3ВМРО-ДПМНЕ: Филипче со потсмев ја поздрави одлуката на Абази со која беше ослободен од одговорност за трагедијата со модуларната болница
БалканЦрна Гора се простува од убиените во масакрот во Цетиње (ВИДЕО)Денеска се одржа комеморативна седница во домот на Владата во Цетиње во спомен на дванаесетте жртви од трагедијата што ја потресе Црна Гора.Градоначалникот Никола Ѓурашковиќ ја истакна потребата од одговорност и систематски промени за да се спречат слични трагедии: „Уште една невидена трагедија го погоди нашиот град и целото општество. Загубата на 12 животи остави празнина што не може да се пополни. Тоа не е загуба само за семејствата, туку и за целата заедница.“ На комеморацијата присуствуваа претставници на локалните и државните власти, дипломати и бројни граѓани, кои им оддадоа почит на жртвите и изразија солидарност со семејствата, објави Индекс. Деветгодишниот Вукан Вулетиќ и неговиот брат Јован, нивниот вујко Мирко Вулетиќ, Јошо Оташевиќ, Бранислав Мудреша, Радивоје Марковиќ и Драгана Драшковиќ беа погребани вчера на гробиштата во Цетиње. Цел ден врнеше дожд, а долга редица луѓе во црно со венци и цвеќиња во рацете дојдоа да им оддадат последна почит. И покрај големиот број присутни, владееше тишина, прекината само со липање и молитви. Членовите на семејството до крај останаа покрај ковчезите, со болка се збогуваа со најблиските. Ацо Мартиновиќ на самиот почеток на новата година уби 12 лица, меѓу кои две момчиња на возраст од 9 и 13 години, пред да се самоубие. Меѓу жртвите има и членови на семејството на убиецот Мартиновиќ и семејството Вулетиќ, сопственици на кафеаната каде што масовниот убиец го почна крвавото дивеење по кавга во кафеана. Четворицата преживеани сè уште се опоравуваат во болница. „Не сакам да кажам дека ова е само уште едно незапаметено злосторство. Сакам да го паметиме за да најдеме сила вакво нешто никогаш да не се повтори“, рече Мирко Станиќ, потпретседател на Собранието на главниот град. Комеморации се одржаа и во други градови во Црна Гора и регионот. Во Тиват и Жабљак граѓаните со едноминутно молчење им оддадоа почит на жртвите, а во Подгорица демонстрантите пред зградата на Владата носеа транспаренти со пораки како „Рацете ви се крвави“ и „Системот ви е скапан“. Насобраните гласно ги извикуваа имињата на загинатите деца. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕкономијаДенеска нови цени на нафтените дериватиРегуалаторната комисија за енергетика денеска треба да донесе нова одлука за малопродажните цени на горивата. Со претходната одлука бензините поскапеа за 4,5 денари, а дизелот поскапи за 6,5 денари по литар. Во последната пресметка на регулаторна продолжена беше и примената на намелените акцизи и тоа за 2 денари кај бенизните и за 4 денари по литар кај дизелот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ТенисНовак Ѓоковиќ и Арина Сабаленка ги добија своите противници на Ју-Ес ОпенНајтрофејниот свтески тенисер во историјата Новак Ѓоковиќ и најдобрата светска тенисерка Арина Сабаленка ќе се соочат со Френсис Тиафо и Лејла Фернандез во осминафиналето на Грен слемот во Њујорк, УС Опен во конкуренција на мешани двојки.Ќе видиме како домашната публика ќе реагира на мечот против северноамериканскиот пар и кого ќе го поддржува, а според моменталната ситуација, натпреварот е закажан за утре, 25 август. Во евентуалното четвртфинале, ги очекуваат победниците од дуелот меѓу брачниот пар Гаел Монфис и Елина Свитолина, односно Алекс Ил и Феликс Оже-Алијасим. И Александра Круниќ би можела да се најде во главната ждрепка доколку таа и Мате Павиќ ги победат Пејтон Стернс и Кристијан Харисон. Меѓу поинтересните парови во главната ждрепка се Карлос Алкараз и Серена Вилијамс, кои ги очекуваат своите противници од квалификациите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДенеска почнува судењето на Артан Груби: Можен ли е политички потрес?08:30Пожарите кај Бигла и Пехчево ставени под контрола, во гасењето вклучени над 300 луѓе20:30Од палење гуми во двор избил голем пожар кај делчевско Бигла19:1510 пожари беснеат низ државата, повторно гори кај мариовско Бонче кое било спасено ноќеска15:00ЦУК: Ангажирани се сите ресурси за ставање под контрола на пожарот во Палиград11:30
МакедонијаВРЕДИ: Груби пред правдата, „пеењето“ на Бујар даде резултат…Денес „пеењето“ на Бујар Османи добива поинакво значење: Артан Груби е пред правдата, а Бујар сè уште го чека моментот да направи чекор кон лидерската позиција во ДУИ.Со месеци Бујар молчи за Груби, иако некогаш двајцата беа на врвот на ДУИ. Денес се однесува како никогаш да немале заедничка политичка историја. Наместо мандатот како министер за надворешни работи да го користи во интерес на државата, Бујар го искористи и за своите внатрепартиски пресметки во ДУИ, „пеејќи“ де ваму де таму и правејќи сметки за преземање на раководството на ДУИ. Денес сценариото станува сè појасно: Груби пред судот, Али Ахмети под притисок, а Бујар ја чека фотелјата на претседателот на ДУИ. Но, прашањето е едноставно: зошто Бујар молчеше за Груби кога беа заедно на врвот на ДУИ? Што знае тој за оваа приказна и зошто денес се однесува како Груби никогаш да не постоел? Зашто во политиката, понекогаш не е важно само кој зборува, туку и зошто досега молчел. Ако „пеењето“ на Бујар било за правда, нека го каже тоа отворено. Ако било за власт и за фотелјата на Али Ахмети, тоа веќе сите го разбираат. Груби нека одговара пред правдата. Бујар нека им одговори на граѓаните.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter