Црвена Ѕвезда загуби натпревар во Подгорица на кој не се појави поради Законот за религии (ВИДЕО)

Неиграниот натпревар помеѓу Будуќност и Црвена звезда ќе биде регистриран со официјалниот резултат 20: 0 во корист на клубот од Подгорица, потврдија од АБА-лигата.

Од безбедносни причини, белградскиот состав не отпатува во Подгорица на 13. коло од регионалната кошаркарска лига.

Кошаркарите на Будуќност се појавија на подот во салата ,,Морача’ во предвиденото време, во 18 часот, а заедно со судиите чекаа 15 минути, според правилата на играта.

Топката беше исфрлена на теренот иако немаше противници , а судиите прогласија дека тимот на Будуќност е победник.

„Во случај тимот да не се појави неоправдано или одбие да учествува во натпревар, тој тим автоматски го губи натпреварот со резултат 0:20 и, кога е применливо, не оди во понатамошните фази на натпреварувањата“, се вели во членот 32.1 од правилата на АБА-лигата. .

Кошаркарите на Ѕвезда ги имаа подготвено своите билети и скоро се качија на авион до Подгорица, но во последен момент се откажаа на барање на белградскиот клуб и шампионите во АБА-лигата.

Причината е деликатната состојба и тензиите во Црна Гора заради донесувањето на Законот за религија и слобода на верата и правниот статус на верските заедници. Претседателот на Ѕвезда, Небојша Човиќ зборуваше за тоа на вонредната прес-конференција.

Од четврток две дополнителни автобуски линии за Саемот на книга

ЈСП Скопје и годинава ќе овозможи полесен пристап на посетителите на „Меѓународен саем на книгата“ кој ќе се одржува во СЦ „Борис Трајковски“.

Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) информира дека од четврток ќе бидат пуштени дополнителни линии поради Меѓународниот саем на книгата што ќе се одржува во спортскиот центар „Борис Траковски“.

Со цел полесен пристап на посетителите во редовниот линиски превоз ќе бидат пуштени линиите „100“ и „200“ од кои едната ќе поаѓа од Ново Лисиче, а другата од Дексион.

И двете линии ќе сообраќаат до 24 овој месец, а билетите за нивно користење ќе чинат согласно со ценовникот за користење на јавен превоз.

Возен ред на линија „100“ (Ново Лисиче - СЦ „Борис Трајковски“)

Од Ново Лисиче: 11 ч, 12.20 ч, 13.40 ч, 15 ч, 16.20 ч, 17.40 ч.

Од СЦ „Борис Трајковски“: 11.40 ч, 13 ч, 14.20 ч, 15.40 ч, 17 ч, 18.20 ч.

Траса на движење: улица „Февруарски поход“, булевар „В.Смилевски Бато“, булевар „Јане Сандански“, булевар „К.Јосифовски Питу“, булевар „Кочо Рацин“, улица „11 Октомври“, улица „Димитрие Чуповски“, булевар „Св. Климент Охридски“, булевар „Партизански одреди“, улица „Бледски договор“, СЦ „Борис Трајковски“ и обратно по истата траса.

Возен ред на линија „200“ (Дексион-СЦ „Борис Трајковски“)

Од Дексион: 11.20 ч, 12.40 ч, 14 ч, 15.20 ч, 16.40 ч, 18 ч.

Од СЦ „Борис Трајковски“: 12 ч, 13.20 ч, 14.40 ч, 16 ч, 17.20 ч, 18.40 ч.

Траса на движење: улица „Црногорска“, улица „Кузман Шапкарев“, улица „Ѓорче Петров“, булевар „Партизански одреди“, улица „Бледски договор“, СЦ „Борис Трајковски“ и обратно по истата траса.

Синдикатот на Македонска пошта денеска ќе информира за состојбите во претпријатието

Синдикатот на Македонска пошта денеска  информираше за состојбите во претпријатието.

- По одржаниот протест на 18 март годинава, синдикатот на Македонска пошта, во насока на заштита на социјално економските права на работниците пред започнување на постапката за штрајк, побара итни средби со Управниот одбор и владата, преку социјален дијалог да отпочнеме со процес на реорганизација и реформи за зачувување и стабилизација на претпријатието, односно прифаќање на барањата на вработените кои се од суштинско значење, велат од синдикатот.Но, како што посочуваат, Управниот одбор и владата не се одзвале на барањето за итна средба.

Очигледно е дека 2000 вработени се оставени сами на себе да се борат за спас на пошта и зачувување на работните места и егзистенција, потенцираат од синдикатот.

Обновена библиотеката „13 Ноември“ во Кисела Вода

Обновата на библиотеката во Кисела Вода е продолжување на библиотечната дејност на територијата на општината, односно на традицијата долга повеќе од 50 години. 

Подружницата „13 Ноември“ била отворена во 1961 година токму во тогашниот Дом на културата.

Библиотеката „13 Ноември“, клон на Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје, после 11 години продолжува да работи во Домот на културата „Билјана Беличанец“ во Кисела Вода. Библиотеката се реотвора со книжен фонд од околу 8000 книги: лектирни изданија, книги и сликовници за деца, белетристика и научна литература.

Градската библиотека годинава го слави својот 79.роденден и повеќе од кога и да е веруваме дека книгата не е привилегија, туку право на секој човек. Среќни сме што библиотеката се враќа на своето место во центарот на Општината. Се надеваме дека ќе се вратат и некогашните читатели, а ќе стекнеме и нови. За нив нудиме светски и домашни класици, голем избор популарни наслови и автори. Во моментов работиме на откуп на нови наслови (домашна и преводна литература), кои ќе се најдат токму на овие полици. Сакам да упатам огромна благодарност до Општина Кисела Вода и градоначалникот Ѓорѓиевски, кој за многу краток рок одговори на нашето барање што резултираше со повторното отворање на оваа библиотека. Се надевам дека неговиот пример ќе го следат и останатите општини – подвлече Снежана Стојчевска директорката на Ју Градска библиотека „Браќа Миладиновци“.

Обработката и заемот на книги се врши преку Кооперативниот онлајн библиографски систем и сервис (COBISS), а библиотеката ќе понуди и разновидни културни содржини.

Првата, почесна членска книшка му припадна на градоначалникот Ѓорѓиевски, кој го истакна значаењето на библиотеката за сите вљубеници во пишаниот збор, но и нејзиното место во културното живеење на сите граѓани:

Посебно сакам да нагласам дека на располагање има и многу литература за деца, бидејќи сме свесни дека љубовта кон читањето треба да се всади уште од најраните години. Дополнително, овој простор ќе биде искористен и за друга културна програма-креативни работилници, литературни читања, промоции на книги, средби со автори, со што очекувам дека библиотеката ќе биде честа дестинација на сите наши жители“ истакна градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.

Првите посетители на библиотеката „13 Ноември“ беа првачињата од ООУ „Круме Кепески“, а по нив и неколкумина повозрасни жители, кои не го криеја задовослтвото дека библиотеката е повторно близу до нив.

Обновата на библиотеката во Кисела Вода е продолжување на библиотечната дејност на територијата на општината, односно на традицијата долга повеќе од 50 години. Подружницата „13 Ноември“ била отворена во 1961 година токму во тогашниот Дом на културата.

притисни ентер