Ципрас не одговори за националноста и јазикот во Договорот за името

 Грчкиот премиер Алексис Ципрас во дебатата со европратениците не одговори директно на прашањето на грчкиот европратеник од Нова Демократија, Манолис Кефалојанис.

За тоа како ќе се нарекува јазикот и националноста на Македонија ако биде усвоен Преспанскиот Договор.

- Се надевам дека сѐ ќе оди по план и дека за неколку месеци земјата ќе го смени името и Уставот, дека ќе биде Северна Македонија, изјави Ципрас.

Потоа тој го праша Кефалојанис „како досега ја нарекуваа државата во Европскиот Парламент“?

- Сите овие претходни години, кога беше претходникот на Заев на власт, господинот Груевски кога доаѓаше во Европарламентот, како го нарекуваа? Вашите колеги, како го нарекуваа? Дали мнозинството во ЕПП го нарекуваа „од Скопје“? Ова е Европскиот Парламент, не можеме да се однесуваме како во грчкиот Парламент и да ја сметаме оваа тема за табу, да ја закопуваме главата во песок. Знаете дека со години ја стававме главата во песок, 140 земји, меѓу нив и најмоќните како САД, Кина, Русија, ја признаа оваа земја под нејзиното уставно име, а тоа име е само Македонија. Сите лидери ја нарекуваа Македонија и никој не изгледаше иритирано. Не се жалите што и покрај тоа Заев и неговите граѓани доаѓаат во Грција, и тоа е добро што доаѓа на нашето крајбрежје и ја помагаа нашата економија, но влегуваа во Грција со пасош на кој стои Република Македонија. Ако ја смениме ситуацијата тие ќе доаѓаат како граѓани на Северна Македонија, рече тој.

Грчкиот премиер истакна дека отсега ќе биде јасно дека Македонија не може да претендира на „античкото грчко македонско наследство“.

- Не знам дали е ова значајно, но со години Груевски, кој и припаѓа на националистичката екстремна десница ја наполни својата земја со споменици од Александар Велики, во секој град, на секој плоштад и многу други симболи на античка грчка Македонија. Во иднина никој нема да има право тоа да го прави, ни сегашниот, ни идните премиери нема да имаат право да велат дека Александар Велики е дел од нивното наследство. Нели е значајно ова за вас?, му одговори Ципрас на Кефалојанис.

Уште поважно, како што посочи Ципрас, секој премиер на оваа земја ќе потврди дека неговата земја е словенска и неговиот јазик словенски. -Досега тоа не се случило, додаде грчкиот премиер.

Ципрас ги критикуваше двете опозициски партии во Грција и Македонија, кои двајцата премиери ги обвинуваат за „предавство“.

- Заев и јас сме обвинувани во нашите земји дека сме предавници. Мицотакис и Мицкоски, кои му припаѓаат на ЕПП, нѐ обвинуваат со потполно истите аргументи, адаптирани на земјата дека сме предавници и договорот е штетен. Не мислите дека бидејќи двајцата конзервативни лидери нѐ обвинуваат дека сме предавници тоа веројатно значи дека и јас и Заев правиме нешто добро, го отвораме патот кон мирот, перспектива за соработка и мирна иднина, историска иднина и на тоа сум многу горд, рече Ципрас.

Пулицеровата награда за новинарство ги добија „Pro Publica“ и Асошиетед прес

Наградата за известување од јавен интерес ја добија Џошуа Каплан, Џастин Елиот, Брет Марфи, Алекс Миерјески и Кирстен Берг како репортери на „Про паблик“.

Престижната Пулицерова награда за новинарство му е доделена на истражувачкиот медиум „ProPublica“ за „иновативното“ известување за тоа како милијардерите ги „придобивале“судиите на Врховниот суд на САД со подароци и обезбедување патувања. Агенцијата Асошиетед прес е награден во категоријата фото-репортажа за известување за имиграцијата во САД преку Латинска Америка.

Наградата за известување од јавен интерес ја добија Џошуа Каплан, Џастин Елиот, Брет Марфи, Алекс Миерјески и Кирстен Берг како репортери на „Про паблик“.

Фотографиите на АП се направени низ Латинска Америка и долж границата меѓу САД и Мексико, во Тексас и Калифорнија, во годината кога миграцијата беше една од најголемите теми во светот.

Со оваа престижна награда се овековечени 15 фотографии од вработени во агенцијата АП и тоа Грег Бул, Ерик Геј, Фернанд Лано, Марко Угарте и Едуардо Вердуго, како и долгогодишните вработени во АП Кристијан Чавез, Феликс Маркез и Иван Валенсија.

Пулицеровата комисија доделува и награди за извонредна работа во области како што се литературата, музиката и театарот.

Наградите се воведени со последната волја на издавачот Џозеф Пулицер.

За наградите одлучува Универзитетот Колумбија во Њујорк, кој и самиот беше во вестите за студентските демонстрации против војната во Газа.

Претседателот на Кина Си Џинпинг е во посета на Србија

Претседателот на  Кина, Си Џинпинг, денеска  е  во дводневна посета на Србија, на покана на претседателот Александар Вучиќ.

Двајцата лидери ќе разговараат за широк спектар на теми од политички, економски и технолошки до соработка во областа на културата.

Во интервју за кинеската CCTV пред посетата на Кси, Александар Вучиќ рече дека Србија е целосно посветена на посетата на кинескиот претседател. „Верувам дека тоа ќе донесе придобивки и ќе биде во интерес и на кинескиот и на српскиот народ“, рече Вучиќ во интервјуто србија е втората станица на европската турнеја на Си Џинпинг.

Глобалните настани, но и локални проблеми се очекува да бидат на врвот на агендата на средбата меѓу двајцата претседатели.

Во пресрет на пораките по него, експертите немаат дилема, нема да изостане меѓусебната поддршка за најважните политички прашања.за време на дводневната посета на кинеската делегација која брои околу 400 членови, треба да бидат потпишани повеќе од 30 договори од различни области. За безбедноста на средбата ќе се грижат повеќе од 3.000 полицајци.

Стано: Амбасадорите на ЕУ, САД, В. Британија,нема да присуствуваат на инаугурацијата на Путин

Амбасадорите на ЕУ, САД, Германија, Велика Британија, Балтичките земји, нема да присуствуваат на инаугурацијата на Путин.

Денеска во Москва ќе се одржи инаугурацијата на старо-новиот руски претседател, Владимир Путин, со што и официјално ќе започне неговиот петти шестгодишен мандат, а на церемонијата нема да присутвуваат амбасадорите на Европската унија и на САД во Москва.

Портпаролот на ЕУ, Петер Стано, изјави дека одлуката е во согласност со ставот на мнозинството земји-членки на Унијата.

-Нашиот амбасадор нема да присуствува, а нема да присуствуваат ни повеќето земји-членки, рече Стано, пренесен од британските медиуми.

Портпаролот на Стејт департментот, Метју Милер, изјави дека американскиот амбасадор во Москва нема да присуствува на инаугурацијата на рускиот претседател.

Британските медиуми вчера објавија дека францускиот амбасадор во Русија ќе присуствува на инаугурацијата, за разлика од Германија, која нема да испрати свој претставник.

Неименуван извор изјавил дека Париз претходно го осудил „контекстот на репресија во кој се одржаа изборите, лишувајќи ги гласачите од вистински избор“, како и организирањето избори на украинските територии „окупирани“ од Русија, за кои Франција смета дека е кршење на меѓународното право и повелбата на Обединетите нации.

Германија најави дека нема да испрати свој претставник на инаугурацијата на Путин.

Делегација на Велика Британија, исто така, нема да присуствува на денешната церемонија, соопшти Форин Офисот.

-Велика Британија нема да испрати свој претставник на инаугурацијата на претседателот Владимир Путин, изјави портпаролот на британското Министерство за надворешни работи, пренесен од британските медиуми.

Министерството за надворешни работи на Украина ги повика сојузниците на Киев да не го признаваат Путин како легитимен претседател на Русија.

„Украина не гледа правна основа да го признае како демократски избран и легитимен претседател на Руската Федерација“, се наведува во соопштението.

И Балтичките земји, кои веќе немаат дипломатски претставници во Москва, исто така, категорично ја отфрлија можноста да присуствуваат на инаугурацијата на Путин.

притисни ентер