Герасимовски: Срамота е што советничката група на ВМРО-ДПМНЕ ги блокира вработувањата на административно технички персонал
2Герасимовски: Срамота е што советничката група на ВМРО-ДПМНЕ ги блокира вработувањата на административно технички персонал
3Министерот Дурмиши: За две години спроведовме реформи што носат повеќе инвестиции, нови работни места
ФормулаЦрни ленти на Ф1 болиди во спомен на МаркионеЦрни ленти се поставени на болидите на Ферари, Саубер и Хас.Ова беше видливо првата тренинг сесија за Големата награда на Унгарија во Формула 1 на патеката „Хунгароринг“. Ова се трите екипи кои се поврзани со покојниот извршен директор на Фиат Крајслер - Серџо Маркионе. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГори дива депонија во Шуто Оризари11:53Постои принципиелен договор за ресорите меѓу коалициските партнери, имињата ќе се знаат вечерва–најави Мицкоски08:54Постои принципиелен договор за ресорите меѓу коалициските партнери, имињата ќе се знаат утре – најавува Мицкоски15:00Регистриран земјотрес во епицентралното подрачје Тетово-Гостивар08:24Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ да биде мост кон членство, а не трајна чекална15:24
Постои принципиелен договор за ресорите меѓу коалициските партнери, имињата ќе се знаат вечерва–најави Мицкоски08:54
Постои принципиелен договор за ресорите меѓу коалициските партнери, имињата ќе се знаат утре – најавува Мицкоски15:00
Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ да биде мост кон членство, а не трајна чекална15:24
МакедонијаВелјановски: Бројката на загинати во сообраќајки во првите пет месеци годинава е намалена за 40%Бројката на загинати во сообраќајки во првите пет месеци годинава е намалена за 40% за разлика од истиот период минатата, безбедноста на граѓаните останува врвен приоритет на ВМРО-ДПМНЕ.Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на безбедноста на граѓаните и на спроведување политики кои даваат резултати. ВМРО-ДПМНЕ и надлежните ќе продолжат со проширување на системот „Безбеден град", чија главна цел е намалување на бројот на тешки сообраќајни незгоди и преполовување на смртните случаи и сериозни повреди на патиштата до 2030 година. Дека системот функционира, тоа го потврдуваат и самите бројки. Во текот на првите пет месеци од неговата примена, бројот на загинати во сообраќајни незгоди е намален за 40%, од 55 загинати во истиот период лани, на 33 годинава. Системот беше воведен прво во Скопје, Куманово, Тетово и на коридорите 8 и 10, а потоа имплементиран и во Велес. Минатата недела, камери беа поставени на автопатот кај Ново Село во општина Дебарца, а истовремено започна и постепено воведување на системот во Охрид. Безбедноста на граѓаните и понатаму останува приоритет, а „Безбеден град" е само еден од конкретните чекори за постигнување на целта. Истиот ќе биде ставен во функција во секој еден град низ Македонија. Александар Велјановски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаГерасимовски: Срамота е што советничката група на ВМРО-ДПМНЕ ги блокира вработувањата на административно технички персонал Срамота е што советничката група на ВМРО-ДПМНЕ ги блокира вработувањата на административно технички персонал и дефектолози во основните училишта.Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, остро реагираше откако советничката група на ВМРО-ДПМНЕ не ја поддржа предлог-одлуката за вработување технички персонал во основните општински училишта. „Искрено, разочаран сум од тоа што го гледам. Советници да гласаат против подобри услови за децата во училиштата е навистина несфатливо. Денес се училиштата, утре ќе бидат градинките. Толку ли ви се важни партиските насоки? Сите ние доаѓаме од политички партии, но овде сме избрани да работиме за граѓаните. Во изминатите четири години сите одлуки што беа во интерес на граѓаните, децата, учениците и училиштата добиваа поддршка, без разлика на политичката припадност. За жал, последните недели гледаме поинаков пристап – прес-конференции, политички напади и одлуки кои очигледно се носат во интерес на партиски штабови, а не на граѓаните. Ќе ви се удри од глава тоа што не гласате за вработување на технички персонал и дефектолози. Знаете ли што значи училиштата да немаат доволно технички персонал? Кој ќе се грижи за хигиената? Кој ќе им помогне на децата со посебни образовни потреби? Лудост е пак да гласаме за дупови како што се гласало пред 10 години, само заради лични интререси! Ова е навистина срамота за советниците на ВМРО ДПМНЕ да си поигруваме со децата, сега во школите, а после и градинките! Четири години не дозволивме партиските интереси да бидат пред интересите на граѓаните и така ќе продолжиме. Кога носите вакви одлуки, размислувајте со своја глава и гласајте во интерес на граѓаните, а не по партиски директиви“, рече Герасимовски. На деветтата седница на Советот на Општина Центар се води бурна расправа околу потребата од нови вработувања во основните училишта. Од страна на општинската администрација беше посочено дека училиштата се соочуваат со сериозен недостиг од технички персонал, хигиеничари и дефектолози, што директно влијае врз условите за работа и квалитетот на воспитно-образовниот процес. Беше нагласено дека станува збор за реална потреба на училиштата, а не за политичко прашање, при што беше упатен повик сите советници заеднички да најдат решение, наместо оваа тема да се користи за дневно-политички и популистички цели, бидејќи последиците од недостигот на кадар најмногу ги чувствуваат учениците. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕкономијаМинистерот Дурмиши: За две години спроведовме реформи што носат повеќе инвестиции, нови работни местаЗа две години спроведовме реформи што носат повеќе инвестиции, нови работни места и подобар животен стандард.Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, на денешната прес-конференција по повод две години од работата на Министерството за економија и труд ги презентираше клучните резултати, реализираните реформи и политиките што во изминатиот период беа насочени кон заштита на животниот стандард на граѓаните, зголемување на вработеноста, подобрување на деловната клима и поддршка на инвестициите. „Денес не сум тука да зборувам за политички оценки. Тука сум да зборувам за резултатите. Во изминатите две години реализиравме политики кои имаат директно влијание врз граѓаните, компаниите и економскиот развој на државата“, истакна министерот Дурмиши. Во своето обраќање министерот нагласи дека во услови на глобални економски предизвици, нарушени синџири на снабдување и геополитички кризи, Министерството навремено реагирало со таргетирани мерки за стабилизација на пазарот, меѓу кои ограничување на трговските маржи и воведување потрошувачки кошнички, со цел да се ублажи притисокот врз семејните буџети и да се спречат неоправдани ценовни шокови. Истовремено, како што посочи, Владата работи на долгорочна стратешка стабилизација на пазарот преку координација со сите надлежни институции, производителите, трговците и стопанските комори, со цел навремено препознавање на ризиците и обезбедување предвидлива економска средина. Во делот на политиките за вработување, министерот истакна дека успешно се реализирани Оперативните планови за вработување за 2024, 2025 и 2026 година. Само во 2025 година за активните мерки за вработување беа обезбедени повеќе од 2,5 милијарди денари, при што беа реализирани над 2 милијарди денари. Особено успешни беа мерките за самовработување, практикантство, преквалификација и отворање нови работни места. Како еден од најзначајните резултати беше посочена успешната имплементација на Гаранцијата за млади, преку која 26.636 млади лица излегле од евиденцијата на невработени преку вработување, образование или вклучување во активни мерки. За 2026 година обезбедени се 2,41 милијарди денари преку новиот Оперативен план, со кој ќе бидат опфатени 10.352 граѓани преку грантови за самовработување, поддршка за нови компании, субвенционирано вработување, практикантство, обуки за дефицитарни занимања, поддршка за лица со попреченост и младински додаток. Министерот се осврна и на реформите во областа на трудот, при што информираше дека во изминатиот период се донесени или изменети повеќе од 20 законски решенија. Реактивиран е Економско-социјалниот совет, повторно е ставена во функција Комисијата за утврдување репрезентативност, а со законските измени е намален прагот за репрезентативност на синдикатите од 10 на 5 проценти, со што повторно е воспоставен функционален социјален дијалог меѓу Владата, синдикатите и работодавачите. Во насока на подобрување на деловното окружување, Министерството реализираше значајни активности во рамките на Реформската агенда. Оптимизирани се 28 парафискални давачки, мапирани се 100 административни постапки што ќе бидат поедноставени и дигитализирани, а подготвена е и Националната стратегија за развој на малите и средните претпријатија за периодот 2025–2030 година. Министерот истакна дека Министерството презело нови надлежности во делот на финансиската поддршка на инвестициите, при што во Буџетот за 2026 година се обезбедени 1 милијарда и 230 милиони денари за поддршка на компании што инвестираат, отвораат нови работни места и создаваат додадена вредност. Како конкретен пример за успешна инвестициска политика беше посочена Технолошко-индустриската развојна зона Тетово, каде што компаниите во 2025 година реализирале производство вредно над 6,4 милијарди денари и извоз од речиси 8,9 милијарди денари, со вкупно 1.845 вработени. Воедно беше најавена и новата инвестиција на компанијата CAVO Otomotiv, вредна 21 милиони евра, која ќе отвори околу 550 нови работни места. Во своето обраќање министерот нагласи дека Министерството активно работи и на исполнување на реформските обврски поврзани со европската интеграција преку реализација на ИПА-проекти, усогласување на законодавството со европските стандарди, јакнење на конкурентноста на стопанството и развој на човечкиот капитал. „Свесни сме дека остануваат бројни предизвици, но уверен сум дека реформите што ги започнавме се цврста основа за поконкурентна, поиновативна и поотпорна економија. Продолжуваме со истата цел – повеќе инвестиции, повеќе работни места, посилни компании и подобар животен стандард за секој граѓанин“, порача министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter