Јамалов: Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со конкретни инвестиции го развива туризмот и ја позиционира Македонија како се поатрактивна туристичка дестинација
1Јамалов: Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со конкретни инвестиции го развива туризмот и ја позиционира Македонија како се поатрактивна туристичка дестинација
3Манасиевски: Тепачи, трговци со дрога и роднини на Заев, тоа се децата на Филипче кои ги промoвира како иднина на Македонија ако дојде на власт
ТенисЦиципас за испаѓањето од УС Опен: Јас не сум ништо во споредба со играчот што бев пораноСветскиот рекет број 11, грчкиот тенисер Стефанос Циципас не е задоволен од формата во која се наоѓа во последно време.Гркот доживеа елиминација уште во првото коло на Грен слемот во Њујорк. Во првото коло Циципас загуби од Австралиецот Танаси Кокинакис со резултат 6:7 (5:7), 6:4, 3:6, 5:7. - Не сум ништо во споредба со играчот што бев порано. Кога бев помлад, играв на теренот со адреналин, чувствувајќи дека мојот живот зависи од натпреварот. Сега сето тоа го нема. Имам чувство дека има некој вид на исцрпеност, продолжен замор. Ова го чувствувам од почетокот на годината. Без разлика дали ќе се откажам или не, тоа веќе се случи и не може да се врати, изјави Циципас за „RTBF“. На почетокот на август, 26-годишниот Грк престана да работи со својот татко Апостолос Циципас, кој му беше тренер./МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЈамалов: Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со конкретни инвестиции го развива туризмот и ја позиционира Македонија како се поатрактивна туристичка дестинацијаРазвојот на туризмот е еден од стратешките приоритети на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Во изминатиот период се реализираат бројни инфраструктурни и развојни проекти кои имаат за цел да ја подобрат туристичката понуда, да ја зголемат поврзаноста на државата со регионот и Европа и да создадат нови можности за локалниот економски развој. Еден од најзначајните проекти е изградбата на брзата железничка пруга Скопје – Солун, која ќе претставува најголем инфраструктурен проект не само за Македонија, туку и за целиот регион на Југоисточна Европа. Со нејзиното завршување, патувањето до Солун значително ќе се скрати, што ќе овозможи побрз пристап до морето и ќе придонесе за зголемен број туристички посети во двата правци. Истовремено, Гевгелија ќе се развие во значаен туристички и економски центар, а со проширувањето на граничниот премин ќе се олесни движењето на патниците и туристите. Паралелно се реализираат и повеќе проекти во Гевгелија кои директно придонесуваат за развојот на туризмот. Во тек е изградбата на западниот булевар, кој ќе го подобри сообраќајното поврзување, се реставрира заштитената стара чаршија со цел повторно да стане препознатлив симбол на градот, а се привршува и изградбата на браната Конско. Со нејзиното ставање во функција Македонија ќе добие ново вештачко езеро, кое отвора можности за развој на рекреативен, спортски и викенд туризам. Дополнително, се реконструира и патот до ски-центарот Кожуф, со што се создаваат услови оваа туристичка дестинација повторно да стане атрактивна за домашните и странските посетители. Значајни резултати се постигнати и во авиосообраќајот како важен сегмент за развојот на туризмот. Преку програмата за субвенционирање нови авиолинии, од есента 2024 година досега се обезбедени 21 нова авионска дестинација од скопскиот и охридскиот аеродром. Новите линии кон градовите како Барселона, Дубаи, Неапол, Милано, Будимпешта, Виена, Краков и други европски центри ја прават Македонија достапна за странските туристи и придонесуваат за зголемување на туристичкиот промет. Во исто време се инвестира и во модернизација на аеродромската инфраструктура. Реконструкцијата на охридскиот аеродром е во завршна фаза, со нов терминал, нова административна зграда и проширување на капацитетите за прием на патници и авиокомпании. Резултатите веќе се видливи, при што охридскиот аеродром забележува рекорд со повеќе од 3.000 опслужени патници во еден ден. Почитувани, Сите овие инвестиции се дел од јасна стратегија за развој на туризмот преку подобра инфраструктура, поголема поврзаност и создавање нови туристички содржини. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на реализација на проекти кои ќе ја направат Македонија уште поатрактивна туристичка дестинација, ќе го поттикнат локалниот економски развој и ќе донесат нови можности за граѓаните и стопанството. Александар Јамалов, пратеник на ВМРО-ДПМНЕТагови: Јамалов Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПоповиќ: Граѓаните на Гостивар бараат чиста вода и одговорност, Савески не сака да реагираПовеќе од еден месец луѓето во Гостивар се трујат со загадена вода. Повеќе од 4.700 лица завршија во болница.А одговорност од власта досега нема од никого. Граѓаните на Гостивар бараат чиста вода и одговорност за труењето. Досега го нема ниту едното, ниту другото. Не може цел град да биде отруен, владата да им кажува дека дека водата може да се користи па потоа дека има бактерии, а никој да не сноси одговорност. Не може институциите да потфрлат и да не го заштитат здравјето на луѓето и никој да не одговара. Со последната изјава Клековски призна дека во водата во Гостивар имало „многу различни бактерии и вируси“. А премиерот Мицкоски ги уверуваше граѓаните дека водата е технички исправна. Ако водата билна полна со бактерии како тврдеа дека е исправна и може да се користи како „техничка“? Никогаш не беше објавена анализа, извештај за водата, кој дозволил и дал одобрение. Само затоа што „експертот“ што соопшти беше Мицкоски. Нема поголем скандал, ниту поголема неодговорност од вакво поигрување со животот на граѓаните. Ова ова е здравствена катастрофа, тотален хаос и распад на институциите. И одговорност мора да има! Доста молчи Јавното обвинителство. Савески наместо на еккурзија мора да реагира веднаш. Мицкоски, Клековски, Тошковски и сите инволвирани мора да одговараат! Прес конференција на СДСМ, Наташа Поповиќ, членка на Извршниот одборТагови: Наташа Поповиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЛишен од слобода скопјанец кој управувал возило со 2,13 промили алкохол и без возачка12:0928 годишното момче со повреден врат транспортирано од Кушадаси 18:18Момчето со повреден врат се транспортира од Кушадаси, во владиниот авион и медицински тим од ТОАРИЛУЦ16:05Ристовски: Карпалак е аманет – Македонија не ги заборава своите херои10:0319 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа Ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска 18:15
Момчето со повреден врат се транспортира од Кушадаси, во владиниот авион и медицински тим од ТОАРИЛУЦ16:05
19 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа Ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска 18:15
МакедонијаМанасиевски: Тепачи, трговци со дрога и роднини на Заев, тоа се децата на Филипче кои ги промoвира како иднина на Македонија ако дојде на властТепачи, трговци со дрога и роднини на Заев, тоа се децата на Филипче кои ги промивира како иднина на Македонија ако тој дојде на власт.Талогот од СДС си го покажа вистинското лице. Христијан Ефтимов, Илија Стојанов, Зоран Трифуновски, Филип Андов Сокол и други лица од СДС, ќе бидат иднината на Македонија ако Венко Менгеле дојде на власт. Каков претседател такви кадри. Заев аболициран криминалец, Ковачевски со неколку кривични пријави и судски процеси за кои се сомничи, Филипче човекот на кого му се запали модуларна болница и над 10.000 граѓани во КОВИД кризата го загубија животот, ете тоа е талогот на општеството, талогот од СДС. И никој не одговара или пак е само условно осуден, затоа што обвинителско-судскиот систем го држат Заеви и Филипче. Ваквите луѓе не можат и не смеат да бидат иднината на Македонија. Македонија не смее да дозволи нов Заев на политичката сцена. Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕТагови: Валентин Манасиевски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter