КултураЦрквата Свети Ѓорѓи во Струга важен споменик на уметностаНајстариот христијански верски објект во Струга, црквата „Свети Ѓорѓи“, датира од средината на 13 век и претставува круцијален споменик на уметноста од 19 век во Струшкиот регион. Таа е едно од најстарите духовни светилишта на Балканот и во Европа. Денешната црква, според историските записи, е обновена во 1835 година врз темели на постарата средновековна црква, за која постојат сочувани стари ракописи. Историчарот на уметност, член на МАНУ и одличен познавач на културното наследство во црквите во Западна Македонија, професор доктор Сашо Цветковски за МИА информира дека најстарата историја на црквата ја следат со иконата на Свети Ѓорѓи од 13 век. Оваа икона пак, е меѓу петте најстари во државата, датира од 1267 година. Пред седум-осум години во црковното депо беше пронајден фрагмент на фреска од Свети Ѓорѓи, што го потврдува податокот дека ова е најстар христијански верски објект во Струга, кој датира од средината на 13 век. Денешниот храм, посочува Цветковски, е изграден за само два месеци, во 1835 година, на местото каде имало многу помала црква. - Додека траела градбата бил даван поткуп, големи материјални средства на турските власти во Струга, во Охрид, па дури и во Скадар како административен центар на овој дел од територијата на Османлиската империја. Тоа било голем предизвик и напор на нашите претци, кои ова го отпочнале во средината на 19 век, вели Цветковски. Иконостас од мермер и дрвена резба. Интересен во оваа црква е иконостасот, кој е составен од два дела. Долниот е мермерен, парапетите се со убави мермерни плочи кои се резбани, а горниот дел е со убава дебарско мијачка резба - копаница, резбана од нашите најдобри копаничари на 19 век, дебарските мајстори. - Иконостасот бил поставен 1849-та година, дрвениот резбан дел. Иконите се сликани 1850-1851 година, дело на зографи, припадници на Пелагониската зографска традиција, од работилницата во Магарево. Живописот ќе биде завршен 1874 година и тогаш е комплетирана целата декорација за внатрешното уредување на православните храмови. од поставување на иконостасот до поставување на иконите и фрескоживописот, раскажува историчарот на уметност. Анализирајќи ги фазите на внатрешното уредување, вредноста на архитектурата и просторната концепција, црквата Свети Ѓорѓи, е силен објект од архитектонска гледна точка. - Однадвор изгледа како базилика, но внатре има пет скриени куполи, просторот е многу расчленет и многу интересен. Тоа овозможило и внатре да се наслика голема, обемна и богата програма со извонредни иконографски решенија. Зографите - браќата Макариеви од Галичник, направиле вистинско ремек дело. Тоа е нивно најуспешно и најобемно сликано остварување, додава Цветковски. Галерија со икони и дела од богатата културна историја во црквата „Свети Ѓорѓи“ Во 90-тите години од минатиот век, во кровот на црквата „Свети Ѓорѓи“ откриени се 50-тина икони, што било мотив да се оформи и галерија. - Иконите беа пронајдени, скриени во кровот на црквата, потоа следеше нивна конзервација, чистење, реставрирање и во 2010 година оформивме галерија на икони каде баа изложени. Покрај најстарата на Свети Ѓорѓи од втората половина на 13 век, тука има икони од 15, 16 и 17 век. Во иконописот на Свети Ѓорѓи доминира поствизантискиот период, појаснува Цветковски. Тоа, според него, се икони кои припаѓале на црквата „Свети Ѓорѓи“, но и икони кои се носени од струшките цркви, во периоди кога имало реална опасност од воени судири, кои до средината на 19 век постојано се одвивале на овие предели. - Скриени во горните парти на црквата, било еден начин да се сочуваат тие икони, да се заштитат. Таа бројка од околу 50 вредни, значајни икони е дел од нашата уметност од пост византискиот период, вели Цветковски. Дел од богатата културна историја во црквата Свети Ѓорѓи се и 10-тината ракописи од периодот на 15, 16 и 17-тиот век. Годинава навршуваат 170 години од завршување на живописот внатре во црквата, а по повод јубилејот тимот на професорот Цветковски подготвува монографија, односно студија, која ќе ги содржи фазите на настанувањето на фрескоживописот, иконостасот, резбата на иконостасот, иконите, вредноста на архтектурата и просторната концепција на црквата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизНовата снимка од Мараја Кери предизвика загриженост, фановите коментираатСнимка од Мараја Кери во Бразил предизвика загриженост кај нејзините обожаватели. На социјалните мрежи, луѓето почнаа да се прашуваат дали сè е во ред со 57-годишната пејачка, откако видео од нејзино јавно појавување покажа дека таа се движи малку нестабилно додека излегува од автомобил. За време на престојот во Бразил, пејачката делеше автограми и се фотографираше со фановите кои се собраа да ја поздрават, држејќи транспаренти. Иако изгледаше добро расположена, некои гледачи забележаа дека ѝ треперат рацете и дека чекори несигурно. Снимката беше објавена на „TikTok“. Фановите се прашуваат дали сè е во ред „Дали треба да се грижиме?“ – праша еден корисник на „TikTok“. „Изгледа како да чувствува болка“, напиша друг, додека трет ѝ посака добро здравје на пејачката: „Се молам за неа и ѝ испраќам убави желби на нашата Божиќна кралица“. Сепак, не сите ја протолкуваа оваа ситуација како причина за загриженост. Некои укажаа на конкретните услови во кои се движеше пејачката: врнеше дожд, теренот беше закосен, а Кери носеше високи потпетици. „Како прво, врне дожд. Второ, теренот е закосен. Трето, таа носи високи потпетици. Четврто, не сака да падне“, напиша еден корисник. На снимката се гледа и како нејзиниот асистент ја држи околу половината додека таа поминува покрај фановите. Засега нема информации кои укажуваат на тоа дека Мараја Кери има некакви здравствени проблеми, а самата снимка не е доволна за да се донесе таков заклучок.Тагови: Мараја Кери Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Технологија„Microsoft“ и големиот прекин – што навистина се случи?Услугите на „Microsoft“ конечно работат правилно по повеќе од 24 часа –што навистина тргна наопаку?„Microsoft“ го реши големиот проблем што предизвика повеќе од 24 часа застој на „Microsoft 365“, тоа предизвика сериозни прекини во работењето на бизнисите и владините агенции низ целиот свет. Проблемите започнаа на 12 ноември околу 17:17 часот по средноевропско време, кога услугата „Exchange Online“ падна. Малку повеќе од два часа подоцна, проблемите се проширија на остатокот од платформата „Microsoft 365“. Што го предизвика тоа? „Microsoft“ првично се сомневаше дека невообичаено големиот сообраќај е причина за проблемите. Сепак, последователната истрага покажа дека неколку серверски системи неочекувано престанаа да работат, оставајќи ги преостанатите сервери неспособни да се справат со зголеменото оптоварување. Обидите за рестартирање на серверите беа неуспешни, бидејќи тие повторно престанаа да реагираат откако се врати сообраќајот. Компанијата на крајот утврди дека проблемот е поврзан со претходно надградување на капацитетот на мрежата, предизвикано од последователна промена во мрежната инфраструктура. Потоа инженерите применија поправка на компонента одговорна за автентикација и насочување на сообраќајот. Обновувањето беше спроведено постепено, со обработка на заостанати е-пораки. „Microsoft“ нагласи дека нема докази за злонамерна активност и дека вештачката интелигенција не е причина за проблемот. Кој беше засегнат? Покрај „Outlook“ и „Exchange Online“, прекините влијаеја на календарите на „Teams“, закажувањето состаноци, „Copilot“, „SharePoint“ и „Intune“. Некои функции продолжија да работат за време на прекинот. Влијанието се почувствува надвор од технолошкиот сектор. Националната здравствена служба на Велика Британија (NHS) мораше да се потпре на алтернативни системи, додека индиските авиокомпании „Air India“, „IndiGo“ и „Akasa Air“ пријавија проблеми со поддршката за е-пошта. Проблемите влијаеја и на финансиските институции. Една тајванска компанија дури мораше да користи факс за да ги потврди трансакциите со акции. Според „Downdetector“, имало повеќе од 7,4 милиони пријави за проблеми низ целиот свет. Сепак, овој број не го претставува вкупниот број на индивидуални корисници погодени од прекинот. Извор: Б92Тагови: Microsoft Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаФранција на нозе: 200.000 луѓе на улицитеФранцуската полиција уапси 121 лице за време на протестите одржани низ целата земја, објави француското Министерство за внатрешни работи.Според Министерството, околу 106.000 луѓе учествувале во демонстрациите, додека синдикатите проценуваат дека околу 200.000 граѓани се собрале на улиците. 22 лица се приведени во Париз, вклучувајќи тројца малолетници. Апсењата се главно за носење оружје од категорија Д, навреди и кршење на забраните за посетување одредени места или учество во демонстрации, објавува „BFMTV“. Според полициските податоци, околу 24.000 луѓе протестираа во француската престолнина, додека младинските синдикати проценуваат дека на улиците имало близу 100.000 демонстранти. Низ цела Франција се одржаа повеќе од 60 протестни собири. Во Париз истовремено се одржаа три одделни демонстрации - против предлог-закон за претпоставка за легална употреба на оружје од страна на безбедносните сили, меѓународен марш против насилството врз децата и протест на движењето „Жолти елеци“ против зголемувањето на трошоците за живот. Тензии беа пријавени во Париз, Бордо, Нант, Лион и Руан. На Плоштадот на нацијата во Париз, полицијата употреби солзавец за да ја растера толпата, што предизвика први знаци на паника кај демонстрантите. Во Нант, полицијата употреби водени топови, додека во Бордо беа пријавени судири за време на кои некои демонстранти фрлаа предмети кон полицијата. Во Тулуз, според организаторите, протестираа 6.000 луѓе, додека полицијата соопшти дека имало 1.800. Собирот помина без инциденти. The Protests in France are Massive https://t.co/CefTcDvpqL — Ryan Rozbiani (@RyanRozbiani) November 14, 2026 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЌе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00