Светската јавност во исчекување на говорот на Трамп – Иран и Украина се очекува да бидат доминантни теми
Почивалец: Инвестираме во инфраструктурата, ги поддржуваме младите и создаваме услови за економски развој на Радовиш
1Светската јавност во исчекување на говорот на Трамп – Иран и Украина се очекува да бидат доминантни теми
2Почивалец: Инвестираме во инфраструктурата, ги поддржуваме младите и создаваме услови за економски развој на Радовиш
3Кристијан Бајовски постави Гинисов рекорд со 1.257 склекови за еден час: „Не е само бројката – тука се сите жртви, тренинзи и сомнежи“
БалканЦрна Гора блокираше веб-страници што промовираат проституцијаЦрногорската полиција ги оневозможи и блокираше веб-страниците за промоција на проституција што им беа достапни на корисниците во Црна Гора.Во соопштението на локалното Министерство за внатрешни работи се наведува дека претходно е идентификувано присуството на неколку веб-страници за рекламирање и обезбедување услуги за проституција, по што Управата на црногорската полиција испрати официјални иницијативи за блокирање на IP и DNS адресите до надлежните институции и интернет провајдерите. Се наведува дека таа мерка е дел од исполнувањето на обврските од Поглавје 24 од преговарачкиот процес со Европската Унија, кои се однесуваат на правдата и основните човекови права, односно на борбата против трговијата со луѓе и заштитата на жртвите од сите форми на експлоатација.Тагови: Црна Гора Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Учество на седницата во рамки на ГС на ОН со која претседаваше Антонио Кошта12:50Мицкоски: Денеска бевме дел од отворање на Генералното собрание на ОН11:01Мицкоски на средба со претставници на американската воена индустрија09:16Од полноќ нови цени на горивата, дизелот поскап за 5,5 а бензините за 1,5 денари за литар18:25РКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 5,50 денари по литар, бензините поевтинуваат16:29
СветСветската јавност во исчекување на говорот на Трамп – Иран и Украина се очекува да бидат доминантни темиВниманието на светската јавност е во насочено кон американскиот претседател Доналд Трамп.Вниманието на светската јавност е во насочено кон американскиот претседател Доналд Трамп, кој треба да се обрати пред Генералното собрание на Обединетите Нации во Њујорк, во момент на длабоки геополитички тензии и глобална енергетска криза. Војните на блискиот исток и во Украина се очекува да имаат доминантно место во говорот на американскиот претседател, а според медиумските извештаи, тој ќе се осврне и на темите поврзани со договорот со гренланд, вештачката интелегенција и за иднината на Обединетите Нации, тело кое во изминатиот период Трамп жестоко го критикуваше. Според најавите од Белата Куќа, Трамп фокусот ќе го стави на лидерството на САД, на бројните предизвици со кои се соочиле како земја и на тоа дека светот е во подобра состојба отколку претходно.. Во однос Иран, седум месеци по почетокот на војната, Трамп се очекува да нагласи дека конфликтот бил неопходен за да се спречи нуклеарната закана од техеран, а војната во Украина, да ја лоцира како една од клучните причини за актуелната нафтена криза. Токму затоа, тој се очекува на денешната средба со зеленски да изврши притисок врз украинскиот колега да ги прекине нападите врз руските рафинерии за гориво. Трамп вчера изјави дека русија за жал ја загубила контролата врз својата индустрија за дизел-гориво. Оваа смешна и бескрајна војна со украина мора да заврши, напиша тој на социјалните мрежи.Тагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Учество на седницата во рамки на ГС на ОН со која претседаваше Антонио Кошта12:50Мицкоски: Денеска бевме дел од отворање на Генералното собрание на ОН11:01Мицкоски на средба со претставници на американската воена индустрија09:16Од полноќ нови цени на горивата, дизелот поскап за 5,5 а бензините за 1,5 денари за литар18:25РКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 5,50 денари по литар, бензините поевтинуваат16:29
МакедонијаПочивалец: Инвестираме во инфраструктурата, ги поддржуваме младите и создаваме услови за економски развој на РадовишДенес презентирам отчет за реализираните активности, проектите, преземените мерки и иницијативите што беа спроведени во изминатиот период, како и за дел од проектите кои се во тек на реализација.Работата на локалната самоуправа ја насочувме кон подобрување на условите за живеење, унапредување на инфраструктурата, подобрување на јавните услуги, поддршка на младите, образованието, културата, спортот, животната средина и создавање услови за локален економски развој. Посебно внимание посветивме на воспоставување соработка со граѓаните, институциите, јавните претпријатија, невладиниот сектор, спортските клубови, културните организации и меѓународните партнери. Во областа на инфраструктурата беа реализирани и започнати повеќе значајни активности: Во тек е реализација на договор за уредување на јавни површини поставување на бекатон во градот Радовиш и населените места; заврши реконструкцијата на улицата „Ванчо Прке“, се реализираа активности поврзани со регулацијата на Ораовичка Река, во село Воиславци се реализираше регулацијата на поројот и изградбата на улица по трасата на поројот, при што проектот влезе во завршна фаза, продолжи изградбата на обиколницата „Малешевски пат“ кај село Подареш, изградбата на Градскиот пазар влезе во завршна фаза, реконструкцијата на објектот на Стоковната куќа во мултифункционален простор влезе во завршна фаза. Реконструкцијата на Домот на културата „Ацо Караманов е исто така во завршна фаза, реконструкција на градски стадион. Обезбедени се средства за решавање на имотно-правните работи за ГП на градски базент. Во тек е промена на проект за фекална канализација Карши Маале, изработка на основни проекти за изградба на кружна крстоскица на бул. А.Македонски, како и изработен проект за батерии за складирање на електрична енергија. Набавка на урбана опрема за изградба на нови дески игралишта и реконструкција на сите постојни во соработка со рудник за бакар „Бучим“, во тек е воведување на ГИС систем за општината. Поддршката на младите и образованието беше една од приоритетните области. Во овој сегмент: беа доделени субвенции за добивање возачка дозвола, при што 91 млад човек го оствари правото на субвенција во износ од 12.000 денари, беа доделени 25 субвенции за купување велосипеди, на учениците од прво одделение им беа обезбедени ученички униформи, на матурантите и полуматурантите им беа покриени трошоците за матурската прослава, беа наградени и одликувани образовните работници по повод Денот на просветните работници. Посебно значајна беше мерката за ослободување на младите до 35 години од плаќање комуналии при изградба на нов дом. Интересот за оваа мерка покажа дека постои реална потреба од создавање услови младите луѓе да останат, да градат домови и да го планираат својот живот во Општина Радовиш. Во областа на културата беа реализирани и поддржани бројни манифестации, настани и активности. Општината даде поддршка на културните организации, невладиниот сектор, фолклорните друштва и здруженијата кои придонесуваат за културниот живот. Беа одржани сите традиционални фолклорни фестивали, повторно го обновивме Детскиот карневал и одржавме нова манифестација „Радовишки вински двор“. Во областа на спортот беа реализирани и поддржани повеќе активности. Покрај традиционалните турнири и спортски настани, градот беше домаќин на педесетото јубилејно издание на „Македонски Бисер“. Еден од најзначајните предизвици во областа на животната средина беше проблемот со градската депонија. Поради повеќекратното палење на депонијата, беше создадена сериозна опасност по квалитетот на воздухот и здравјето на граѓаните. Општината презеде активности за справување со состојбата. За ЈП „Плаваја“ обезбедени се три специјални возила за собирање на отпад. Општината учествуваше и во активности поврзани со регионалното управување со отпадот. Во областа на локалниот економски развој беа преземени активности за создавање услови за нови инвестиции и отворање на нови можности за стопанството. Во тек е постапка поврзана со пренамена на ТИРЗ зоната во индустриска зона со цел нивно ставање во функција. Во областа на безбедноста и заштитата на граѓаните беа преземени активности за подобрување на условите за работа на Територијалната противпожарна единица Радовиш. За ТППЕ Радовиш беше обезбедена нова опрема. Професионални дрегери, теренско возило Фолксваген. Противпожарно возило комплет опремено со опрема за гасење пожари, справување со поплави и сообраќајни несреќи. РТЦ машинка за сообраќајни несреќи. Почитувани, Нашата обврска не е само да создадеме подобар Радовиш денес. Наша обврска е да создадеме Радовиш кој ќе биде подобро место за живеење и за идните генерации. Луѓето се важни. Тие се душата на еден град и на една општина. Можеме да изградиме најубава улица, најмодерен објект и најубав парк. Но ако човекот не се чувствува вреднуван, слушнат и поддржан – тогаш сме ја промашиле суштината и тоа е вистината. Затоа нашата цел е Општината да биде поблиску до граѓаните. Отворена за соработка. Отворена за идеи. Отворена за проблемите на секој наш жител. Токму во таа насока сум особено задоволен од огромниот интерес за субвенцијата за млади до 35 години, со која ги ослободуваме од плаќање на комуналии при изградба на нов дом. Затоа што сакаме младите да останат тука. Да градат тука. Да создаваат семејство тука. Да ја градат својата иднина во Радовиш. Љупче Почивалец, градоначалник на Општина РадовишТагови: Љупче Почивалец Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Учество на седницата во рамки на ГС на ОН со која претседаваше Антонио Кошта12:50Мицкоски: Денеска бевме дел од отворање на Генералното собрание на ОН11:01Мицкоски на средба со претставници на американската воена индустрија09:16Од полноќ нови цени на горивата, дизелот поскап за 5,5 а бензините за 1,5 денари за литар18:25РКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 5,50 денари по литар, бензините поевтинуваат16:29
МакедонијаОпштина Бутел: Финансиска поддршка во износ од 4 милиони денари за спортските клубовиОпштина Бутел додели финансиски средства во износ од 4 милиони денари, за поддршка на спортските клубови од општината.Општина Бутел е најспортската општина во Македонија. Локалната самоуправа промовира политики за поддршка на спортот и постојано вложува во развој на сите спортови. Градоначалникот Дарко Костовски изрази надеж дека финансиската поддршка ќе поттикне напредок во сите спортови и спортистите ќе освојат европски и олимписки медали. Градоначалникот е најсилен партнер на сите спортисти и спортски клубови и останува посветен на обезбедување финансиска поддршка на највисоко ниво. Општина БутелТагови: Општина Бутел Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook