Цигарите и производите со никотин сѐ поприсутни кај децата - Канал 5

Цигарите и производите со никотин сѐ поприсутни кај децата

Загрижувачка е појавата, деца од 13 години користат производи со тутун во комбинација со овошни ароми, а спакувани во електронски цигари.

Цигарите и производите со никотин сѐ поприсутни кај децата

Трендот на интересни пакувања на производи со тутун е многу опасен за децата, објаснува доктор Андон Чибишев од Клиниката за токсикологија.

„Некои од нив имаат мала концетрација на никотин, имаат одредени ароми, не знам како таа арома тие ја постигнуваат се загреваат на одредена температура, значи тоа топло се вдишува“. Кај помладите не само срце и крвни садови туку делува и на централниот нервен систем којшто е во развој и може да предзивика многу ментални нарушувања. И имаат проблеми со меморија со учење, и проблем со расудување и донесување на одлуки“,изјави проф. д-р Андон Чибишев од Клиниката за токсикологија.

Професорот во неговото децениско искуство на Клиниката за токсикологија објаснува дека секој тренд има долгорочни последици. Но најголем проблем се спровдувањето на законите. Тој проблемот го гледа во контролирањето на трговците кои продаваат производи на деца под 18 години.

„Ако институциите на државата дозволиле да се увезе или да се произведе и да се дистрибуира во трговска мрежа тогаш во законот треба да се воведат строги правили кои може да го купува и кој може да го користи и да има законски санкции, објаснува Чибишев. “

Според Законот за угостителска дејност, казните за угостителските објекти што продаваат производи со никотин за деца под 18 години, се од 100 до 1.000 евра, малите трговски субјекти би можеле да заработат глоби од 100 до 2.000 евра, за средните од 250 до 3.000 евра, а за големите од 500 до 4.000 евра. Исто така се врши забрана на дејност од рок од 30 дена.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Четворица под истрага, пукале со три пиштоли и пушка на семејна прослава

Четири лица се осомничени за пукањето на семејната прослава во Добри Дол гостиварско, што се случи на 31 јули.

Четворица под истрага, пукале со три пиштоли и пушка на семејна прослава

За време на прославата, осомничените со три пиштоли и една пушка пукале во воздух, со што, ги довеле во опасност животите на поголем број присутни. Постапката е поведена по поднесена кривична пријава од страна на МВР. Од ОЈО Гостивар наведуваат дека поради опасност од бегство на осомничените, меѓу кои еден кој има македонско и словенечко државјанство, доставиле предлог за определување притвор.

Од МВР претходно сопоштија дека привеле шест лица , а едно било повикано на службен разговор во врска со пукањето. За време на претресите на повеќе локации во Добри Дол, полицијата пронашла и одзела оружје и муниција

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко

Се уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко. 

Се уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко

Пожарот е активен и гори ниско стеблеста шума , а голем дел е изгаснат ова утринава за Канал 5 го изјави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов кој информираше дека активен пожар има и во Прилепско.

Се вложуваат максимални напори за локализирање и отсекување на огнената линија, со цел да се заштити секој објект и да се спречи понатамошно ширење на пожарот. Се интервенира во два правци кон селото Дреново кон Ќесендре и кон селото Раец.

Во Кавадарци на терен се ангажирани сирте ресурси од општината , а помага и дел од месното население.

Поставено е и амбулантно возило со доктор, стационирано во селото Дреново, како превентивна мерка за здравствена заштита на жителите, информира градоначалникот Митко Јанчев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Денес сончево и многу топло

Времето денес ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. 

Денес сончево и многу топло

Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 20, а максималната ќе достигне од 33 до 40 степени.

Во Скопје, сончево и многу топло со слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 38 степени.

Во наредните денови продолжува периодот на сончево и многу топло време со дневна температура која во некои места ќе надмине 40°C. Од четврток до крајот на седмицата во попладневните часови ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер