Ципрас: Авионите Рафал ќе летаат над Македонија во рамки на договорот Грција

Авионите Рафал ќе летаат над Македонија во рамки на договорот Грција да го надгледува воздушниот простор.

Денес имаме земја сојузник, земја чиј воздушен простор го заштитуваат авионите Рафал што ги земавме завчера, шесте Рафал ќе летаат над Македонија во рамки на договорот Грција да го надгледува воздушниот простор, истакна лидерот на СИРИЗА Алексис Ципрас во интервјуто за грчката телевизија „Контра", јави дописничката на МИА од Атина.

Говорејќи за Договорот од Преспа и односите со Македонија, упати критики до актуелниот грчки премиер Кирјакос Мицотакис за неговата позиција пред да дојде на власт, дека се обидел да го „злоупотреби чувството на просечниот грчки граѓанин" и дека станува збор за обид за „екстремна политичка измама".

-Мислам дека целиот грчки народ има сфатено, а во многу голема мера и луѓето кои на претходните избори гласаа за Нова демократија, дека случајот со несогласувањата, со отпорот на Нова демократија во однос на Договорот од Преспа беше обид да се злоупотреби чувството на просечниот грчки граѓанин кој, во секој случај, има загриженост и чувствителност за националните прашања и беше обид за политичка измама. Екстремна политичка измама, истакна Ципрас.

Додаде дека тоа што Мицотакис „зазеде неприфатлив и инструментализирачки став за едно многу критично национално прашање за да стане премиер е регистрирано во грчкото општество, во грчката историја и во свеста на граѓаните", но и истакна дека она што сега е важно е дали земјата требаше да го склучи овој договор или не.

Повторно ја спомена Турција, за која рече дека има можност да продира на Балканот.

-Да имавме и на нашата граница со Македонија, една Турција каква што имаме во Либија ќе беше нешто позитивно за земјата? Или опасно и штетно? Денес имаме земја сојузник, земја чиј воздушен простор е заштитен со авионите Рафал што ги земавме завчера, шесте Рафал ќе летаат над Македонија. Во рамки на нашите сојузништва, Грција е таа која го презеде надзорот на воздушниот простор на Македонија, ние го потпишавме тоа, истакна лидерот на СИРИЗА во интервјуто и ги повика просечниот грчки граѓанин и сите „суперпатриоти" што излегуваа на протестите да го земат ова предвид.

Тиктокерка тврди дека не ја вработиле во продавница поради тетоважите (ВИДЕО)

Тиктокерка под корисничко име @ashxobrien објави видео на таа социјална мрежа во кое раскажува како се пријавила за работа во продавница, но била одбиена. Потоа побарала од нив објаснување.

„Не можеа ни да ми се јават, само ми испратија мејл. Отидов кај нив и прашав зошто ме одбија. Жената со која разговарав ми рече дека немам доволно искуство во споредба со другите кои аплицирале“, рече таа. Сепак, смета дека тоа не била причината, туку дека има многу видливи тетоважи.

"Прашав дали моите тетоважи им пречат затоа што знам дека тоа е често проблем. Таа ми рече дека тоа не е причината. Мислам дека лажеше, но што и да е. Тоа не значи дека не сум добар работник ако имам тетоважи. “, додаде таа во видеото, прегледано 8,5 милиони пати. Таа се прашува како младите без искуство би можеле да се вработат, ако во нејзиниот случај тоа е причината за одбивањето.

@ashxobrien I want to know who is also having a hard time finding a job right now! #jobs #jobmarket ♬ original sound - Ash🖤

Видеото на крајот предизвика многу коментари.

„Работам во HR и можам да ви кажам дека ниту еден работодавец не би ви дозволил да работите со луѓе со толку многу тетоважи“, „Мислам дека мора да е поради тетоважите“, „Проблемот не е во тоа што имате тетоважи, туку што тие се навистина на места што не можеш да ги скриеш“, „Не знам што не разбираш“, „Не се чуди“, „Вака не можеш да работиш во продавница“, напишаа нејзините следбеници.

Сиљановска Давкова од Крушево: Крушевчани имаат на што да бидат горди!

Денеска, 26 април, проф. д-р Гордана Сиљановска-Давкова во рамките на кампањата за вториот изборен круг од претседателските избори беше во Крушево.

Во своето обраќање пред граѓаните на Крушево, проф. д-р Гордана Сиљановска-Давкова порача:

Морам да кажам дека тука во Крушево има куќи кои се бисер на македонската архитектура, доказ за нашата историја, тие сведочат дека во нив илинденците мислеле, правеле планови за Македонија. Крушево треба да биде метропола на културата.

Вие Крушевчани има на што да сте горди и вие заслужувате самопочит! Не заборавјате, ако не се самопочитуваме никој нема да не почитува. Мора да го вратиме животот во Крушево, тука има шанси за опстанок.

Ви ветувам дека ќе се опкружам со луѓе од знаење. Но и ви ветувам дека секогаш ќе бидам блиску до вас. Како? Преку народните канцеларии. Народните канцеларии за првпат ги примени поранешниот претседател, господинот Иванов. Мислам дека требаше да останат. Токму преку народните канцеларии јас ќе имам можност честопати да доаѓам овде, да ве видам и да видам на што сте се покажлиле, што сте предложиле. Понатаму, во зависност од тоа дали сметаат граѓаните дека треба нешто да се промени ќе правам список на приоритети кои ќе ги реализирам. Ќе покажам и ќе докажам дека сум тука поради вас, не поради себе.

Крушево е жив културен споменик. Искористете ги луѓето кои уште во меморијата го имаат она што ние го забораваме. Кога ќе се грижиме за споменот на Тоше, кога ќе им оддаваме почит на партизаните, кога нема да ги заборавиме Карев, Питу и останатите, тогаш ќе бидеме горди на Македонија!

Во рамките на денешните активности, професорката Гордана Сиљановска-Давкова на Гумење оддаде почит на гробовите на Питу Гули и партизаните, како и на гробот Тоше Проески, а исто така ја посети и Спомен куќата посветена на него и споменикот Македониум. Во текот на денот, професорката имаше можност и да ги види изложените ракотворби изработени од здруженијата на жени на Крушево, а исто така и да оствари повеќе средби со граѓаните, се наведува во соопштението од нејзиниот тим.

Стотици бомби од Втората светска војна се пронајдени на аеродром во Атина,избегната е трагедија

Стотици бомби од Втората светска војна се откриени при работа на местото на поранешниот аеродром Хелиникон во Атина.

Градоначалникот на регионот Елинико-Аргируполи, Јанис Константатос, изјави дека 314 бомби, кои биле складирани од германски војници за време на Втората светска војна, биле уништени во контролирани експлозии.

Тој наведе дека бомбите се наоѓаат два метри под поранешните објекти на Понтичка лига, градинка и спортски објекти во внатрешноста на поранешниот аеродром, како и соседните објекти за Олимписките игри, односно на места каде секојдневно поминувале илјадници луѓе, објави грчкиот јавен сервис ЕРТ.

Според него, бомбите биле пропуштени при реконструкцијата на стариот аеродром во Атина.

Аеродромот Елинико се наоѓа на само неколку километри од центарот на Атина, работеше до 2001 година, а беше затворен по изградбата на меѓународниот аеродром Елефтериос Венизелос (АТХ) за Олимписките игри во 2004 година.

На местото на поранешниот аеродром е предвидена изградба на станбен комплекс, комплекс за забава, казино, хотел и парк, како и облакодер висок речиси 200 метри.

притисни ентер