Цмиљановиќ за Канал 5 : МРА вакцините досега покажаа најголема ефикасност - Канал 5

Цмиљановиќ за Канал 5 : МРА вакцините досега покажаа најголема ефикасност

Научникот, доктор Владимир Цмиљановиќ кој има сопствена лабораторија за испитување на канцер во Швајцарија а работи на вакцина која ќе има долг рок на имунитет објаснува дека есента ќе биде тешка со нов бран на новозаразени. 

Цмиљановиќ за Канал 5 : МРА вакцините досега покажаа најголема ефикасност

Делта сојот ќе го фатат и вакцинраните, но виза кај нив е што нема да имаат тешка клиничка слика и смртност. За него нормално е да функцинираат државите и луѓето да патуваат но мерките носење на маска, редовна дезинфекција и не групирање на луѓето се уште треба и мора да се почитуваат.

„Вирусот и понатака ќе биде присутен, но што се однесува на делта варијантата тоа сега е една додатна мутација на вирусот и понатака брзо ќе ги зарази луѓето. Тој ќе биде многу поинфективен, но оние кои се вакцинираа имаат многу помала шанса да имаат тешки последици и понатака луѓето ќе се разболуваат и понатака луѓето ќе може да завршат во болници. Но предноста е оние кои се вакцинираа шансата да се случи нешто страшно критично е многу помала. Затоа е важно секој да прими вакцина. Засега се знае адено вирус вакцините многу полошо регираат на овој сој, бидејќи мутацијата е таква да антителата од адено вирус вакцината не може лесно да ја препознаат таа варијанта , но сепак советувам луѓето да се вакцинираат, бидејќи ковид болеста многу полесно ќе се помине. Што се однесува на МРА вакцините досега покажаа најголема ефикасност , но како што гледаме од клиничките студии од Израел дури и тие ја губат својата ефиканост на делта сојот. Покажа дека има ефикасност не 95% туку 60 % се губи таа ефикасност и тоа го очекуваме .

„Важно е да се работи , што и ние сега работиме на нова генерација на вакцина које треба да се подобори активноста и јакнење на имунитетот. Така да кога вирусот ќе настане и ќе мутира тогаш постојат и други антитела и тие Т клетки кои ќе можат многу лесно да го деактивираат вирусот и нашата лабораторија работи на тоа и очекуваме наредната година да почнеме со клинички студии и со тие студии ќе го докажеме она за што сега зборувам.

„За мене моментално најдобра е МРА вакцината засега за мене е најдобра вакцина, но не значи дека луѓето не треба да примаат или руска или кинеска тоа е многу подобро, отколку да не примаат ниту една вакцина, вели доктор Владимир Цмиљановиќ.

Со него разговараше Мирјана Мирчевска Јовановиќ.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Директорот Димовски во посета на компанијата Леар во ТИРЗ Тетово

Согласно активната и транспарентна комуникација со сите инвеститори, директорот Гоце Димовски денес ја посети компанијата Леар во ТИРЗ Тетово. 

Директорот Димовски во посета на компанијата Леар во ТИРЗ Тетово

За време на посетата, покрај состанок со менаџментот, беше остварена и обиколка низ производствениот погон.

Во рамки на средбата се разговараше за тековните активности на компанијата, идните планови и можности за понатамошен развој. Посебен акцент беше ставен на отворената комуникација и соработката со Дирекцијата за ТИРЗ, со цел навремено согледување на потребите на компанијата и обезбедување соодветна поддршка во рамки на надлежностите на Дирекцијата.

Димовски истакна дека непосредната комуникација со компаниите е важна за подобро разбирање на потребите, но и за навремено наоѓање решенија за предизвиците со кои се соочуваат. Тој посочи дека Дирекцијата за ТИРЗ останува посветена на отворена и редовна комуникација со компаниите, како и на создавање услови во кои тие ќе можат непречено да работат и да ги реализираат своите развојни планови.

Од страна на менаџментот на компанијата, беа презентирани тековните активности, како и плановите за во иднина, а се разговараше и за дополнително унапредување на работните процеси. Беше изразена благодарност за континуираната поддршка и конструктивниот дијалог со Дирекцијата за ТИРЗ, истакнувајќи ја важноста на заемната соработка за одржлив економски раст.

​Оваа посета е дел од редовните активности на Дирекцијата за ТИРЗ за одржување директен контакт со инвеститорите во технолошките индустриски развојни зони ширум земјата, со цел да се обезбеди стабилна деловна клима и да се поттикнат нови вложувања.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЈО: Отворена истрага против три лица

Надлежен јавен обвинител од ОЈО ГОКК донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица поради постоење основано сомнение дека првоосомничениот сторил кривично дело „Тероризам“.

ЈО: Отворена истрага против три лица

Надлежен јавен обвинител од ОЈО ГОКК донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица поради постоење основано сомнение дека првоосомничениот сторил кривично дело „Тероризам“, а заедно со останатите двајца осомничени и кривично дело „Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи“.

Наредбата за спроведување истражна постапка се темели на докази обезбедени во текот на претходно спроведена предистражна постапка, на документација и докази од предмет што е во фаза на судење, како и докази обезбедени преку меѓународна правна помош.

Ценејќи дека се исполнети законските услови за определување мерка притвор, јавниот обвинител до судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд – Скопје достави предлог на тројцата осомничени да им биде определена мерка притвор во траење од 30 дена,стои во соопштението на Јавното обвинителство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

АХВ: Спроведена вонредна инспекциска контрола на дивите продавачи на Бит пазар

Отстранети се сите диви тезги, повеќето со овошје и зеленчук. Одземена е храна во количина од околу 500 килограми (најголем дел земјоделски производи) и отстранета е целокупната опрема за продажба која била на диво поставена .

АХВ: Спроведена вонредна инспекциска контрола на дивите продавачи  на Бит пазар

Денес, во раните утрински часови, инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство во координирана акција со комуналните инспектори на Град Скопје, инспектори од Државниот пазарен инспекторат и припадници на Министерството за внатрешни работи, спроведоа вонреден инспекциски надзор над дивите продавачи на земјоделски производи, лоцирани долж булеварот „Крсте Петков-Мисирков“, на потегот од трговскиот центар Мавровка до Бит пазар.

Отстранети се сите диви тезги, повеќето со овошје и зеленчук. Одземена е храна во количина од околу 500 килограми (најголем дел земјоделски производи) и отстранета е целокупната опрема за продажба која била на диво поставена на пешачките и велосипедските патеки.

Во координација со комуналните инспектори на Град Скопје на сторителите ќе им бидат изречени соодветни прекршочни мерки.

Во заедничка акција со СВР Гостивар, вчера, официјални ветеринари на Агенцијата за храна и ветеринарство на приватен имот во село Чајле, запленија и на депонијата Русино нештетно уништија 150 килограми месо со изминат рок, без декларација и со непознато потекло.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер