1Д-р: Даниловски: Вирусот западен нил активно циркулира, се наоѓаме во период на засилена трансмисија
БалканЦрногорскиот премиер најави оставка доколку до година просечната плата не биде 1.000 евра Пишете каде сакате, снимете го ветувањето пред камери, апсолутно ќе поднесам оставка ако за една година просечната плата во Црна Гора не биде илјада евра, а минималната 700, изјави денеска црногорскиот премиер Милојко Спајиќ .„Пишете каде сакате, снимете го ветувањето пред камери, апсолутно ќе поднесам оставка ако за една година просечната плата во Црна Гора не биде илјада евра, а минималната 700“, изјави денеска црногорскиот премиер Милојко Спајиќ на прес-конференција по повод стоте дена од неговата влада. Ова е предизборното ветување на популистичкото движење „Европа сега“ на Спајиќ, кое го доведе до победа на парламентарните избори во средината на минатата година. Спајиќ рече дека во првите сто дена неговата влада го зачувала угледот и стабилноста на финансискиот систем и економијата на Црна Гора. „Сè што беше ветено ќе се исполни до последно“, посочи црногорскиот премиер. Одговарајќи на критиките дека сака да го исполни своето ветување со укинување на пензискиот фонд, тој тврди дека фондот ќе продолжи да постои. „Фондот на ПИО никогаш нема да се укине, како што не е укинат ниту фондот за здравство. Постои и има рекорден буџет. Две години се зборуваше за колапс на здравството, дека нема да имаме болници, сите бевме сведоци на таа приказна. Сега имаме половина милијарда во буџетот за здравство“, рече Спајиќ. Спајиќ, додека беше министер за финансии во владата на Здравко Кривокапиќ, го дизајнираше проектот Европа сега, со кој минималната плата во Црна Гора ја зголеми од 222 на 450 евра во јануари 2022 година. Шефот на претставничкиот клуб на најсилната опозициска партија, Демократската партија на социјалистите (ДПС), Андрија Николиќ оцени дека владата на Спајиќ е затвореник на лидерот на коалицијата „За иднината на Црна Гора“, на четнички војвода Андрија Мандиќ. . „Безбедносниот сектор е жртва на партиски борби за превласт“, рече Николиќ и тврди дека нема ништо да се добие од економските ветувања на премиерот Спајиќ. „Оставката на Спајиќ нема да ни значи ништо доколку Црна Гора доживее колапс на јавните финансии како што предвидуваат некои финансиски институции“, рече Николиќ. Во таа партија сметаат дека црногорските граѓани биле измамени со предизборни ветувања и „лудиот популизам“, а животниот стандард на црногорските граѓани е паднат, а нивната куповна моќ се намалува. Владата на Спајиќ беше формирана во последните денови од октомври минатата година благодарение на поддршката на просрпската и проруската десничарска коалиција „За иднината на Црна Гора“, чиј лидер Андрија Мандиќ стана претседател на црногорскиот парламент. Мандиќ веднаш откако седна во фотелјата на првиот човек на собранието на Црна Гора, во неговиот кабинет, покрај знамето на Црна Гора и на ЕУ, го воведе и српското знаме. Од неговите кругови има сѐ посилен притисок претставниците на таа опција да влезат во владата на Спајиќ пред крајот на годината, како што е предвидено во коалицискиот договор на владејачкото мнозинство. Спајиќ засега ги одбива ваквите барања. Во своето последно интервју за Телевизија на Црна Гора, Спајиќ изненади многумина кога рече дека за време на реконструкцијата на крајот на годината, одредени опозициски партии, како што се Бошњачката партија и некои од процрногорските партии, би можеле да добијат места во владата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалКапитенот на Тотенхем заминува во МадридКапитенот на Тотенхем го најавува заминувањето, оди кај Симеоне во Мадрид за 40 милиони евра .Кристијан Ромеро синоќа потврди дека го напушта англискиот премиерлигаш Тотенхем по пет сезони поминати во лондонскиот клуб. Аргентинскиот централен дефанзивец го објави своето заминување преку проштална порака, а неговиот трансфер во Атлетико Мадрид сега чека само официјална потврда. Тотенхем и Атлетико постигнаа договор вреден приближно 40 милиони евра, при што англискиот клуб ќе добие и 15 проценти од евентуална идна продажба. Ромеро имаше договор со Тотенхем до 2029 година, но гласините за неговото заминување кружеа во текот на целото лето, а Атлетико беше неговата посакувана дестинација. Аргентинскиот интернационалец одигра 124 натпревари и постигна 12 гола за Тотенхем во текот на пет сезони. Минатата сезона ја носеше капитенската лента, а сега заминува за да соработува со својот сонародник, Диего Симеоне. Интерес за него покажаа и Интер и Арсенал, но Атлетико беше клубот што на крајот го реализираше трансферот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГостиварци му се враќаат на нормалниот живот по еден месец без вода15:00Видео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинати09:06 Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20Стабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21
Видео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинати09:06
Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00
После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20
Стабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21
Свет Маж извлечен од урнатите четири дена по земјотресот во КолумбијаВо Колумбија маж е извлечен од урнатите четири дена по силниот земјотрес. Мажот бил пронајден под урнатините на хотел во градот Переј-Ра, што претставува редок зрак надеж по потресот од 7,4 степени кој ја погоди земјата и однесе најмалку 280 животи.. Околу 400 луѓе и натаму се водат како исчезнати. Земјотресот што ја погоди колумбија во понеделникот наутро, со епицентар во Сан Хозе Дел Палмар во покраината Чоко, урна повеќе станбени блокови и оштети куќи, училишта и болници низ западот на земјата..Тагови: земјотрес Колумбија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаНајголемиот пожар во историјата регистриран во Белгија, ЕУ испраќа помошЗемјите-членки на ЕУ испратија три хеликоптери и два авиона за гаснење пожари за да ѝ помогнат на Белгија во справувањето со пожар во источниот дел на земјата.Земјите-членки на ЕУ испратија три хеликоптери и два авиона за гаснење пожари за да ѝ помогнат на Белгија во справувањето со пожар во источниот дел на земјата, изјави европскиот комесар за управување со кризи, откако белгиските власти побараа итни засилувања за да го стават под контрола најголемиот пожар што ја погодил земјата во последните неколку децении. Огнот го зафати „От Фан“ (Hautes Fagnes), најголемиот белгиски природен резерват, каде што пожарот беснее уште од петокот. Локалните пожарникари, земјоделците и ангажираните воени сили се обидуваат да го спречат ширењето на пожарот. Според извештаите на локалните медиуми, кои се повикуваат на податоци од гувернерот на провинцијата Лиеж, до денес попладне изгореле околу 1.600 хектари. Ова е најголемиот пожар регистриран во Белгија досега – кој го надминува дури и пожарот од 2011 година, кога изгореа речиси 1.400 хектари – според податоците на Европскиот информативен систем за шумски пожари.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГостиварци му се враќаат на нормалниот живот по еден месец без вода15:00Видео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинати09:06 Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20Стабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21
Видео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинати09:06
Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00
После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20
Стабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21