Кристијан Бајовски постави Гинисов рекорд со 1.257 склекови за еден час: „Не е само бројката – тука се сите жртви, тренинзи и сомнежи“
2Кристијан Бајовски постави Гинисов рекорд со 1.257 склекови за еден час: „Не е само бројката – тука се сите жртви, тренинзи и сомнежи“
ЖивотЦрн петок 2025 година: Еве кога паѓа и зошто токму тој ден е одбран за попусти и голем шопингПред сите да почнат да се прашуваат кога е тој „Црн петок“, еве една вест за тоа како настанал и зошто и ден-денес луѓето трчаат по продавници и купуваат што ќе стигнат.Имено, Црниот петок во 2025 година паѓа на 28 ноември, а потекнува од САД, каде што се слави ден по Денот на благодарноста, и од тој ден официјално започнува сезоната на божиќни купувања уште од 1952 година. Многу продавници нудат големи попусти и распродажби, а често се отвораат многу рано – понекогаш и на полноќ, па дури и на самиот Ден на благодарноста. Некои продавници ги продолжуваат попустите до понеделник, познат како „сајбер-понеделник“. Црниот петок не е официјален празник, но во Калифорнија и неколку други држави се смета за државен празник за јавните службеници, понекогаш наместо Колумбовиот ден. Многу вработени во малопродажба и ученици имаат слободен ден на Денот на благодарноста и следниот ден, што заедно со викендот создава четиридневен одмор – идеален за шопинг. Од 2005 година, Црниот петок е најпрометниот ден за купување во САД, иако некои медиуми и порано го прикажувале така. Секоја година во овој период се објавуваат приказни за купувачка хистерија, редици и недостиг од стока, што создава уште поголем интерес кај потрошувачите. Во 2014 година, потрошувачката на Црниот петок се намали за првпат од финансиската криза во 2007 година – се потрошиле 50,9 милијарди долари, што е пад од 11% во однос на претходната година. Иако економијата не била во криза, раните божиќни распродажби придонеле да се намали значењето на Црниот петок, бидејќи многу трговци денес нудат попусти во текот на целиот ноември и декември, наместо само на еден ден или викенд. Како паметно да се подготвиш за Црн петок -Направи буџет -Напиши листа приоритети -Истражи цени однапред -Пријави се и следи продавниците -Подготви плаќање -Направи споредба (price comparison) -Проверка на поврат и гаранција -Користи купони и cashback -Планирај логистика -Биди брз, но не паничи -Читај рецензии и видеа -Размисли за подароци однапред -Остави простор за непредвиденоТагови: Црниот петок Црниот петок во 2025 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканШпанија заплени два тони кокаин од јахта поврзана со балканска нарко мрежаШпанија заплени два тони кокаин од јахта што пловела под полско знаме, поврзана со балканска нарко мрежа. Пресретнувањето на едрилицата што го превезува кокаинот во Атлантикот доведе до демонтирање на логистичка мрежа за трговија со дрога. Операцијата дончела, спроведена од шпанската служба за царински надзор заедно со француските царински власти, резултираше со пет апсења и заплена на повеќе од 2.000 килограми кокаин на околу 640 километри од галиција. Со помош на американската администрација за борба против дрога, националната агенција за криминал на Велика Британија и португалскиот центар за поморска анализа и операции за наркотици, шпански патролен брод ги пронашол и лоцирал шверцерите на 400 милји од Галиција. Полицајците пронајдоа 70 бали што содржеа 2.100 килограми кокаин складирани на палубата. Операцијата доведе до апсење на четири члена на екипажот - од аргентинска, уругвајска, колумбиска и албанска националност - а осомничениот Албанец е наводно одговорен за надгледување на испораката до купувачите на балканот.истрагата останува отворена додека полицајците се обидуваат да уапсат човек во Барселона за кој се верува дека е одговорен за надзорот и логистиката на групата. Spain: A total of 2.5 tons of cocaine was seized aboard the 15-meter Polish-flagged sailboat Seute Deern, intercepted by the Special Operations Vessel Petrel I from the Customs Surveillance Service [SVA] approximately 400 miles off the Galician coast. The yacht, reportedly using… pic.twitter.com/PnD6ipfKuX — Crime Intel (@WorldCrimeIntel) September 21, 2026 Тагови: кокаин Шпанија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаИН МЕМОРИАМ: Тонкица Митровска (1948-2026)Друштвото на филмски работници со неизмерна почит се збогува од својата долгогодишна и истакната членка, Тонкица Митровска, пионер на македонскиот анимиран филм, кој остави неизбришлив траг во македонската кинематографија.Нејзиното заминување е огромна загуба за културната сцена, но нејзиното творештво останува како траен споменик на една извонредна кариера. Како дипломиран графичар Тонкица Митровска беше еден од темелниците на познатата „Скопска анимирана школа“ во рамките на Студиото за анимација на „Вардар филм“ и со децении го ткаеше својот талент во визуелната меморија на генерации. Соработувајќи со најголемите авторски и режисерски имиња, таа вдахна живот во повеќе од 20 анимирани остварувања, носејќи автентичност, прецизност и уметничка длабочина во секој кадар. Во својот децениски творечки опус, таа остави неизбришлив творечки печат соработувајќи како аниматор, фазер и цртач на повеќе култни анимирани остварувања, со што суштински го трасираше патот и го подигна уметничкиот стандард на македонската анимација. За својот извонреден професионален ангажман, исклучителниот придонес и лојалноста кон филмската уметност, ДФРМ ја одликуваше Митровска со престижната награда „Златна рамка“ во 2021 година, а нејзиниот животен опус беше крунисан и со признанието „Златен објектив“ (2023) доделено од Кинотеката на Македонија. Македонската филмска фела изгуби извонреден професионалец, предан колега и тивок уметнички генијалец чиј ведар дух и скромност беа инспирација за генерации филмски автори. Нејзиното дело останува трајно вградено во колективната културна меморија и во темелите на нашата кинематографија.Тагови: Тонкица Митровска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски на средба со претставници на американската воена индустријаПремиерот Мицкоски, во рамки на посетата на Соединетите Американски држави се сретна со претставници на американската воена индустрија, како и со официјални претставници на американската администрација задолжени за оваа област.„Разговаравме за потенцијални инвестиции, проширување на инвестициските планови и ставање на располагање на расположливите ресурси. Нашата цел е да отвораме нови можности за инвестиции, технолошки развој и јакнење на домашните капацитети“,напиша тој на Фејсбук. Претходно, Мицкоски оствари официјална средба со заменик-државниот секретар на САД Кристофер Ландау, на која присуствувале и Брендан Харнахан, помошник-државен секретар за Европа и Даниел Лотон, заменик-помошник државен секретар за Европа, во чиј ресор спаѓаат и балканските држави. Премиерот објави видео од средбата со државниот секретар Марко Рубио, што според него претставува важна можност за размена на ставови за прашањата од заеднички интерес.Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter