Црвен крст одбележува Недела на стари лица - Канал 5

Црвен крст одбележува Недела на стари лица

Црвен крст на Град Скопје го започнува одбележувањето на Неделата на грижа на стари лица, која ќе трае од денеска до 26 ноември. 

Црвен крст одбележува Недела на стари лица

Целта на програмата е развој на вонинституционални форми на грижа за стари лица и промовирање на активното стареење.

-Во рамките на Неделата на грижа за стари лица се организираат повеќе активности и тоа: информативни точки - мерење на крвен притисок и гликемија во крвта на три локации во Скопје: автобуска постојка Зелен пазар, пазар Буњаковец и ТЦ Бисер, фризерско и козметичко студио во дневните центри за стари лица во ДХО „Даре Џамбаз“, ООЦК Чаир и Сарај во соработка со средното училиште СУГС „Димитар Влахов”, хуманитарен базар во Веро Џамбо, три информативни работилници со старите лица за правата од социјална и здравствена заштита и организирање на мобилни тимови во домашни услови кај стари и изнемоштени лица со поддршка на UNFPA и централен настан во Дом на култура „Кочо Рацин“, хуманитарна изложба „Сеќавања од минатото” со почеток од 18 до 20 часот, информираат од Црвениот Крст.

Овој сервис е поддржан од страна на Град Скопје, Албиз Фондацијата, Швајцарски Црвен крст и Министерство за труд и социјална политика. Преку програмата на активности се вклучени 200 стари лица во домашни услови и повеќе од 1500 лица на месечна основа во дневни центри за стари лица. /MИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Албанија ја „преживеа“ најпеколната ноќ од антивладините протестите

Нови тензии и приведувања во централниот дел на Тирана.

Албанија ја „преживеа“ најпеколната ноќ од антивладините протестите

Полицијата продолжува да ги приведува демонстрантите по синоќешните судири каде демонстрантите фрлаа камења, молотови коктели и огномет на што полицијата одговори со солзавец, водени топови и гумени куршуми.

Премиерот Рама ги отфрли повиците за оставка, ги повика на дијалог демонстрантите, но и обвини за „странско влијание„ позади протестите.

-Ниту една држава – ама баш ниту една – не може да издржи ваква ситуација. Држава што ќе подлегне на ваква ситуација не би можела да се опорави со години, и години, и години. Затоа, ајде да застанеме и да размислиме. Затоа ги повикувам сите што сакаат да стапат во дијалог, сите што сакаат да воспостават контакт, сите што сакаат да разговараат – со камери или без, со фотографии или без – во кабинетот на премиерот, на универзитетот, каде и да сакате. Ајде да седнеме и да разговараме за тоа кои сте вие, што сакате и што можеме да направиме за вас. Како можеме да ги подобриме работите – секако, без сомнение. Но, немојте да ги следите оние – младите момчиња и девојки – кои одат таму не за да протестираат, туку носат камења и маски со себе. А потоа се жалат дека полицијата ги повредила. Па, не може да се игра балет.- Еди Рама, премиер на Албанија

Началникот на полицијата, Скендер Хита, објави дека во текот на овие пет дена спровеле 167 апсења, додека албанските медиуми објавуваат дека таа бројка преминува над 1000. Според албанското Министерство за здравство, вкупниот број на повредени лица достигна 272, од кои 169 се полицајци. Илјадници луѓе од пошироко антивладино движење, меѓу кои средношколци и студенти, протестираат веќе шестти ден против наводната корупција, невработеноста и ниските образовни стандарди, барајќи итна оставка од Рама.

-Еди Рама мора да поднесе оставка. Веднаш. Инаку, некој може овде да загине.

Некои работи мора да се променат. Кога на мирен начин нема да добиеме одговор, мораме да реагираме на овој начин, за жал.

Полицијата не сака да зборува со нас. Само фрлаат солзавец во количина која што не сум ја видел претходно.

Во Франција пак локалните власти денеска ги проценуваат материјалните штети по вчерашните демонстрации преку 110 маршеви низ државата, со одѕив проценет на 550.000 од Министерството за внатрешни работи но според организаторите бројката се движи над 800.000. Насилни судири, грабежи и пожари беа пријавени во Париз, Лион, Марсеј и Лимож, каде што беше запалено и градското собрание.

-Денеска со инфлацијата е многу тешко да си ги дозволиме основните нешта за живот. Затоа сум тука за да ја покажам мојата поддршка.

Претседателот Емануел Макрон, кој го чекаат редовни избори за шест месеци, се огласи на социјалните мрежи, ветувајќи дека ќе ги гони одговорните.

-Оние кои вандализираа и нападнаа владини згради и бизниси, па дури и ги ограбија нашите општински собранија, ќе бидат гонети и казнети. Сите ќе застанеме обединети против сејачите на хаос, кои сакаат само да ги уништат нашите институции и да ги спречат оние кои мирно ги изразуваат своите барања да го сторат тоа.- Емануел Макрон, претседател на Франција

Првично фокусирани на образованието, протестите во Франција се проширија и на незадоволството поради зголемувањето на трошоците за живот, проблемот со домувањето, социјалната нееднаквост како и влошувањето на јавните услуги. Токму овој револт е и причина за протестите кои иако со помал интензитет деновиве почнаа да се одвиваат и во Италија, Португалија и Белгија.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Радуков: би бил крајно изненаден ако македонските власти не знаеле за бегството на Михаилова

Не можам да тврдам дека било договорено, но би бил исклучително изненаден доколку македонските власти не знаеле за заминувањето на Ива Михаилова во Бугарија, изјави бугарскиот амбасадор во Скопје, Желјазко Радуков.

Радуков: би бил крајно изненаден ако македонските власти не знаеле за бегството на Михаилова

Не можам да тврдам дека било договорено, но би бил исклучително изненаден доколку македонските власти не знаеле за заминувањето на Ива Михаилова во Бугарија, изјави бугарскиот амбасадор во Скопје, Желјазко Радуков во интервју за бугарската телевизија bTV. Негираше дека знаел за планот за бегство на Михаилова и иако подвлече дека не може да го поддржи начинот на кој таа ја напуштила Македонија, Радуков посочи оти го разбирал нејзиниот очај поради ниската доверба во македонските институции. Тој изрази сомнежи за тоа како Михаилова успеала да ја напушти Македонија набројувајќи ги судските ограничувања, одземените патни исправи и полициските мерки што, според него, постојано биле применувани.

-Нема како да не разбереме дека од неа се бара да има доверба во еден систем, во кој општеството има доверба некаде околу 2 проценти.

... Пред нејзиниот дом редовно имаше униформирана полициска патрола, а и да излезеше ја придружуваа полициски службеници во цивилна облека. И Вие како новинари забележавте дека за време на судските рочишта во Кочани таа споделуваше дека во ноќните часови имало дронови над нејзината куќа. И одеднаш сето тоа, на некаков начин, исчезнува и таа ја преминува границата? Ајде, Ве молам!

Значи нема едно такво излегување од земјата при сите тие превентивни мерки што ги опишавте да остане незабележана од тамошните власти?

Тоа не можам да го тврдам, но би бил исклучително изненаден ако не било усогласено. - Желјазко Радуков - амбасадор на Република Бугарија во Македонија

Ива Михаилова цела недела е во болницата „Пирогов“ во Софија, а според бугарските медиуми таму ќе остане до почетокот на следнава седмица. Од здравствената установа посочуваат дека се прават дополнителни високоспецијализирани испитувања за да се разјасни нејзината здравствена состојба, по што ќе се процени како ќе продолжи нејзиното лекување. Во меѓувреме, претставници од Министерството за здравство утре ќе остварат средба со бугарските здравствени власти и ќе разговараат за случајот, бидејќи нејзиното бегство се случи токму кога беше договорено бугарски лекари да дојдат во Македонија.

Додека Бугарија нема намера да ја екстрадира, македонската Влада нема намера да се откаже од барањето на одговорност за случајот со Ива Михаилова. Иако Бугарија тврди дека нема да ја даде назад, македонските власти велат дека располагаат со механизми и најавија дека околностите околу нејзиното заминување, како и за случајот со бегството на нејзиниот татко ќе бидат презентирани пред партнерите во НАТО и ЕУ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пезешкијан: Иран никогаш нема да попушти пред претераните барања на САД

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан изјави дека Техеран никогаш нема да попушти пред, како што ги нарече, претераните барања на САД и дека ќе продолжи да се спротивставува на американскиот притисок.

Пезешкијан: Иран никогаш нема да попушти пред претераните барања на САД

Пезешкијан ова го порача за време на виртуелен состанок посветен на разгледувањето на кандидатурата на Мехрдад Ахлаги Кетабчи за нов министер за одбрана на Иран, објавија иранските медиуми. Пезешкијан нагласи дека на иран сега, повеќе од кога било, му се потребни стручни кадри и посветени припадници на вооружените сили.Тој повтори дека техеран нема намера да нападне ниту една земја, тврдејќи дека иран не го сторил тоа ниту во изминатите два века.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер