CINEPLEXX со нова локација во Ист Гејт Мол - Канал 5

CINEPLEXX со нова локација во Ист Гејт Мол

Водечкиот синџир на кинa во Југоисточна Европа инвестира 5 милиони евра во својата најнова локација во трговскиот центар Ист Гејт Мол

CINEPLEXX со нова локација во Ист Гејт Мол

Кино групацијата CINEPLEXX ја започна изградбата на својата втора локација во Скопје. Церемонијата се одржа во четвртокот, на 15 јули, во новиот трговски центар „Скопје Ист Гејт“ каде што членот на Управниот Одбор задолжен за развој на деловни активности на групацијата CINEPLEXX, господинот Лукас Лангхамер и извршниот директор на Скопје Ист Гејт, господинот Игор Давков го потпишаа договорот за соработка.

CINEPLEXX започнува со градежните активности за мултиплекс кино, со површина од приближно 3.000м2 и повеќе од 1.000 места во осум сали, каде што посетителите ќе имаат можност да ја доживеат филмската магија преку најсовремената кино технологија, прикажувајќи домашни и меѓународни филмови, додека љубителите на филмот ќе уживаат во добро познатите високи стандарди за услуги на CINEPLEXX. „Како лидер за иновации, ние сме посветени на нашите посетители да им го понудиме најдоброто кино искуство и сме многу горди што наскоро истото ќе биде достапно и на нашата втора локација, која дополнително ќе го збогати културниот живиот во Скопје.“ - изјави Господин Лукас Лангхамер, членот на Управниот Одбор задолжен за развој на деловни активности на групацијата CINEPLEXX.

„Многу сме среќни што единствениот кино простор го отстапивме на реномираниот лидер на пазарот во Југоисточна Европа, CINEPLEXX, обезбедувајќи најсовремено уникатно кино искуство за нашите посетители. Киното ги збогатува забавните содржини во трговскиот центар Ист Гејт Мол и уште повеќе ќе придонесе за збогатување на културниот живот во Скопје, особено имајќи предвид дека ова е првото кино што се отвора во овој дел од градот “. – изјави господин Игор Давков, извршен директор на Скопје Ист Гејт.

Првото кино CINEPLEXX во Скопје, кое беше отворено во 2012 година, беше реазлизирано во соработка со групацијата БАЛФИН. „Особено го цениме нашето успешно партнерство со групацијата БАЛФИН, со која веќе соработуваме повеќе од 10 години. Ние ги пречекуваме љубителите на филмот во Скопје од 2012-та година и посебно во вакви периоди, кога нашиот социјален живот е ограничен, гледаме колку е важно одењето во кино - тоа е начин да се помине квалитетно време со пријателите и семејството, време за инспирација, образование и забава. Горди сме што имаме толку софистицирани партнери за да им овозможиме на жителите на Скопје второ кино за комплетно доживување на филмската магија преку големото платно.“ - дополни г. Лукас Лангхамер.

Киното се очекува да биде отворено во четвртиот квартал од оваа година.

Нова димензија на удобност за Скопје

Покрај најсовремената кинотехнологија, CINEPLEXX најавува и нова димензија на удобно седење преку нова ексклузивна ВИП сала со луксузни кожни седишта за извонреден комфорт и приватност. Господинот Михаел Ретенбахер, раководител на техничкото одделение во CINEPLEXX изјави: „Нашите австриски стандарди за прикажување на проекциите, амбиент и удобност се веќе добро познати во Скопје и сметаме дека е наша обврска секогаш да обезбедуваме дополнителни иновации и високи услуги. Посетителите на нашето ново кино во Скопје можат да го очекуваат најдоброто кино искуство.”

Повеќе детали за проектот ќе бидат објавени во подоцнежната фаза од напредокот во градежништвото.

CINEPLEXX International GmbH

Историјата на компанијата започна во 1951 година со компанијата за дистрибуција на филмови Константин филм во Австрија. Од 1985 година, компанијата е под управувачко партнерство и понатамошна целосна сопственост на австриските претприемачи. Во 70-тите години на минатиот век, се случи проширување на местата низ целата земја под името Constantin Film Kinos. CINEPLEXX Kinobetriebe GmbH е подружница на Constantin Film-Holding-GmbH, основана во 1985 година, со над 60 кина во 12 земји: Австрија, Хрватска, Србија, Словенија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Северна Македонија, Албанија,

Косово, Грција, Романија и Италија. Кината CINEPLEXX се распространети со 400 сали и повеќе од 70.000 места. Последниот чекор за проширување во Австрија се случи во февруари 2019 година со купување на UCI Kinowelt и придружните три локации. Во 2019 и 2020 година, експанзијата во областа на ЈИЕ влезе во нова фаза со пет кина во Романија и две во Србија. Најновата експанзија се случи во јуни 2021 година со отворање на ново кино во Сараево.

Со околу 1.700 вработени, компанијата оствари приходи од над 150 милиони евра во 2019 година. Во 2019 година, киносалите CINEPLEXX ги посетија скоро 13 милиони посетители.

Повеќе информации за водечкиот кино-оператор во Југоисточна Европа на www.cineplexx.at

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Град Скопје. Во четврток терестрична дезинсекција против ларви од комарци

Градот Скопје ги известува граѓаните дека  на 24.09.2026 година (четврток), во текот на денот, на подрачјето на градот Скопје ќе се врши терестрична дезинсекција против ларви од комарци. 

Град Скопје. Во четврток терестрична дезинсекција против ларви од комарци

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден кога временските услови ќе бидат поволни.

Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Робот победи инфлуенсер во ММА-меч, еден удар беше одлучувачки

Од светот на боречките спортови доаѓа една необична глетка: маж влезе во ММА-кафез за да се соочи со хуманоиден робот.

Видео: Робот победи инфлуенсер во ММА-меч, еден удар беше одлучувачки

Во борбата најавена како прв официјален дуел меѓу човек и робот, американскиот инфлуенсер Френки Лапена се соочи со Рекбот (Rekbot) – робот создаден од компанијата „Рек Роботикс“ (Rek Robotics).

Рекбот е висок околу 180 сантиметри, а неговиот изглед потсетува на Т-800 од филмскиот серијал „Терминатор“. Лапења успеа да зададе неколку удари за време на борбата, но роботот покажа дека нема само да се брани. Во еден момент, тој го удри инфлуенсерот со нога и го собори на земја.

Лапења остана да лежи во кафезот, а по борбата на неговото тело беа видливи модрици.

Натпреварот предизвика големо внимание на социјалните мрежи, каде што пристигнуваа бројни коментари од гледачи изненадени од глетката.

Иако сè наликуваше на сцена од научно-фантастичен филм, исходот беше реален: Рекбот го совлада човекот, а Лапења заврши на подот откако доби удар.

Видеото од борбата набрзо почна да кружи на интернет, а необичната средба отвори бројни прашања за тоа колку добро хуманоидните роботи ќе можат да ги имитираат човечките движења и да учествуваат во физички активности во иднина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео-фото: Џеј Ло воодушеви во Милано, Ѓердан од 74 карати и фустан за кој зборува светот

Светската музичка ѕвезда, Џенифер Лопез официјално пристигна во Милано и веднаш се фати за работа, создавајќи незаборавни моменти на Модната недела.

Видео-фото: Џеј Ло воодушеви во Милано, Ѓердан од 74 карати и фустан за кој зборува светот

Латино дивата Џенифер Лопез се појави во италијанската престолнина на модата за време на Модната недела во Милано и, со внимателно одбран елегантен, но и впечатлив стајлинг – луксузен црн балски фустан достоен за модерна принцеза – ги остави сите без здив.

57 годишната, Џеј-Ло беше фотографирана како шета низ Милано во впечатлива креација во целосно црна боја. Скулптуралниот фустан со потпис на „Долче и Габана“ се одликуваше со припиен корсет инспириран од долната облека, украсен со нежна тантела и романтично, длабоко деколте.

Од половината, силуетата драматично се ширеше во раскошно здолниште со полна должина, прекриено со црни цветни апликации со тродимензионален ефект и блескави украси.

Во еден момент, Џенифер Лаупер дури и заигра со еден маж од публиката и направи неколку вртења – погледнете како изгледаше тоа.

@voguemagazine From the block to the Galleria runway. #Jlo just walked #VogueWorld: Milan in #DolceAndGabbana ♬ original sound - Vogue

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер