Црна Гора го разгледува хрватскиот модел на сезонско вработување на странци во туризмот - Канал 5

Црна Гора го разгледува хрватскиот модел на сезонско вработување на странци во туризмот

Претставниците на црногорската туристичка индустрија сметаат дека Црна Гора треба да ја поедностави постапката за вработување странски работници, по примерот на Хрватска.

Црна Гора го разгледува хрватскиот модел на сезонско вработување на странци во туризмот

Црногорската Влада минатата недела го објави предлог-законот за постојани сезонски работни места, што не го решава клучниот проблем - брзо и лесно вработување на странски сезонски работници, од кои зависи локалната сезона, сметаат претставниците на туристичката индустрија.

Со законот за првпат систематски се регулира статусот на постојаните сезонски работници во туризмот, угостителството, трговијата, градежништвото и земјоделството.

Од работодавачите се очекува да ги регистрираат работниците за пензиско и здравствено осигурување дури и вон сезона, со обврска да им понудат работа следната година. Мерката, сепак, се однесува исклучиво на црногорските граѓани.

Годишно во туристичкиот сектор се ангажирани помеѓу 19 и 20 илјади сезонски работници, а значаен дел се странци. Туристичките работници предупредуваат дека без поедноставени и забрзани процедури за нивно вработување, не е можно да се обезбеди стабилна сезона.

Хрватска е наведена како пример за ефикасно решение, каде што странските работници сочинуваат речиси половина од сезонските вработени во туризмот, тврдат тие. Хрватска воспостави целосно дигитализиран систем за издавање дозволи за престој и работа, без потреба работникот физички да престојува во земјата за време на постапката.

Постапката се спроведува електронски, со поврзување на регистрите на надлежните институции - служба за вработување, полиција, пензиско и здравствено осигурување и доцнење во администрацијата - што овозможува автоматска размена на податоци и значително пократки рокови за обработка на барањата.

Претставниците на црногорската туристичка индустрија сметаат дека Црна Гора треба да воспостави унифициран дигитален портал како единствена точка за регистрирање на сезонски работници, со цел да се одговори на реалните потреби на пазарот на трудот пред туристичката сезона.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Времен режим на сообраќај на ГП „Делчево“

Од 10.09.2026 година, поради започнати градежни активности на патната инфраструктура во рамки на целосната реконструкција на Граничниот премин „Делчево“, воведен е времен режим на сообраќај.

Времен режим на сообраќај на ГП „Делчево“

За времетраење на градежните работи, сообраќајот за моторни возила на влез и излез од државата ќе се одвива по една сообраќајна лента во секој правец, поради што капацитетот за проток на возила на граничниот премин е намален и можни се подолги задржувања.

Апелираме до граѓаните, доколку се во можност, да ги користат соседните гранични премини, со цел да се избегнат подолги чекања и да се овозможи непречено одвивање на сообраќајот.

Ги замолуваме сите учесници во сообраќајот за трпение, внимателно возење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација и насоките на надлежните служби.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишени од слобода 10 возачи за „безобѕирно управување возило“

Девет возеле без возачка дозвола и еден за време на активна забрана.

Лишени од слобода 10 возачи за „безобѕирно управување возило“

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода 10 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.

Од нив, девет управувале возило без положен возачки испит и тоа: Б.Б.(26), А.Д.Ј.К.(19), Х.И.(20) и Б.Д.(21) од Скопје, Х.С.(49) и Ј.А.(49) од Тетово, У.М.(35) од Виница, И.Т.(48) од Кочани и Д.А.(29) од Македонска Каменица. Од слобода е лишен и С.М.(47) од Кочани затоа што возел за време на активна забрана. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Митовски: Ветувањата вредат кога стануваат дела – да подадеме рака таму каде што е најпотребно

Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, денес го посети семејството Ангеловски и малиот Атанас, за кого е целосно реализирано ветувањето за подобрување на условите во домот.

Митовски: Ветувањата вредат кога стануваат дела – да подадеме рака таму каде што е најпотребно

На почетокот на својот мандат, при посетата на семејството, Митовски вети поддршка за создавање услови приспособени на потребите на Атанас, дете со попреченост. Денес, дадениот збор е претворен во дело , целосно се уредени и приспособени бања и тоалет со непречен пристап, со што значително се олеснува секојдневието на Атанас и на целото семејство.

„Мило ми е што можев да им го олеснам секојдневието и што ветеното денес е реалност. Но, уште повеќе би ме радувало ако овој гест биде поттик и за другите. Да си бидеме поддршка едни на други, да подадеме рака и да помогнеме таму каде што е најпотребно. Понекогаш за некого нашата помош значи многу повеќе отколку што можеме да замислиме“, истакна градоначалникот Митовски.

При посетата, со пригодни подароци беа израдувани Атанас и неговата сестричка, а нивните насмевки беа најубавата слика од средбата.

Пораката е едноставна, но силна, хуманоста добива вистинска вредност кога станува дело. Нека ова биде поттик за општествено одговорните компании, институциите и сограѓаните да се вклучат и да бидат поддршка таму каде што е најпотребна.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер