Црвена ѕвезда продолжува со победите во АБА лигата - Канал 5

Црвена ѕвезда продолжува со победите во АБА лигата

Екипата на Црвена ѕвезда продолжува со победите во регионалното кошаркарско натпреварување АБА лигата. Актуелниот шампион до осмиот триумф дојде синоќа во дербито со градскиот ривал Партизан. Конечниот резултат е 83:72 (20:23, 28:16, 22:14 и 13:19).

Црвена ѕвезда продолжува со победите во АБА лигата
„Црвено-белите“ заедно со тимот на Будуќност од Подгорица останаа двете екипи кои досега немаат пораз во АБА конкуренцијата.

Затоа пак, македонскиот претставник Карпош Соколи кој синоќа беше поразен од ФМП е единствената екипа која досега се нема израдувано на победа.

Резултати од 8.коло во АБА лигата:

Задар – Игокеа 83:90,
Будуќност – Цибона 95:79,
Мега Лекс – Крка 95:96,
МЗТ Скопје Аеродром - Олимпија 97:96,
Цедевита – Морнар 99:73,
ФМП - Карпош Соколи 67:62 и
Црвена ѕвезда – Партизан 83:72.

Табела: Црвена ѕвезда 8-0 (победи-порази), Будуќност 8-0, Цибона 6-2, Партизан 6-2, Цедевита 5-3, Игокеа 4-4, ФМП 3-5, Крка 4-3, Задар 3-5, Морнар 2-6, Мега Лекс 2-6, МЗТ Скопје Аеродром 2-6, Олимпија 2-5 и Карпош Соколи 0-8./МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Авион падна и се запали на автопат во Мексико (ВИДЕО)

Мал приватен авион, Piper PA-46 Malibu, се урна на прометен автопат во мексиканскиот град Аподака откако, според извештаите, ја изгубил моќноста на моторот при полетувањето, а потоа се запалил.

Авион падна и се запали на автопат во Мексико (ВИДЕО)

Сите шест лица во авионот ја преживеале несреќата.

Несреќата се случила на 18 ноември, откако авионот полетал од Северниот меѓународен аеродром.

Потоа авионот прелетал преку заштитната ограда на аеродромот и завршил на автопатот Монтереј-Нуево Ларедо, каде што се запалил.

Во авионот имало шест лица, двајца членови на екипажот и четири патници.

Според првичните информации, сите преживеале, но се здобиле со полесни повреди и модринки. Во несреќата немало жртви.

Итните служби брзо пристигнале на местото на настанот и го изгаснале пожарот, додека надлежните органи започнале истрага за да ги утврдат околностите на несреќата.

Се вели дека прелиминарната причина е губење на моќноста на моторот при полетувањето, но конечните резултати ќе бидат познати откако воздухопловните власти во Мексико ќе ја завршат истрагата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Производството на „Fiat 500“ продолжува: „Stellantis“ најде делови за каросеријата

„Stellantis“ објави дека ќе го продолжи производството на електричните и хибридните модели на „Fiat 500“ во Торино, по петнеделен прекин на работата во одделот за каросерија поради недостиг на компоненти.

Производството на „Fiat 500“ продолжува: „Stellantis“ најде делови за каросеријата

Во целиот производствен комплекс „Мирафиори“ во Торино се вработени околу 1.400 работници, а повремените прекини во производството влијаеја и на други оддели, пренесува „ANSA“.

Синдикатите „FIM-CISL“ и „UILM“ претходно предупредија дека зачестените прекини во производството поттикнуваат растечко незадоволство и несигурност кај вработените, кои со месеци се соочуваат со прекини во работата и неизвесност во однос на иднината на фабриката.

Оваа година, „Stellantis“ најави намалување на бројот на вработени за 175 лица во Мадрид, додека во фабриката во Тихи, Полска, се планира укинување на 740 работни места по укинувањето на третата смена. Во Италија е најавено намалување на бројот на вработени за 485 лица, главно преку доброволно заминување и предвремено пензионирање.

Извршниот директор на „Stellantis“, Антонио Филоса, предупреди дека производителите на автомобили и нивните добавувачи ќе се соочат со значителен пораст на трошоците за суровини и електронски компоненти – вклучувајќи мемориски чипови, печатени плочки и полупроводници – во текот на 2027 година, а веројатно и во 2028 година. Говорејќи на годишното собрание на италијанското здружение на производители на автоделови, „Anfia“, во Милано, Филоса изјави дека инфлаторните притисоци во овие категории ќе претставуваат трошок за „Stellantis“ во износ од милијарди евра, пренесе Ројтерс.

Според Филоса, компаниите и добавувачите ќе мора да одговорат на овие притисоци преку зголемување на својата конкурентност. Сепак, ќе биде потребна и поддршка од италијанската влада и од Европската унија.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Просечната нето-плата во септември достигна 49.141 денар

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во септември годинава изнесувала 49.141 денар и бележи растод 8,1 отсто во споредба со истиот месец минатата година, соопшти Државниот завод за статистика.

Просечната нето-плата во септември достигна 49.141 денар

Реалниот раст на просечната нето плата, изнесувал 5,2%.

На врвот на листата на исплатени плати се наоѓа и натаму ИТ секторот со просек од 88.787 денари, а на дното од листата се е сместувањето и услужните дејности со храна со 35.447 денари, со што највисоката просечна плата во земјава е два и пол пати повисока од најниската просечна плата за над 50 илади денари

Државниот просек од 49.141 денар го земаат вработените во образованието каде што просечната нето плата изнесува 48.946 денари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер