ФудбалЦрвена Ѕвезда под истрага на УЕФА поради скандирањето за Ратко Младиќ (ВИДЕО)Европската фудбалска федерација (УЕФА) покрена дисциплинска постапка против Црвена Ѕвезда Белград поради транспаренти што ги истакнаа нејзините навивачи на стадионот Викторија Плзен во Чешка.Европската фудбалска федерација (УЕФА) покрена дисциплинска постапка против Црвена Ѕвезда Белград поради транспаренти што ги истакнаа нејзините навивачи на стадионот Викторија Плзен во Чешка, во спомен на смртта на хашкиот осуденик Ратко Младиќ, објавија белградските медиуми во саботата, повикувајќи се на The Athletic. Младиќ, осуден на доживотен затвор за воени злосторства и геноцид во Сребреница, почина во четврток во притвор на Хашкиот трибунал на 84-годишна возраст, а навивачите на Црвена Ѕвезда „Делије“ го скандираа името на Младиќ заедно со пораките од транспарентите „Генерале, вечна слава и благодарност“ за време на натпреварот со чешката Викторија во Плзен (1:5). Crvena Zvezda fans chant the name of General Ratko Mladić in the match against Viktoria Plzen. #EuropaLeague pic.twitter.com/zWaImWAZOX — Based Serbia (@SerbiaBased) August 27, 2026 Казната може да биде строга Според The Athletic, УЕФА покрена дисциплинска постапка против Црвена Ѕвезда Белград за „расистичко и/или дискриминаторско однесување“, „пренесување порака несоодветна за спортски настан“ и за несоодветно тимско однесување. Сегашните правила на УЕФА предвидуваат доста строги казни, а во случајот со Црвена Ѕвезда, санкциите би можеле да бидат уште построги бидејќи клубот е обвинет за „расистичко и/или дискриминаторско однесување“ поради своите навивачи. Со оглед на тоа што клубот потоа објави фотографии од транспарентите на своите социјални мрежи, УЕФА би можела да го смета ова како отежнувачка околност, според белградскиот портал „Спортињо“.Тагови: Ратко Младиќ УЕФА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСофија и официјално е против укинувањето на ветото во текот на преговорите15:00Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите, не според историјата- дијалогот ќе продолжи 18:20Во Софија средба Муцунски и Петрова Чамова, можен ли е напредок во обновениот дијалог15:18Денеска билатерална средба Муцунски – Петрова Чамова во Софија 08:35
МакедонијаСофија и официјално е против укинувањето на ветото во текот на преговоритеБугарија е категорично против идејата на Брисел за воведување квалификувано мнозинство, наместо едногласност, како досега, при одлучувањето во текот на пристапните преговори за земјите кандидатки. За бугарската министерка за надворешни работи Петрова Чамова, неприфатлив е новиот документ презентиран во Брисел, кој предвидува земја членка во иднина да не може самата да го блокира напредокот на земја кандидатка се до финишот на преговорите. Одговарајќи на пратеничко прашање во Собранието, Чамова ги отфрли информациите дека наводно се воделе неофицијални разговори за уставни измени со одложено дејство и за репреговарање обврските на Македонија. -Знаете дека во моментов се одвива процес за можноста за воведување на квалификувано мнозинство во различни фази од процесот за проширување или во други политики на ЕУ, каде што јасно и категорично ја потенцираме позицијата против квалификуваното мнозинство, особено во сферата на проширувањето. Категорично отфрламе на какво било ниво заобиколување, предоговарање, преговарање со одредени земји – членки, желба за таков тип договори кои се во насока да го поткопаат постигнатиот компромис. Дали сме за уставни измени со одложено дејство? Одговорот е не. , изјави Велислава Петрова Чамова, министер за надворешни работи на Бугарија. Петрова Чамова и денеска во Собранието го повтори вчера кажаното по средбата со македонскиот колега, Муцунски во Софија дека не бара ништо освен исполнување на досега преземените обврски на Македонија. Шефот на македонската дипломатија разговорите вчера ги оцени како конструктивни и со позитивен дух, но дека позициите на двете страни се уште се многу далечни. -Позициите на Македонија и Бугарија во однос на прашањата поврзани со европската интеграција сè уште се многу далечни, но средбата со бугарската министерка за надворешни работи Велислава Петрова Чамова беше конструктивна и одржана во позитивен дух, при што е договорено дијалогот меѓу двете држави да продолжи по сите прашања од заеднички интерес, изјави вчера Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи на Македонија. Европската Комисија пред три дена го објави документот насловен „Подготовка за поширока Унија”, која освен предлогот за постепена интеграција на земјите кандидатки, предвидува драстично намалување на правото на вето во околу 150 меѓучекори во преговорите, за кои досега требаше едногласност. Конечниот збор ќе го има Европскиот Совет, кој следната недела ќе дебатира за овој предлог.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканДрама во училиште во Риека: Ученик со пиштол се заканувал дека ќе направи масакр Вооружена полиција интервенираше во Средното економско училиште „Мија Мирковиќ“ во Риека поради закана со оружје.Како што неофицијално дознава Индекс, еден ученик им се заканил на девојчињата со пиштол преку социјалните мрежи и најавил дека ќе „изврши масакр“. Полициски службеници биле повикани во училиштето, но ученичките не биле евакуирани. Младиот човек кој ги упатил заканите не се појавил во училиштето. „Добивме пријава и во тек е кривична истрага. Полициски службеници се испратени во споменатото училиште, како и лицата одговорни за малолетничка деликвенција од полицијата“, не информираше полицијата во Риека.Тагови: пиштол Риека Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСофија и официјално е против укинувањето на ветото во текот на преговорите15:00Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите, не според историјата- дијалогот ќе продолжи 18:20Во Софија средба Муцунски и Петрова Чамова, можен ли е напредок во обновениот дијалог15:18Денеска билатерална средба Муцунски – Петрова Чамова во Софија 08:35
МакедонијаУрбани Уметнички Акции-„Протест на неисполнетите ветувања“ – јавна уметничка акција во СкопјеГолеми канти за ѓубре, исполнети со дваесетина протестни транспаренти со неисполнети ветувања на властите, се поставени на три локации во центарот на Скопје.Големи канти за ѓубре, исполнети со дваесетина протестни транспаренти со неисполнети ветувања на властите, се поставени на три локации во центарот на Скопје: на кејот на Вардар кај плоштадот, на улица „Македонија“ и на скверот кај КИМ на „Партизанска“. На секоја од кантите е испишана пораката „Протест на неисполнетите ветувања“. Со оваа уметничка акција сакаме да ги потсетиме властите на ветувањата што им ги давале на граѓаните во изминатите дваесетина години, а кои остануваат нереализирани. На транспарентите се потсетува на ветувањата за мега паркови во Скопје, бесплатен јавен превоз, пруга до софија, автопати, пречистителна станица за отпадни води во Скопје, гасификација на домаќинствата, почист воздух и други долго најавувани проекти. Кантите покрај со транспаренти на ветуванјата кои протестираат симболично се полни со пропаднати планови и ветувања што завршиле на буништето на историјата. Инсталациите го прикажуваат местото на кое завршува ветеното откако ќе поминат изборите, додека проблемите за кои биле дадени ветувањата остануваат дел од секојдневието на граѓаните. Се менуваат властите и роковите, но граѓаните продолжуваат да чекаат. Акцијата потсетува дека неисполнетите ветувања не се само заборавени зборови, туку пропуштени можности за подобар град и поквалитетен живот. Преку хумор и јасна визуелна порака, таа повикува на јавна одговорност и на паметење на преземените обврски. Граѓаните имаат право да бараат исполнување на ветеното, а властите имаат обврска да објаснат зошто тоа не е реализирано. Група Урбани Уметнички АкцииКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСофија и официјално е против укинувањето на ветото во текот на преговорите15:00Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите, не според историјата- дијалогот ќе продолжи 18:20Во Софија средба Муцунски и Петрова Чамова, можен ли е напредок во обновениот дијалог15:18Денеска билатерална средба Муцунски – Петрова Чамова во Софија 08:35