Јон Фрчкоски: 20 дена од скандалот со Алта банка, една недела од кривичната пријава – Обвинителот Савески молчи!
1Јон Фрчкоски: 20 дена од скандалот со Алта банка, една недела од кривичната пријава – Обвинителот Савески молчи!
Фото: Позната водителка во супер воровокативен фустан зрачи со сексапил и во шестата деценија од животот
1Фото: Позната водителка во супер воровокативен фустан зрачи со сексапил и во шестата деценија од животот
БалканЦрногорски младенци се развеле само три часа поради српска песнаСвадбата во црногорскиот град Никшиќ се претворила во хаос и тоа поради политика.Двете семејства , чии деца непосредно пред тоа се венчале, неочекувано се испокарале само поради нарачаната песна ,, Србинка мајка ме роди” , а сцената се случувала во дворот на црквата , каде младите го кажале судбоносното ,,Да”. Според медиумите, договорот бил забавата да помине без „националистички“ песни, но свадбената веселба се растурила кога мајката на невестата ја нарачала истата песна два-три пати. Свекорот, лут на сваќата , почнал да вика пред присутните „доста од овие песни , затоа што ова е Црна Гора“, а потоа настанала мешаница меѓу роднини и пријатели. Се кулминирало кога братот на невестата застанал, ја зел сестрата и ја однел од прославата порачувајќи им на сите закарани - „благодарам, пријатели“. По некое време несудениот свекор ги извлекол каблите од инструментите на музичарите и почнал да ги пцуе. „Пеам она што ми е наредено “, се правдала пејачката. Но, драмата не завршила тука . Несреќната невеста се стрчала кон блиската црква Свети Василиј Острошки, седнала и долго плачела за пропаднатата свадба , на која толку многу се радувала само неколку часа порано. По тепачката, младоженците отишле во своите домови ,а според Телеграф, во Никшиќ може да се чуе дека тие се развеле само по три часа брак.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЈон Фрчкоски: 20 дена од скандалот со Алта банка, една недела од кривичната пријава – Обвинителот Савески молчи!Поминаа 20 дена откако пукна скандалот со Алта банка во Македонија. Помина и цела недела откако СДСМ поднесе кривична пријава против гувернерот Трајко Славески и други одговорни лица.А од јавниот обвинител Ненад Савески – молк. Граѓаните не можат да дојдат до своите пари. Пензионерите не можат да си ги подигнат пензиите. Банкарскиот систем е загрозен. Не се знае дали е отворена истрага за Алта банка? Дали се повикани Славески и Мицкоски да дадат исказ заради тоа што ја донеса пералницата на пари на Вучиќ во Македонија? Обезбедни ли се документите со кои Славески дал согласност Алта да влезе во Македонија? Проверени ли се сметките и трансакциите? Граѓаните бараат одговорност од сите што ѝ ја отворија вратата на пералницата на пари на Вучиќ. Во Србија на големо се постапува. Отворена е истрага. На банката ѝ е одземена дозволата и таа е во стечај. Сопственикот Мацура е уапсен, се истражуваат речиси 400 милиони евра. Од вчера се блокирани и сметките на неговата Алта груп, а Алта лизинг остана без дозвола за работа. Само во Македонија сè уште чекаме и ништо не се презема. Во меѓувреме, Мицкоски и Славески, истите што ја внесоа Алта во Македонија, сега брзаат да ја продадат. Ако на аукцијата нема купувач, цената ќе паѓа. Прво никој нема да се јави, па на крај ќе ја продадат за џабе. Тоа е моделот. А потоа истата банда ќе го обвини СДСМ и за ниската цена. Познат арамиски манир. Дали со брзата продажба се прави обид да се обезвредни банката и да се заташкаат сметките и трансакциите? Кој ќе купи банка во ваква состојба? Што ако од српска страна се оспори продажната цена и се поднесе тужба? Повторно сметката македонските граѓани ќе ја плаќаат. Институциите мора да реагираат сега и да ги заштитат граѓаните на Македонија. Савески мора да го прекине молкот и да постапи независно и по закон. Секое одложување им дава можност на Славески и Мицкоски да го заташкаат случајот, да се уништат докази, записи за трансакции, сметки. Ако Мицкоски му врши притисок, по телефон или на кој било друг начин, Савески нека го каже тоа јавно и нека го одбие. Времето одминува, доколку Савески не постапи ќе стане соучесник, тоа мора да му биде јасно. Прес конференција на СДСМ, Јон Фрчкоски – член на Извршниот одбор СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕкономијаМФ: Над 240 милиони евра поддршка за домашните компании од Владата по поволни услови Над 240 милиони евра поддршка за домашните компании од Владата по поволни услови, префрлена нова транша од Буџетот кон Развојната банка.Нови 45,2 милиони денари се префрлени од Централниот буџет кон Развојната банка за поддршка на инвестиции коишто ги реализираат домашните компнаии. Вкупната поддршка којашто Владата досега ја реалираше во приватниот сектор преку оваа мерка изнесува 14,9 милијарди денари или 242 милиони евра и има значајно влијание врз реализација на приватни инвестиции и поддршка за економската активности. Во Буџетот за реализација на оваа мерка се предвидени вкупно 250 милион евра. Првата транша од Буџетот кон Развојната банка и домашнтие компании Министерството за финансии ја реализираше во март минатата година. Средстава Владата ги обезбеди Владата од унгарската Експорт-импорт банка со цел поттикнување на инвестициски циклус во приватниот сектор и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат преку Развојната банка и деловните банки до крајните корисници – домашните компании по поволни услови со каматна стапка од 1,95% и рок на отплата до 15 години со грејс период до 3 години.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканУкраден сеф со 100.000 евра на 76 годишник од Белград Белградската полиција трага по непознати сторители кои провалиле во куќа во централниот дел на градот и однеле метален сеф во кој, според пријавата на сопственикот, имало околу 100.000 евра во готовина и неколку рачни часовници.Кражбата била пријавена вчера околу 15 часот, откако 76-годишниот сопственик на објектот забележал дека неговиот дом бил ограбен и дека металниот сеф што го чувал во куќата исчезнал. Според неофицијалните информации, при полицискиот увид биле забележани оштетувања на вратата во ходникот, која води кон дворот, како и на самиот влез во објектот...Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook