3 Мала промена може да ја врати страста во врската: Експертите откриваат што најчесто паровите забораваат
БалканЦрн пантер повторно сее страв низ Бугарија- ловец во шума едвај се спасил Црн пантер е забележан на висорамнината Шумен во Бугарија, а еден ловџија тврди дека се сретнал лице в лице со животното додека шетал по патека во средата навечер.Средбата поминала без повреди, но експертите и мештаните предупредуваат на потенцијална опасност за луѓето, особено за децата, објави Блиц. Архитектот и ловџија Добрил Добрев бил на вечерна прошетка кога видел црн пантер како излегува од шумата и се упатува кон него. - Додека одев по асфалтниот пат кон воените бази, видов големо црно животно како излегува од шумата и се упатува право кон мене. Во еден момент застана и се сврте назад кон шумата, потоа јасно ја видов неговата долга опашка и го препознав видот - рече Добрев. Потоа пантерот мирно лежел на патот, како обична мачка. - Не се чувствував загрозен, но не знаев како да реагирам ако продолжи кон мене. Полека се оддалечив, гледајќи преку рамо дали ме следи. Остана на место, тоа беше нашата средба - додаде тој. Добрев предупредува дека средбата со животното може да биде опасна за неискусни луѓе или деца. „Треба да се преземат мерки на претпазливост, бидејќи не е предвидливо кога и дали животното може да стане агресивно. Полицијата ми кажа дека пантерот е виден во истата област и претходно, што укажува дека ова е негов постојан простор со карпи и бројни пештери“, истакна ловџијата. Досега нема официјални информации за постапките на полицијата или надлежните служби во врска со фаќањето на црниот пантер на висорамнината Шумен. Локалните власти и експертите сè уште размислуваат како најдобро да ги заштитат посетителите и жителите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЈП Водовод и канализација – Скопје: Водата во Скопје безбедна за пиењеНеделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиењеЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола. Секторот за санитарна контрола во периодот од 04.08.2026 до 07.08.2026 зема 162 примероци за физичко-хемиска и 162 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 45 мерни места во Градот Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18).Тагови: Водовод и канализација Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваОд Рим до Скопје – Vespa Grand Prix Skopje 2026На 5 септември Скопје ќе биде домаќин на Vespa Grand Prix Skopje, целодневен настан посветен на Vespa културата, Италија и 80-годишнината на еден од најпрепознатливите италијански симболи.На 5 септември 2026 година, со почеток во 10:00 часот, на големиот паркинг кај Спортскиот центар „Борис Трајковски“, спроти базенот, ќе се одржи Vespa Grand Prix Skopje – целодневен настан во организација на Vespa Club Skopje, посветен на Vespa културата, натпреварувачкиот дух и италијанскиот начин на живот. Оваа година настанот добива дополнително значење бидејќи Vespa одбележува 80 години од своето создавање во 1946 година. Осум децении подоцна, Vespa е многу повеќе од превозно средство – таа е еден од најпрепознатливите симболи на италијанскиот дизајн, стил, слобода и култура. Годинава, осум членови на Vespa Club Skopje со своите Веспи отпатуваа од Скопје до Италија и беа дел од големото одбележување на 80-годишнината на Vespa во Рим. Патувањето од речиси 2.000 километри на Vespa, како и атмосферата и заедништвото што клубот ги доживеа во Рим, станаа дополнителна инспирација дел од тој дух да се пренесе и во Скопје. Само неколку месеци подоцна, Vespa Club Skopje го организира Vespa Grand Prix Skopje, со амбиција македонската престолнина да добие свој препознатлив Vespa настан кој во иднина ќе привлекува учесници и гости од целиот регион. Натпреварувачкиот дел на Vespa Grand Prix Skopje е резервиран за сопствениците и возачите на Vespa и ќе се одвива во три дисциплини. Во споро возење, возачите ќе ги покажат својата контрола и баланс, додека во спретно возење – Gymkhana ќе се натпреваруваат на специјално подготвен полигон каде прецизноста и умешноста ќе бидат клучни. Третата дисциплина носи сосема поинаква динамика – најбрзо возење на 60 метри, каде што ќе одлучуваат брзината и времето. Учесниците ќе можат да се пријават во една, две или во сите три дисциплини, а за најуспешните се предвидени награди. Дополнително, ќе биде избрана и Best in Show Vespa – најубавата Vespa на настанот. Иако натпреварувачкиот дел е резервиран исклучиво за возачите на Vespa, Vespa Grand Prix Skopje е настан од отворен карактер, а влезот за сите посетители е слободен. Идејата е на 5 септември просторот кај СЦ „Борис Трајковски“ да стане место за дружење на весписти, семејства, љубители на италијанската култура и сите оние кои сакаат да поминат еден поинаков ден во Скопје. Покрај натпреварувачката програма, во текот на целиот ден ќе има DJ сетови, а во попладневните часови со двочасовен музички настап ќе се претстават Калина & Гуру Харе бенд. Италијанскиот карактер на настанот ќе продолжи и преку гастрономската понуда – фокача сендвичи, пица, италијанско кафе и други препознатливи италијански вкусови и пијалоци. Целта е едноставна: на еден ден, дел од Италија и Vespa културата да се преселат во Скопје.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалФерен Торес на пат за Париз!?Шпанскиот шампион Барселона го продава херојот од Светското првенство.Шпанскиот фудбалски репрезенативец,асот на Барселона Феран Торес е сè поблиску до редовите на европскиот првак ПСЖ. Феран Торес ги договорил личните услови со Пари Сен Жермен и сака да ја продолжи кариерата кај францускиот шампион. „Л'Екип“ пренесува дека шпанскиот репрезентативец постигнал договор со ПСЖ за петгодишен договор, додека преговорите со Барселона сè уште се во тек. „Марка“ наведува дека клубовите се блиску до конечен договор и дека се очекува Барселона да добие околу 50 милиони евра. Во моментов се финализираат износот на трансферот и бонусите. Инаку, извонредниот Торес беше херој на последното Светско првенство, постигнувајќи гол во финалето со кој Шпанија стигна до светската круна. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести25 години од масакрот кај Љуботенски Бачила: Армијата ќе им оддаде почит на осумтемина загинати08:34ЦУК предупредува на зголемен ризик од брзо ширење на пожарите15:08Лишен од слобода скопјанец кој управувал возило со 2,13 промили алкохол и без возачка12:0928 годишното момче со повреден врат транспортирано од Кушадаси 18:18Момчето со повреден врат се транспортира од Кушадаси, во владиниот авион и медицински тим од ТОАРИЛУЦ16:05
Момчето со повреден врат се транспортира од Кушадаси, во владиниот авион и медицински тим од ТОАРИЛУЦ16:05