Циндриќ: Имаме квалитет да ги одбраниме титулите - Канал 5

Циндриќ: Имаме квалитет да ги одбраниме титулите

Организаторот на играта на актуелниот македонски, СЕХА и европски ракометен шампион Вардар, Лука Циндриќ, смета дека „црвено-црните“ имаат квалитет да ги одбранат трофеите освоени мината сезона.

Циндриќ: Имаме квалитет да ги одбраниме титулите

Хрватот во интервјуто за официјалниот магазин на СЕХА Газпром лигата очекува тешки натпревари, бидејќи противниците на средбите со Вардар сега ќе пристапат многу посериозно и помотивирано.

- Први сме во групата на ЛШ, и во СЕХА лигата. Верувам дека ќе успееме барем половина од она лани, да ги освоиме СЕХА лигата и Лигата на шампионите. Сезонава можеби е малку потешко да се оствари тоа бидејќи противниците посериозно гледаат на нас. Лани во Келн дојдовме како аутсајдери. Сега сезонава не сфаќаат сериозно, им покажавме дека вредиме и знаеме, вели Циндриќ.

Тој со Вардар лани освои пет трофеи, беше избран за ракометар на годината во Хрватска, слично признание доби од навивачите во изборот на ЕХФ за ракометар на лигата на шампионите.

И оваа сезона е меѓу најдобрите, дел од почетниот тим на Вардар на натпреварите. Вардар има импресивен рекорд од 17 победи на 18 натпревари сезонава, а Циндриќ постигна 55 гола во СЕХА – Газпром лигата, и е втор стрелец во актуелниот европски и СЕХА првак.

Викендов Циндриќ ќе има шанса за уште еден трофеј, бидејќи во Скопје ќе се игра завршниот Ф4 турнир од СЕХА лигата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Техеран ракетираше американски бази на Блискиот Исток, САД бомбардираше цели на југот на Иран

Иран изврши серија ракетни и напади со беспилотни летала врз американски цели во Јордан, Кувајт, Ирак и Бахреин, како одговор на американските напади врз Исламската Република.

Техеран ракетираше американски бази на Блискиот Исток, САД бомбардираше цели на југот на Иран

Јорданските вооружени сили соопштија дека пресретнале 13 балистички ракети, од кои 10 биле уништени, додека три паднале во оддалечени области. Иранските медиуми претходно објавија за интензивни напади врз јужен Иран по должината на брегот, како и дека најмалку четворица цивили биле убиени за време на свадба во градот Сирик, по нападите на американските сили во близина на Ормутскиот Теснец. Вашингтон негираше дека воено интервенирал врз цивилни цели.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Путин по заканата на Зеленски дека ќе го нападне руското небо: Не преговараме со терористи

Путин предупреди дека Москва целосно ќе ги прекине мировните контакти со Киев.

Путин по заканата на Зеленски дека ќе го нападне руското небо: Не преговараме со терористи

Рускиот претседател Владимир Путин предупреди дека Москва целосно ќе ги прекине мировните контакти со Киев и дека жестоко ќе одговори доколку биде загрозена безбедноста на руското цивилно воздухопловство, како што се закани украинскиот претседател Зеленски.

Зборувајќи пред новинарите по самитот на шангајската организација за соработка тој реториката на Зеленски ја нарече чин на државен тероризам и оцени дека барањата на киев за директни преговори се апсурдни во моменти кога украинската страна таргетира транспортни правци. Зеленски претходно се закани дека ќе ги нападне руските цивилни аеродроми и ги повика меѓународните авиокомпании да се повлечат од руските коридори тој рече дека рускиот воздушен простор ќе стане небезбеден и дека бројот на беспилотни летала на руското небо ќе се зголеми.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лекарската комора почна процедура за избор на ново раководство

Во тензична атмосфера и зад затворени врати, Лекарската комора одржа собрание, на кое беше одлучено процедурата за избор на ново раководство да продолжи на 7 октомври.

Лекарската комора почна процедура за избор на ново раководство

Мандатот на актуелната претседателка Калина Гривчева Старделова е истечен од 1 јули, а дел од делегатите ја обвинија дека намерно го опстриура и одложува изборниот процес.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер