МакедонијаЦрвен крст: Досега собрани 700.000 евра за настраданитеДосега собрани 700.000 евра за настраданите, со повик на 143-400 се донираат 100 денари.Од Црвениот крст информираа дека досега собрани се над 42 милиони денари, односно околу 700.000 евра, за помош на настраните во пожарот. Средствата се наменети исклучиво за поддршка на настраданите во пожарот во кочани, информираат од Црвениот крст, и ги повикуваат граѓаните сите заедно и понатаму да ја покажуваме хуманоста и солидарноста. Донациите може да се вршат на сметката на Фондот на солидарноста, он-лајн, како и преку повик на трите мобилни оператори на телефонскиот број 143-400. Со еден повик се донираат 100 денари.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОпожарени две возила со дипломатски таблички пред бугарската амбасада во Скопје14:10Мицкоски: Започна со работа фабриката за производство на опрема за спортови на вода и ветер, „Брејнчајлд“ во Битола13:09Еврокомесарката за проширување на почетокот на јули доаѓа во посета на Македонија 15:00Мицкоски од Илинден: Владата со поддршка за приватниот сектор, колку е поуспешен бизнисот, толку е посилна државата12:58Мицкоски на пуштање во употреба на Дом за стари лица во Илинден09:19
Мицкоски: Започна со работа фабриката за производство на опрема за спортови на вода и ветер, „Брејнчајлд“ во Битола13:09
Мицкоски од Илинден: Владата со поддршка за приватниот сектор, колку е поуспешен бизнисот, толку е посилна државата12:58
ЖивотТрамп го прослави 80. роденден со ултимејт фајт борби пред Белата куќаАмериканскиот претседател Трамп ги прослави својот 80-ти роденден со екстравагантен ултимејт фајт настан на јужниот тревник на Белата куќа, за што беше кренат кафез висок 28 метри. Трамп и илјадници други посетители гледаа како американскиот борач Џастин Гетје го победува шпанско-грузискиот предизвикувач Илја Топурија, освојувајќи ја титулата во лесна категорија. Околу 4.300 луѓе имаше на самиот настан, а се очекуваше уште 85.000 да го следат од фан-зона во соседниот парк. На настанот настапија вкупно 14 борачи, но само Гетје и Топурија се бореа за титула. Тагови: Белата куќа Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Мицкоски ја напаѓа СДСМ и се крие зад Украина и Молдавија за да го сокрие сопствениот неуспехХристијан Мицкоски денес се обиде да се скрие зад Украина и Молдавија и да ја обвини македонската опозиција дека работи против сопствената држава.Тоа не е само безобразно, туку и крајно лицемерно. Прво, Мицкоски не сака Македонија да влезе во Европската унија. Тој свесно ја држи земјата во изолација затоа што знае дека вистинскиот европски пат значи крај за неговата криминална структура која ја презеде контролата врз државата. Додека Украина и Молдавија напредуваат кон Европа, тој Македонија ја држи назад за да се заштити себеси и своите луѓе. Второ, наместо да ги спроведе реформите што самиот ги вети и кои требаше да бидат завршени до 1 јуни, Мицкоски нема никакви резултати. Затоа сега ја напаѓа опозицијата - за да го прикрие сопствениот неуспех и отсуството на каков било план за европскиот пат. Трето, споредбата со Украина и Молдавија е срамна. Владите во тие земји не работат за Александар Вучиќ, не го блокираат сопствениот европски пат заради интересите на криминални структури и руски влијанија. Тие не соработуваат со Виктор Орбан, не земаат кинески кредити преку трети држави и не испраќаат членови на владата да преговараат за интереси на Кина, додека нивните земји се членки на НАТО. Македонската опозиција не работи против државата. Опозицијата работи против политика која Македонија ја држи надвор од Европа, која ја штити корупцијата и која личните и партиските интереси ги става над националните. Мицкоски нема што да покаже од резултати на европскиот пат. Затоа користи секоја прилика да ја напаѓа проевропската опозиција и да го дели општеството. Тоа е неговиот стил - стил на човек кој наместо да гради, се обидува да уништи се што не може да го контролира. Неговите споредби со Украина и Молдавија се само евтин и неуспешен обид да го прикрие сопствениот страв од Европската унија и сопствениот политички неуспех. Соопштение за јавност - реакција на изјавата на Мицкоски СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Свет12 загинати при уривање на авион со падобранци во МисуриАвион со патници кои планирале да изведат скокови со падобран, се урна во американската држава мисури, при што загинаа сите 12 лица во леталото, соопштија властите во сојузната држава.Во трагедијата загинале пилотот и 11 падобранци. Според соопштението на сообраќајната патрола на Мисури, авионот се урнал во близина на аеродромот „Батлер Меморијал“, непосредно по полетувањето. Полициски службеници на терен вршат истрага за несреќата.. Батлер е мал град со околу 4.300 жители, сместен на приближно 105 километри јужно од канзас сити.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook