Ципрас и Павлопулос утре ќе разговараат за текот на преговорите за името

Во претседателската палата во Атина утре претпладне, во 9,30 часот, грчкиот премиер Алексис Ципрас ќе го извести претседателот Прокопис Павлопулос за текот на преговорите околу името, соопштуваат од кабинетот на Ципрас.

По средбата со Павлопулос, грчкиот премиер, за истата тема, но телефонски ќе ги извести лидерите на политичките партии, јавува дописничката на МИА од Атина, .

Како што МИА претходно јави, грчки владини извори утринава ги брифираа медиумите во земјата дека Ципрас за време на викендот ќе ги извести претседателот на државата и претседателите на партиите за текот на преговорите околу името, појаснувајќи дека Атина не отстапува од нејзината позиција за ерга омнес име и уставна ревизија, како главни предуслови за да постои договор. /МИА

Повеќе од 4.000 луѓе се евакуирани од пограничните области на регионот Харков

Повеќе од 4.000 луѓе се евакуирани од пограничните области на украинската област Харков, изјави денеска регионалниот гувернер Олег Синегубов, цитиран од француските медиуми.

Потребата за евакуација се појави откако руските сили во петокот започнаа нова офанзива против регионот Харков.

-Вкупно 4.073 луѓе се евакуирани, напиша регионалниот гувернер Олег Синегубов на социјалните мрежи еден ден откако руското Министерство за одбрана соопшти дека руските сили зазеле пет села во Харковската област.

Синегубов пријавил дека 63-годишен маж е убиен денеска од артилериска граната во селото Глибоке и дека 38-годишен маж е ранет во пограничниот град Вовчанск.

Украина во петокот соопшти дека Русија извршила напад врз регионот Харков и дека постигнала мал напредок во пограничната област од која нејзините сили беа истиснати пред речиси две години.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера вечерта изјави дека украинските сили изведуваат контранапади во пограничните села на регионот Харков.

-Нашата задача број еден сега е да ги спречиме руските офанзивни планови, рече украинскиот лидер.

Протести во Тел Авив- Израелците бараат ослободување на заложниците (ВИДЕО)

Илјадници Израелци излегоа синоќа на улиците барајќи владата на премиерот Бенјамин Нетанјаху да направи повеќе за да обезбеди ослободување на заложниците кои ги држi исламистичката група Хамас во Појасот Газа.

Како што пренесува Ројтерс, членовите на семејствата на заложниците носеле слики од нивните најблиски кои се уште се во заробеништво и се приклучиле на толпата што протестира во Тел Авив.

Една од нив е Наама Вајнберг, чиј братучед Итаи Свирски бил киднапиран за време на нападот на Хамас на израелските градови на 7 октомври и, според израелските власти, бил убиен во заробеништво. Во говорот таа се осврна на видеото кое Хамас го објави вчера, тврдејќи дека уште еден од израелските затвореници починал.

„Наскоро дури и оние кои успеаја да преживеат толку долго нема да бидат меѓу живите. Тие мора да се спасат сега“, рече Вајнберг.

„Апсолутно е јасно дека израелската влада е целосно идеолошки банкротирана. Тие немаат поим што прават. Јасно е дека не се обидуваат да спасат ниту еден заложник или да ја прекинат војната. Владата всушност ја води најекстремниот фундаменталист , чија идеологија нема никаква врска со демократските идеали, единственото нешто што може да направи меѓународната заедница е да изврши притисок врз двете страни да ја прекинат војната, да го прекинат ова и да започнат мировни разговори.

Како што одминуваше вечерта, некои демонстранти го блокираа главниот автопат во градот пред полицијата да ги растера со водени топови, а некои директно се судрија со полицијата. Уапсени се најмалку три лица.

Неверојатна сцена во рингот: УФЦ борец по победата „ја поздрави“ публиката со гол задник(ВИДЕО)

Ноќеска се одржа UFC Fight Night во Сент Луис, а во главната борба Дерик Луис го победи Родриго Насименто.

Имено, триесет и девет годишниот Луис на почетокот на третата рунда го победи осум години помладиот Бразилец, се разбира со нокаут, а следеа уште неколку удари, по што судијата ја прекина борбата.

Сепак, сето тоа не беше главниот впечаток на вечерта, туку испадот на Луис по мечот кој го сподели УФЦ.

Додека на противникот, кој го забележа вториот пораз во 14 борби, му се помагаше, Луис го извади јазикот, па ги соблече шорцевите и почна да го „лади“ со нив за да се вразуми. Потоа Луис остана во своите боксери, а потоа реши да финишира и да им ја покаже својата „задна страна“ на публиката.

Не помалку интересно беше и интервјуто во октагонот по борбата.

- Му благодарам на Сент Луис што ми дозволи да го покажам задникот. Не сакав да дозволам некој таксист од Бразил да ме тепа. До вечерва никогаш не сум слушнал за него – изјави Луис, кој потоа најави повлекување со реплика од култниот филм „Смртоносно оружје“.

- Престар сум за ова сра*е. Имам скоро 40 години, знаеш ли колку е тешко да се направи ова? Ќе размислувам за сѐ – изјави Луис, кој во својата ММА кариера забележал 28 победи и 12 порази. Тој 23 пати го нокаутирал противникот, од кои 15 во УФЦ.

притисни ентер