Ципрас: Грција е отсутна од случувањата во соседството

Грција е отсутна од случувањата во соседството вака ја критикуваше владата на Мицотакис поранешниот премиер Ципрас.

На состанокот на Европскиот совет, (грчкиот премиер) тивко ги следеше Данска и Холандија да преговараат за иднината на Балканот. И сега со непријатност ја следи Италија, која предлага одново да започне пристапниот дијалог во ноември. Сигурен сум, колку јавно и да го кажува крајно контрадикторното дека треба да го почитуваме штетниот договор, истовремено ќе моли во соседната земја да не победат повторно националистите и го оспорат, меѓу другото, таканаречениот„срамен“ договор од преспа. Со овие работи, Грција за жал се враќа на улогата на статист во балканскиот регион. Малата Грција која ги следи иницијативите на трети – напиша Ципрас на Фејсбук.

ВМРО-ДПМНЕ:Царовска сака предметот историја да го избрише на насилен талибански начин

Царовска ако сака и во својот Гучи шал од 370 евра нека ја обвие својата намера за наводни реформи, пак не може да ја покрие политичката позадина на оваа операција.

Мила Царовска очигледно по секоја цена е решена да ја спроведе нејзината антиреформа во образованието, со која се брише предметот историја како засебен предмет во основното образование. Таа избегнува јавна дебата од јасна причина што сите релевантни субјекти се противат на оваа одлука, почнувајќи од МАНУ, Институтите, универзитетите, професорите и останатите експерти.

Целта на Царовска е јасна, преку насилен начин, нетранспарентно да го укине овој премет од образованието во ек на негирање на македонската историја. Обидот тоа да го престави како наводен фински модел не и успеа, па сега се обидува на талибански начин да му “учини“ на Заев во неговата анационална и предавничка политика од која несогледливи последици ќе има не само образовниот систем, туку и идентитетот и македонската историја.

Јавноста и граѓаните на ваквите штетни антиреформи остро се спротивставува и нема да дозволи некој да им наметнува одлуки кои го погазуваат секое достоинство. ВМРО-ДПМНЕ заедно со народот ќе застане против секое насилно менување на историската меморија во Македонија.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски и за пописот се на спротивната страна на државните интереси

ВМРО-ДПМНЕ како и секогаш кога се носат битни законски решенија за државата и граѓаните се однесува деструктивното, неодговорно и антидржавно, се наведува во соопштението на СДСМ.

И сега кога пред пратениците во собранието е законот за попис опозициската ВМРО-ДПМНЕ предводена од губитникот Мицкоски е на спротивната страна на државните и националните интереси.

Законот за попис на населението овозможува оваа пролет, по речиси 19 години, во државата да се спроведе попис согласно меѓународните стандарди и прописите на Евростат.

Последниот попис во 2011 година не успеа токму поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ и сега опозициската партија повторно ја политизира оваа важна статистичка операција.

Целосно нејасно е зошто Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се противат на Законот се противат државата да има прецизни статистички податоци, важни за креирање на среднорочни и долгорочни политики и стратегии.

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски нема да спречат одржување на попис согласно меѓународните стандарди и пракси.

Обезбедувањето на податоците, кои се нужно потребни за рамномерен и правилен економски развој е во интерес на државата и граѓаните и токму затоа оваа операција е патриотски чин.

СДСМ, како одговорна партија има договор со граѓаните да спроведеме попис кој ќе обезбеди точни и релевантни податоци.

Бесплатен ски викенд во битолскиот скијачки центар „Нижо Поле"

Јавното претпријатие „Стрежево" – Битола, кое стопанисува со скијачкиот центар „Нижо Поле" денес и утре за скијачите овозможи бесплатен скијачки викенд.

Скијачките патеки во скијачкиот центар „Нижо Поле" (1.600 м.н.в.) се подготвени за скијање, а на располагање се и три ски лифтови со вкупна должина од 2.150 метри и капацитет од 3.000 скијачи на час.

– Снег има доволно и скијачките патеки се подготвени за скијање, но нашата прва задача во пресрет на бесплатниот скијачки викенд беше да ги извршиме, и ги извршивме сите подготовки за безбедно скијање и престој на скијачите и рекреативците со почитување на мерките за заштита од Ковид-19. Викендов имаме посебна редарска служба, ќе предупредуваме за задолжително носење на маски и одржување на дистанца, истакна Методија Граматковски, генереален директор на ЈП „Стрежево" – Битола.

Скијачкиот центар „Нижо Поле" кој се наоѓа над истоименото населено место на планината Баба ќе овозможи и ноќно скијање доколку тоа го дозволат временските услови, најавија од ЈП „Стрежево". /МИА

притисни ентер