се продадени за 28 милиони долари, што ги прави најскапиот филмски реквизит, продаден на аукција.

Парот црвени чевли е еден од четирите преостанати пара од култниот филм „Волшебникот од Оз“ од 1939 година, во кој ги носела Џуди Гарланд, а кои некогаш биле украдени од музејот каде што се чувале.

Наддавањето за парот црвени чевли започнал од 1,55 милиони долари, а првично се проценувало дека ќе се продадат за повеќе од 3 милиони долари.

Heritage Auctions соопшти дека чевлите ја надминале проценетата сума во првите секунди од наддавањето и дека ниту еден друг пар црвени чевли не бил блиску до рекордната сума.

Еден пар бил продаден во 2000 година за 666.000 долари. Стивен Спилберг и Леонардо ди Каприо купиле уште еден пар за два милиони долари во 2000 година и го донирале на Музејот на филмската академија во Лос Анџелес.

Чевлите не беа единствениот предмет од „Волшебникот од Оз“ што се продаде вчера – капата на Злобната вештерка достигна цена од 2,9 милиони долари.

На вредноста на црвените обувки секако влијаело и тоа што во 2005 година биле украдени од музејот „Џуди Гарланд“ во Гранд Рапидс, Минесота. Седумдесет и седумгодишниот Тери Џон Мартин ја искршил витрината со чекан и ги грабнала.

Тие биле пронајдени дури 13 години подоцна кога ФБИ добиле дојава.

ПОЦ: За една недела во Општина Центар „пајакот“ отстранил 132 непрописно паркирани возила

ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 13.01. до 19.01.2025 година, со помош на специјалните возила „пајак“ отстраниле 132 непрописно паркирани возила.

ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 13.01. до 19.01.2025 година, со помош на специјалните возила „пајак“ отстраниле 132 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

ЈП ПОЦ и Општина Центар денеска апелираа до граѓаните да се придржуваат до пропишаните правила и прописи за безбедно однесување во сообраќајот со цел да се зачува безбедноста на останатите учесници во сообраќајот и реши проблемот со непрописното паркирање на комерцијалните и резидентните паркиралишта и улици на територија на Општина Центар.

На автопатот Демир Капија - Неготино пронајдени шест мигранти

Mигрантите се сместени во Транзитниот центар Табановце за понатамошна постапка, а по целосно документирање на случајот, против Е.Ф. ќе биде поднесена соодветна пријава. 

На автопатот Демир Капија - Неготино синоќа околу 20 часот, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово при Регионалниот центар за гранични работи Југ го лишиле од слобода Е.Ф.(19) од Радовиш, затоа што во возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки превезувал шест лица мигранти, три од Непал и три од Индија.

- Претходно, на наплатна станица Демир Капија, тој не застанал на знак за запирање, даден од полициски службеници и продолжил со движење кон Гевгелија, при што влегол во тунел каде се изведувале градежни работи и со возилото удрил во работна машина, соопштија денеска од МВР.

Mигрантите се сместени во Транзитниот центар Табановце за понатамошна постапка, а по целосно документирање на случајот, против Е.Ф. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Нејмар го напушта Ал-Хилал, се враќа во родниот Сантош

 Бразилската ѕвезда Нејмар ја заврши својата авантура во Саудиска Арабија. Од него се очекуваше многу, но никогаш не успеа да го покаже потенцијалот во Ал-Хилал, а паралелно со тоа проблеми му правеа и многу повреди.

Нејмар ја напушта арапската земја за да се врати во Бразил. Според последните информации, постигнат е договор и Нејмар ќе се врати во Сантос на позајмица во следните 6 месеци. Разбирањето е веќе факт и ќе биде официјализирано во следните неколку дена.

Во неделата, претседателот на Сантос, Марсело Тешеира и директорот Педро Мартинс се сретнаа со претставниците на Нејмар и преговараа за платата на играчот.

притисни ентер