Легендарниот Арсен Венгер е кандидат за претседател на ФИФА, ќе ја нападне „фотелјата“ на Џани Инфантино
1Легендарниот Арсен Венгер е кандидат за претседател на ФИФА, ќе ја нападне „фотелјата“ на Џани Инфантино
ЗдравјеЦрвена или зелена зелка? Еве која е поздрава – едната прави чуда и помага при воспалителни процеси во телото!Многумина не можам да замислат оброк без зелка салата, или пак имаат омилено конкретно јадење со овој зеленчук, но треба да знаете дека постојат значајни разлики помеѓу овие два вида на зелка. Со секаков вид на месо, зелката е прилог број еден. Постојат два вида зелка - зелена и црвена. Дали некогаш сте се запрашале која е поздрава? Подолу ќе ги дознаете придобивките од зелената и црвената зелка. Го одржува воспалението под контрола Воспалението не е секогаш лоша работа. Всушност, вашето тело го користи инфламаторниот одговор за да се заштити од инфекција или да го забрза процесот на заздравување. Овој тип на акутно воспаление е нормален одговор при повреда или инфекција. Зелката, генерално, содржи различни антиоксиданси за кои е докажано дека го намалуваат хроничното воспаление. Витамин Ц Витаминот Ц, познат и како аскорбинска киселина, е витамин растворлив во вода кој има многу важни улоги во телото. Доказите сугерираат дека исхраната богата со витамин Ц е поврзана со помал ризик од одредени видови на рак. Иако се потребни повеќе истражувања за да се утврди ефектот на овој витамин врз превенцијата од рак, сигурно е дека витаминот Ц игра клучна улога во многу важни функции во телото. Додека зелената и црвената зелка се одлични извори на овој моќен антиоксиданс, црвената зелка содржи значително повеќе. Имено, една шолја (околу 89 g) сечкана црвена зелка содржи дури 56 % од препорачаната доза на витамин Ц, што е еднакво на количината витамин Ц во еден помал портокал. Зелката го подобрува варењето Ако сакате да го подобрите вашето дигестивно здравје, зелената зелка богата со растителни влакна е одлична опција. Нерастворливите влакна помагаат во одржувањето на здрав дигестивен систем и поттикнуваат редовно празнење на дебелото црево. Може да го намали крвниот притисок Високиот крвен притисок погодува повеќе од милијарда луѓе ширум светот и е главен ризик-фактор за срцеви заболувања и мозочен удар. Лекарите често ги советуваат пациентите со висок крвен притисок да го намалат внесувањето на сол. Сепак, неодамнешните докази сугерираат дека зголемената количина на калиум во исхраната е исто толку важно за намалување на крвниот притисок. Калиумот е важен минерал и електролит и му е потребен на телото за правилно функционирање. Една од нејзините главни задачи е да помогне во регулирањето на крвниот притисок преку спротивставување на ефектите од натриумот во телото. Калиумот помага да се излачи вишокот на натриум преку урината. Исто така, ги опушта ѕидовите на крвните садови, со што го намалува крвниот притисок. Црвената зелка е добар извор на калиум. Намалување на нивото на холестерол Имено, луѓето кои имаат висок холестерол, исто така, имаат тенденција да имаат зголемен ризик од срцеви заболувања, особено кога имаат покачено ниво на ЛДЛ (лош) холестерол. Зелената зелка содржи две супстанции за кои е докажано дека го намалуваат нивото на ЛДЛ (лошиот) холестерол. Растворливи влакна Се покажало дека растворливите влакна помагаат во намалувањето на нивото на лошиот холестерол така што се врзуваат за холестеролот во цревата и го спречуваат неговото апсорбирање во крвта. Растителни стероли Зелената зелка содржи супстанции наречени фитостероли. Тие се растителни соединенија кои се структурно слични на холестеролот и го намалуваат лошиот холестерол така што ја блокираат апсорпцијата на холестеролот во дигестивниот тракт. Студијата на Американското здружение за срце од 2020 година покажала дека 2-3 грама естри на билен станол дневно го намалуваат лошиот холестерол за 9-12 проценти. Зелката е одличен извор на витамин К Витаминот К е збир на витамини растворливи во масти кои играат многу важни улоги во телото, пишува Healthline. Зошто црвената зелка е посебна? Црвената зелка е позната по својата карактеристична виолетова боја, а за таа боја е заслужна високата концентрација на антоцијанини. Антоцијанините се природни пигменти кои имаат силно антиоксидативно дејство, со што го штитат телото од оштетувања предизвикани од слободните радикали. Овие својства ја прават црвената зелка особено корисна за одржување на здравјето. Покрај својата спектакуларна боја, црвената зелка се издвојува и по изобилството на витамини. Во споредба со зелената зелка, црвената зелка содржи до 10 пати повеќе витамин А, кој е клучен за одржувањето на здрави очи, кожа и имунолошки систем. Исто така, црвената зелка е значително побогата со витамин Ц, кој е важен за зајакнување на имунолошкиот систем и општото здравје на организмот. Влакната во црвената зелка се важни за здравјето на дигестивниот систем - помагаат во одржување на редовна столица, ги хранат корисните бактерии во цревата и спречуваат запек.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСобранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавкиСобранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки.Спорната одредба се однесуваше на мандатите на претседателот и членовите на Државната комисија за жалби по јавни набавки.Со предложените измени се овозможуваше нивно повторно именување без јасно ограничување на бројот на мандати. Досегашното законско решение предвидуваше мандат од пет години, со право на уште еден избор.Тоа значи дека членовите можеа да ја извршуваат функцијата најмногу десет години. Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова одби да го потпише указот за прогласување на законот токму поради оваа одредба.Таа оцени дека новата формулација е правно непрецизна и остава простор за неограничен број реизбори.Амандманот за бришење на членот го поднесоа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ. Од владејачкото мнозинство образложија дека со ова се прифаќаатзабелешките на претседателката. Од СДСМ реагираа дека и тие претходно предложиле исто решение.Опозицијата побара законот да биде повлечен и да се организира јавна расправа за новите измени.За законските измени беа поднесени вкупно 2.158 амандмани.Тагови: Собранието Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСобранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
МетеоПроменливо облачно со повремени сончеви периодиВрмето денес според УХМР ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди.Променливо облачно со повремени сончеви периоди. Во западните делови ќе има услови за појава на слаби врнежи од дожд. По одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 10, а максималната ќе достигне од 14 до 19 степени. Во Скопје, променливо облачно со услови за појава на слаб локален дожд. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 17 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ До почетокот на следната седмица времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Од сабота поради продор на постудена воздушна маса од север температурите ќе бидат во опаѓање. Ќе дува слаб до умерен, а во петок силен повремено многу силен ветер од јужен правец.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСобранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
ХороскопДневен хороскоп за 11. ноември 2026 годинаДневен хороскоп за среда, 11. ноември 2026 година.Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Ќе се прашувате колку дена се потебни за другите да ве разберат во целост.Потрудете се појасно да се изразувате , па се ќе дојде на свое место. Кариера Вашата фантазија и креативноста ќе дојдат денеска до израз без оглед што и да работите. Тоа ќе биде долгорочно дело. Здравје и совет Одморете си ги нозете. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Вашиот стил на додоворување ќе и биде симпатичен на другата страна, но во исто време таа ќе биде доста чувствителна и нема да ви ги открие сите детали. Кариера Ќе бидете во ситуација некој да ви каже да си ја гледате работата или спонтано истото ќе си го кажете самите на себе. Здравје и совет Посветете му се на вашето хоби. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Пред вас е искушение да се согласите на некои отстапки кон саканата личност , кои не ви се допаѓаат.Најдете компромис. Кариера Во соработката со млади колеги и натаму постои нејаснотии , што треба да се расчистат , но чекате да стигнат сите информации. Здравје и совет Прифатете ги другите какви што се. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Меѓу работата и љубовта ќе ги изберете и двете. Денеска е таков денот , па ќе успеете да ги споите. Можно е доаѓање на партнерот на вашето работно место. Кариера Некој од колегите би можел да ви ги каже своите грижи или тајни. Ќе бидете слушател за пофалба. Здравје и совет Радувајте се . Риби 20.2.- 20.3. Љубов Ви претстои забава или дружење со доста пиење и слично. Внимавајте да не побарате утеха во пиењето поради љубовната суша. Кариера На работа се ќе се одвива површно без позначајни достигнувања. Денот ќе ви прелета и ќе се прашувате што е сработено. Здравје и совет Будете поумерени. Овен 21.3-20.4. Љубов Ќе настојувате во односот со саканата личност да внесете повеќе лежерност и сништа. Сепак , не зборувајте многу , туку делувајте. Кариера Сигурно е дека ништо не е сигурно. Би можеле малку да се изнервирате , зашто работите не се дефинирани. Здравје и совет Однесувајте се природно. Бик 21.4- 20.5. Љубов Во љубовните работи ќе бидете нереални. Ќе гледате нешто што во реалноста не постои. Затоа држете се до реалноста. Кариера Ќе ви се чини како обрачот околу вас да се стега и притисоците ќе ги забележувате.Ќе избегате во својот свет на сништата. Здравје и совет Соочете се со светот на реалноста, тоа е здраво. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Некои би можеле да се заљубат и навистина да уживаат во денешниот ден. Оние кои се во врска , ќе бидат многу среќни. Кариера На работното место се појавуваат идеи , кои на прв поглед се необични. Работете енергично и разгледувајте ги полека. Здравје и совет Ќе ви се спие. Рак 22.6-22.7. Љубов Фантазијата ќе ве води низ областа на срцето , па нема да бидете целосно реални. Ќе почнете да се отуѓувате со саканата личност. Кариера Уште очекувате да добиете еден одговор , што би можел да ви ја отвори вратата за соработка кон странство. Здравје и совет Поработете на флексибилноста на телото. Лав 23.7-22.8. Љубов Постои можност за подобра соработка меѓу вас и другата страна , но треба да бидете поотворени. Кариера Ќе поработите на сопствената независност во работењето , а тоа ќе ве доведе до откритието дека можете подобро и повеќе. Здравје и совет Повеќе живејте во сегашноста. Девица 23.8.-23.9. Љубов Некои целосно ќе му се препуштат на светот на фантазијата , за да се оттргнат од љубовната реалност. Сепак , нека не претеруваат. Кариера Други ќе ви излегуваат во пресрет и ќе бидат љубезни кон вас , но длабоко во душата ќе почувствубате дека не се искрени. Здравје и совет Држете се до фактите . Вага 24.9.-23.10 Љубов Особено е значајна емотивноста со која зрачите. Саканата личност ќе ве прифати , ќе ве теши и ќе понежна кон вас. Кариера Оние кои се занимаваат со креативна или уметничка работа , денеска ќе имаат посебна инспирација. Здравје и совет Чувајте се од провев.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСобранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57