Црномурестата убавица на Јапонија - силен борец против расната дискриминација во земјата - Канал 5

Црномурестата убавица на Јапонија - силен борец против расната дискриминација во земјата

Аријана Мијамото се сеќава дека на училиште децата не сакале да бидат во ист базен со неа. - Што има полу- Јапонка да ја претставува Јапонија? - е најсподелуваниот коментар по нејзиниот избор за Мис Универзум на Јапонија за 2015 година.

Црномурестата убавица на Јапонија - силен борец против расната дискриминација во земјата
Јапонија тврди дека се глобализира но сеуште не расчистила со базични работи како расната дискриминација - вели првата црномуреста Мис Универзум на Јапонија, Аријана Мијамото, чиј татко е Афро - Американец.




- Работите можеби малку се променети во Токио но не и во внатрешноста на земјата.

Мијамото не се согласува ниту со прифатениот став во Јапонија земјата да се затвори за работници однадвор, и смета дека треба да се поканат луѓе од сите земји на светот и со нив да се споделат културите.

20 годишната убавица која успеа да ја победи конкуренцијата на изборот на Мис Универзум - Јапонија минатиот месец, вели дека добивала груби критики од родното Нагасаки поради бојата на нејзината кожа и кадриците.

- Што има полу- Јапонка да ја претставува Јапонија? Личи како да е од странство. Какво разочарување - ова се дел од коментарите на социјалните мрежи по нејзиниот избор.

Мијамото се сеќава дека на училиште децата ја замолувале да не влегува во базенот додека се тие внатре.

Но таа не се грижи за критиките.

- Ако не беа тие критики немаше зошто да се натпреварувам. Јас не сакам да ги игнорирам, сакам да го сменам ставот на тие луѓе! - вели храбрата убавица.

Важноста на расната чистота во Јапонија е кодифицирана во жанр на пишување наречен „нихонџинрон“. Овие теории го илустрираат предизвикот земјата да ги отвори границите за работници однадвор - нешто што според економистите мора да го стори - пишува Блумберг.

До 2060 бројот на жители на Јапонија ќе се намали за една третина, кога 40% од популацијата ќе бидат над 65 години

- Ако луѓето велат дека се Јапонци тоа е доволно, според мене, да бидта Јапонци, без оглед како изгледаат. Важно е што имаат во своите срца - вели Миајмото.

Повеќе прочитајте тука.


/ извор: bloomberg.com








YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС бараше надзорна расправа за Алта банка а сега не сака да ја продолжи, од што се плаши Филипче?

СДС ја побара надзорната расправа за Алта банка, па откога излезе вистината на виделина, не го закажуваат продолжетокот.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС бараше надзорна расправа за Алта банка а сега не сака да ја продолжи, од што се плаши Филипче?

СДС и Филипче беа гласни за Алта банка, се до моментот кога се дозна во јавноста дека тие биле првите кои му продале акции на Мацура и на самата Алта банка.

СДС и Венко Филипче се заплеткаа во сопствените лаги и потези за Алта Банка.

Филипче и СДС молчат и не кажуваат зошто во 2023 година не излегоа на прес-конференција да ги известат граѓаните дека ќе ги продадат државните акции, на како што тие тврдат, криминалецот Мацура и неговиот сомнително стекнат капитал во Алта банка.

Дали СДС и Венко Филипче се плашат дека во јавноста може да излезат дополнителни информации и токму поради тои и не го закажуваат продолжението на надзорната расправа.

После сите информации СДС и Филипче бегаат кога треба да се соочат со фактите.

Филипче е нервозен затоа што ќе се најде решение за Алта банка, во време на СДС банките пропаѓаа, се затвораа, а блиски до кланот Заеви се богатеа.

Разоткриен е вистинскиот мотив зад долгомесечната кампања на СДС и Филипче против Алта банка. Додека во јавноста се обидуваа да наметнат приказна за таканаречен српски свет, во позадина стои политичка хајка во која се кријат бизнис мотиви на лица блиски до СДС Филипче и кланот Заеви.

Архитекти и главни произведувачи на српскиот свет во Македонија се Венко Филипче и СДС.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Демократка победи на изборите на Алјаска, демократите обезбедуваат големо мнозинство во Сенатот

Кандидатката на Демократската партија, Мери Пелтола, победи на изборите за Сенатот на САД во Алјаска, со што се разјасни односот на силите во горниот дом на американскиот Конгрес по изборите одржани на 3 ноември. 

Демократка победи на изборите на Алјаска, демократите обезбедуваат големо мнозинство во Сенатот

Во новиот состав на Сенатот, кој започнува во јануари 2027 година, демократите ќе имаат мнозинство од 56 наспроти 44 места за републиканците.

Според последните достапни резултати, Пелтола освоила 50,12 отсто од гласовите и го победи актуелниот републикански сенатор Ден Саливан, кој доби 45,80 отсто од гласовите. На тој начин, демократите добија уште едно место кое претходно го држеа републиканците. Трката во Алјаска беше последната неизвесна изборна трка за Сенатот на овогодинешните избори.

Асошиејтед прес ја прогласи Пелтола за победник две недели по изборите.

Со победата во Алјаска, демократите заокружија голем успех на изборите за Сенатот. Вкупно, тие освоија девет места што претходно ги држеа републиканците, што претставува нивен најголем успех од ваков вид на избори за Сенатот уште од 1958 година.

Пред изборите, републиканците имаа мнозинство од 53 наспроти 47 места, додека во новиот состав односот ќе биде 56 наспроти 44 во корист на демократскиот блок, во кој влегуваат и независни сенатори поврзани со Демократската партија.

Демократите исто така успеаја да освојат места во сојузни држави кои традиционално нагинуваат кон републиканците, вклучувајќи ги Тексас, Јужна Каролина, Канзас и Мисисипи.

Според резултатите објавени на 17 ноември, таа добила 144.302 гласа, додека Саливан освоил 131.844. Разликата изнесувала 12.458 гласа. Иако преостанувале уште гласови за броење, „Асошиејтед прес“ процени дека Саливан веќе нема реални шанси да ја надомести разликата.

Покрај победата на изборите за Сенатот, демократите на Алјаска постигнаа успех и на изборите за гувернер. Демократот Џонатан Крајс-Томпкинс ги победи тројцата републикански кандидати и стана првиот демократски гувернер на Алјаска по 1998 година. Резултатите на Алјаска дополнително ја потврдија промената во односот на силите по изборите во средината на мандатот во САД, на кои демократите ја презедоа контролата врз Сенатот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Најбогатиот човек на светот Илон Маск започнува голем проект во Европа: Инвестира три милијарди евра

Илон Маск започнува голем проект во Европа: Инвестира три милијарди евра и отвора стотици работни места.

Најбогатиот човек на светот Илон Маск започнува голем проект во Европа: Инвестира три милијарди евра

Американскиот производител на електрични автомобили „Тесла“ најави инвестиција од три милијарди евра за проширување на фабриката во Гринхајде, недалеку од Берлин. Во рамките на ова, најавена е изградба на нов погон во кој компанијата планира да произведува целосно автономни такси-возила од типот „Сајберкеб“ (Cybercab).

„Ги поставуваме темелите за технолошки најнапредната фабрика на Tesla во светот“, соопштија од компанијата. Новата производна хала ќе има капацитет да произведува до еден милион робо-такси возила годишно.

Изградбата треба да започне во првата половина на 2027 година, а производството – во 2029 година.

Американската компанија исто така најави дека ќе вработи неколку стотици работници за потребите на изградбата и подготовките за производство. Тие имаат намера до крајот на годината да поднесат барање за градежна дозвола за новиот објект, заедно со документацијата што ја доставија во 2023 година за планираното проширување на комплексот.

Инвестицијата, вредна три милијарди евра, опфаќа и изградба на придружни објекти и постројки за третман на отпадни води.

Американскиот гигант претходно се откажа од планираното проширување поради падот на продажбата, но повторно ги активираше инвестициите откако побарувачката закрепна.

Податоците од германската Федерална управа за моторни возила (KBA) покажаа дека продажбата на возила од марката „Тесла“ во Германија во октомври е зголемена речиси четирикратно. Во периодот од јануари до октомври биле регистрирани 47.742 возила на „Тесла“, што е приближно три пати повеќе отколку во истиот период минатата година.

Компанијата неодамна објави дека ќе го зголеми производството на 7.500 автомобили неделно, односно околу 375.000 годишно, а планира и проширување на капацитетите за производство на батериски ќелии. Во октомври, во фабриката на „Тесла“ во близина на Берлин работеле 12.600 луѓе, а портпаролка на компанијата потврди дека во последните неколку месеци биле вработени уште 2.000 работници.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер