Црквата и државата во отворен судир за законот за родова еднаквост - Канал 5

Црквата и државата во отворен судир за законот за родова еднаквост

МПЦ ниту го осудува, ниту го подржува ставот на струмичката епархија која е против предлог - законот за родова еднаквост изготвен од МТСП.

Црквата и државата во отворен судир за законот за родова еднаквост

Велат, немаат доволно информации, па поради тоа ниту став во моментов. Оваа реторика на МПЦ доаѓа откако, Епископот Јаков Стобиски, пред неколку дена на отворена трибина им порача на институциите да не бидат заложници на родовите идеолози барајќи јавна дискусија. Канал 5 се обиде да стапи во контакт и со него, но тој беше недостапен. Активистите пак, за родова еднаквост велат, дека со овој закон сакаат да се унапредат правата на жената, а не да се искористува религиозната догма за носење на закони.

-Црквата може да продолжи да врши притисок, меѓутоа наше е да се спротивставиме на тоа, пак ќе кажам, ние сме секуларна држава и црквата според Устав, не смее да се меша во обликување на законски решенија кои не го уредуваат нивното работење, не само црквата, туку било која верска заедница. Ние не оспоруваме ничие право на изразување, религиозно, но меѓутоа оспоруваме право на религиозни догми да ни влезат во легислатива и во политики, тоа е нешто на што ние се спротивставуваме. --Марија Савовска – Здружение за унапредување на родова еднаквост - „Акција Здруженска“

Активистите исто така реагираат, дека овој закон нема никаква поврзаност со сексуалното образование, ниту дека во предметот сексуално образование не се говори отворено за сексот, туку за една едукација која е дел од секојдневниот живот на човекот. Епископот аков Стобиски воедно испрати писмо до МТСП каде наведува и дека се противи на сеопфатното сексуално образование.

-Од јавно достапните прирачници, досега можевме да видиме дека им се сугерира на децата дека можат да започнат со сексуални односи на било која возраст, да експериментираат со сексуални партнери , па затоа има потреба да се тестираат од сексуално преносливи болести. – Стои во писмото од Јаков Стобиски – Епископ.

Од МТСП пак, за Канал 5 кажаа, дека законот треба да ги унапреди правата на жената и дека се отворени за секоја конструктивна дискусија.

-Оттука, останува отворена можноста и за средба со претставници од Струмчиката епархија, со цел да се елиминираат сите евентуални дилеми околу толкувањето и вистинската интенција на новото предло законско решение за родова еднаквост.

За предлог законот за родова еднаквост се одржаа 8 јавни расправи ширум државата, со цел да се слушнат мислењата и ставовите на сите засегнати во општеството.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Скандал на повидок, со законски измени власта ја брише одредбата за уплата на 6% во вториот пензиски столб

Скандал е на повидок. Власта на Мицкоски објави на ЕНЕР предлог-измени на Законот за пензиското и инвалидското осигурување. Со нив се предлага бришење на членот 120, односно на одредбата за уплата на 6% во вториот пензиски столб.

СДСМ: Скандал на повидок, со законски измени власта ја брише одредбата за уплата на 6% во вториот пензиски столб

Скандал на повидок, со законски измени власта ја брише одредбата за уплата на 6% во вториот пензиски столб

Скандал е на повидок. Власта на Мицкоски објави на ЕНЕР предлог-измени на Законот за пензиското и инвалидското осигурување. Со нив се предлага бришење на членот 120, односно на одредбата за уплата на 6% во вториот пензиски столб.

Што значи ова за граѓаните? Ако уплатата во вториот столб не се уреди со друга одредба во овој или во друг закон, сите придонеси би останале во првиот столб, во Фондот за ПИОМ.

Ако остане вака, ова значи дефинитивно рушење на вториот пензиски столб.

Криминалната власт ги доведува во ризик пензиските заштеди на повеќе од 650.000 граѓани кои членуваат во вториот пензиски столб.

Фондот за ПИОМ е доведен во сериозно тешка финансиска состојба. Во Фондот недостигаат близу една милијарда евра. Во изминатите месеци ПИОМ не префрлил околу 50 милиони евра во вториот пензиски столб. На пратеничкото прашање каде се тие пари, власта не даде одговор.

Ова се пари на работниците. Ги заработиле со својот труд и секој месец ги издвојуваат од своите плати за идните пензии.

Христијан Мицкоски да излезе пред граѓаните и да одговори.

Зошто се предлага бришење на членот 120? Каде ќе одат придонесите што сега се уплаќаат во вториот столб?

Кој ќе одговара што ПИОМ со месеци нема префрлено 50 милиони евра иако му се законска обврска?

Прес конференција на СДСМ, Маја Серафимовска -Борозан

YouTube video

Скопје, 22.11.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Регистриран земјотрес во Србија

Земјотрес со јачина од 2,1 степен според Рихтеровата скала ја погоди околината на Горњи Милановац рано утринава, соопшти Републичкиот сеизмолошки завод на Србија. 

Регистриран земјотрес во Србија

Според Заводот, земјотресот се случил околу 5 часот и 25 минути, на длабочина од 12 километри.

Земјотреси со ваков интензитет не можат да предизвикаат поголема материјална штета во епицентралното подрачје.

Сепак, жителите на овој дел од Србија го почувствувале потресот – најверојатно оние што биле најблиску до епицентарот – и го коментирале настанот на социјалните мрежи.

„Има ли некој буден што се разбудил од земјотресот утрово?“, напиша еден корисник. „Јас бев буден, точно во 5:25“, потврди друг.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тошковски на промоцијата на „One Stop“ на Ќафасан: Македонија го заокружува системот на заеднички гранични контроли со соседите надвор од Шенген-зоната

На граничниот премин Ќафасан денеска беше промовиран системот „One Stop“ за заедничка гранична контрола меѓу Македонија и Албанија, во присуство на македонскиот премиер, Христијан Мицкоски, и албанскиот премиер, Еди Рама.

Тошковски на промоцијата на „One Stop“ на Ќафасан: Македонија го заокружува системот на заеднички гранични контроли со соседите надвор од Шенген-зоната

Со воведувањето на овој систем се заокружува процесот на воспоставување заеднички гранични контроли со соседните држави кои не се дел од Шенген-зоната, по успешната имплементација на моделот „One Stop“ со Република Србија и Република Косово.

Станува збор за значаен чекор во модернизацијата на граничното управување, кој овозможува поедноставени процедури, побрз проток на патници и возила и намалување на времето на чекање на граничните премини, без притоа да се намалат безбедносните стандарди и контролите.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски истакна дека воспоставувањето на системот „One Stop“ со Албанија претставува исполнување на уште еден важен приоритет на Министерството за внатрешни работи, насочен кон олеснување на движењето на граѓаните и унапредување на регионалната поврзаност.

„Со воведувањето на системот 'One Stop' со Република Албанија го заокружуваме она што го започнавме со Србија и Косово – воспоставување современ модел на заеднички гранични контроли со сите наши соседи надвор од Шенген-зоната. Нашата цел е едноставна: граѓаните да поминуваат побрзо, да нема непотребни задржувања, а граничните служби да работат поефикасно и покоординирано. Границите треба да бидат безбедни, но истовремено и функционални, особено во време кога мобилноста на граѓаните, туризмот и економската соработка постојано се зголемуваат“, истакна Тошковски.

Дека ваквиот модел дава конкретни резултати покажува и досегашното искуство со Република Србија. На граничниот премин Табановце, каде што системот „One Stop“ беше воведен во јули 2025 година, времето на чекање во одредени периоди е намалено од неколку часа на околу 30 минути, и покрај зголемувањето на бројот на патници за 15 до 20 проценти.

Позитивните искуства од заедничките контроли со Србија, како и од граничните премини Блаце – Хани и Елезит и Јажинце – Глобочица со Република Косово, претставуваат основа за натамошно унапредување на граничното управување и со Република Албанија.

Со новиот систем на Ќафасан се овозможува координирано спроведување на граничните проверки на едно место, со што се избегнува непотребното повторување на процедурите и се создаваат услови за побрз и поефикасен премин на границата.

Ова е особено значајно за граѓаните на двете држави, за туристите и за превозниците, имајќи го предвид интензивниот сообраќај на овој граничен премин, особено во летната туристичка сезона. Покрај олеснувањето на патувањето, системот придонесува и за подобра координација меѓу граничните служби, поефикасна размена на информации и зајакнување на прекуграничната соработка.

Министерството за внатрешни работи продолжува со активности за модернизација на граничните премини, дигитализација на процедурите и унапредување на соработката со соседните држави, со цел обезбедување побрз проток на патници и стоки, повисоко ниво на безбедност и подобри услуги за граѓаните.

Воведувањето на „One Stop“ со Албанија е уште еден конкретен резултат на регионалната соработка и потврда дека со заеднички решенија границите можат да станат побрзи, поефикасни и побезбедни.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер