БалканЦрногорската полиција на нозе: Со дронови бара свој поранешен колега- бегалец од половина милион евра Голем број полицајци синоќа со часови пребарувале ресторан во Грахово, Црна Гора, барајќи го екс колегата во бегство, Љубо Миловиќ.Полицијата наводно се сомневала дека во ресторанот има таен тунел, објави Дан. Сепак, ниту Миловиќ ниту тунелот не се пронајдени. Во операцијата учествувале неколку полициски служби. Додека го пребарувале ресторанот, дронови летале над областа Грахово, објави Адрија ТВ. Полицијата го бара Миловиќ од јули 2022 година, кога Специјалното државно обвинителство издаде налог за негово апсење. Бегалецот е обвинет дека е дел од криминална група, заедно со неговиот поранешен колега, суспендираниот службеник на Агенцијата за национална безбедност Петар Лазовиќ, исто така на водачот во бегство на криминалниот Кавачки клан, Радоје Звицер. Во пресудата, донесена кон крајот на јули од страна на судијата на Вишиот суд во Подгорица, Вељко Радовановиќ, сите тројца беа прогласени за виновни - Звицер доби четири децении затвор, додека Лазовиќ беше осуден на 20, а Миловиќ на 19 години затвор. Лазовиќ и Миловиќ беа осудени со таа првостепена одлука за членство во криминалната организација на Звицер, шверц со цигари и дрога. Месец и половина претходно, Миловиќ беше осуден на четири години затвор во друг судски процес против него и неговиот поранешен колега Марко Новаковиќ за припадност на криминалниот Кавачки клан . Таа пресуда, изречена од судијата на Вишиот суд во Подгорица, Амир Ѓокај, беше исто така првата што му беше изречена на полицаец во бегство. Минатиот месец, Министерството за внатрешни работи објави награда од половина милион евра за информации што доведоа до апсење на Миловиќ.Тагови: бегалец дронови Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветВиткоф и Кушнер, по Путин се сретнаа и со Зеленски Со воз преку Полска од Москава во Киев пристигнаа претставниците на Трамп испратени да посредуваат за крај на војната меѓу Русија и Украина. Откако на Централната железничка станица во Киев беа пречекани од високите претставници на Зеленски потоа и тој лично ги пречека специјалните претставници на американскиот претседател, Стив Виткоф и Џаред Кушнер, кои пристигнаа во Киев, што е нивна прва посета на Украина од почетокот на руската инвазија. Оваа посета беше овозможена со договорот меѓу Русија и Украина за 72 часа целосен прекин на нападите и воените дејствија за да може безбендо да пристигни делегацијата испратена од американскиот претседател Трамп. Нивната посета на Киев доаѓа во време кога Украина ја нагласува важноста на конструктивните и суштинските разговори со САД, според претседателот Володимир Зеленски. Пристигнувањето на специјалните претсавници на Трамп доаѓа по исклучително значајната средба со рускиот лидер Владимир Путин во Москва. Детали од средбата и планот за прекин на 4 годишната војна не се објавуваат никаде а на самиот почеток на средбата Путин изрази благодарност до Трамп за неговите заложби за прекин на војаната. Специјалниот претставник Стив Виткоф се заблагодари за приемот и за овозможувањето на прекин на воените дејства. Специјалните претставници беа во Москва вчера, каде што се сретнаа со Путин. Разговорите траеја повеќе од три часа, што укажува на сложеноста и важноста на дискусиите што се водат во контекст на сегашните геополитички тензии.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСПЦ ја исправи грешката околу именувањето на МПЦ-ОАОткако на својот сајт во информација за мегународна конференција СПЦ го употреби името ПОА-МПЦ за нашата црква, грешката во меѓувреме е исправена, потврдија од синодот на МПЦ-ОА.Српската Православна Црква го коригираше спорното именување на Македонската православна црква на нивната официјална интернет-страница. Од МПЦ-ОА за Канал 5 велат дека стапиле во контакт со СПЦ и побарале, како што велат, очигледната грешка да биде исправена. Во првичната објава за меѓународна конференција во манастирот Манасија, епископот Климент беше претставен како секретар на Синодот на „Православната Охридска Архиепископија – Македонска Православна Црква“.Спорно беше што со првичната формулација се добиваше кратенката ПОА-МПЦ. ПОА беше паралелната црковна структура под јурисдикција на СПЦ, која во 2023 година беше интегрирана во МПЦ-ОА. Дополнително, самата СПЦ во Томосот од 2022 година го употреби официјалното име на македонската црква. Дилеми предизвика и неодамнешната изјава на српскиот претседател Александар Вучиќ дека Српската православна црква е „иста и во Скопје“. Од МПЦ-ОА тогаш реагираа дека својата духовна и пастирска мисија ја остваруваат на сопствената канонска територија. Црковните аналитичари потсетуваат и на низа претходни случаи на поинакво именување – од формулацијата „Охридска архиепископија – Македонска православна црква“, до ословувањето на архиепископот Стефан како „архиепископ на Македонија“ или само како „Охридски архиепископ“. Аналитичарот Бранко Ѓорѓевски смета дека низата различни именувања тешко може да се сведе само на случајни грешки, додека според Цане Мојаноски повторувањето на ваквите примери може да укажува дека во СПЦ се уште има поединци незадоволни од одлуката од 2022 година. „Секоја случајност во комуникациите е значи и одредена порака која треба да ја восприеми оној кому му е упатена. Зачестените грешки повеќе или помалку упатуваат дека во структурата на Српската православна црква постојат незадоволни, така да кажам, елементи, кои на еден или друг начин го изразуваат ставот спротивен на одлуката на Соборот на Српската православна црква од 2022 година.“ „Вакви пораки, слични на онаа која неодамна ја испрати и српскиот претседател Вучиќ, сигурно дека ќе има и во иднина, но нашата црква мора да има јасен страв околу тоа и не смее да дозволи вакви игри со именувањето. Мислам дека се работи за една смислена стратегија со која нашата црква од време на време се потсетува на тоа дека СПЦ нè признала под уставното име и дека тоа не треба да се заборава во нашите релации, посебно со Вселенската патријаршија, врзана за добивањето на конечниот Томос за автокефалност.“ Ѓорѓевски потсетува дека со Томосот од 2022 година СПЦ ја призна автокефалноста на македонската црква, но за официјалното име препорача дијалог со останатите православни цркви. Затоа смета дека македонските владици треба да побараат детално појаснување зошто и натаму се појавуваат различни формулации за МПЦ-ОА.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЗаврши летниот прекин на работата на ЕЕС- ќе се зголемат ли гужвите на границите? Привремената суспензија на дигиталниот систем за влез и излез од Шенген зоната која беше воведена за летниот период и официјално заврши.Привремената суспензија на дигиталниот систем за влез и излез од Шенген зоната која беше воведена за летниот период и официјално заврши – на граничните премини се очекува повторно електронски да се евидентираат биометриските податоци на патниците, со што се стравува дека ќе се зголемат времето на чекање и гужвите. Како што неодамна информираше Европската Комисија, со завршување на дискрециониот период, заради справување со метежите се размислува и за можно распоредување на силите на Фронтекс на потенцијално оптоварените гранични премини. „Кога станува збор за времето по летото, ние сме во близок и конструктивен контакт со оние неколку земји-членки каде што се потребни некои прилагодувања на одредени гранични премини. Комисијата е подготвена да обезбеди дополнителна поддршка за овие земји-членки. Оваа поддршка би можела да вклучува, на пример, оперативна помош и распоредување на дополнителни офицери од постојаниот корпус на Фронтекс.“ Од Комисијата информираа дека очекуваат целосно решавање на преостанатите предизвици поврзани со имплементацијата на ЕЕС системот до крајот на годината. Сепак, коалиција на аеродроми, авиокомпании и туристичката индустрија во Европа, деновиве побараа суспензијата да продолжи и по денешниот ден, бидејќи како што велат, системот предизвикува значителни доцнења. „Со ЕЕС, процесот трае околу 90 секунди по патник, во споредба со 20-30 секунди порано и тоа е кога работи правилно и со соодветен персонал - ЕЕС мора да се поврзе и со националните системи. Комисијата треба да им дозволи на државите целосно да ги суспендираат проверките на ЕЕС пред редовите да станат предолги. Дури и по летниот пик, ги повикуваме институциите на ЕУ да го продолжат механизмот за делумно суспендирање на EES по 6 септември 2026 година.“ Иако засега Европската комисија не го продолжи дискрециониот период, според медиумот Гардијан, поморските гранични премини помеѓу Франција и Велика Британија, се очекува и во догледен период да оперираат без ЕЕС како што тоа се одвиваше и досега. Дополнително како што пишува Гардијан, практиката на грчките аеродроми неофицијално да ги ослободат патниците од Велика Британија од проверките на EES за да избегнат редици, и понатаму ќе продолжи. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook